Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. bubemconia

    bubemconia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2010
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    552
    @Jolene да не и дојде многу и градинка и бебиситерка? Нели може градинката да ја продолжиш до покасно?

    Провери во општината твоја дали имаат листа со Tagesmutter.

    Јас дете од 3 месеци сум оставала на моите и искрено многу повеќе ми се допаѓа така што детето е навикнато со други луѓе и е слободно, отколку залепено да е цело време за мене. А и мене убаво ми доаѓа :sun: Не сум тип што може 24/7 да биде само мајка, си ја сакам работата, сакам да си шетам, да имам хоби, да учам... Сум го оставала на роднини и пријатели, во Македонија беше летово две недели сам и едвај чека пак да оди. Тие луѓе мене ме изгледале, маж ми го изгледале, така да воопшто не се мешам како го чуваат, дали му пуштаат цртани, дали благо му даваат, што сакаат нека прават, тоа е време за нив да си изградат врска...

    За бебиситерка не сум. Како мали не гледаше бебиситерка нас, многу лошо искуство имам. Ама ако нема друго решение, подобро тоа отколку да си цело време под стрес.

    Е сега има и друга крајност и баш тоа не снајде :( Детето мое тргна пред две недели во нова градинка. Многу му е убаво и сака да оди, но како тргна таму, така почна да дтка. Не знам дали е едното со друго поврзано ама пред 3 недели имаше У термин, немаше никакво дткање, ова сега се појави. Ни дома ни на градинка некој му викал, се нема исплашено од ништо, се нема удрено на глава, но дали му иде многу на два јазици да зборува дали преселбата стресна му дојде не знам. Имате ли слушнато за вакви случаи? Дали да одам на логопед, што да правам не знам?
     
    На SummerGirl, gjoker4e, JasBee11 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.941
    Допаѓања:
    34.337
    Пол:
    Женски
    Ние ги правиме карфиплот и морковпт само со вода и сол.Водата и солта ги мешаме малку посолено од нормално треба да биде.Со конзерванси не знам.Малку поладно треба да е времето за да не се расипе.
     
    На SummerGirl, JasBee11, SanelaS и 2 други им се допаѓа ова.
  3. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.547
    Допаѓања:
    38.097
    Пол:
    Женски
    На Urlaubsgeld и Weihnachtsgeld се одзема плус данок како друга плата да е?
    Гледам на платната листа еднаш е одземено Lohnsteuer како и секогаш и пишува EZ до него, па под него уште еднаш данок и пишува lfd.
    Сакам да откријам дали на истото бруто, ако не станува збор за такви пари туку за нормална плата, ќе имам поголемо нето?

    И колешките што не сакаат да прават прекувремени дека ќе им оделе во данок или премногу данок ќе плаќале не знам точно, се даночат поинаку прекувремени?
     
  4. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    10.668
    Пол:
    Женски
    Sanela vidi
    https://sezahrana.mk/здрава-зимница-без-конзерванси/
    И тетка ми ја прашав, рече само моркови прави она, по истиот рецепт ама ставала вински оцет.
     
    На Ava.84 и SanelaS им се допаѓа ова.
  5. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.390
    Допаѓања:
    8.829
    Пол:
    Женски
    Јас пред две три години правев баш карфиол и морков без конзерванси, нешто слично ко рецептот погоре само јас на крајот знам во рерна ги пастеризирав и во самата рерна до сабајле постепено да се оладат. Освен две што ми претекоа не биле добро затворени топ беше. Само што рецепт не зачував барав по интернет од повеќе рецепти си направив еден мој. Мислев касно е да ставам сега, можеби треба да пробам и годинава многу сакам само карфиол и морков. Памтам и како мала таманев, синко нема шанси да проба.
     
