Леле Ена ова моето не се суши. Сто саати ми треба за косава. Морам сега, па да ја исушам, па утре да се пеглам од сабајле и два дена да изгледам поприберено. Од сабајле ако се бањам, треба цел саат со коса да се маткам, а тоа ми е многу време губење оти од сабајле и мозокот така малку повеќе ми работи, па може ќе искористам за нешто попаметно времето. Вака сега секако веќе не сум повеќе во состојба за мислење и на автопилот да завршам . Ок еве една брилијантна идеа, ќе се ишишам пократко. Да пробам утре во мк бар да закажам термин, може ќе ми се посреќи. Ако не кај кои и да отидам поарно ќе е отколку тука.
Кога сме веќе кај шиењето/везењето да се пофалам што правев за роденденот на ќерка ми Кога бев мала моите имаа машина за шиење. Шиев фустани за куклите ама преферирав повеќе на рака. Ако се отвора нова тема, таму негде за 10 години кога ќе ја израснам ѕверката, може да се посветам на старата љубов. Ме контактираа после 6 месеци откако поднесов за Германски пасош со листа на се што ми треба. Вака така ќе станам Германка и јас.
Не и се свиѓале, не бил нејзин стил . А сигурно таман ќе и се . Материјалот е ликра , Badestoff. Се мерев и самата , гледав дали е еластичен доволно и пак утнав . Требаше две големини повеќе да скројам. Ама ајде така се учи . Сега ќе порачам нов материјал и од по ново
И синко пак почна да повраќа , веќе незнам кој да прашам за чување , останува уште старата баба да ја прашам дали може да остане кај нејзе на чување. Или да останам јас дома , веќе незгодно ми е на работа секоја недела да се одјавувам. Мм беше три дена во Home-Office. Сега треба да е физички на работа , има термини аман
Мажот на @Bubce38 па реков ајде и јас да пробам и научив брзо да спијам. Ете од каде имам време за се.
Отсекогаш сум се чудела и сум викала дека и да имав свекрва сега или било кој пак џабе дека детето ќе ја зарази личноста со вирусот. Па таман еве да те прашам, нели ќе ја зарази бабата и не дај боже стара баба да почне да повраќа. Или јас сфаќам нешго погрешно? Затоа и никогаш не ми беше тешко што немам никој за помош во такви ситуации. Пијам кафе од пластична чашка оние од маркет измеѓу 50 и 99 центи што се, као демек да се опуштам пред спиење од “напорниов ден”. Абе после првата голтка стомак ме боли и еве до пола стигнав со сила и не можам повеќе. Знам дека стомак ќе ме боли ама пак ги пијам 3-4 пати годишно. Изгледа морам да барам нова симпатија. Мислев дека се опаметив на 30 години ама јас допрва сфаќам уште колку многу ми фалело до “паметна”. И сигурно уште многу и ми фали…
Леле, што се деси? Иначе, на некое од твоите претходни дилеми-40тите се новите 20ти. Значи може да почнеш одново, со ново презиме, амнезија, ем башка без мали деца
@gjoker4e не е стомачен вирус , него моето се дави од шлајмови и повраќа . Да беше стомачен не го пуштав. Он после се смири , се врати на себе ама неможам да го пуштам во градинка . Старата баба ја прашав дали е во ред да го почува. Тоест не она него сама , него син и е со нејзе па заедно да го погледнуваат. Она е 90!години ама е фит. Си седела она. Си лепела дијаманти, тие сликите . После ручале заедно и си играле со колички . Он е вака здрав , ама многу кашла и знае да се задави и повраќа. Инаку на золвата кучето , денеска го однеле на ветеринар и конечно го ослободиле од маките. После го закопале во двор и сега тагуваат за него. Јас се простив од него пред некој ден. Душиче беше , не сакаше да јаде, да пие ... Само лежеше
Често ја спомнуваш, во Германија по маркетите често гледам баби Германки дотерани, лакирани, со бисери околу врат и најчесто бели панталони. Средени во коса. Така ја замислувам и вашата баба. Тука во Македонија колку е жално, тие што остануваат да живеат подолго се изнемоштени и изнапатени од животот Само две баби знам што се средени ама и далеку од длабока старост на 90 години. Колку многу има разлика во животот таму. И многу разлика во начинот на гледање на работите.
@anggell таа другата баба повеќе ја спомнував, ќерка и. Мојата Свеки Она е тип на баби со бисери и бели пантолони . 72 години и баш сочувана баба. Другото бабче е веќе старо , ама пак сочувана жена . Веќе не излегува многу од дома , зашто се движи со дубак. Нозете полека ја откажуваат , ама мозокот и е супер . Чим и оставам дете значи во ред е . Овде старите се посочувани од нашите во Македонија. Живеат друг живот . Или па имаат повеќе животен век. 4 сабајле , јас лепчиња печам . После има еден два саата на пладне да дремнам .
