Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.547
    Допаѓања:
    38.097
    Пол:
    Женски
    Да не има запек? Можеби од промената да не одела во вц исто како и тука. Запекот прави темна урина со мирис.
     
    На SummerGirl и јolene им се допаѓа ова.
  2. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    10.668
    Пол:
    Женски
    Темава стварно сега јас сакам да биде во скриено. Ама нели, нема.

    Ова не сум го знаела. Вчера сабајле какаше последно, ама не ми стои дека е тоа.
    Не успеав да соберам вака, морав да залепам ќесичка. Срце ми плаче, се надевам само ќе успееме да собереме малку.
    Дури вика, добро мама доста е толку немој веќе. Абе да ти пукне срце.
    Дадовме млекце, а пошто ни фали на сите сон, еве тројцата сме заспале како се гушнавме.


    Инаку маж рече не сакал да оди веќе мк. Сабајле доживеавме и имињата да ни ги читаат од разглас, последни се качивме во авионот.
    Се беше ок, идеше работа тамам да стигнеме на ред за царинска контрола, јавија патниците за меминген да се упатат кон гејт. Епа ко почнаа да се туркаат, да се редат сите пред нас. Ти им велиш и ние сме, ама не они нив ги викнале. Ајде тамам едвај сите минаа, дојдоа стјуардеси тимот, тап пред нас. Ајде еи тоа 10 мин одзема. И скроз на крај, веќе втор пат не читаат на разглас, одлучија маж дека ќе го тргаат на страна да го тестираат за дрога со тие хартиите. Предходно мене и малата, малата ја тресеа. Свашта значи. На крај јас со малата во раце едвај пакувам ранци, лап топи, паричници, пасоши..маж чека на ред да го проверуваат.
    Им вели ние сме не викаат.
    Ај се смилува прв го зедоа, па го пуштија.

    Мајка ми ме напна да земам мед, та мед. Велам не смее тегли, се смета како течност. Не земај ти остај нешто облека, земи медот.
    Ок Ајде земам мед. На крај заврши во канта на царина. Ама ако е.
    Ко ви велам некој пат оти не се разбираш со луѓе од мк, се најпаметни и они се знаат. Сите други не и се друг крив. Така ми е мило, оти накрај ќе можам да и го трлам на нос од сега натака здравје, секој пат кога ќе бара да ја послушам.
    И велам на царинската, леле земи го за тебе, не го фрлај. Убав е медот и нема да те пријавам, алал ти го давам. Ми вели не смеам.

    Маж Вчера имаше да заврши некои документи. Иако присутен морал кај нотар, ај кај нотар, се вратил пак, па ај уште нешто требало да додаде.
    И се налутил. Баталил.
    Осетил дека уствари го дупчат у мозок и не им се работи. Изнервиран дојде чуреше.
    За време на цела посета со свекрви исто ко и овде. Додуша готвеше жената, греота да се жалам. Ни сум следувала ни сум готвела.
    Е ама... ако знаат дека ќе одиме негде после тоа, наместо да седат со нас, они се работа имаат нешто. Свекор дете не го ни поигра, а она цело време со љубов му оди.
    Неубава атмосфера генерално беше.
    Кај моите друго беше за тоа, ама па и многу поладно.
    Има шанса моето да се настина некна и вчера. Боса бегаше надвор, а надвор 7степени беше. Кај свекор во бања исто ладно беше. А она на еден адаптер од братучедите сакаше да седи.
    Се на се. Не се исплаќа натака за нас. Од следен месец и татко ми здравје е пензионер. Сите се значи слободни. Нас таму не ни е ни пријатно, ни не знам како да го кажам. Може после една година пак.
    Сакавме на доцна пролет да се венчаме и да крстиме дете. Уште тоа ако завршиме сега идна година и веќе не знам.
    Сме се одвикнале.
    Да се будиме полека, се надевам сме фатиле проба да однесеме на берајтшаф и да купиме бар за јадење за утре.
    Утре и кокошки ќе одиме со малата да гледаме.
    И овде сонце со ветре, ама топло на душата, сите смирени и слободни.
     