    На јolene, Ava.84 и SanelaS им се допаѓа ова.
  6. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    10.668
    Пол:
    Женски
    Малата оди во градинка, официјално де. Повеќе е дома. Еве и сега е веќе три недели дома, што одмор бевме, што болна. И така беше цела година предходно.
    Јас полека губам нерви и не можам да издржам, ноннстоп секој ден се исто. Мислам многу време веќе ми треба и нешто другоа, ама како минува времето и како се менуваат фазите кај неа, како сега со автономија и не слуша, тестира граници, полека ќе полудам.

    Е сега би станувало збор за само 6 месеци со такво темпо. Значи да почнам и да помине пробе цајт, после ќе редуцира пак.
    Повеќето убави позиции се со цело работно време. Кај нас нема опција еден да оди само прва, друг само втора. Татко и е на работа од може некогаш 6 сабајле, па ако мора да има некој состанок со некој од америките ќе биде и до 8 попладне.
    И плус оди на бизнис патувања. Јас сум скоро две ипол години на пауза веќе. Сите болести, домаќински работи и домаќински менаџмент се претежно со мене. И сите знаеме колку е досадно се тоа па тоа.
    Ако најдам убава работа, би жртвувала 6 месеци со такво темпо. Оти не крај краеви ми треба и мене работа и пензија. И плус пари и на крај да можеш да купиш нешто, да оставиш во наследство да има. Пак за неа. Не сметам дека тие 6м толку многу ќе и остават последица, колку долгорочно бенефит. Она не е веќе бебе, полека почнува да разбира.
    Еве за почеток нела дојдат и по 2-3 недели баби и дедовци, со нив полесно може ќе се привикне, ама не знам.
    На крај ќе гледаме ако мора, татко и нека прави подолги паузи и хом офис три дена, да ја зема и гледа од градинка, па нека одработува или навечер или со неа додека се чуваат.
    Ова во случај стварно да ми се допаѓа работата, оти вака не иде веќе, ни за мене ни за неа не е здраво.
    Џоки веќе и јас не сум и добро друштво. Толку многу се дерев последната недела, шо не можам да си опростам. Страв ми е трауми да не и нанесам.
    @bubemconia секако прво ќе прашам вонградинка дали може. Последно ќо прашав ми рече дека морам да и приложам договор за работа, ама тоа беше уште пред март. И реков на шефица дека ми треба уствари за да најдам работа подолго време, рече дека сега не сум приоритет. И дали после воошто ќе може не знам.
    Па после сметам пресметувам, ако би се вработила во приватна акомтреба да ја префрлам, ама дали и таму ќе има место, ако не ми дадат во оваа. Исто ќе ме фати а плаќала секој ден некој да ја чува, а приватна.
    Ама lange Rede kurzer Sinn- прво морам да најдам работа. Може ако почнам да праќам поактивно и ќе најдам. Само кога :D.
     
    На MamaCara, fairy88, gjoker4e и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.888
    Допаѓања:
    194.365
    @јolene поактивно или попасивно, ќе биде тогаш кога што треба да биде.
    Ама за пензија не се надевај, за нас пензија ќе нема:D
     
    На Masnickaaa, gjoker4e, SanelaS и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    409
    Допаѓања:
    2.235
    Џокерче стварно ме изненади со советот со оглед на тоа што ти прва велиш дека не можеш да останеш дома без работа. Дека би раѓала пак ако не мора да останеш на породилно.

    @јolene имаш ли некоја тетка во пензија, комшика од МК , некој во кој имаш доверба да ти чува дете? Исто за мене би било ок препорака за некоја жена со искуство.
    Ако имаш таква личност праќај Лебенслауф насекаде и кога ќе се вработиш повикај ја тетката на 3 месеци како што си планираш. Во меѓувреме со договорот за работа одиш во градинката и правиш притисок за подолго да ја примат.

    Многу те разбирам зошто сакаш да се вработиш пак. Не можам да ги разберам мајките од школо што главна задача во денот им е што ќе зготват за ручек и хајлајт на денот им е оговарањето пред школо пола саат.
     
