А да не знаеш некоја мајка од градинка што не работи, па да ја прашаш дали би ја проучувала и твојата нормално за надокнада зошто не е еден ден во прашање. Јас кога не работев такво нешто ми личеше идеално ( само никој не ме праша , ем друштво за моето плус полесно е за чување кога се заедно ако се сложуваат децата).
Во твојата реалност е така, во мојата поинаку, и двете сме во право. Јас и на оглас кај што пишува флексибилно пишувам дека само прва смена. И така на интервју, поголемиот шеф не можел да дојде и интервју со помал шеф, и сум единствената што работи само прва смена, ама неговиот збор е последен. Ниту отидов со врски, ниту фамилија ми беше, туку едноставно среќа имав дека во мојата глава ништо не е невозможно, и знаев дека ќе работам само прва смена, бев решена само прва и реков Универзум покажи ми знак каде да аплицирам и ми покажа три знака. Дека за повеќето сум луда, подобро е да не продолжувам понатаму. Или звучи лудо ајде да речам. Претходно исто работев само прва нели ама промената ми беше Weiterentwicklung. Шефот на претходната работа викаше дека по две недели ќе се вратам, дека нема никој да ме вработи со две мали деца, дека нема да најдам друга работа само прва смена. Јас си реков во себе “само гледај ме”. Да не претерам ама и за спојување на семејство со бг пасош нели мора три платни листи, а ние само со една платна листа добивме Aufenthaltserlaubnis. Значи верувајте дека може.
@Jolene според мене арно ти кажаа најди некоја жена со препорака или некоја роднина од Македонија која е флејсибилна и може да го чува девојчето. И за мене ти си доволно храбра што си свесна дека мораш да направиш одердена жртва за да постигнеш нешто и тоа не те прави помалку мајка,од оние кои седат дома и чуваат деца.Кај мене синко почна со полни саати на 14 месеци зборам за 9 и пол саати дневно во градинка. Ми беше тешко, дека толку останува,ама друга можност немав оти иако сум на теилзеит морав да работам 8 часовна смена. Дали сум 20 саати или 40 неделно исто е само ти се кратат работните денови Не можам на сред смена да кажам чао поминаа 6 саати и си одам. Тогаш работев 4 дена во неделата. Да не се одлучев да работам така,ќе требаше дома да седам. А,кога те читам како да се читам самата себе,оти и јас бев на раб на лудило и сакав само да почнам на работа. Психичкото здравје е подеднакво важно како физичкото и ако не можеш дома,барај чаре да почнеш со работа.Не само финансиски и поисполнето ќе се чвствуваш. Јас тогаш бев многу задоволна од работата и колегите. После сменивме стан и јас ја сменив работата заради далечината и не се вклопив во некој тим(прво влегов во лош тим кој ми вршеше мобинг) и некако дали од оваа причина или не не знам зошто ја замразив работата и на сила одев,па заради тоа и се одлучив на второ дете да направам пауза од работата. Инаку ние сме добри,имам некои чудни болки и има шанса порано да се породам.Мислам дека и чепот што паѓа пред пораѓај ми падна.Па дали ќе издржам до термин или ќе ме пораѓаат порано ќе видиме.Ако продолжам со вакви проблеми може да тркнам до болница да ме видат да не се отварам. Ми кажаа царски,да не излезе да ме породат пак природно тоа ми е страв.