    На felisitas, SummerGirl, mal.ecka и 9 други им се допаѓа ова.
  3. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    10.668
    Пол:
    Женски
    Уринарна е женски. Страшно од сабајле до еве сега, страшно прогресира. Малата доби ант одма, од три капки што собрав свашта внатре. Не ми се верува значи, до вчера ништо од сабајле акут. Среќа што се вративме дома само, на берајтшавтдинс вкупно за пола саат завршивме. Малата е супер, освен што не сака да мочка, за се друго е игрива и соработува. Само да проделува ант сега скоро, да не ми се мачи дете.
    Најмногу мразам уринарни. Со нив мака сум мачела и толку ме боли сега за неа.
    Да одјавам дете од градинка за цела недела, не планирам да ја пуштам недоречени натака. А може и следна ќе си е дома.
     
    На SummerGirl, mal.ecka, MacenceEna и 4 други им се допаѓа ова.
  4. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.547
    Допаѓања:
    38.097
    Пол:
    Женски
    Туширај ја почесто за да мочка додека се тушира за да не ја боли.

    Инаку и нас ептен не контролираат дека јас секогаш заборавам и носам чизми што свират и мене целата ме контролираат и ранчето, а баш мирна изгледам како на мравка да не газам.

    Ти се оди пак Мк?

    Од се што те прочитав, со струјата, водата, медот, од исто село да не сме? :rofl: Мразам мед. Баш од таква причина.
     
    На SummerGirl, mal.ecka, јolene и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    1.129
    Допаѓања:
    4.392
    Кај нас и кај берберите е изгор :D За детуле ми земаат 17,5 евра, дека дете бил, инаку е 35 за машки, а за мене 47 си плаќам :?: Ама не ми е лоша фризерката, не можам да се пожалам, Турчинка е и нив некако повеќе ги бива за фризерај, од Германците пред тоа ич не бев задоволна.

    Кога сме кај коса шишање, ми иде сама да си ја поткастрам и да одам така како шлакната, од што никако не наоѓам време да закажам термин за шишање :tmi:

    Деновиве проаѓаат со брзина на светлинава, малово за 5 дена месец ќе прави, не ми се верува. А гревче, кај се не го однесовме, колку ми е смешно кога кај нас до 40 дена дома се седи, ама и тоа е бидејќи се има помош, бебуле мое и на термин во банка веќе беше :D Ама раатот нема цена, ми се докажа ова по милионити пат. Маж е уште неделава дома, после тоа почнува со работа и само не знам како ќе се снајдам да го носам големиот во градинка, дали ќе успеам да го носам на време и да се усогласиме со малово. Ама, ќе влеземе во шема.

    Инаку само мајка ми изгледа успеала на аеродром во Скопје да помине со голема тегла слатко од смокви во рачен багаж :rofl: Дури и таму се потскарала - како тоа не и даваат слатко од смокви да му однесе на внукот, па ја пуштиле. А внукот нејзин ниту има пробано слатко од смокви, ниту ќе проба, ама иди докажи и.

    За одење во Мк, можеби во април, а можеби ни тогаш. Мене ич не ме влече ама баш ништо да одам, ама маж ми поради мене ќе си ги заборавел корените :D А само збори, еднаш препека за одење и само се симнавме од авион и отидовме до вц на аеродромот во Скопје, значи не бевме ни излезени од аеродром и ми вика - ајде сега да си се вратиме назад, кога е следниот лет :rofl:

    Надвор есен, моето омилено годишно време. Небото во најубави бои, природата исто, дома мислам не ме поднесуваат што цело време им викам - ајде да излеземе, ајде да шетаме :nod: Ама денес фати баш невреме, со детуле се враќавме од маркет, среќа навреме влеговме во кола, па не накиснавме премногу.

    Зомби - момби, мозоков не ми работи. Тргам по нешто, заборавам, земам друго, па се враќам, па сфаќам дека сум тргнала по друго, па пак заборавам и така во магичен круг. Олеснително е што што сум скроз чилл и баш опуштено терам. Јас и опуштеност, малку е нетипична спојка, па ќе видиме до кога ќе терам вака (lalala)

    @јolene брзо опоравување на малата.

