Мајки да прашам од Мкд да ми пуштат лекарства преку пошта дали смее за тука во Де? Се работи за лекови терапија ќе ми требаат за околу 3м доза. Колку се плаќа и како оди процедурата знае некој?
Постои ли нешто како усисивач ама да џогира паркет? Наместо џогер. Ама само да треба да ставиш средство во него или алкохол на пример и да поминеш паркет и да биде 100% чисто.
Нешто како џогер ама да не е џогер? Како роботски џогер? Ако не постои да го патентираме, а? Чек да ми текне, имаше некоја реклама... А баш за паркет или ламинат? Мислам, и едното и другото многу не трпат водено чистење. Едит-Ништо, го измислиле. Се вика vacuum mop robot, побарај на веб некое видео дали те бендисува.
Видов во каталог сега Dampfreiniger и гугл вика чистач на пареа. Како усисивач беше. Ама секако со џокер чистиме нели. Сакам нешто побрзо да е. Како робот правосмукалка нели. Само да е робот џогер. Да можеш да преспиеш и да се разбудиш да е усисано и изџогирано. Појма немам дали имаме паркет или ламинат.
@gjoker4e Јас сум презадоволна,усисува и џогира истовремено. За големи површини идеално. https://kobold.vorwerk.de/staubsauger/kobold-sp600-saugwischer/
Да,од Гер е. Е сега јас го имам како правосмукалка голема и тешко е доста. А сега видов и на страната кај нив дека го има и во помала варијанта како рачен. Инаку доле се става крпа,десно има за вода и средство кај што се полни,а може и само со вода,супер чисти. Побарај некое претставништво таму кај што живееш,ти доаѓаат дома и ти презентираат,си пробуваш. Јас се мислев меѓу ова и роботот ама тоа само усисува,а јас само еден тепих имам,па ова ми беше идеално за џогирање.
Да си споделам искуство со вас.Денес приметив на малата на ногата крлеж-бебе. Одма отидовме на итна.Без проблем не примаа и го извадија.Не ни дадоа никаков антибиотик ако се појавило цевенило во вид на круг да одиме по антибиотик не бил секој убод опасенА за малер ништо не прснавме
Еве го ова само што чисти. Дали стварно, незнам, јас поштувам теписони. И смешно и страшно ми е истовремено
Јас мразам теписони. Тоа ти е дувло на прашина, само што не се гледа. Робот имам за влакна дома али го сметам за жива глупост. Се мава од ќош во ќош и се заглавува под кревет. Фактички морам да го управувам. Истото време што ќе земам и ќе сметам се наеднаш. @Minnie 1 тоа изгледа одлично. Да не знаеш каде можам во живо да го видам? И го пратив на мајка ми вели не вреди за парите ама сепак би го видела.
Еве овде им некој број за контакт,а гледам има и PLZ да пишеш па ти излегува дали имаат продавница во твоја близина. Инаку и јас мислев глупост се,еден куп пари за џабе,ама навистина сум задиволна. Свеки ги најде,она има правосмукалка од нив едно 20 год сигурно,уште си работи како нова. Можеш само додатоци да си купиш од новите,те за кола,те за пајажини и сл. Како што пишав,дома дојдоа и ги пробав,роботот не ми вршеше работа,без џогирање,па се одлучив за ова. Види ако има во твоја близина,побарај ги ќе дојдат,па ќе можеш да видиш дали ти се свиѓа или не. https://stores.vorwerk.de/stores/so-finden-sie-uns/
Е тоа не знам да ти кажам искрено,мене свеки ми ги донесе,она со години купува од нив. Ќе мораш да им се јавиш да ги прашаш Инаку јас пред да дојдат нели усисував,џогирав. Кога зема да проба до џогерот,крпата црна кога ми ја извади Не,озбилно ептен убаво и темелно чистат подови,а правосмукалката теписи кога ќе усиса како нови ги прави. Ја имам еден од оние дебелине,малово само трошки насекаде,и стварно е супер. (Ќе помисли некој работам за нив,колку ги фалам)
Минатата година бев на гости кај роднини што ја имаа правосмукалкава од @Minnie 1 само од пред 20 години обична и уште ја користат во топ форма. Во план сум да ја купам само да дојде прилика . Робот имам во минатиот стан ми вршеше работа зошто беа големи собите, тука седи спакуван во кутија и чека да го однесам во мк на мајка ми. Собите се мали мебел на секаде плус ходникот е доста повисок подот од другите соби па не може да се качи сам од соба во соба.
Друг пат одма кажувајте за вакви ствари. Има уште нешто што ви помага ептен низ дома? За чистење или готвење? Или било каков пронајдок.