Во последните година време и јас само на стрес се разболувам. На пример сега имам мака нешто, белки ќе помине. Иако делумно од шеќерот последица ми е. Една недела ли стана како не јадам рафиниран, забите не ме болат веќе. Кокошките средени, се јави една друга мајка. Дури и фризер термин кај тој мојот најдов. И пинџур направивме, абе кој купува 2кг пиперки пред патување? Жими се многу е паметен, ама некогаш има чудни идеи. Добро ај па за мене да не почнувам. Многу сме си арни. Оти не работам, а дрвам тука да ми е да знам . Станав пред саат време да средам документи на раат, еве лап топ уште не е пуштено. Ќе станат сега кај и да е .
Паметно. Македонија ќе ги потрошите сите пари и ќе јадете ајвар кога ќе дојдете. Типичен балкански менталитет. Во Мк кондура тука опинци. Не е ова за тебе наменето. Шала е. Ама вистина за други. Затоа викам паметно му е тоа со пиперките.
Леле ако го пишуваш ова уште пред 6 а си станата пред саат време кога си легна синоќа и колку спиеше, како функционираш со толку малку сон најозбилно. Ја да станам толку рано и лаптопот ќе незнам да го вклучам а не уште и да работам на него . Кога беше син ми бебе па и малку поголем, додека спиеше денски обавезно легнував и јас да спијам со него. Сега кога веќе спие без будење ноќе е по друго. И таа дремка ми значи многу, и пола саат да е само потоа сум нов човек. Ова со пиперките ми се случило и мене, скрос истото не само пиперки и патлиџани пред одење имаше накупувано. И исто и јас пинџур го правев, 4 тегли вакумирав па како што кажа џокерче на враќање ми останаа за јадење . На фб имам една страна или профил не сум сигурна што беше, за наши македонци што имаат свои фолии за зеленчук кај Франкфурт. Значи пиперки за ајвари од зелените исто , модри патлиџани, обични црвени, зелки такви работи. Има некој купено од нив? Маж ми вика да сме правеле ајвар кај еден роднина кај него дома. Мене ми се јаде ама не ми се прави . Инаку во нашава околина македонците си прават и јуфки. Ја тоа обожавам ама немам кај да ги сушам. Свечено отвараме и ние сезона на настинки, син ми пресече лента, кај и да е и маж ми ќе се размрсулави. Аптеката ми е спремна како и да е @MacenceEna 122 измери шеќер после два часа откако го испи јогуртот? Мене ми се чини дека за јогурт е висока таа вредност за два часа. Јас кога сум мерела и со бело пециво плус, таа вредност сум ја добивала после еден час. После два часа сум имала вредност над 120 само при пообилен оброк. Измери едно сабајле на гладно, јади нормално па измери после еден час. И направи крвна слика со вклучено hba1c, таа вредност е најрелевантна.
Овошен јогурт со чоколадца внатре , после пола саат највеќе . Пред тоа ручана бев веќе. Веќе немав мерено . Се изнабоцкав на прстите, и после веќе ме болеа Јас среќа ајвар не јадам и не се замарам со тоа . Денес сабота , се мислам да отидам до Action да побарам нешто за моето есенско Деко . Да го спремам синко да дојде со мене. Големиот има фудбал денес . Ќерче пишува од време на време , како си поминува во Франција. Деновиве ќе одат во Марсеј. Денес е ден за фамилијата , викенд .. ќе имаат некои активности. Се на се задоволна е . Само долго школо до 17 часот .
Пред месец дена отидов, направив договор со 02 за домашен интернет. Рутерот требаше преку дхл пошта да ми стигне и уште го нема. 3 4 пати бев до кај овие за интернет, као демек се јавуваа некаде и као ќе го пратиле пак и уште го нема. Ги застанував и дхл поштарите да ги прашувам и ми викаа дека таква пратка нема. Од пред неколку дена они рачунаат дека ние имаме интернет дома а на нас ни рутерот уште ни нема дојдено. Дали ќе можам да го откажам договорот на мирен начин и шо да напраам? Или ќе мора да им се заканувам со тужба?
Знам законски дека може да се раскине во рок од 14 работни дена. Ако ти "стартувал" договорот од пред неколку дена и онака имаш право да го раскинеш. Ако ти е поминат тој рок тогаш јави се или оди лично и кажи им дека сакаш да го раскинеш поради таа причина, бидејќи немаш интернет според договореното. Би требало да може. А зар не даваат рутери и во салоните? Ние најпрвиот договор од како сме дојдени го направивме во салон и ми дадоа таму рутер. Потоа секој следен договор и домашен и мобилен го правиме онлајн и се стига по пошта.