    Останете ми со здравје :f::D Чусле, што би рекле во мое село :hai:
     
    На bubemconia, felisitas, SummerGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    409
    Допаѓања:
    2.235
    @јolene за возрасни даваме и ибу против болка не само антибиотик. Многу течности и нешто топло на стомачето да се олеснат симптомите. Нека поминува брзо.
     
    На SummerGirl, јolene и Biljarkata им се допаѓа ова.
  7. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    10.668
    Пол:
    Женски
    Станав да ја проверам и пошто заспав уште во 9, сега сум наспиена :@. Катастрофа со спиењето.

    Кејти многу беше мачно преска. Ама многу. Плачење и ние со неа, кога боли и не може. Абе матно, партали. Еве не ми е јасно како за волку брзо.
    Дадов јас уште попладне ибу и туширав, не помогна.
    Е сега дали јас оти дадов само 2мл, а за неа треба 2.5мл цела доза, па не помогна.
    После 6 саати дадов 2.7мл ибу. Толку беше страшно што морав на тоа растојание да дадам. Дадов и млеко пред спиење.
    Сега ја проверив и намочкана беше, ама не плачела во сон. Значи помогнал. Најверојатно и ант е погоден оти ми се чини мирис се изгуби малку.
    Синоќа не сакаше второ туширање. Ја ставивме ко демек да бања вебиња-шатчиња, ама не, сакаше надвор и да се гушкаме.
    Ја ставив во топла вреќа и заспа.

    Абе ако само у мое село во лето би отишла. Ама не на друго место.
    Инаку сите ме од исто село, оти проблем на сите села ни е. А заврне снемуваш услови за живот. Јбг па не врне често. Додуша во мое оргинал бе мора ни да врне и така си снемува.

    Мед јас сепак сакам. Он не ме сака мене оти шеќер ми се крева :devil:.

    Да и кажам на јоана еве и ние со парното проблеми. Кај нас летото менуваа нешто и сега е млако. Пред зградата на комшиите има мобилна хајццентрала. Ама не сме ние на тоа закачени. А беше лани ок. И сега ај не толку ладно, ама не качивме над 21 темп. Се јаде за сега ама не и за понатака. Утре т.е сабајле да пријавиме на газди, па да видиме ќе бараме ли и ние нов стан. Е уште ова требаше и кај нас.
    Треба доле да прашам и кај овие до нас каков е интензитетот кај нив, дали има промена.

    Ај реферати у сред ноќ, а во 6 треба да дадам ант пак ќе станам. И кај мене како почнало веќе 3 години ќе стане, се сум си будна.
     
    На SummerGirl, Katie90, Ava.84 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.547
    Допаѓања:
    38.097
    Пол:
    Женски
    IMG_8480.png
    Пудрава ја видов кај една инфлуенсерка. 6,95 евра, а е предобра. Како да немаш ништо на лице, изгледа скапо, свежо, покривно, совршена е. И тоа на моево комплицирано лице. Со четка ја ставам дека и она така па и четка купив специјално за со пудрава.
     
    На SummerGirl, mal.ecka, TutiFuti и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.941
    Допаѓања:
    34.337
    Пол:
    Женски
    Кај нас вака менуваа нешто на парното и од тогаш е млако.Изгледа пак шпарат |(.
     
    На SummerGirl и јolene им се допаѓа ова.
  10. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.547
    Допаѓања:
    38.097
    Пол:
    Женски
    Кај нас имам приметено дека зависи од тоа колку е ладно надвор. Ако е надвор 15 степени на пример и парното е млако. Ако е надвор -10 парното е прејако.
     
    На Ava.84, SummerGirl, јolene и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    10.668
    Пол:
    Женски
    Денес е појако од вчера, може оти уште не било загреано или е наместено да пушта во зависност од температурата надвор. Порано не беше така.
    Тоа па во кујна и во бања, пак се залепиле и треба да се чукнат да проработат.

