И за јакни може, ги разбиваат грутките. Не сум пробала при перење, не знаев ама ќе пробам следен пат. Јас со обични тениски, од син ми што си игра. @јolene ( обожавам да те тагнувам, предизвик ми е ) ја мислам дека од Штутгарт кога се иселуваше место Минхен, требаше да избереш Карслуе, таму е секад потопло за некој степен. Минхен е југ ама во Германија појужно не значи и потопло .
Абе еден југ, под Алпи, шо да ти кажам. Само таа Германијата кај Џоки ја признавам. Друго, еден многу интересен феномен-стално, значи стално кога одиме и се враќаме од море, тој преминот, Словенија-Австрија, врне истура. Ќерка ми вика, како живеат овие луѓе стално што им врне, греота. Кај нас скоро па и да не врне последниве години. Е сега си студи, нормално, еве ме со смрзнат нос.
Абе Минхен ради местоположбата највеќе е. Не дека потопло ќе е. Ама околината е многу убава. Имаш планини, езера, блиску до море. Еве за 6 ч си на јадран-хр-ит-сло. Плус младешки сон реализиравме. Убав е градот, за тоа не мрчам. Ама сега да, Карлсруе може пооптимално ќе беше, ама секој пат кога се враќавме надзат си велев еве до Минхен се јаде, нагоре не.
Кај Минхен дефинитивно е потопло од кај Келн. Неколку пати поминавме од таму кога идевме и се враќавме од мк, баш во тој дел не се дишеше летото. Понагоре е посвежо.
Мене пак ми се чини дека кај Пасау е најтопло. Лани кога се враќавме застанавме таму на паркинг, значи беше пекол баравме сенка со колата а накај франкфурт што обично ми е топол град па се до кај нас да истура дожд и ветер едвај се возеше. Некогаш има исклучоци али генерално од сите градови кај што сум била најтопли ми се покажале, Кобленц, Франкфурт, Триер, Пасау... А најладни, најтмурни регион од северозападна Германија, Фулда, Касел.. Таму не би се преселила. А пак во Келн ми е чудно, тука пред таа катедралата напред секогаш ама секогаш и во најтоплиот ден дувало студен ветер, како некоја промаја значи едвај сум стоела да се сликам. Тргни се неколку метри понатака како во друг град да си веќе. Некоја чудна точка.
Имам едно прашање. Добив Zwischenzeugnis од работа. И сум многу сигурна дека тоа што е напишано уствари е скриена лоша препорака. Нема ништо лошо напишано, ама некакоко е многу лошо напишано. Дали има нешто на интернет/дали има некој што се разбира од тематиката, каде што можам да проверам дали станува збор за schlechter Arbeitszeugnis, chat gpt ми повредува тоа што мислам.
По закон не смее да се пишува лошо во арбеитсцојгнис. Скриено е низ убавите зборови. Има секако на нет, можеш да побараш, од начин на кој е потпишано, печат како е удрено, до формулација на реченици. Се бавев јас еднаш со тие нешта, ако сакаш може и да ми пишаш за мислење. Ако толку многу те интересира.
Селена обрати се до лекарската комора. Ке те советуваат и заштитат. Колега 3 пати му го враќал така Zeugnis-от се додека не му даде тогашниот шеф верзија која што му се допадна.
Инаку да ви кажам дека цојгнис речиси и не читаат, да не се замарате толку многу. Баш од причина што секој може да се пожали и да добие подобар состав. Исто битно е веќе кога сме кај цојгнис, дека датум на издавање треба да биде последен ден од твојот работен ден. За цвишен цојгнис се разбира друго е. Ако е замачкан потпис или датум, исто може да е порака дека е изнуден цојгнис. Последно кога зборев со еден рекрутер, баш онака од што ме интересираше, беше дека во просек на бевербунгсунтерлаген се фрла 1 мин поглед. Цв то треба да е читко и само на една страна, напишано во canva, не во ворд, треба да те повикува да го прочиташ. Се фрла поглед само на св и на претстава за плата и толку. На крај битно е ти да го поминеш ,,стручното,, интервју. Да имаш соодветно образование нормално и тоа. Ја си легнав инаку. Рано доцна, ко сум кај свекрви многу сум изморена навечер. Едвај чекам да се вратам кај вас .
