Не разбирам за што треба да е советот. Немој да правиш кривично дело Јас сакам да пијам кафе со комшиката од другиот влез, имаме заеднички интереси. Двете имаме куче што го шетаме и двете имавме рака во гипс летово.. Како договарате кафе воопшто? Јадам бубрези иначе, со никого нејќам кафе да пијам, сакам само да спијам, да го преспијам октомври ако може
Моќта на фемина што би рекла Џоки. Роденденот ми пимина, два колачи и една торта направени и изедени.Ептен сум под стрес со овие колачите за работа значи исто и за школо/ градинка.До 19ч поима немав што ќе правам па најдов таму два колачи на јутуб пазарев и во 20ч почнав да ги правам.Вториот малку ми загоре и решив да идам мастрав да купам ама беше 21:06 . Избројав над 40 парчиња добро е ќе има за сите се додека не видов дека секој си зема по две. На крај рекоа изгорениот бил многу вкусен ,а тој за детски роденден го правев. Бев супер во долгата роба што дури и намрштениот симпатија ми даде комплимет дека ми е убава робата. Од германец комплимент. Помина и вториот тим таг, болинг, каснев како и секогаш,шефот заврши со говор пред 70 души и приметил дека ме нема.Кога ме виде ми вика Ава те чека пивото, Боже најголема пијаница во фирма сум , а радлер пијам. Ме нервира ладното и темното многу ме мава на депресија .Леле кој ќе чека 6 месеци за посветло.
Гледам и кај мене плата дале , ама повеќе од што треба , си помислив да не дале порано Weihnachtsgeld ама рано е , да не дале за одмор, ама касно е за тоа ... Да не утнале Инаку синко пак синоќа повраќаше. Овој пат киви што јадел синоќа. Дали надразнил желудник , поврати и крв на два пати Па се извадив од памет . Одма на мама и се јавив , да ја вознемирам и нејзе ама знам дека ќе ме смири , одма ја даде нејзнината колешка , докторка педијатар да ми каже од што тоа крв да повраќа ... Па пак оставив дете кај пра бабата , арен бил . После на педијатар Вртев , тој е и гастро.. па да прашам . Држете среќа да не се повтори ова , зашто нема жива да излезам од се ова . Пак анксиозност на најјако .
Само навечер повраќа? Ние традиционално, пак со болки во стомакот, само што овојпат не ја влечам по доктори (да закачи уште нешто). Или е од храна надвор што јадеше, или некој вирус, не е толку со болки како минатиот пат, ама пак столицата-проблем. И пак експерименти- оваков чај, онакво ферментирано, буквално фрлам пари ама ајт, таму нека оди лошото
Само навечер , кај 3 , 4 сабајле . Храната што ја јаде навечер пред спиење , не му се вари .. Затоа гледам да јаде најкасно во 18 часот за да може да легне во 20.
Рефлуксче? Има сирупчиња за деца, прашај по колешки, свашта можеш да научиш. Може и некое раздразнување да е, штом има крв, омепразол исто има мала грамажа за деца. Ваљда може и за негова возраст .
Ќе го однесам на педијатар , да разговарам со него , да видам што ќе каже . Ако не е арен уште утре . Малово сега оди накај спална и носи легенче, можно е да повраќал вика ...
Брзо нека поминува Ена...ама, ако има нагон за повраќање сега некој вирус ќе да е. Одморете меше, нека не јаде, нека пие утре само црн чај, по мали голтки.
Фала ти на сите совети . Нека повраќа , само нека нема крв . Што друго да речам . Му дадов Вомекс сируп пред спиење . Без помошна сум
Јас толку познаници и “пријатели” во Мк сум немала. Работа, теретана, школо, градинка. Работа (на 5 работни места имам работено во рок од 7 години и на едно место два дена пробни) (два пати по две работни места паралелно фолцајт/тајлцајт + мини џоб). Го заокружувам месецот со 32 прекувремени саати. Плашејќи се во минус да не бидам, претерав. Мене дури и малку ми е. Страшен воркохолик сум значи. Утре сум слободна и се надевам дека ќе ми се јават да отидам. Ама ако работам и утре ќе имам 40 прекувремени. Ама и секако нема да ми се јават дека Германци и кај нив се цени времето, посебно слободното време. Досадни во превод.
Среќен роденден Ава . Жива, здрава и многу среќна . Побргу оздравување на деците и многу сила на мајките . Поздрав од земјата со најубавото ама и овде ладничко. Мислев ќе фатиме од есенското лето ама баш неделава паднаа температура и овде. Да се надевам на златен октомври во дојчаланд. Импресии кога ќе се вратам ќе споделам. Сега да кажам оти во селово мое планинско, морав оган да запалам за да се стоплам. Многу сум среќна што парно имаме надзат. Со маж ми за три секунди преска донесовме одлука дека мора и овде да ставиме некое. И сега се сеќавам еднаш пред 8 години мислам кога овде до -30 падна. Боо брр.