    Малата дефинитивно оди на подобро. Најголем страв ми беше да не не е погоден антибиотикот. Ама и докторка и ние бевме свесни дека мора одма да се почне и нема време за уринокултура од два дена чекање. Сега во вторник има пак проверка на мокрача, за да се види дали се подобрува. Насоката беше ако не се подобри да се оди пак.
    Ама се подобрува, се избисти урината, не смрди и малата не плаче кога мочка. Даваме се уште ибу, сигурно и вечер ќе дадам, ама сепак се познава дека е подобро.

    Бевме и кокошки да храниме, се поигра и надвор. Кај нас многу ветар има ама се друго е.
    Со маж уживаме во тишина и мир. Нема никаков притисок и слонови во соба. Дискусија се разбира на мин сведено и сепак се разбираш. Ова во мк и за двајцата беше да ти експлодира глава. Колку сме одучени од тоа.
    Нон стоп, ама значи ноннстоп се збори. Ако не со домашните, надвор, на телефон, се нешто се прави се оди некаде. Уште кај нас во село и ненајавен се оди на кафе.
    Куче, маче двор, некој ќе помине. Кучиња и мачиња скитници насекаде. Да ти е страв дете да пуштиш да оди по улица, се некое се затрчува.
    Игралиштата за деца искршени, искорнани не одржувани. Во мое село едно беше ок, колку да се полула дете. Па мајка ми страв имала ја качувала на лизгалка, не и давала сама да се качува. А оваа тука на јажињата што се се качува 3-4м во висина сама :D. Поголемите деца и се потсмеваа оти мала била :?:.
    Ја се чудев на манирите искрено. Додуша јасно ми е дека она нема да биде никогаш од тие деца кои нема да можат да си најдат каде припаѓаат. Значи мора да направиме се можно, за овде да се интегрира и да и биде дома. Не сакам да пати од дијаспорски комплекс.
    А насмешно ми беше, прв ден ко отидовме бев воодушевена од мк. Дури жал ми беше што само една недела ќе останеме. На крај последните два дена едвај чекав да си одам. Генерално пк беше. Ама маж ми он од сите нас најразочаран остана. Разбирливо секако, оти точно неговите се однесуваа идиотски и не многу поразлично од овде кога беа.
    И не можам да ги разберам бе. Ок е мразете ме мене колку сакате. Ич не мора да ми прават муабет, ме заболе.
    Ама детево е ваша крв. Ваше е. Да ми се одмаздувате мене преку детево, е не знам кое ниво на глупост. Малава не беше ни 10 мин без нас. Не беше извадена ни во двор кај свекрвите од нив. Ништо.
    Бабата пак ќе ја поиграше колку можеше, дедо и идиот. Ни тракторот не ја однесе да и го покаже, а јас и велев ќе ја вози. Она очекување имаше.
    На крај кај моите татко ми и маж ми ја возеа на трактор, ја седнувале да вози. Да се радува. Моите барем ја носела надвор во двор, игра фудбал дома, ја занимаваа.
    Дома сега алишта од шо ми останаа, садови, свашта ама и хаосот ми е убав и спокој ми дава тука :inlove:.

    Да фатам да средам додека стане вампиркава оти после акција. И фала богу :l:. Херојка мајкина :inlove:.
     
    На Gosh, Ava.84, JasBee11 и 10 други им се допаѓа ова.
  12. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.547
    Допаѓања:
    38.097
    Пол:
    Женски
    Многу сте скржави значи. Освен @јolene што кажа се што има да каже па и плус од тоа. :D

    Бевме на кафе со мојата нова другарка. :D Преживеав ете. :whew:
    Не беше ич страшно. Во недела ќе се видиме пак.

    Почнува пак да ми спие како порано, односно кога слабо железо имав, сега пак не ги пијам таблетите месец два или повеќе и почнаа истите симптоми, смрзнувам додека спијам без разлика под колку ќебиња сум, устата ми е сува и испукана и кога ќе ми се приспие морам одма да дремнам.
    Така и на работа претходната недела си мислев да им речам дека морам да спијам и да правам пауза под итно ама издржав некако. Е затоа не сум хирург дека сред операција би заспала. :!:
    И нозете ми се немирни и ме болат и одам во вц преку ноќ.
     
