За жал не бива. Ептен е слепен. Иначе иам од старите машини за перење, има 30, 40, 60, 90, степена, ама друго ништо не пишува, откај да знам која програма е за деликатни. Ама чим е памук, и да ги пуштам без центрифуга, пак ќе се напраат лом нели?
Хм, сè е можно. Претпоставувам на 30 степени ги переше е освен центрифуга да исклучиш, најверојатно таа го тутка така памукот. На крај ќе искочи хемиско последно решение, штом немаш некоја модерна опција на машината.
Е овој проблем и јас го имам и сега сум без елече, а лани го купив. И без центрифуга се собира памукот или што и да е тоа внатре. Беше 19,99 евра од њу јоркер па можеби затоа. Да беше 99,99 со памук можеби немаше да се собере.
Нема врска од колку пари и што материјал. Јакни веќе не перам во машина, во најмала рака се губи формата. Три златни јакни си упропастив и доста беше.. Со пердуви, со некакво полнење не знам какво и така. Ако може од надвор со влажно крпче да се забриша некако арно, ако не на хемиско. Зависи дали се исплаќа да се плати и хемиско, оти може пола цена од јакната да биде. Јас имав една од орсау на времето, со оердуви и три пати се переше и ништо не и беше. А од друга поскапа, ај да не речам доста скапа марка, се деформира скроз.
Се собираат и марките. Му отиде на мм јакната од Jack&Jones . Иначе памук е тоа внатре. Прееска ја "заклав", за да видам шо има.
Скроз сум сигурна дека не е памук, или памук е колку перниците што се полни со памук. Рециклиран полиестер најчесто.Само зависи како е полнето, дали топки па поминит шев врз тоа, или интегрално е полнењето.Ако не е интегрално, се праат така, топки.
Какво е тоа интегрално? Иначе иам јакна која исто е полиестер, ја иам перено и на центрифуга и еве здрава си е. Незнам шо е проблемот со другите.
Јакна закла?! Таман си е значи упатот за психијатрија или термин што беше заборавив. Ако не ти дадоа кажи им за јакнава и може ќе ти дадат. Не ми текнува сега точно дали упат не ти даваа или како беше. Никој не кажавте колку е само топло! Октомври како април- мај исто. Знаете дали не следува ладна или топла зима?
Такво де, целосно, исцело, не знам како да кажам Да речеме вакво, а не растурено како во перница Спојлер: Спојлер. Е проблем е што не можеш да знаеш какво е, дури не ја заколиш јакната. Ако научам како е кое означено, ќе пишам.
Дома имаме на парното од оние смарт апаратите за подесување топлина , сабајле се качувам на спратот , ќе се онесвестев. Пулс топло , тоа апаратчето снемало батерии , беше 33,5 тт во собата. Може само преку телефон да се намести, заклучено мануелно да го смениш . Ролетните исто на струја , преку Алекса се спуштаат, дигаат. Мене цела оваа модерна технологија не ми се свиѓа. Колку пати ќе снема струја , настанало куршлус со тоа ролетните . Два дена бевме без струја дома , зашто не знаевме што е дефектот . Синко пола година живее во темница , зашто ролетната се сјеба. Моторот цркнал , па треба нов . Додека најдеме некој да смени . Аман
А да ја видиш јакната на мм од Jack&Jones. Не мрднала За деликатно перење треба да има лист кај функцијата. На мојата машина е така. Надвор ладно. Почнавме со зимска гардероба Од вчера го пуштаме и парното. Децава се среќни. Во петок нема да учат
Јас само што пишав топло дека е. 16 степени и сонце. Сабота 20 степени. Сонцето пече. Во различна Германија живееме. Септември- мај, обожавам!
Како топло , овде навечер е 2 степена. Парното отиде во неповрат. Ќе монтирале панели на струја. Да живее сметката за струја . Бараме стан кога ќе се најде нешто да одговара ќе видиме . Палтиња перам нормално појма немам на која програма до сега немам уништено.
Ja ako ne se preselam kaj tebe eve na. U mojata Germanija rekoa na sneg mirisalo. Jas uste Balkoni ne uspeav godinava da ischistam toa gotovo, tolku. Ko bozem ovde dojdovme da fatime docna leto, oti jas se uste ne sum spremna za ladno, ama nema. Lele pak pochnav blago, ama toa moite koja zaliha na gricki i blago ja imaat, beter tinejdzeri se . Skroz ko deca se ponashaat znachi, ludnica.
На нафта ви беше предходно или етажен хајцунг имавте? Нешто со законите шо менуваа за енергетска ефикасност и екологија бла бла да не се промени? Прашувам оти нели станови гледам, па се мислам баш вака со парното некои што ќе прават. Побрзо да најдете соодветно . Кај нас едната соба и тоа баш спалната има многу голем процент на влажност, не избила влага, ама не е ко што треба. Џабе луфтирам и таков уред за влага зедовме на струја и свашта и пак некако многу тежок воздухот во таа соба е. И сега сакаме и ние побрзо да се селиме, ама и други нешта ни се мотаат во глава и никако не е. Под кирија пак не ни се малтретира. Селење со дете, мебел леле сега сила немам. А стан да купиме, пак сме на две, ради другите планови, ој па крај најди. Ко ќе се вратам ќе треба да мерам да видам дали може спалната во работната да ја преместиме. Ама работнаната мала, а креветот ни е огромен. Кој луксуз е значинживеење во куќа, сега гледам ко никогаш до сега. Ни дете смета на некој, ни некој те замара. Двор одма излаваш, ни се спремаш ни бутур. За мерак.
Одамна требаше да не постои повеќе парно на нафта. Нашето е такво но не е поради еко, туку се расипа па неможат да најдат дел или многу е скап … И на нас не ни се мрда од тука но ќе мораме и очајно сакам стан на први спрат или евентуално лифт. Има и куќи но многу се поскапи за изнајмување. И становите отишле во неповрат. Но ние сме во овој стан 5 години и се уште плаќаме толку , но ова со парното ме изнервира многу. Како вие поминаа ли церемониите ? Ги успав и двајцата време за мене се додека бебе не се разбуди повторно и повторно .
Луѓе за да не ви се туткаат јакните при перење, нели да не се собира во грутки полнењето се ставаат едни топчиња. Ги има за џабе пари на тему. Јас така лани зимата, ми се стутка нова јакна па во машина за сушење на послаба температура ставив 3 тениски топчиња, немав други и се врати пак во првобитната состојба.