Истото дете го имам. Ако е со шлајм и ја ставиш у кола, одма ќе поврати. И да ти кажам се радувам оти така го вади секретот. Мене дете секогаш ко е болно ми повраќа и кога ќе ме прашат на доктор други симптоми, не го ни спомнувам. Ама и јас како Џоки сум и ми доаѓа полесно кога вели дека болно дете мајка си сака, не друг. И така си се тешам шо немам никој. Е така и на работа не можам, ама тоа е. Ќе пораснат. Вчера прв пат се заострив во градинка. Пак нешто одеа во правец дека кашла и нос и тече. Точно, ама повремено. Нос скоро и да нема секрет веќе. А сите се така. Им реков мора да доаѓа, нема температура, не се дави од шлајм, не е бронхитис, спие без да и смета. Јас имам работа, а она е после цела недела на одмор. Така минатата недела два дена дома ја зедовме во 11ипил. И шо плаќаме градинка. Лани сезоната цела беше болна од дома не излеговме. Сега уште не почнале, еве две недели со 3 деца беа во група. Ја претераа малку. Германски баби и јас многу сакам. Една вчера каква стилна видов со жолта ташна. Оно врне, она надотерана, срам да те фати. Да станам да се спремам. Стана се напи млеко и пак си заспа . Деновиве ми треба денот по 40 саати да трае, да имам време за се. А кога сум така во брзање, па ме осеќа и уште толку сака внимание. Радари значи. Убав ден мачиња.
@јolene кога е болен нормално остануваме да го чуваме или јас или татко му. Минатата недела беше од четвртокот дома , неделата пред тоа беше исто дома . Два дена оди, две недели не . Го оставам дома и повеќе од што треба , и во такви денови кога го чувам дома а е "здрав" , со кашлање , а факт е дека сега е сезона на настинки , неможам секогаш да останувам на боледување , тоа ептен кога е апла болен.. Па вчера бабата ни излезе во пресрет. На работа на мм му пререкле дека многу работел од дома, веќе незнам што да правам искрено . Поголемото исто остана дома , зашто грло го боли и нема глас... Денес ќе го однесам во градинка , арен е веќе .
Почнаа да ми се намалуваат рефлексите , да станувам спора . Ми се спие уште сега се денот долг е . Дете испратив на пат , мало во градинка , другото дома . Лежи и пие чај Пред некој ден стоејќи, пружам алишта надвор на Wäscheständer и изгубив контрола , паднав успорено. Грбот го исчукав, раката исто ... Бог да чува Ко бабетина некоја сум .
Ама ова не е од “стареење” туку од нешто друго. Од слабо железо на пример или нешто поврзано со шеќер. Имам јас таква ситуација на работа кај што не можев да ставам нешто на вистинското место дека во мојата глава празниот простор беше подесно, и така три пати пробував и се молев никој да не ме гледа. Од тогаш па натаму пијам железо.
Туку друг проблем имам јас. Кога бев на психолог за малата, рече дека детето има многу убави карактеристики кои ќе и служат понатака во животот, почнувајќи од школо и еве навистина е така. Јас едвај се справував со неа ама она се справува совршено низ животот. Е сега, малиов, мирното дете, што никаква мака не видов со него, обратно, сега имам мака, многу е чувствителен, се става на срце и е едноставно целосна спротивност од малава. Како да му помогнам на 4 години? Значи да е опуштен, да не е до толку емотивен, да има поголема самодоверба, полесно да се заигрува со деца. Сабајле плачеше, не сакаше да оди во групата и ми кажа дека едно дете го удирало. Кажав на вработените и рекоа дека они ништо не приметиле и ќе набљудуваат и да оди да им се пожали одма ако го удри. Јас не знам за вас ама јас и покрај возрасни има и деца што не ги сакам. И ова дете од одма видов дека не е ок. Има деца што од дома ги учат на лошо. И секако не е виновно детето само по себе бидејќи тоа не е родено такво туку е учено од дома, ама јас во тоа дете го гледам родителот и ете можеби тоа е тоа што не го сакам. Кога бевме мк и едно дете намерно стоеше на лизгалка, љубезно му реков да се тргне после долго чекање и оно ми вика Знаеш ти кој ми е татко? Е во тој момент сите жички ми се споија! Го учат од дома да не е ок и да се брани со кој ми е татко. Да имав повеќе време би му рекла одма да ме однесеш кај татко ти да му покажам кај му е местото.
суплементи пијам секој ден . Денес осеќам дека ми е од рано станување . 3 25 будна бев . Сега ме стави во мисла да проверам шеќер. Само да знам како точно се прави тоа , со апаратчето
Јас треба да проверам крв. Само не знам кој ден. Денес очекувано, ми се јавија да ја земам од школо, ја боли стомак и глава. Октомври биди милозлив, септември го промашивме секако. Зборот ми беше-ту ду лист. Да одам утре на крв, по можност да не се напијам чаја со мед предходно, пошто секое сабајле го праам тоа, пред да и го дадам чајот. Утре ќе ја чувам дома, ич не се заебавам.