    На Gosh, SummerGirl, Katie90 и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    409
    Допаѓања:
    2.235
    Гутен Таг,

    Не ве разочаруваат луѓето туку вашите очекувања од нив. Не можеме да ги промениме луѓето да се однесуваат како што ние сакаме ама можеме да промениме wie wir damit umgehen.

    Јас сум од многу работи во Македонија разочарана. Казина на секој чекор, искршени игралишта се само дел од нив. Ако сакаш да правиш нешто со дете нема каде да одиш само кафиња и кафани се управаат. Освен Скопје каде што има кино и зоолошка во помалите места и тешко да се најде некоја занимација за децата, а се сметаме за нација на која што и е битно семејството. Зграда една до друга ама паркови нови не се прават. Нема протести за битните работи. Сите сакаат само да се наместат на некоја фотелја и толку од амбициите.

    Кога спомнав кафе да ви кажам дека турското ми го качиле на 10 евра во Реве, а 11 во турските продавници. Неверојатно. Од добрите вести на мода е mocha бојата па си купив нов комлет (hollest)
     
    На Gosh, Лејди Гага, Ava.84 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.547
    Допаѓања:
    38.097
    Пол:
    Женски
    Да не си ти јас во паралелниот универзум? :D

    Последниве неколку месеци е нешто чудно со мојата глава.
    Претходно ајде нели мигрена беше.
    Ама сега, најпрво кога бевме во Европа парк и се возев на тие страшните ролеркостери и на блу фајр е и главата надоле и многу ме заболе една точка горе десно.
    Од вчера еве цело време ме притиска нешто најгоре на главата како да нема место и цело време притиска не престанува. Немам главоболка ама од страв почнува да ми се гади.
    Ориентација веќе знаете дека немам и прееска да запалам сијалица, ја промашив и удрив со ноктите во ѕид.
    Не сакам да мислам на најлошото ама морам да направам термин на матичен да ми даде упат за радиологија за МРТ.

    Значи цело време гура нешто и сега да трчам на пример ќе почне да боли како капакот од главата да го наречам.
     
    На mal.ecka, Katie90, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    10.668
    Пол:
    Женски
    Ова е апсолутно точно, ама не може и не треба да важи во сите релации.
    Нормално е да имаме очекувања. Може ме заболе за сите кој како прави и се однесува спрема мене, можам да отсечам секој и без секој можам, освен без неа.
    Многу пати сум рекла дека само од маж ми имам очекувања, како што и он има од мене. И треба да е така.
    Очекувам нашето да му е свето и на прво место, да се почитуваме и заштитуваме. Не мора да ме сака засекогаш и да е засекогаш со мене, оти свашта се дешава, ама очекувам искрено и човечки да се постави спрема мене. Истото и јас кон него.
    Од детево нормално немам очекувања и не сакам да го живее животот по мои замисли и реализации, ама сакам да можам секогаш са сум за неа таму кај што ќе и бидам потребна.
    Ништо нема да ме направи посреќна од времето кое би можела да го помнам со неа.
    До негде може да речам дека сите сакаме и очекуваме барем човечност од најблиските. Ништо повеќе.
    Ко му реков на маж ми, види како со љубов му оди малото на дедо и, а он така без везе спрема неа, ми рече оти она сите ги прифаќа такви ко што се. И во право е, многу мудар човек е.
    Ама ние не ги прифаќаме сите, оти сепак со нас и животно искуство носиме и знаеме кога некои нешта не се правилни, некогаш нема оправдување.
    Еве дури и јас, бев и седев во куќата кај свекрвите не ради мене, туку само заради неа. За неа оти нејзината среќа ми е многу побитна од три дена мрчење од свекрвите.
    Е сега што очигледнио они во есап не ги ставаат нејзините и чуствата на сопственото дете е друг муабет. Не ни сакам да знам, доста енергија ни трошеа.