@јolene убав помин , да се вратите со убави спомени . @Ava.84 среќен закаснет роденден , да си жива , здрава , се најубаво ти посакувам ❤️ Ноќта ја истеравме арно . Не спиев со синко , го оставив со татко му. Знаев дека ќе се будам често , па да не мрдам и тропам. Решив да спијам со поголемото. После сменив кревет , спиев во дневна , во детска , кај не спиев . А повеќето време бев и будна. Ама добро е немаше ништо . Сега стана и е арен . Нека е арен , да е здрав , прав . Големата е до четврток во Франција. И многу ми недостига .. секој ден и пишувам , кога може после школо се слушаме ... Едвај чекам да си дојде , да сме сите на купче . Другата недела доаѓаат гостите ептен сум возбудена . Јас уствари сакам гости и тоа многу ... Им спремам некои активности. Да ги прошетам , нагостам. Баба беше пред 13 години на посета , и тоа и остана во сеќавање . Секогаш и секаде збореше како си поминала . Сега на ред е другата генерација. Вујна да дојде. Жената многу е сменета од кога самата доби внуци . Се радува како мало дете што ќе дојде . Па ќе направам се да имаат убав помин.
Како сте? Мене ме нема некако слабо стојам со време, а и немам нешто посебно да кажам. Ама затоа ме има кога имам да прашам. Многу сум изненадена од школото, децава премногу домашни, тестови. За родителска се спремавме да се пожалиме дел многу домашни ама родителите гласавме повеќе беа дека таман се домашните, па вчера комшиката што гласаше дека таман домашни имале мд препраша за секое домашно и тоа треба? И тоа? Па пуфка. На тестови за згрешено мала голема буква кај прваче одма неточно му рачунаше, за второ сега да не зборам. Туку што највеќе ме изненади мерењето со штоперица колку брзо читаат. Добивме и листа колку зборови во минута треба да чита во кое одд. Немојте да и се јавувате на учителката , не го скрив бројот. Така е и кај вас? @danichap знам кажуваше колку е тешко колку учат искрено не верував.
Јас имам дупка во меморијата за од 1 до 4 одделение. Зависи од учителот , каков е . Големата имаше секоја година нов учител , во второ 2ца се сменија . Секој различно . Само знам дека исто како и кај повеќето , со многу малку грешки одма симнуваат оценка. Сега во средно многу е построго . Секоја недела имаат англиски вокабел тест. Проекти слично . Некако многу распуст ми се гледа , почнаа во август , сега пак две недели распуст . Во декември распуст . Април пак распуст . И во јули исто .. Сабајле купив од Action еден Polsterreiniger , во донесов дома . Го отпакував , гледам полн со вода . Некој го користел и го вратил . Сега јас треба да го вратам , зашто не сакам користен да е . Прво едно кафе да пијам . Сонцето ми смета , многу силно грее А чадорите ги собравме веќе .
И кај во школо беше така, јас идев во Relschule, не дека све беше негативно таму ама напорно. Ама да, и нас премногу домашни ни даваа, децата беа како роботи не смееш да шушнеш или пак да го прашаш другарчето до тебе со тивок глас нешто одма си опоменуван или избркан од час. Наставниците беа престроги што стварно не беше во ред. Јас се научив да ќутам, ама многу негативно влијаеше на психата и да многу учење башка и дека не го знаев толку добро јазикот тогаш учев со моите дома. Премногу домашни, тестови и писмени. И тоа тешки домашни, особено математика. За ова имав приватни часови и без ова немаше ни школо да завршам. Не носиш домашна трети пат Blauen Brief, цел ден мирен на час за твојата наставничка или наставник да не ти се развика. Како робот си... Сметам дека тука требаа поинаку да постапат, а не ако не си мирен ти се дерат, тоа беше секојдневие кај нас. Ти кажуваа 2 или 3 недели претходно и некад две писмени во една недела. Ама повеќе време ми требаше за јазикот да го научам школо имав до 13 часот а пишував домашни до десет саат или учев до 12од толкав притисок не умеам со стрес да се справам. Жално е што деца од второ одделение повторуваат тука, не е добро тоа! Еве имам едни комшии детето нивно трето ќе повторува, не бил добар. Е кога ќе порасне ќе развие ниска самодоверба или пак ќе се утепа од работа за да се докаже
Јас се со проблеми идам на темава Кажете ми како да перам јакни шо се полни со памук? Незнам колку веќе иам упропастено така, и сношти 2 јакни на маж ми завршија во канта оти памукот цел се собра во купчиња. Ова никад не ми се десило во Мк, тука во Гер зошто така ги праат незнам.
За да ги носиш на хемиско, затоа така ги прават. Појма немам, секое полнење е различно и освен една за дете, ништо не ми се расипало на перење
Земи со рацете разкинувај го памукот топка и разделувај го насекаде Досадно е и нервозно ама ке ги средиш