Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. Hokuspokus

    Hokuspokus Активен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2025
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу. И јас мислев така да почнам, по логично ми е со оглед дека морам да научам зборови некои за да ја сконтам граматикава. Ама ме убедуваа дека прво се учи граматика, не се почнувало од наопачина :)

    Не сум во Германија, онака сакам да научам нешто од јазикот.
    Слободна сум периодов - да си го пополнам времето со нешто продуктивно.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  2. JasBee11

    JasBee11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2024
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    465
    Пол:
    Женски
    Убаво е да ја знаеш и граматиката така полесно ќе го разбереш јазикот. Барем основните правила е убаво да ги знаеш.

    Штом имаш желба тоа е важно, фати се за учење и сама ќе видиш што ти лежи повеќе и како можеш да го учиш јазикот.

    Исто така на Јутјуб можеш да ги гледаш видеата на Easy German, добри се за слушање на јазикот и имаат превод на англиски.
     
    На Hokuspokus му/ѝ се допаѓа ова.
  3. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    10.668
    Пол:
    Женски
    :?:
    За јазик кој има три употреби на модлани глаголи само, два вида партицип, осум времиња на коњуктив, триста деклинации и уште толку исклучоци :D.
    Ок.
     
    На Gosh, SummerGirl, happygirl и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Angel.123456789

    Angel.123456789 Активен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2025
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    Добро,но е многу лесна.
    Треба само шемата да се сфати!
    Мислам барем за мене е така.
     
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.888
    Допаѓања:
    194.365
    :D
    Ко што рекоа во друга тема, лесно е кога си робот:emo:
     
    На Gosh, Ava.84, Hokuspokus и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Hokuspokus

    Hokuspokus Активен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2025
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам, секако дека и граматиката е важна - како и во секој јазик.
    Јас само ја разгледав првично и ме изненади :whew:, како што посочи jolene, од нејзината комплексност.
     
    На JasBee11 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Лејди Гага

    Лејди Гага Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2025
    Пораки:
    644
    Допаѓања:
    1.021
    Пол:
    Женски
    Дали го погледнавте видеото од Тина Русева? :inlove:Преталентирано девојче
     
  8. joana18

    joana18 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    768
    Допаѓања:
    1.235
    @јolene како експерт за менување станови ќе те прашам , кој спрат доваѓа во обзир први, втори? Во однос со топлина итн ..

    незнам дали да носам бебе утре на доктор кашла и некогаш потсвирнува кога дише. Сите сме болни јас најлесно пројдов.
     
  9. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.941
    Допаѓања:
    34.337
    Пол:
    Женски
    Бебе до 6м одма на др.
     
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.888
    Допаѓања:
    194.365
    Не прв, не последен спрат.
     
    На bubemconia и Marge им се допаѓа ова.
  11. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    10.668
    Пол:
    Женски
    Приземје и најгоре не. Први може и втрои е исто ок, повисоко мислам дека ќе е претопло во лето веќе. Е сега јас од овој стан и друго научив, ако има над станот тераса иако не сте на последен спрат, на пример овие со рамни покриви што се, имаат огромни дахтераса, не таков под тераса оти изолацијата евентуално попушта и после се јавува влага. Се санира, ама мораш со газди, вервалтунг и не ти треба таква главоболка.
    Гледај сега да има и место кај да оставиш количка, да не ја влечеш нагоре, надоле. Односно комшиите да се ок да стои доле на приземје на пример. Кај нас е така сега, доле ми стои и само тргам. Иако веќе се поретко ја користиме.

    За бебе јави се од сабајле и ќе ти кажат. Поскоро да ви минува.