    На Ava.84, MamaCara, SummerGirl и 8 други им се допаѓа ова.
  9. bubemconia

    bubemconia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2010
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    552
    Леле вчера на темава деца и градинки една македонка ми вика па како така на работа си тргнала, децата еднаш се мали, сега треба да си со нив.

    Нејќев да влегувам во прости дискусии и да и кажам чекај бе, ако е така зошто маж ти оди на две работи, што не седне дома ако семејството е најважно? Ако одиш на работа не значи оти помалку си ги сакаш децата, на семејството му требаат и пари, не само љубов. И треба некој баланс меѓу двете, а не ти на маса ме напаѓаш како сум тргнала на работа, а после 10 минути маж ти сам вика дека вашите ги нема видено од што црнчи од утро до мрак.

    И на крај краеви не ни е на сите работата досадна од типот кревање гајби цел ден.

    За кисела зимница без конзерванси, еве ви совет од мене (магистер за безбедна храна). Конзерванси никако! Нема потреба од нив. Теглите им ставаш зеленчук. Наливот од оцет и вода го ставаш во теглите. Ги затвараш. На затварање има техника кај што капачето назади го завртуваш да направи клик, ама ако некој не знае може и обично затварање. После ги ставаш во тенџере со вода. Кога ќе почне водата да врие гледаш 10 минути за 720мл тегли и после гасиш и ги оставаш. Кога ќе се подизладат на под 70 степени им ставаш ладна вода за подобар вакум да се направи и да се покрцкави, но може и да ги оставиш. За ајвар и некисела зимница или поголеми тегли времето на вриење е поголемо.

    Втора опција е во рерна ама јас за рерна ајвар само ставам. Во рерна ја загревам на 100-120 степени и така за ајвар што е сеуште топол 40 минути. После исклучувам. Некогаш ставам на дното 2 3 сантиметри вода, некогаш заборавам.
     
    На MamaCara, gjoker4e, Biljarkata и 4 други им се допаѓа ова.
  10. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    10.668
    Пол:
    Женски
    Немам никој Кејти. Иронично што баби и дедовци се пензионери сите, ама се оголеми деца од децата. Или ако ти погледаат дете, за возврат треба да ги возвишуваш и не знам какви се дејствија да правиш за да искажеш благодарност.
    Кога бевме во мк, мојата издржа вкпно 20 мин без нас со баби и дедовци на само. Надвор во двор. После 20 мин дојде по нас. Кај моите и кај неговите.
    Плус нели до сега искуство што имам, кога ќе си помислам ќе се растргнам, ем на работа, ем дома се да средам и оставам, ем конфликти од бабите ко се тука, оти едноставно се знаат они. Со свекор јас не ни зборам, и какво ќе ми биде да морам да ги молам за услуга. Не фала, ама круната на главата нека ми стои, поарно се што ќе заработам ќе дадам за бетроунг, отколку да си погазувам принципи. Ко што реков, би било макс 6 месеци. Од септеври малата мора секкао да менува градинка, ќе оди во кита. Значи јас морам до јануари да најдам работа, за да можам да аплицирам за кита и да добијам место. Ако сум без работа, може ни место нема да добиеме, па ќе се сликам о вампирот дома.
    Еве од сабајле веќе глава ми чади, оти мора да носи чорапи во тоалет и да не стои на плочки, а до вчера имаше ант заради бешиката. Па дури коментар од мм, леле не можел на раат да отиде во тоалет од нас :@. Ко јас кога одам во тоалет раат да гледам, по 6 пати ми влегува да ми каже нешто, и на крај обавезно треба да ме избриша :drunk:. Па и во меѓувреме или некое бебе без глава, рака, нога останува или пере во умивалник со сапун. Среќна сум кога не пробува од сапунот.
    Море нека оди на пат малку, и јас да доморам 3-4 дена од него и малото ако се у ред во градника од вторник- среда.
    Па после не 100 посто ми иде 300 посто да работам, а он да се справува со неа. Еден мејл имам да вратам, или она не ме остава или он нешто има работа.
    Ме налутија од сабајле, нека јадат и да не ги гледам дома, бар да ишмукам на раат.
     
