Мерев шеќер 122 после изеден јогурт. Нормален. Треба и јас крв да проверувам ама секој ден се нешто испаѓа. Плус најтешко ми паѓа да чекам на гладно , а јас научена на кафе од сабајле ... @gjoker4e не гледам проблем да е детето по емоционално. Такво е , таков карактер. Гледај да му даваш мотив, да го подржуваш во некои работи за кои смета дека неможе да ги направи . За другите деца , незнам што да кажам . Толку е тешко да се воспитува денес деца , тоа чудо. Чекам дете да пише дека стасале во Франција, во градот каде ќе бидат сместени . Да се запознаат со фамилијата . Од 6 се тргнати , во 20 ќе стасаат .
Зошто толку долго до Франција? Јас сум на граница, една минута до Франција, да не доаѓа кај мене во комшии? Сакам да го научам: гласно да зборува, со самодоверба да зборува, да каже јасно и гласно стоп, да се пожали на вработена без да заплаче, сам да се придружи на заиграна група деца, сам да праша некој да си играме и ако го одбие да не се натажи… Абе јас не сум јас ако не се пожалам и не пронајдам одговор. Сега знам дека јас треба да го сменам сето ова за да го смени и моето дете. Офф… И викам прееска на малава научи го да биде како тебе и и викам на пример што да каже на некое дете ако го закача, и вика halte deine klappe! И викам па нели е тоа е забрането да се каже во градинка и школо, и ми вика мене ми е гајле што е забрането! Ама вие не знаете како зборува и кои фаци ги прави! По ова мое дете верувам дека детето си ги бира родителите и дека дојде да ме научи на многу работи! Ама дали јас нешто научив во овие 8 години е друга тема!
Ние сме во Хесен, четири саата до граница, па до Марсеј скоро е градчето , надоле ептен . И затоа долг пат . Конечно се јави , стасале , сега е кај фамилијата . Сега ќе можам да легнам , зашто ова е тортура со станување во раните зори
Мене малата ми заспа ева дури сега. И се надевам само скоро ќе ја вратиме у нормала оти еве сега освен да и измијам шише за млеко не можам ништо. Ни името не си го знам повеќе. А имам куп за правење и за мислење. А како да мислам сега друго 20. Стаса мејл цуцлата шо ја нарачавме, да ја вратиме не исполнувале безбедносни регулативи . Цуцла шо 15 евра чини една, абе да земеш да ги тужиш. Си велиш нешто поасално купуваш, а тоа се веќе си зело делот. Важно суперфит за 29 евра за малата зедов. Јадно дете со ваква мајка. Три дена температура под 15 степени, ја со летни патики ја носев. Па дури и лабаво им велам, ако ја носите надвор облечете и гумени чизми, овие пропуштаат вода .
Да се умешам ајде за да останам жива. Моите еве сега легнуваат. Мислам дека милион пати рекоа мама денес. Па им викам леле немојте мама не можам да издржам, кажете директно што имате да кажете, ми одѕвонуваше мама мама мама во мозокот. Се завршив со нив ама секако со тешки маки. Едното сака едно, другото друго, а јас кифли правам на пример. Машина за перење “пуштав” од 16:00 и дури во 19:00 ја пуштив! Без деца би се пуштила само што науми човек ама вака додека да стигнеш до тој момент да ја пуштиш поминуваат саати. И кај нас е до 12 степени ама одат по кратки од горе и јакна и со летни патики додека не заврне снег. Претпоставувам дека во градинка и школо е топло внатре. Или само мене ми е ама ајде нека јачаат имунитет. Ама, пак ама, цело време играат и трчаат и по облечени повеќе ќе се испотат и ќе настинат. По кратки нема да настинат.
Твоите и малку поголеми и две, може те остават на раат бар малку. Ама и то ши викаш у глава веќе зуи. Отидовме до аутлетот да видиме за сите обувки. Зедовме за неа, ајде да видиме за нас, леле ко почна таму да фаќа и да раскрева. Ташна 600 евра изложена она и се затрча да ја види. Суќна една да ја фати на куклата, тоа од мене шо ме гледа кога шетаме. Среќа не оштети ништо. Се погледаме со маж ми и ај дома. Се преценивме дека со неа шопинг ќе тераме. Мислам 600 евра немам за давање оти она може и да ја излиже и изгриза додека се свртиш. Цел ден се нешто бара. Едвај најдов кој кокошките да гледа. Само една мајка се понуди да се менуваме. Ама јас веќе со еден друг татко се договорив еден ден да смени. Другиот на диета нека се додека стасам. И у право е маж, од следнава сезона само еднаш ќе пишам, оти не се кооперативни, а млже ќе ни текне негде пак да одиме и не сакам и со тоа да се замарам.
Да за курапрокс од Амазон ја нарачавме. Ние на 2 сеп стигнала. А баш сакав и да ја одвикнам од цуцли и после ова веќе ептен сакам. Се мислам во мк дали да пробам сега, демек ја заборавиме дома и немаме да видам дали ќе упали.
