Морген. Вчера спонтано излеговме во еден трговски центар, се разделивме женски и машки . Мм со машките шетаа, јас со ќерче. Ич ама ич немам желба да шетам низ полн трговски, народ на сите страни. Гужви не сакам веќе ич . Кога се вративме дома , легнав еден саат. Да се вратам на себе , после саат ипол будна, пак легнав .. Сега чекам гости во петок. Полека спремам , да средам ќебиња, перници , место за спиење има . Имаме простор . Ќе ги прошетам во мој познат регион , ако сакаат во некој поголем град не е проблем , само да е на отворено . Да се погоди времето само . Во петокот почна да ме боли грбот ама до толку дури да ми се врти свеста . После ми текна од што може да е . Промаја дефинитивно и плус што ги чистев теписите . Будала жена . Со СОС фластери и парацетамол се оправив. Ама и се преработев. Цел куфер во еден ден го исправ. Гледам колку можам да работам , зашто кога ќе ми биде нешто , нема да бидам способна за сама себе , треба повеќе да се штедам . @јolene , убаво кажа @Katie90 . Да ја слушаме жената, убави совети дава . Неможеме да ги смениме луѓето , треба да намалиме со очекувања . Децава се на распуст , па золвата праша дали едно од двете деца сака да дојде да и помага во салон . Големата немала желба , средното сака , знае дека ќе заработи нешто ситно . Бакшиш за правење кафе ќе добие од муштерии . Големата вика дека имала доволно пари , не и требало повеќе . Средното веќе има 1 евра во новчаник , зашто штеди . И ќе оди со голема желба да помага денес. Плус ќе му ја среди косата . Големата ќе се излежава дома
Moze i do 10 dena da potrae dodeka da isceznat, ako sorabotuva pola lazicka sol vo mlaka voda pomesaj i neka ja ispira ustata
Колку е мало детето? Мед смее? Ако смее, колку што знам, мед е природен антибиотик, антисептик, антинешто, башка не знам за несакани ефекти од една лажичка мед. Можда и некоја капка прополис во медот.
Не можам да прочитам што пишува на гелот. Имам еден дома за афти специјално ама не знам ни дали е ова е афти или е херпес или што е. Го купив за коксаки иако не помага за тоа ама чисто од очај бидејќи коксаки е страшно е кај нас. Или ханд мунд фуз или истото е еве сум заборавила кое како беше.
Морген, Денес не врне па 5к прошетани со бепка. Сега бебево си спие, а мајка со заслужено кафе си кулира. Него вчера гледав емисија за Buchweizen и ми текна на @Biljarkata . Сигурно знаеш ама ако не да ти кажам дека бил многу добар за цревната флора, со антиифламаторни дејства плус, богат со растителни влакна. Сега уште рецепти да најдам и може да се вметне во исхраната. @MacenceEna И јас сум одвикната од гужви, а порано уживав во тоа. Сега за 2-5 евра достава ми стига дома и како човек ќе си пробам. А да не почнам со разлика во цените, нема броеви, нема одредени модели во продавница. Да станам и ручек да направам иако ич не ми се готви. Ама не ми се ни јаде готова храна така да ...
Душле. Абе гелот некоја камилица е ко што можам да разберам и нешто друго активно. Сакав да речам, одма треба да се делува. Нека пие млеко, кога ќе залечи ќе продолжи со друга храна. Евентуално јогурт од фрижидер нуди ја, нешто надробено. Боли и нас не болат и не можеме се да јадеме и стварно една недела боли. Ако мора давај ибупрофен за болка пред спиење. Кај нас ибупрофен повеќе помага. И јас ѕвер заспав, да ставам компири да се сварат картофел брај се побара со вурст. Колбаси знали омилено јадење. Јас пред неа не јадев, сега со неа почнав колбаси да јадам. Прво бокал кафе, оти од сабајле не расплача. Татко и од дома, ни он ни јас нешто можеме да сработиме. Тоа ќе му е за неделава хоме офис. У понеделник пак на контрола, а уствари понеделник требаше за заминеме на 4 дена. Среќа па не резервиравме предходно, остана на идеа. И ок е. Секако она ни е поважна, нема што да ја малѕретираме со возење и недолечена да ја макнеме наваму натаму. Она сакаше на пливање и се за тоа збори. Додуша и јас да стоплам коски, ама сега не е моментот никако. Од следна недела белки во градинка ќе ја пуштам, па да видам јас до кај сум, што сум. Еден ден најмалку имам подрум да средувам , три вреќи алишта за донирање и играчки да однесам во депонија овие со батерии што се. Ем не купувам, ем куп се собраа.