    На JasBee11, MamaCara, SummerGirl и 8 други им се допаѓа ова.
  11. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.547
    Допаѓања:
    38.097
    Пол:
    Женски
    Да. Работам откако имаат една година, кога малава беше бебе работев фолцајт и мини џоб и не ја чуваше бејбиситер, туку градинка и на смени со мм.
    Сега работам тајлцајт 30 саати по договор ама со прекувремени е цело време фолцајт. Сеуште немам и никогаш сум немала бејбиситер и работам максимум што може.
    Значи и работам и никогаш сум немала бејбиситер.
    Да мораше да ја чува бејбиситер, ќе работев до таа граница да не мора да ја чува. 20 саати 20
    И да требаше да ја чува бејбиситер и да заработувам 3000 евра, а без да ја чува било кој и да имам работа од 1000 евра, би избрала работа со плата од 1000 евра, а не од 3000 и бејбиситер.
    Мислам објаснив добро сега и ме сфати.

    За мене не е работата само пари, туку време надвор од домашните обврски, нови познанства и пријатели, нови искуства, и секако мора да ја сакаш работата, а не со сила да одиш на работа.

    Не успеав да ги прочитам последните 1-2 страни па не знам дали сум во тек. Ќе прочитам до после.
     
    На JasBee11, MamaCara, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.888
    Допаѓања:
    194.365
    Неколку работи.
    Прво- 2 вецеа се рецепт за успешен брак, со дете:D.
    Второ- адоптивна баба. Или, да си посвоите баба. Некоја од комшии која е нормална, и би ви се нафатила да бејбисита по потреба. Проблемот со нашите деца, што се ,,диви,, е што не растат со баба и дедо, ги гледаат ич, нормално ќе ве бара вас по 20 минути. Сигурно не е дива во градинка, оти таму ги познава. Затоа, идеално, адоптивна баба. Имаш еве 3 месеци да најдеш некоја, со пробување, поминување време заедно (сите три), па кратко оставање, да видиш дали бива или не. Само да ја најдеш(fingers)
    Трето...забораив(facepalm). Ај, може ќе ми дотекне...(tumbleweed)
     
    На JasBee11, MamaCara, SummerGirl и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.941
    Допаѓања:
    34.337
    Пол:
    Женски
    Вчера ти пишав еден доллгг пост ама не го пратив оти сфатив дека прашуваш за бебиситер, а не за тоа што пишав.
    Ама еве на кратко ќе пишам, не сите можат со децата цел ден да "уживаат".Моите деца мене ми се напорни особено големата беше пренапорнс и денес е де.
    Она почна на градинка на 14 месеци и преку една недела беше болна.Јас преморена , не задоволна сакам на работа да сменам нешто ,ама не одеше оти она си беше болна нон стоп.Па тантруми во невидени размери(со малата ни еднаш немав ).Еднаш се вреќам од градинка и си мислам јас морам на психијатар или ќе полудам или дете ќе задавам.
    Не сум ја тепала ама викав како не здрава.Така еден месец пред нејзиниот роденден тргнав на работа и одма добив и сила и идеи и помалку болести ,посреќна ,посмирена и имав за чудо повеќе време и желба за неа.Шетавме секој ден по работа, бастевме, едноставно друг тек добив.
    Со малата тргнав на нова работа на 14 месеци одма си кажав дека ќе биде често болна да си знаат.
    Одев на работа насмеана секогаш.Една кол ми вика колку сакам да сум радосна на раб како тебе.Велам па децата ми се здрави,јас ,мм зарем не е доволна причина да сум среќна.Ден денес кога ќе дојдам на работа после дома седење јас светам од радост на работа:angel:.