Да од амазон и јас ама од јуни ја имаме. Пробај ако упали супер. Може и јас така да пробам кога ќе дојде време. Видов едно видео за одвикнување од цуцла ја натопуваш во сокот од кисели краставички ја ставаш во замрзнувач и после им ствара одбивност од киселото.
Ова може кај бебиња да упали. Мојата сега лимони лиже . Сакав да речам, еве сега со ова искуство и ум, макс до година цуцла. Ма ни толку. После те фаќа жал демек ај забите, ај болно било, ај стрес му е...а уствари они за три дена забораваат. Колку помало толку подобро. Ако завршивте со грчеви, ставивте ред на јадење и спиење веќе може и да тргнеш цуцла. Она до година ипол речиси и не носеше цуце, од градинка кога почна ја "научија" децата други и за преку ден. Кај нас беше заспива и плука и толку. Е сега на секоја плачка трча по цуце. За забите ми е повеќе да не и се искриват. Вака јас бев со бебе ко кажуваше Јоана, сега у иста сум ситуација, само што ми фуфка да пробам. Не ми се расправа со плачки и само одложувам. Права на мајка и . Да ви кажам еден емотивен момент. Порано ко немав деца, плачев кога одев во детскиот дел и ги гледав алиштата, ама од мака оти не бев реализирана ко родител. Сега одам и пак си плачам. Вчера гледав фустанчиња сите многу убави и слатки, и така пак си плачам. Ама сега од среќа. Станав да работам и тука дрвам. Надвор врне истура. Ај барем во мислите да ни е денес .
@MacenceEna супер ти е шеќерот. Кафето ако е без млеко и шеќер не влијае на ништо. Можеш со пиено кафе да одиш да ти земат крв. 2 работи и 3 деца нормално е да си изморена. Ако ти самата си приметила дека е повеќе уморот од порано треба да провериш вит Д ниво, хормони на тироидна и железо т.е. хемоглобин, феритин и Transferinsätigung. @gjoker4e сигурно има некоја книга со совети како да му ја зголемиш самодовербата на детето. Јас мислам секогаш да го пофалиш кога ќе се приклучи кон некоја група на деца. Кога ќе размислам најдобро да се здружиш со некоја мајка што си игра нејзиното дете со твоето па да организираш playdate. Кога детето има 1-2 другарчиња некако полесно ќе му е.
Здраво, Не знам дали темава е соодветна.. Дали има некоја членка искуство со признавање на диплома за Физиотерапевт и добивање на виза за квалификуван кадар?
И јас дојдов до ова решение само. Само две деца му одговараат. Едното женско 3 години и другото машко 5 години. Само со нив се дружи и со женсково се гледаме, а со машкото не ми се гледа баш дека ме нервираат неговите родители и мајката зборува премногу. Таткото ќути па јас да знам дека со таткото ќе е средбата нема гајле. Другите деца, еве не знам што човек сум, мене ме нервираат, не пак малиов. Ќе разгледам подобро да не има некое нормално дете да го имам промашено. Инаку он многу сака во една друга група да оди па крајно и би прашала дали може група да се смени. Не знам што има видено во таа група. Или пак знам. Во шпилпалц едно убаво девојче му вика здраво и овој целиот усрамен и кажува од груне групе и викаме ааа зошто сакаш ти во таа група. Инаку он е уметник. Како и малава нели. Од годинка знае кола да нацрта и од градинка се чудеа ви имам еднаш пишано за тоа. Сега знае многу убаво автобус, камион, чудовиште, диносаурус, сонце, срце, робот. Ајде да го допофалам барем. Од годинка знае да јаде со лажица и вилушка и од две години да сече со ножици точно до линија. Со повеќе листови и лепак направи кога вртиш да изгледа дека се движи човекот! Јас до него пиев кафе и се зачудив на крај, гледам и викам не е можно на 4 години вака да го смисли и изведе!
Moeto bese kako tvoeto , taka xa zapisi go na aktivnost nekoja, bidete pocesto na igraliste, oragniziraj i iniciraj sredbi so deca od negovata grupa i kupi kniga so emocii i razgovarajte za emociite. Nesto od ova praktikuvaj ke bide podobro.
Ако ти е за сега дури е Октоберфест среќа е да најдеш место во било која. Инаку Augustiner Keller или Hirschgarten.
Има еден Лидл на Зоб на донерсергербруке. Порано секогаш на брзина влегував и земав. Вчера ништо немаше се испразнето. Куп туристи. Октобафест еднаш пред 20+ години и толку. Желба веќе не ми иде. Инаку да сите биергартени им се убави во Минхен. Кај и да отидеш е убаво. Само времето некако не е. Ладно е. Има една ан Виенерплац се викаше мислам ХБ исто голема и убава пивница.
Кај вас децата, кај нас јас сум нон стоп болна. Значи 100% човек се разболува од стрес. Кивам, кашлам, нос ми тече, немам енергија, се ме боли. Дојдов само за да се пожалам дека само толку сила имам…