Ми стигна порака за термин на гинеколог да закажам па ако не е темава нема ни да знам кога последно сум била. Мислев поминале пак барем две години ама не. Ич ама ич не ми се оди за пап тест. Вие одите како ништо да не е или како да е најникаквото нешто на светот?! 31 година имам и сум била 2-3 пати само или два пати. На трет пат не се сеќавам. Уствари на моја возраст дали и се одеше еднаш годишно, ќе проверам сега. @TutiFuti Душичка! Ептен е жално ама ќе помине. Ќе го сликам мојот гел дома ако го имам сеуште кога ќе допишам. Ама ако за неколку дена не видиш барем мало подобрување тогаш јави се пак на педијатар и ќе ви дадат уште нешто можеби. Не ми е логично до 35 години еднаш годишно, над 35 на три години? Нели постара жена поголем ризик и треба почесто? Како да ве прашав еднаш ова ама сум заборавила. Најпаметно ќе ми е да отидам на 35 нареден пат. Или на 38. Или гинеколозиве само помлади жени сакаат, па затоа млада почесто, стара поретко.
Мислам дека касето шпарен Џоки, затоа сега поретко. Не сум приметила за пап, знам забарот ми редуцираше од два пати на еднаш годишно. Гинеколог своеволно да речеме 2 години не сум видела, сум решавала поургентни ствари. Ќе продава топки сега ко ќе отидам. А да ги прашам зошто е мамо бесплатно а ехо платно @Katie90 мислев за медот ќе ме тепаш, за оноа шо не знам како се вика македонски не сум знаела. Знам има брашно, порано го ставав во кифлички, ама одјаде ќерка кифлички и сега нема во што. Освен палачинки нит месам нит печам. За медот, прогуглав пак, имал посилни својства од некои антибиотици. Отсега само со мед ќе ја лечам. Ај да лупам јаболка и да праам лимонада ако не ме смрзи
Здраво. Извинете што ви влетав вака во групава, ми треба совет од вас. Почнав да учам германски, апсолутен почетник сум. Дали да учам прво граматика , што ми изгледа прилично компликувана вака на прва или да фатам да читам и гледам кратки разговори за да сконтам зборовите ? Што е вашето искуство со германскиот за да ми препорачате како за почетник некоја насока? Благодарам
Јас знам германски и вака би ти рекла.Германскиот јазик нема некоја голема граматика,но она на што треба да внимаваш најмногу и да го запомниш се надежите.Фактички надежите ја градат граматиката на цел јазик заедно со членот на зборовите е тука е финтата на цел германски. Ich liebe einen Hund.Акузативна реченица.Ххахаа ова е само пример. Започни од надежите.4 падежи се ама се лесни.
Јас имам едно прашање,без разлика на работата што ја работите,дали ви бараат сертификат за познавање на јазик,дали бараат соодветно ниво? Фала
Ти благодарам на одговорот. Но исто видов дека морам да ги запомнам и зборовите во кој род се за да знам кои падежи одат со кој род
Дали си тука или во Мк? Ако си тука најбрзо ќе научиш со употреба на јазикот. Ако си Мк најбрзо ќе научиш со слушање на германски песни и гледање на филмови. Артикли и падежи најдобро е на истиов начин да научиш. После тоа ќе зборуваш автоматски и точно. Нема да треба да се мислиш кој падеж кој артикл. Така сите се чудат како зборува џокерче толку добро без курс. Можеш и да повторуваш по некое јутјуб видео. По некое време ќе се чудиш што се запомнил мозокот и од каде ти доаѓаат зборови и реченици. Само немој типично да земеш книга и да почнеш од прва страна, така ќе трае со години, бавно ќе е, и на крај пак нема да знаеш ни збор да кажеш ниту да разбереш.
Имаш и како зрнца, може да се прават како ќофтенца и многу се вкусни. Рецепт тетка ми да ја прашам. Она со тие веге најздрави нешта се бави. Уствари негде и низ форумот кај мајките имаше, само уште да ми текне како беше на мк па да се бара на срч. Хелда да не беше? Поима немам. Јас во банана мафини, банана бред, банана јаболко палачинки шо ми е ставам по една лажица полна, оти апсорбира вишок течности добро, а наместо шеќер ставам мус од јаболко и банана, па малку така полепливо е.
Сертификат ко сертификат никој не ми побарал, а на сите интервјуа гледаа дали знам да зборам или не. На интервју одев со спремени прашања, одговори и текстови и ко од пушка одговарав. Се чудеа како може некој вчера слетал од Македонија така убаво да збори. После кога ме примија видеа колку не знам и како благо речено се зафркнаа оти бев ептен теле првите две недели, ама тогаш Касно е моме за китка, што викаат бугарите, јас веќе си работев. Во меѓувреме продолжив со курс таму и сакаа нејќеа, се помирија со мојот германски, кој од ден на ден се подобрување. Така ,с некое време стигнав до C1, не дека некој ми барал, така од сопствен каприц. Инаку по огласи што гледам, обично В2, c1 се бара.
@Angel.123456789 исто така и мене не ми побарале никаков сертификат, со тоа што ќе се види твоето знаење за јазикот на самото интервју. Исто и јас имав веќе спремни одговори на можни прашања, запишани, научени. Плус за учење можеш и дневно преку дуолинго апликација да учиш.