    Леле малата дремка дневна сака, а после не може да се успие до 10. Мене ми е прекасно, вака е веќе втор месец. Јас и да и исфрлам дневна дремка, во градинка ќе си спие. Од бебе ни ми заспивала волку касно, нон стоп беше накај 8, ова не се трпи вака. Ем ја будам, ако не ја разбудам ќе си спие мислам пола ден.
    Утре мора порано да се будиме. Ноќеска пак ми стана и од 3 ипол до 5 седеше будна. Се мислев што и е, а тоа вчера што и покажав еден цртан со една принцеза како мочка во нокшир. Епа сабајале стана и цел цртан го изрецитира со истиот начин на зборење како детето што зботи. Со акцент, абе буквално исто.
    Детево ќе ме полуди ако на секое ново нешто вака ми прави. А досега на се прави. Нека порасне уште малку и да ја префрлам у своја соба, па ако сака пола ноќ да е будна :emo:.
     
    На Katie90, MamaCara, Chantal и 3 други им се допаѓа ова.
  12. joana18

    joana18 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    768
    Допаѓања:
    1.235
    Се јавив на доктор ќе носам после бебе.

    И да ја префрлиш во своја соба во сред ноќ ќе дојде на спална и ќе те буди :D

    И јас незнам со мојата што се случува се буди накај 5 и неможе да заспие може 1 час и потоа стануваме во 7:30. На спиење оди во 20 часот по 40-50 мин неможе да заспие.
    Јас знам сите деца во моја околина ги будат за на градинка, сакаат да посиваат ова моето и пред аларм се буди.
     
    На Ava.84, јolene, Katie90 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. joana18

    joana18 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    768
    Допаѓања:
    1.235
    @fairy88 каде си ? Се породи ли ? Се надевам маж ти е добро . :hug:
     
    На fairy88, јolene, Katie90 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.547
    Допаѓања:
    38.097
    Пол:
    Женски
    Денес на забар во детска клиника.
    Нели еднаш бев во една клиника и не се сеќавам дали 300 или 600 евра беше за поправање на заби со општа анестезија ама познаничка беше во оваа клиника и рече дека бесплатно ама кога јас слушам од некој што нема доволно познавање на германскиот. |(
    И тука се плаќа ама дека не сакаше рентген, колку точно ќе се плати ќе ни кажат на терминот, а на следниот ќе ми кажат отприлика колку.
    Кој од вас имаше поправано или вадено заби на дете со општа анестезија?
    За вадење нема.

    Три се многу за поправање, видов со црвена боја и се, три се малку,беа со жолта боја само на крајот.

    Општа анестезија сепак е можеби опасно и дали подобро ич да не ги поправа туку извади на пример кога ќе заболат ама па и тоа ќе е со шприц и ќе боли. И плус ќе се до расипат и ќе ги расипат другите заби.

    Колку бев денес под стрес ќе се онесвестев. А на терминот? :worried:

    Малиов има сеуште скроз здрави заби и многу тешко ми падна дека неа треба сега вака да ја мачам. Дека нејзините заби се моја одговорност!!!

    И она имаше скроз здрави заби до 5 години и не знам што згрешивме од 5 до 8 години, тој период.

    Што ако се случи нешто од општата анестезија? ;(
     
  15. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.223
    Допаѓања:
    44.242
    Пол:
    Женски
    Синко има правено заби со целосна анестезија. Го успаа и така ги поправи ја забите.
    Мори џоќерче , не е се твоја вина . Не си ставај се на душа , аман .. ќе се оболиш.
    Ете забите ќе се направат .
    Плус не секогаш можеме нешто околу децава . Големата има здрави заби , второто од почеток со некои проблеми , ама одиме два пати годишно на контрола и не е проблем за правење . Малото треба и он да оди на правење заби , исто со целосна ама уште не сме закажале .

    Јас на работа денес прашав колку минус саати имам , тоа сум имала 21 плус направено . Ќе можам порано да си одам другата недела , таман за гостите .

    И јас сакав да прашам за @fairy88 , се надевам се е во ред , те мислиме сите :hug:
     
    На fairy88, SanelaS, Poppins и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.941
    Допаѓања:
    34.337
    Пол:
    Женски
    Ќерка ти е голема не мора со општа анестезија ако не се плаши.
    Мојата на 4,5 год и пломбираа заби со општа ништо страшно за 1ч е будна и си спиеше како да спие и си отидовме за 2ч дома.
    Анестезијата не ни ја наплатија во 2021 само мораше капар да оставиме 200 евра па откако и ги направија ни ги вратија.Се беше бесплатно.
    Забте какви ти се е генатска работа 90% така да нема потреба да се нервираш.
     
