Кога се породив работев во претходната фирма како му пишав меил на шефот врати, пратив торта и ми пратија поклон тропка, а уствари сакал кундигунг да ми прати ама дека муташуц па не можел. Разочаран или не подобро вака што ми даде отказ. Во сегашната фирма имаме шефица која сите со неа комуницираме.Она е доброто од фирмата, организира се.После неаќе дојде мојта колешка на нејно место, добро она е супер ама не е шефицата. Така за колегите со бебиња собиравме од фирмата и правиме некоја кошница.Имавме две мајки и они дојдоа со бебињата цел ден со нас во секој одел.Ептен убаво и тогаш поклонот го даваме. Еве колешката наша од кај нас и она неше и свадба правеше ние само и пишавме и честитавме пошто ние сме возраст на мајка и. Ама како што гледа и со другите што комуницираше не и нешто посебно честитаа. Нормално ја викнавме на фирмен фајарот она дојде,роденден имаше пред тоа па и купивме поклон со колешката и шефицата и така .Ептен среќна беше. Јас во старата фирма не ми ни текна со бебето да идам оти беа двајца од кој шефот нема деца ,а бабата колешката беше со мозочен па сигурно не сакаше бебе да и плака.
Морген. Уште вчера почна синко да кашла ама не очекував дека ноќеска ќе се залоши ситуација. Почна да се дави дури , да повраќа и пролив го фати. Оно си е дете што често повраќа ... Мм ќе работи од дома да можам на работа да одам .. инаку кај ќе ни е крајот @arwen93 разочарана си , ама ќе ти помине за брзо . Тие што немаат деца неможат да ја разберат радоста . Сте работеле заедно , сте се дружеле и приватно ама тоа се било само за некој период . Работите се менуваат .. И јас бев разочарана кога од цел тим , кога се породив не ми ни честитаа . Да не збориме за мал поклон , пажња .. За нив сум била само работна сила , ништо повеќе . Кога добив забрана за работа , одма ме исфрлија од WhatsApp групата . Сега ми е смешно ама тогаш .. Така да гледај си ги твоите приоритети, твоето добро .. на работа сме заменливи. Од старата работа , бевме 3 колешки што имавме добар однос , се гледавме и после работа. Двете си заминаа, јас сменив работа . Контактот е тука ама кога не се гледаме често ... Којзнае како ќе биде понатаму . Сега синко лежи , почна и жолчка да повраќа .. среќа имав кока кола да малку ми дојде шеќер , да престане да се дави и повраќа , да се врати на себе. Јас ќе пазарам онлајн.материјали за моите проекти . Хеланки , блуза и елек сакам да шијам. Треба да порачам доволно материјали за нив . Тренерки и блуза исто сакам да сошијам. Материјалот треба да стаса . Вчера сошив пробно долен ден тренерки. Со висок струк. Да бев малку по внимателна ќе беа убаво испаднати , ама барем за дома ќе ги носам . За синко не шијам, зашто не сака веќе . Во градинката негова гледам деца со негова облека , дадов Spende, па ги менуваат кога немаат доволно облека . Девојчињата носат фустанчиња од ќерче. Многу се слатки . Постов каша попара како мене што ми е главата
Да, во право си. Ама не е вака во Македонија бе… колку и да не стоиш добро со некој пак за голем чин се собираат сите. Додуша и на маж ми чудно му беше кога одиме на гости јас секогаш поклони купувам за било каде и ми се чудеше на почетокот сега се навикна. Вика овде не е така. Иначе откако се разочарав од колегите јас сама си искочив од Whatsapp групата. И да сакам нема да се вратам таму после елтернцајт.
Убави се многу работите што ги шиеш. И јас имам желба за тоа ама моментално немам простор дома за сета опрема. Но сепак да те прашам, каква машина имаш? Со една ли шиеш се? Нели има една оверлок што ја викаат и една обична право што шие само. Има ли некоја комбинација од двете за домашна употреба?