@Selena01 грешка ти напишав лекарската комора на Marburger Bund мислев. Они те советуваат и ти помагаат.
@Selena01 ти верувам. Ама остани смирена и не го покажувај тоа. Советувај се прво па после ќе видиш со ладна глава што ќе правиш. Гледај сега да ти потпише се во Logbuch што имаш завршено досега, тоа ти е и поважно од Zeugnis-от.
Можеш и да го постираш во темава и ќе ти кажеме. Без име и презиме и работодавец. Зошто доби zwischen Zeugnis?
За да полагам испит, за апробација. И треба да го испратам документот во комора. Ќе го пратам утре параграфот преку слика, тоа што ми боде очи.
Немам се уште Logbuch пошо уште не сум почнала со специјализација. Не ни планирам у скоро време искрено. Но ако знаеш нешто во врска со почетокот/бирањето на спец, дали може да ти пишам.
Прати ми го мене на порака, скриј име и институција. После мора са се провери за непотребни интерпункциски знаци, слободни места и сл правопис, граматика што укажува на изнуден цојгнис. Многу битно во свидетелствата мора да ти стои се што си правела исто. Ако некоја од твоите дејности е изоставена, треба да си побараш да ти ја вметнат. Се се средува и не се нервирај. Ја најде ли табелата на нет каква структура треба да има и кои реченици која оцена ја опишуваат? Ако не вечер откако ќе си легне малата ќе побарам и ќе ти испратам. Боо абе ќе решиш да станеш порано да завршиш работа. Ахам да. Пред 6 навиен аларм, а од пред 5 малото го заспивам оти стана. Се напукав нервоза уште толку, па ми вика од горе мама полека и донеси млеко . Маж ми он мислам цела ноќ не е спиен. Од 5 навака на секои 5 мин го будевме. Јас избив, значи пмс ме фаќа. Се извинувам шо ќе бидам идиот у следни неколку денови. Денес и термин имам за фризер леле леле леле, колку само сум возбудена .
Идам да каж оти сум со нова фризура и многу ми е убава..не знам оти дојчовци не знаат да шишаат вака. Или па до фризерот е @JuLleE. Еј колку сум среќна што добив термин. Е свекрва од сабајле малку мрчеше оти ќе се оладело јадењето, па немало да сме јаделе сите заедно, па сега како така. Море не и реков и три дена нема да јадам за терминот. А мене и масажа на глава и кафе ми направија и не им смрди шампонот ко од кај некои. Па и не ме фати скапо, а 40 мин ме шишаше. Јас метав околу 50евра, а оно уствари 1400 само. Друго од сабајле денот леле леле леле. Снема струја. Лап топ ми се исклучи. Телефон еден шо користев за интернет се испразни. Па на маж ми службениот и кај мене ставав интернет за да продолжам да работам, и на крај откако се испратив, дојде струја. Мора барем еднаш да снема или струја или вода кога сум тука, инаку не ја бива. Среќа уште печки на дрва и шпорети на плин шо има, инаку нефункционален значи. Толку многу адреналин од сабајле, напукана од пмс, слапав две парчиња торта и тулумби. До вчера милшзојре и пробиотик пиев за женски ствари. Абе ај сама ќе се натепам. И уште едно кафе остана и ќе се пакувам. Наскоро пак на старо да се вратам.
Сакаш да кажеш дека во Мк и шишањето поскапо е? Или имаш огромна коса, многу густа и долга до газ? Или кај некој познат инфлуенсер се шишаше?