    На Poppins, Biljarkata, gjoker4e и 2 други им се допаѓа ова.
  17. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.547
    Допаѓања:
    38.097
    Пол:
    Женски
    Не соработува. Ни рентген не сакаше денес па и тоа ќе и прават со општа анестезија.
    Мене само ми текнува дека четворица забари ме држеа и ми ги вадеа забите и јас со клоца удрив забар и татко ми ми удри шамар.
    А овде заплака и готово е рекоа. :D Секако ова второво е подобро. Којзнае како ми било кога ме држеа толку силно и плус шамар. :worried:
     
  18. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.724
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    и ќерка ми не соработуваше ич и два пати беше под анестезија , првиот пат на 6 години и тогаш беше околу 40мин успана , и вадеа заби и поправаа наеднаш тогаш она имаше доста расипани. Вториот пат беше успана нецели 5мин исто за вадење млечен заб , се помина во ред без никакви пост комплилации , полежа таму пола саат и си дојдоме дома.
    Син ми 5год е , сега за брзо имаме термин исто ќе му вадат еден заб , има здрави добри заби ама падна лошо и му се расклаца преден заб и мора да го вадат , кажаа ќе бил и он под анестезија 5мин само успат и ќе му го поправеле еден заб има малце кариес , тој на прегледи соработува и снимки му прават седе сам си држе се тоа што треба , ама за вадењето подобро било да е успан. не се страшни овие анестезии , психички ние повеќе се потресуваме , јас едвај додржав да не се расплачам во собата кога а успаа прв пат ќерка ми , баш доста тешко ми падна , како даваше отпор оти сакаше да стане маж ми маската и а држеше јас за рака и наеднаш само опушти заспа почна да делува веќе анестезијата , она после тоа како ништо да не било а јас цела ден во транс бев .

    За плаќањето мислам дека само 50 или 60€ ќе ни наплатат , така нешто и за ќерка ми беше.
     
    На MamaCara, SummerGirl, Masnickaaa и 3 други им се допаѓа ова.
  19. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    10.668
    Пол:
    Женски
    Да ви кажам смешка. Се сеќавате ли кога ви пишав дека пратив за работа по струка документи и после следна недела реков дека не ми се јавија и толку, ги отпишувам :D.
    Епа денес ми пратија мејл да ми се извинат, ама друг кандидат нашле. Демек надежта ми ја срушиле :D. А јас заборавив на нив дека постојат. После три месеци, за нешто што веќе требаше да почне.
    Леле фала богу шо не ме викнаа, може ќе се подлажев, а вака баш убаво ќе ми дојде уште малку дома.

    И досега и сега ми се покажало, ако во рок од најмногу недела дена после краен рок на пријавување не ми се јават, нема ни да ме викнат. Оти вака се групираат, сега ми иде да и се заблагодарам. А најсмешно е шо ќе почнуваат проект, баш таков ко јас шо правев еднаш. Буквално се исто. И ми јавија со жалење, демек посоодветен имало. Имало краставици. Може поевтин само :D.
     
    На MamaCara, SummerGirl, Masnickaaa и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.888
    Допаѓања:
    194.365
    Скоро па истото. Посоодветен нашле тикви, уште им стои огласот. Ама тој мужот многу исфрустриран беше, не ни се поклопуваа енергиите очигледно. Ќе си најдат некој сомун, за да одат заедно на мочање|(
    Али колку ми е лепота што можам да испратам дете у школо, и да се вратам да доспијам- милина:inlove:. Компјутерот си чека на биро, место да се акам по дождови, по снегови, во некои канцеларии преку 7 мориња. Нова работа напролет се бара:bug:
     
    На MamaCara, SummerGirl, Masnickaaa и 9 други им се допаѓа ова.