Ја чекавме Адидас со овој став и тужба да се појави. Да не треба сама да си купиш рутер? Веќе ти стигнала првата сметка значи, има на неа рутер? Човекот за Anschluss беше дома? Јас сум презадоволна од О2! Имам дома и на мојот телефон. Апликацијата О2 сервис ми е ВРВ! И децава се воодушевени од апликацијата. Смирено, ќе го најдете коренот на проблемот, најчесто е недоразбирање поради германскиот јазик.
Не е поради јазикот, со мм заедно бевме, он им збореше на германски, значи цел месец го чекаме рутерот а нивен одговор е "ќе го пратиме поново" и само на тоа останува. Само ц-цкат, па се праат како да не знаат шо се случува.... ама ич не сум задоволна од нивното понашање. Сакам да ги откажам.
Не го дават. Морало по пошта. Им кажав кога бев, да го донесат таму па да одам да го земам, викаат не бивало така. И сега се трчкаме, иди ми дојди ми.
Они ве водат дека имате рутер ти ќе го раскинеш договорот ама они ќе ти го бараат рутерот можеби. Да се јавите на некој сервис број и пак фа кажете дека немате рутер и да ви вратат пари од месечна претплата и ако е можно да го откажете договорот. Ние исто имаме со О2 лошо искуство затоа не им даваме ни втора шанса, ама што беше поима неам пред 100 години беше.
Ќе одам во понеделник ќе го откажам. Нека си го бараат они рутерот таму кај шо си го пуштиле. Катастрофа се.
На рехнунгот што ти стигна имаш пари за рутер? Ако го плаќате месечно 5-6 евра, ако одеднаш 150-200 не знам точно. Имаш таква сума каде што пишува рутер на сметката?
Незнам шо пишува во договорот, ама кога го направивме таму ми кажаа дека ми следува рутер кој они ќе ни го пуштат преку пошта. Искрено веќе и не ме ни занима, им пратив веќе порака дека сакам да го откажам договорот па ми вратија лажги со опашки, демек можело еден месец без пари да биде нетот, ма ни 10 месеци без пари не сакам веќе од нив. Денес ова, утре друг проблем ќе иам чим така праат. Ќе си напраам договор на друго место.
Треба сами да кажете дали сакате рутер или не, и дали сакате месечно на рати да го плаќате или по еднаш. Јас од сето ова сфаќам дека не сте направиле договор со рутер и дека треба да си купите рутер. Инаку после месец дена веќе ќе имаше сметка на која што ги пишува и парите за рутерот.
Не ме разбираш Значи иаме договор и за рутер, они треба да ни го пуштат. 100 пати ни го кажаа тоа. Сметка немаме уште пошо интернетот се води како уклучен од пред една недела. Требаше прво рутерот да го добиеме па да го уклучат ама го нема уште. На почетокот го чекав јас дома, не стигна. Им реков да кажат тамо дали бива на балконот да ми го остаат, не бивало, морало да се потпишам. После тоа чекање, неможев веќе да чекам цел ден пошо иам обврски во град, ја прашав комшиката дали бива кај неа да го достават пошо она е дома, кажа да. Ајде бев, им дадов нова адреса, и пак не стигна ни таму. Сега веќе ни она не е тука, се врати доле, јас неможам да го чекам. Така да, нека си го земат. И де кажете ми, кои оператори даваат одма на лице место рутер, да одам кај нив да си напраам нов договор.
Катастрофа се сите. Ние со Телеком низ каква голгота пројдовме, со месеци не можевме да се опраиме, како расипан телефон фукнционираат, кажуваат едно, прават друго - скроз, ама скроз несинхронизирано. Кај нас па беше проблем за враќање на рутерот, го вративме во наплатен центар, а вработената не пријавила, заборавила кутрата. Ама среќа што поради целата голгота не памтеше кои сме, па се јави во централа и средија. Инаку можеш да си имаш и твој рутер, не мораш да земеш од нив. Да видиш да си купиш директно, ако можеш. Ние така имавме, па нешто почна да зеза и после од наплатен центар ни дадоа друг (и тоа гратис) ама пак ќе кажам - поради нивната непрофесионалност, како извинување. Дали е пракса така да даваат од наплатен центар, не знам. Евентуално, пак ќе кажам, да си купите ваш сопствен.
Епа тогаш е многу лесно и едноставно. Утре сабајле купи рутер на пример во медиа маркт и ќе имаш интернет од одма. Ако ти пратат рутер од О2 ќе го продадеш. Секако за рутер сам одлучуваш. Инаку само време ќе трошиш за џабе и интернет ќе плаќаш за џабе. Проблем сум имала со Vodafone мислам дека беше дека ете не фаќаше тој интернет кај мене, мобилен. После проверив на интернет и видов дека О2 фаќа и немам никаков проблем од тогаш.
Брее мајката . Зошто да купувам нов кога ми следува од нив? Плус и ќе се скарам малку, колку да ми помине нервозата од пмс.