До хормоните е. Кај нас собираме пари и се купува нешто и пари во плик и ги даваме кога ќе дојде мајката со бебето. И јас немам никому честитано посебно ама јас гледам од мојата страна (дивјак) дека после пораѓај не сакам жив човек да видам па затоа и не се мешам буквално никако каде што има бебе. Ама им честитам во себе и се радувам за нив. Можеби ќе добиеш поклон кога ќе се вратиш. Можеби мислат дека нема ни да се вратиш. Колку време пиша елтернцајт? Ама секако чувствата ти се толку силни пред се заради хормоните, и заради новата ситуација кога одеднаш си сама со бебе. Тројца е добра бројка. А шефот ко шеф, сигурно има премногу над глава, и може изумил да пише ако не можел во моментот да ти одговори. Секако дека сите ти честитаат и секој се радува за бебе ама според мене тогаш на мајката и е потребно само мир за неа и бебето. Уживај во периодот кој најкратко трае, за брзо ќе се врати се во нормала, со пријатели и колеги. Леле јас дејт имам со една од теретана. Ми пиша дали сакам да се видиме и кафе да пиеме, и иако не сакам, и пишав дека да. Претходно и една друга што испадна да дојде да работи со мене, ми побара вац ап ама јас ја изигнорирав ама ајде сега почна школо градинка па ќе и пишам и нејзе да пиеме кафе. Да беа машки немам проблем, ама со женски многу ми тешко ми оди комуникацијата.
@felisitas се радувам кога некој има интерес за шиење Има мислам машини што имаат повеќе функции како комбинирани ама се скапи. Имам јас две машини , една обична и оверлок. Може да се шие само и со обична , ама треба повеќе време и некако полесно за облека е со оверлок . Инаку треба простор , ако почнеш проект ќе немаш време да завршиш па ќе остане хаос . Треба простор за машините , материјалите и сета друга опрема . Да имаш каде да ги чуваш шнитовоте. Јас имам соба за шиење ама не е средена . Од голема соба се симнав во помала па немам простор за се . Плус имам и друго хоби , со плотер машина , за правење шољи плус и тоа ми зафаќа место. Инаку си планирам да си купам некоја профи машина за шиење , обична машина ама да е некако по професионална.. мојата е обична w6 . Оверлокот е Медион.
Оваа недела ќе треба изгледа да се простиме од кучето на золвата . На нејзе и беше како дете , толку мазено и тинтрано .. Осум години го има , и толку е поврзана со него тоа чудо . Со моите деца порасна , од мало бебе до сега . После ќе отидам да го видам, со големи болки е , има тумор , со медикаменти цело време ... И тоа ќе биде последно . Децава ќе ги пратам да го видат ... И така . Ќе ни фали на сите . Ќебенцето негово ќе го чуваме , може ќе се најде некогаш ... Играчките купени за него исто ..
Дефинитивно дека сум поемотивна сега. Ама веќе 4 месеци поминаа… ми требаше мир на почетокот додека се уходаме. Може и они ми честитале во себе хахах Сеедно, бар сеа ќе знам и јас како со нив да се понашам и на кој колку сум му битна. И не ми е за поклоните, само за едно Glückwunsch ми е. Кога бил маж ми да земе некој документ му рекле демек ќе ми пишат да се видиме чим се ослободат од обврски а тие секој ден си објавуваат на инста значи се има време него зависи кој ти е на листата на приоритети. Не очекувам поклони, ни јас не знаев дека толку се дава за бебе. Во Мк на мекиците носеле поклони после ние кога бевме пак и донесоа мои пријателки и роднини. 2 години пишав елтернцајт ама ќе го прекинам порано изгледа кога ќе почне малата во кита. Готово ете се искажав ми помина. Нека им стои на нив.