    Така да мила и тајлцајт не е лошо:hug:.
     
    На JasBee11, MamaCara, fairy88 и 10 други им се допаѓа ова.
  14. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    10.668
    Пол:
    Женски
    Две се Билко. Она у едното, он у другото. Многу сме цркале. Абе абе абе :swear:. Уште не се излезени, не сакала малата.
    И требале нови играчки, еве сега заклучи. Сите и биле стари и за бебиња. Добро утро :sun:.

    За баба таква ја од сам почеток ми беше идеа. Ама многу ми се снобови во маалото, не па дете да чуваат. Ама ќе почнам да се распрашувам полека.
    Па ко ме знаете мене дека ја со планови сум уште пред да биде шо и да биде, мора план А до план Ф барем да ми се утврдени и после помалку изненадувања имам. Најчесто.
    Не сакам изненадувања инаку. Арен вампир и јас сум де. Ама си знам и сум си се прифатила каква сум си.
     
    На Ava.84, MamaCara, fairy88 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. joana18

    joana18 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    768
    Допаѓања:
    1.235
    Знам дека тагесмуттер може да зема од градинка и да чува додека си дојдат родители. Па така прашај некоја .
    Мојата после градинка е многу напорна тантруми на највисоко. Цел ден ќе ми го растури нормално потоа немам желба за ништо . Дома кога е нема до тој степен тантруми. Може дека ќе се премори таму, не спие доволно.
    Може да аплицираш и некаде каде што е полно работно време па да кажеш дека само скратено ти одговара па да комбинирате некако. На некој ако му се допага твојот профил и ако итно барат работник верувај ќе те вработат . И секако рачунај го времето и до работно место . Во минхенот сигурно ќе ти треба подолго време за патување.
     
    На JasBee11, Ava.84, MamaCara и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    409
    Допаѓања:
    2.235
    @gjoker4e те сфатив! (y)
    Ама она со Teilzeit не може да најде работа мора да почне Vollzeit тоа е проблемот. Сега девојчето и оди во јасли ако не најде работа може нема да и дадат место во градинка затоа што она невработена ќе е. И плус тоа Џокерче нејзе психички и е премногу веќе 2 години секој ден се исто, не може да го издржи тоа темпо веќе.

    @јolene и јас не би барала бејбиситер од агенција. Мислам најдобро е од МК да си донесете некоја гледачка по препорака, како што прават во Швајцарија. Ќе си платите повеќе, ќе мора со вас да е во станот ама барем мирна ќе ти е душата. Три месеци може да остане, за тоа време секако ќе ви одобрат место во градинката. Не ни мислев на свекор, свекрва туку на сестра на мајка ти на пример, комшика, некој кој го познаваш долги години, а сака да заработи и има време (пензионер, невработен).

    Работата носи задоволство, учиш нови работи, се развиваш и на професионално поле, разговараш со возрасни. Мене лично и денот ми е подобро организиран во смисол се завршуваат истите домашни обврски за пократко време.
    А и повеќе пари не се на одмет. Значат повеќе патувања, посета на разни активности за деца. Едноставно послободен си.
     
    На JasBee11, Ava.84, MamaCara и 6 други им се допаѓа ова.
  17. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    10.668
    Пол:
    Женски
    Џоки ај не и ти ко малата моја сега, читај, а не само внимание да бараш :emo:. Ко шо сум налутена нешто, ти да не си го добиеш, па после сите сеир да ни гледаат. Не заборавај значи:!:. На групава не се караме, само си помагаме, дај да останеме доследни на тоа. Сакаш да ни се смее цел форум :smoke:.