Не мислев последици врз детето, туку општо како период ќе е турбулентно за семејството. Ако добро разбрав околу 2г е малата, нема веројатно ни да се сеќава, ама во моментот твојот недостаток во домот ќе се осети и тоа како. Особено затоа што 2-3г ти си столбот на функционирањето на семејството. Моите синови воопшто не ми замеруваат зошто многу мали сум ги оставила за да работам, дури и горди се на мене. Тоа е повеќе траума за мене отколку за нив. Така да околу тоа не се секирај, само биди спремна. И се согласувам со останатите, кои велат посреќни се/биле кога тргнале на работа. Не е само за пари работата, социјален живот, сигурност, стабилност итн. И јас додека го најдов вистинскиот работодавач на милион интервјуа сум била. Исто, не ми било важно дали пишува полно или делумно работно време. Ко ќе појдиш на интервју со отворени карти, ќе ја осетиш хемијата и ќе знаеш дали одговара или не. Во врска со градинката, речи им дека работодавачот ти бара потврда дека има место во градинка за да потпишите договор. Ма да јас би играла на картата југендамт. Во твојот ратхаус има канцеларија од југендамт, јас живеам надвор од Минхен, бев без термин во таа канцеларија и разговарав со вработената. Истиот ден добив маил од централниот југендамт и додека не ми дадоа место на сите им досадував. Овде веројатно и нема друг начин освен да бидеш упорен и напорен. Како и да е, штом си почнала да планираш, ќе успееш, само трпение
Кога поднесов за ваучер за градинка, поднесов за ваучер нели за 6ч-30ч арно ама оти патот до работа ми беше 1ч10мин до 1,30мин ми дадоа ваучер до 9ч оти работав без пауза на првата работа од 9 до 15.Големата остануваше од 7:30 до 16:20-16:30.Малата ја зимам на 7,5ч оти патот ми е 25мин. Кај нас ваучари добиваат и невработени ,нели див исток.
Добивање место во градинка е различно од добивање место во крипе. Секое дете има право на место во градинка без разлика дали мајката работи или не. Барем кај нас во Минхен јас не сум сретнала дете над три години да не е примено во градинка (под услов да е навреме и уредно пријавено на kita finder). Мене не ми побараа никаква потврда од работодавец. @gjoker4e Urlaubgeld и Weichnachtsgeld се оданочува исто како платата. Се одзема и за Lohnsteuer исто и за SV Beitrag.
Кај нас за градинка до 12:15 или до 14:00 не мора да си вработен. За до 16:30 мора да се двајцата вработени на цело работно време. И за до 3 години, и за над 3 години, за целодневна, можеш да го запишеш, и имаш рок од 6 месеци да најдеш работа на цело работно време. Ако не најдеш, ќе го смалат да е до 14:00, и местото до 16:30 ќе го дадат на друго дете. Фала ти. Сега имам исто бруто како со вајнахтсгелд (заради прекувремени) па ме интересираше дали ќе имам поголемо нето. Ама ајде ќе дознаам на крај месец. Ме интересираше фактички зошто никој не сака прекувремени да прави, заради данокот викаат, ама Германци штедат и на еден цент, па подобро и да не се трудам да ги разберам. И секако и на здравје штедат.
Секое дете штом ќе наполни 3 години има право на градинка ама ако има место. Ако нема место предност имаат оние кои работат. Значи зависи и од местото на живеење. Супер што кај тебе е така. Кај нас место во крипе, градинка и хорт да добиеш е како на лото да си добил. Да ти кажам ама баш исти случај како на феминката имаше мојата пријателка. Детето и доби место 1 година пред да тргне на школо (значи на 5 години) до 12 часот чисто да се интегрира малку.
И мене не ми побараа за крипе потврда до 2. Кога сакав да зголемам ми побараа. Исто денес групана на ќерка ми е затворена, оти немаат персонал. И толку многу им фали персонал, што цела градинка во моја општина се затвори. Деца има, нема кој да ги згрижи. Исто во Минхен. Ако не се приватните градинки, не може градот да си дозволи место за сите деца. Исто податок од нет, за Минхен. Не ми се остава на случајот мене. Ама уште поарно ако има за секое дете.
Ајде викам и јас да проверам. 60 000 места во BW 1000 места во градов и околинава (многу малку) Ама кај нас многу фалат вработени, ме мрзи сега да проверам колку. Значи таман се овие бројки за пресметка на шансите за добивање место. Кај мене со 1000 места што фалеле, значи се добива многу брзо место. Сега ќе видам колку жители има Минхен, а колку ландкрајсов мој. Едит: Вика Минхен 1,8 милиони жители. Вистина е тоа? Ландкрајсов мој (поголемиот град со сите останати градови и населби) (јас сум во населба во помал град) 250 000 жители. Значи повеќе места фалат кај мене, отколку во Минхен. Населбава во која што живеам има 5600 жители и три градинки! Многу градинки на толку малку жители или пак таман, не знам. Ама штом кај мене има три градинки, па колку ли вкупно градинки има еден град?!