Некои ме читавте и во темата за деца од 3 до 5 год, дека син ми има од пред некое време ептен изразени тикови, кои што делумно се должат на бебето, ама со секојдневен разговор детево кажува дека има страв од едната воспитувачка во градинка, дека многу им вика. Е сега, јас знам дека не и е и неа лесно со толку деца и е построга, повеќето деца не си го земаат на срце изгледа тоа што им го кажува, ама моево е многу многу емотивно. Јас пробувам секако да му кажам дека не треба баш до толку да си става се на срце, дека тоа и е работа, објаснувам секој ден, ама посилно е од него. Давајте сега ум што да правам, како да постапам?
Да зборуваш со директорката во градинка. Ако се нервозни нека си бараат друга работа. Му верувам на детето дека има некоја таква дека и кај моево има (4г) и моево е емотивно. Ама јас во очите им гледам дека малиов е во право и сум 100% сигурна дека не смеат така да викаат. Во право е детето. Кажи му дека ќе средиш.
И јас мислам да збориш со одговорните. Золвата работи како воспитувачка во градинка и има проблем баш со такви колеги. Некое детенце ја прашало ќе си играш ли со мене таа рекла да а колешките му се издрале не нема да си игра оди сама играј си. И вика си седат си пијат кафе пушат цигари. Ова во едно селце во северна Германија.
Збори со одговорни @Marge и ако има можност барај да го префрлат во друга група. Јас мојата ја префрлив, просто недобар однос имаше едната воспитачка и никако не можеше дете да премине преку тоа. А замисли, колку му треба на мало дете, да го испроцесира и вербално да го изрази чувството.
Одат во пензија на 67 години . До тогаш нервите им се истенчени и при крај . Зависи и какви деца има во група , некои џабе да им збориш , не слушаат и покрај нив страдаат и другите. На тие што се немирни, не им смета некој да им викне , затоа што не се ни замараат . Ако гледам дека негативно се одразува на моето дете има да одам на разговор со одговорен.
Пошто не сум ви интересна со симпатијата ,да се пофалам од мајчинските муабети.Малата(4,5г) не пие веќе млекце од шише со цуцла.И се скина едната цуцла и и реков дека има уште една и немам намера да и купувам нова,кога ќе и се скине ќе ја фрлам .А мм пак не чул и др ден големата трчи и вика мама тато порачува цуцли од дм. Му реков да ги избрише и за чудо ме послуша.После една два недели и др цуцла и се сина и ја фрлив. Ама малата ептен е напорна и упорна за млекце па и дадов шише од тие со цуцки горе ама пластично и тврдо.Пиеше така неколку дена и отидовме на одмор, е таму немаше млеко и детето спиеше цела вечер без да стане инаку се будеше минимум 3 пати за млекце. Дома кога си дојдовме пак побара шише и дадов ама не е цуцето и не бара веќе.Со тоа не станува 100 пати.Ова е за частење.Добро јас после толку години уште си се будам.
Честито. Абе уште кога видам дека некој толку рано пишал знам дека си ти . Викам чекај да читнам шо кажала Ава.
@Ava.84 голема женска е да пие млеко од шише Со моево се на иста возраст . Во ноември 5 ќе полни . Ноќеска топол беше , ибуфлан му дадов да преспие малку и да ја симне тт , сега сируп за кашлање и арен ќе биде . Инаку децава некако брзо ми растат . Таман се навикнав на една тинејџерка, сега и второто почнува да влегува во пубертет. 6 одделение, после школо се договараат за шетање . Почнува да менува стил на облекување , парфеми да купува , да ја прави косата .. да се договараат за распуст. Три машки, три женски во некој индор шпилплац. Јас ... со мислите .. само нека се живи здрави .
Мојава сега во трето одделение смени стил на облекување, косата ја прави (за косата цела на мајка е значи), од вечер со хулахопки и ја правам на пример и за секој ден има нова фризура смислено. И ме прашува парфем дали имам ама јас немам. Моиве деца немаат никогаш млеко пиено. Освен мајчино нели. Инаку млеко немаме дома освен ако не треба кифли да правам или палачинки. Се надевам не грешам што немаат никогаш млеко пиено. Мене ме интересира за симпатијата. И другите, ама они некако срамежливи се, или чесни сестри не знам.