    Јоана ко шо рече, за у Минхен ја за пола саат ни до тоалет не можам да отидам. Едноставно голем град. Просечно пат за до работа е 40 мин. Толку многу сум ограничена ради работно време шо од крипе што од маж, што е невозможно да најдам работа која мене ми одговара.
    Сакам кога ќе отидам на работа да ми биде убаво, а не да се нервирам и таму. Тогаш поента нема. А јас за она што сум квалификувана да го работам, нема избор да се работи кога мене ми одговара.
    И сега ем да е во близина, ем да е од 8 до 13, нема сега за сега. И плус сите гледаат дека имам дома дете од 2г, и нормално ќе изберат маж со флексибилност. Башка јас не сум веќе толку млада. Ако сакам нешто арно, мора и малку жртва. Како ќе биде, останува да видиме. На нероден петко му кроиме капа.

    Данке за советите на сите. Некои опции воопшто не ми беа на ум. Затоа многу ве почитувам и ценам шо знаете да споделите искуство. Ко ќе дојде ден, се надевам поскоро, ќе споделам со вас.
    Од утре ама листање активно мора, оти ене го кај е јануари и сега се пуштаат огласите. Мислам јас и од март може да почнам со работа, ама договор морам да имам најкасно средина на фебруари :worried:.
     
    На JasBee11, Ava.84, MamaCara и 8 други им се допаѓа ова.
  18. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.547
    Допаѓања:
    38.097
    Пол:
    Женски
    Ве прочитав сега.
    Може да се случи. Ќе се опуштиш. Ќе помине. Можеби си требала да добиеш. Односно сигурно.
    И јас така мислам.
    Ова и мене ме нервира. И тие се секогаш невработени, без план за наоѓање работа.
    Се согласувам.

    Единствено што не се согласувам, е тоа што во мојот универзум, се е возможно, и правилата се менуваат, односно нема правила.
    И кај нас беше правило со фолцајт место, па најдов тајлацт 20 саати и мини џоб и рекоа ок.
    За малиов исто, па пак најдов мини џоб и тајлацт бев 30 саати мислам и пак беше ок.
    Значи, напишаното официјално правило дека мора фолцајт, не важеше во мојот универзум.

    Работата што мора да е 100%, а велиш дека после можеш да намалиш саати, значи дека кога ќе кажеш дека имаш дете, работата од 100% ќе ја добиеш со колку % ти сакаш.

    Кога ќе добиеш, ќе се смириш, и ќе се поклопат коцките. И не верувајте на “правилата”. Се е воз можно. Посебно за мајка со дете. Дека нели во Германија сме.
     
    На Ava.84, MamaCara, Katie90 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Dancewere

    Dancewere Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.483
    Допаѓања:
    17.446
    Пол:
    Женски
    Џокерче, се е лесно само мајка со дете не е во Германија (па и секаде), ова од мое лично искуство. Како неквалифицирана работна сила е тешко да најдеш работа од понеделник до петок, од 8 до 1, а не пак нешто повеќе. Повеќето огласи се само за фолцајт, по можност и флексибилни работни времиња. Шанса ретко кој дава, моментално и времињата за барање работа се за никаде. Понекогаш се чувствувам како јас да го чекам Годо, или како Дон Кихот против ветерниците. Еден куп програми имаат демек за подршка на жените да се остварат професионално ,колку се тоа функционира… Некст левел е стан да најде човек како самохран родител. Не можеш да работиш повеќе од 25-30 саати неделно=мала плата.
    Мала плата = никој не ти дава стан а да не е шупа.
    И така кругот си се врти :wasntme:
     
    На JasBee11, Ava.84, MamaCara и 10 други им се допаѓа ова.
  20. Лејди Гага

    Лејди Гага Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2025
    Пораки:
    644
    Допаѓања:
    1.021
    Пол:
    Женски
    Еве јас работам Vollzeit во смени, и морам да кажам дека толку ми е напорно. Кога ќе дојдам дома сакам само да спијам. Немам толку време за фамилијата и другарките.
    Меѓутоа Teilzeit неможам да си дозволам, бидејќи после Probezeit сакам стан да најдам. А становите се скапи, не е туку така.
     
    На JasBee11, MamaCara, gjoker4e и 2 други им се допаѓа ова.