Јас во БВ бев на листа на чекање. Сакав малата на 1 год да ја пуштам. Веројатно сакале да ми кажат оти е мала, да си ај чувам дома повеќе . За данокот што не работат е ради целокупен буџет што се слева. Ако се класа 5 и 3, после прават нахцалунг. И најцалунг може да биде прилично голема сума. Не прашувај од кај знам.
Толку толку Џоки. Кај мене на улицата погоре и околината од 1км радиус да речам, крипе и кита на куп има секако 10. Приватни и државни. Сметај колку персонал. Да се преквалификувам у ерциерин нема никогаш да страдам за работа. Ама не можам ни со ова моето, камо ли со други некои на крај да излевам.
Ја само да ја поздравам @SanelaS, знам дека звучи клише али све ќе биде у ред, и нема да елаборирам на темата. Поздрав.
Сега ми текна да ви кажам, во планот погледнав дека, има тука една разведена колешка што ја ставаат слободна петок и сабота. Сакам да кажам дека за секого има место некаде, без разлика што пишува во огласот. И тука мора флексибилно, ама внатре е друга приказна. Можеш да избереш на пример кој ден фиксно да ти е слободен ама јас и тоа не сакав дека само прва работам и доволно е тоа за мене. Ние имаме и потпишано дека доброволно се согласуваме да работиме секоја сабота, ама секогаш разведена е слободна на пример. И мене ме ставаа на почеток слободна секоја сабота дека две мали деца ама им кажав дека мене повеќе ми одговора слободна од понеделник до петок еден ден. Чисто сабајлечки да ве бодрам за работа, дека се е возможно. Без разлика што пишува на огласот, внатре е сосем друга политика кога ќе го видат кандидатот важат други правила. Мислам не на изглед туку целосната слика за каков човек станува збор.
@gjoker4e не секаде е исто . Зависи каде работиш . И кај нас се бараше флексибилност. Па се вработуваат , па чекаат да им помине пробен период па почнуваат со барања. Сакала само прва смена , имала деца ( 10, 15 и 22 годишно) па сакала да не работи за викенд , па свашта . И се ќе е во ред ако се збори однапред , како ти одговара , а не вака . Јас ги разбирам и тие без деца , неможат да работат секогаш само втора смена , само зашто немаат деца не значи дека немаат приватен живот. Значи има фирми каде се бара да се оди флексибилни и така се поставуваш. Има фирми каде може да се даде предност на мајки да одат прва смена , без викенд. Значи треба отворено да се збори .
Мислам дека истово го кажав, и се препрочитав еве, и пак е истото. Очигледно некаде запирка ми фали или не ми оди македонскиот. Јас викам за секого има место некаде, ти викаш не секаде е исто џокерче. Епа не е тоа истото? Ова не сакам на лош начин да го кажам туку самата себеси не сфаќам што имам погрешно напишано? Значи не е секаде исто, да, ама за секој има место некаде. Не пишав секаде, туку некаде.
Јас само се надоврзав на тоа дека можеш да најдеш секогаш работа како што ти одговара. И јас пишував од работа , набрзинка и не пишав може како што треба .. не дека ти нешто погрешно кажа. Не секогаш можеш да најдеш работа со време како што ти одговара . Може со тек на време да се прилагоди работното време . Ти пиша дека се е можно , онака оптимистички, јас се надоврзам со мојот песимизам дека не е така . Не е секаде така . Да влезеш и да правиш план за работа како ти одговара. Некаде работиш како ќе те стават на план . Нема како сакаш ,дали го одговара . Нема менување смени . Тоа .
Ќе го избришам мислењето дека ми излезе сега друго дека од 2024та било ова И да не ширам паника додека не напишат точно избриши го и ти твоето а јас се откажувам од телефон пред срцев удар да добијам