    Женски малата е без ибупрофен денес :party::muscle:.
    Кај нас ладнони ветер, чинам зимо е. Зедов од лидл имаше за снег пантолони и јакни. Зедов од пантолоните, и лани од нив носеше, супер се покажаа. Јакна немаше број, ќе видам во некој друг ако остало.
    Една лани купив од лего, зимска е, ама денес и ја облеков. Чинам колку 3-4 се осеќаше ради ветерот. Сакав уше една јакна да и земам, за по игралишта, да има резервна и баш тие едни од лидл супер беа за таа цена.
    Ако не ц унд а имаа поубави, ама и поскапи.
    Баш и јас гледав оти кафеава е на мода и бордо. Баш кафеавата јакна мислев да ја пензионирам, ама ќе ја носам на хемиско изгледа :D.
    Марко поло јакна со пердуви, абе по три сезони ги убивам од носење во сред зимо. Лани од лоунге на заландо зедов и Колумбија 2 и една џек за 120 сите три. Џабе а ќе ги носам секако барем тринсезони.
     
    Последна измена: 6 октомври 2025
    На Gosh, SanelaS, Katie90 и 7 други им се допаѓа ова.
  16. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.547
    Допаѓања:
    38.097
    Пол:
    Женски
    Кога ќе бидат изборите ќе те тагнам под феминка која што најмногу си го фали мажот! :D @јolene
    Како така жена маж да фали еве не знам.
     
    На mal.ecka, SanelaS, Katie90 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    10.668
    Пол:
    Женски
    Леле Џоки значи ич не знаеш да читаш меѓу редови. Пфф од маж ќе се фалиш.
    Се фалам себе си, колку мудро одбрав маж, со кој можам да живеам (сега за сега де). Среќна пресреќна шо не завршив со некој од предходните дечковци :tmi:.
     
    На JasBee11, MacenceEna, Chantal и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    409
    Допаѓања:
    2.235
    @јolene низ постовите се чувствува колку ти е криво за нивното однесување и колку те фрустрира што не можеш да ги смениш. Во право си 100% дека внука им е и треба да и обрнат внимание, да и се радуваат, да ја играат ама реално што можеш да направиш? Ништо ама баш ништо. Затоа прифати си ја ситуацијата и нема да се нервираш. Тоа е.
    Дете е сега мало ама и оно си создава искуства. Ќе види како се однесуваат едните баба и дедо, а како другите. Само ќе сака повеќе да оди кај твоите. После може ќе им биде криво, а може и не.

    Инаку за облеката.
    Никакво пензионирање на јакната праќај ја на хемиско.
    Јас пратив понуда на винтед за кафеава јакна ако ми ја прифатат ќе бидам на наредниот семинар најмодерна (hollest)
     
    На gjoker4e, MacenceEna, SummerGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.888
    Допаѓања:
    194.365
    Има време и да одможиш, долг е животот:D.
    Ми се допаѓа што ве има и вакви, апсолутно свесни за минливоста и релативноста на се:inlove:.
    Се е релативно, освен дете. Мада и оно може да стане релативно ако продолжи да се мрзи ко досега]:)
     
    На gjoker4e, SummerGirl и јolene им се допаѓа ова.
  20. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.904
    Допаѓања:
    34.348
    Пол:
    Женски
    Мајки ај вас да ве прашам како да и помогнам на твинси бр1. Има како афтни во уста бевме на доктор и даде гел и парацетамол да и давам е сега колку време треба да поминеза да почне тој гел да има ефект.од петокот е вака имаше висока температура и сега од сабота и се јавиа почна да неќе ништо да јаде само на млекце е како новороденче о пие само кога она сака по цела ноќ плаче во сон два ноќа не сме спиени со маж еве слики во коментар
    Screenshot_20251007_075410_Gallery.jpg Screenshot_20251005_132031_Gallery.jpg
    гелот е овој. Screenshot_20251007_075650_Redcare Pharmacie.jpg