^ Скапо си платила, што зборам јас - 900 ми побараа за шишање,фенирање и миење. Во Франција ми рече 100€ со тоа што миењето се наплаќало посебно… и така јас до Македонија издржав платив 900 денари.
@јolene нема подобри од нашите фризери. Си умеат едноставно. Мене Дарон во Ск ми фаќа око како работи. Може и ќе се прелажам да направам термин следно кога ќе одиме. Скапо е за мк. Тука е 25-30 евра cut and go. Вака со миење, масажи, фенирање е минимум 80 евра. Барем во мое село. @Selena01 слободно пиши.
Па шо знам, мене ми е ок цена за шишање, фенирање, миење. Последно платив 65 евра за да се преправам дома пак. Така да не мрмкам воопшто.
Е денари де. Во денари тука е 1200 денари, а ти си платила 1400 денари. И за 900 денари има, ако е ново отворен салон на пример или имаат некоја акција или кај некои фризери и секогаш е 900 односно 15 евра нели. Или плус и се фарбаше? Или знаеја дека од странство идеш? Како може на тие плати да е таму поскапо?
@gjoker4e сигурно миење , фенирање и шишање е во таа цена . Може плус и фарбање ? Да не нагаѓам нека се јави @јolene да каже . И јас сум за шишање . Да направам термин кај золвата , денес и така на кафе ја чекам .
Џоки изгледа на бербер оди таму е по 20 евра или стварно живее во утопја се кај неа е перфектно. Мене по 62 евра ми зема ама не сум шишана туку искасапена.На ништо не личам.Во мк кога бевме на фризер кај фризерката немаше вода, без да праша ме ишиша без веза.Во април , па пак се шишав во јули тука.Не се шишам веќе ќе си ја чувам долга до половината.
Мене во мк последно за 1000 ме шишаше, ама тоа пред 2-3 години и во Скопје. Во мојава утопија тогаш поефтино беше. А скапо е, пошто цените се изедначија за се, освен за станови. А станови не им требаат пошто имаат куќи.
На очен ли? Не бе, не мора да значи. Можда стварно имаш село весело, збор заради мистериозни причини. Остај ги овие од големите градови, од љубомора така пишат. И јас мислев супер село весело имам, дури не ја покачија цената на дневното мени. И сега малку ко во шок сум. Уште само ради фризерката не се селам дефинитивно.Ако се селам и нејзе ќе си ја земам. Колешка ми, од едно друго село, вика не ја бива состојбата, ќе се селиме во Ук. Дали да ја остаам да тера со илузиите и зошто да.
Да да кажав. Миење, шишање и фенирање. Нормално и маска за коса нели, ама тоа не се наплаќа тука екстра. Да скапо е за Мк стандарди, ама јас сум се шишала барем на 100места и нигде не е како дечково. Стварно е добар, професионален и модерен. Многу е познат уствари, постојано е на пат пошто и во странство учествува и обучува на саеми и настани. Ама не е од Скопје, до на маж ми селото е. Бевме на мезе со братучеди. 6 возрасни и 5 деци. Свашта се нарача, сметка 80 евра. Ние тројца во Минхен во пивница, ништо спектакуларно, по едно пиво и јадење 80 евра. И така. Ама дм и маркет па и поскапо одколку кај нас. А ќе гуглам кај Џоки у село колку е стан/куќа и ќе одам комшивка да и бидам . Ќе се израдува дури тогаш Џоки .
Не знам дали во Мк има шишање за помалку од 1000 денари. Можеби во некој не толку познат салон. Тука најевтино е 25 евра. Само шишање и миење. Со фенирање е 35 евра. Овие цени скоро секаде кај што сум видела се исти. Фарбање и шатирање е Шишање за мажи е 20 евра. За деца е 15 евра. Нокти минимум 50 евра Денес преку ден беше потопло - 9 степени. Ама затоа сега е
Цените за МК што ги пишувате се веројатно за Скопје и познати фризери во други градови. Јас во провинција не знам повеќе од 500 да сум платила. Кога сме кај цените за фризери како се имам избрукано. Правев бајалаж во Македонија ми вика фризерката 120 евра, а ме утна за сите пари. Прамени оставени три прста дебели. Дури седам кај неа му пишувам на маж ми "Леле како ме утна оваа, па уште ми вика 120 евра, проверив во Rosenheim во најубавиот салон е толку. Не знам зошто и дадов втора шанса на женава" Се убаво ама место на маж ми да ја пратам пораката јас на фризерката ја пратив, оти последна ми беше на чат. После 10 минути приметив, ја избришав и молев Бога да не ја прочитала.
Најстрашно што може да се случи е да го избришеш само за себеси и да немаш шанса веќе да го избришеш.
Ма арно си и направила. Ние се шишавме четворујцата и мм плати ама мислам не беше повеќе од 1400 денари.Таа е најефината фризерка ама салонот цел со мувла.
Абре жени што ве гледам чудни... Пишете по групине за жени во вашите градови, македонки, србинки, балканки да ви препорачаат фризерка... Па идете на страната и гледате слики, скоро сите имаат инста. Жени наши по дома на црно како фризираат, на гз ќе паднете. Пишував јас еднаш, мене ме шиша саат време , ме мие, ме фенира, 30 евра. Ја сметам дека е ок. Едноставно не вреди што ќе заштедиш 20 30 евра ко Караконџула да шеташ у глаата до мк...
@јolene со здравје да си ја носиш. Најважно е да ти се допаѓа. Јас како и обично не сум се доискажала. Мислев за македонска плата е скапо, за наша не. Инаку и во провинција е скапо кај "познати имиња". Помина тоа време кога беше 300 ден. @Gosh во салон ќе закажеш ќе ти направат кафе ќе ти направат балајаж. Ко психотерапија ќе му дојде. На крај ќе платиш 120 евра. Балканката ќе ти направи трачарски муабети, се ќе те испраша од плата до работа до животен пат, ќе те мие над када и на крај ќе ти наплати за балајаж 100 евра. Мене ич не ми вреди.
@Katie90 еми добро, може и до фризерката да е... Мојава е босанка, млада, баш фина.. Задњи пут си праевме муабет за кај кампуваме...
Женски ние се вративме, ама изгледа малата ми доби уринарна. Чекам да соберам примерок и да тестирам, па да носам на итна. Деца. И за друго имам за мрчење ама прво малото да средиме. Не сакам шо ќе мора да пие ант, ама овде нема алтернатива. Не знам што друго може да биде. Од сабајле ко слетавме се пожали, предходно не. Темна урина и со мирис. Два пати ми рече дека ја боли и не сака да мочка. После се намочка цело полно пеленче, абе жалче. А вака си игра и не се жали на ништо, освен еве кога и се мочка.
Ставај термофор и нозете во топло, може да е само преладена и да не треба антибиотик. И чаеви многу, да се хидрира, да се исчисти. Не знам деманоза дали е за толку мали деца, види.