Форумџика на годината

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.773
    Допаѓања:
    38.886
    Пол:
    Женски
    Ок значи сепак различно мислиме. :D Само и двете на брзање и постот каша попара како и секогаш.
    Можеби па исто мислиме ама не се разбираме. :lol:

    Јас мислам дека тој што мисли дека нема да најде работа со посакуваното работно време дека нема да најде.
    Ако мислиш така само на такви огласи ќе налетуваш.
    Ако мислиш дека на огласот со флексибилно работно време, тебе ќе те примат само прва смена од понеделник до петок, тогаш така и ќе биде.

    Ако мислиш дека во пробните шест месеци ќе пишеш еднаш кранк за дете и ќе добиеш отказ, така и ќе биде.
    Ако мислиш дека ќе пишеш пет пати кранк и нема да добиеш отказ, така и ќе биде.

    Ако веруваш дека навистина е вака, така и ќе биде. Ако не, нема. :D

    Значи и јас и ти сме во право.

    Претходната ноќ мислев на тебе @јolene :rofl: Децата спијам во спална на креветчиња до спална ама кога сум слободна утредента спијат со мене на спална.
    Малиов кашлаше. Малава ме стана за во вц 1:30 отпеилика па и текнало нови алишта сакала па морам во детска мм спие таму свртам со блиц бара алишта, во 3 ме станува малиов за вода, во 3 ипол му било жешко па во 4 го чешла грбот да го чешма, во 4ипол малава за во веце. Аларм имав во 7:00, во 6:40 ме станува малава и ми вика морам да ти кажам сонував нешто убаво и почнува да ми раскажува. И викам почекај до алсрмот и ми вика ќе заборавам до тогаш мора одма да ме слушаш.

    Во 8:10 кога ги однесов градинка школо, дојдов дома и поштено се изнаплакав. И ми текна на тебе.
    Сакав да ти кажам дека тоа трае со години само во различна форма. :drunk:
    Ќе стане подобро ама нема ништо да се смени. :tmi:
     
    На MamaCara, IronLady, јolene и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    5.023
    Имав една другарка во средно и викаше дека се зависело од тоа под какава ѕвезда сме родени. И некако секогаш верувам во тоа дека е така. Да се надоврзам на муабетот на Ена и Џокерче, верувам дека и мајндсетот е многу битен, ама и некако тоа што ни е пишано како да ги одиме животните патишта. И се е поврзано со тоа, начинот на наоѓање работа и леснотијата или тешкотијата со која ни се подредуваат коцките во животот. Мудрости од сабајле :D Сепак, според мене, треба уште на интервјуто за работа да се зборува отворено и од страна на работодавец и од страна на иден потенцијален вработен. Финтаџиски работи јас ич не сакам, а сум имала ехеее, книга да напишам. Секогаш стојам на моето, дека најтешко е да се најдат добри вработени и да се направи добар тим, после тоа се оди како подмачкано.

    А јас останувам дома до Јули 2027ма. Светот ќе се смени до тогаш :rofl: А веќе ме фаќа нервоза и ми се враќа на работа :tmi:

    Конечно петок, ја изгуравме неделава, сега да испијам кафе, да испеглам Голдене Шедоу маицата за дете, да нема плачки за во градинка и да го однесам, заедно со тешкиот “привезок” во транспортер :rofl: Раце ми паѓаат :x

    Ми се оди на одмор, ми се оди дури и во Македонија :o Ама сама, ако може :!::rofl: Да си отидам кај мајка, во мојата стара соба, да муабетиме со сестра до глуво доба, да пиеме кафе од сабајле на тераса завиткани во ќебе, да ме гушне мајка како мало дете…:l:

    Уште спијам очигледно :wasntme:
     
    На eliesaab, MamaCara, happygirl и 16 други им се допаѓа ова.
  3. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.625
    Допаѓања:
    12.247
    Пол:
    Женски
    Јас апсолутно се сложувам дека некогаш од мислите и штралунгот ќко шо вика Џоки, ама не дека до толку може да ги контролираме сите.
    Оти вака ко ја читам ко некој лајф коуч од овие новите ми е. Кочи Џоки реалност тука. А у реалноста малку поинаку е.

    Инаку денеска имав џоб интервју. Се пријавив како кверанштеигер. Значи некој кој не е на струка.
    Ај што беше интервјуто на лице место уште во 8 сабајле, ај шо цела недела предходно маж на пат беше, и дете дома, ај и на интервјуто ми поставија прашање шо врска нема со тоа шо ја ќе го работам.
    Па од горе 4ворица ме правеа интервју и нај од горе, пред врата имаа ставено човек и морав да правам кејс стади. Значи за работа за која се пријавувам како некој кој не е од бранша и без искуство, ми дадоа проблем реален да решам под надзор на 4 присутни таму:drunk:.

    Да ако се прашувате што сум се пријавила на работа, еве во канцеларијата на премиерот очигледно прв советник бира (wtf). По кои мантри ова значи сега? Поима немам шо се издеси.

    Во последната недела не знам вкупно дали 10 саати сум спиела, на сто места се разнесов и ова од сабајле :D. Бог да чува значи. Свашта.
    И да со 3ца кликнав, ама шефот беше ко од описот на Билка, си бараше некој со кој да оди на мочање и да си филозофира притоа :smoke:. Море мрш.

    Да јадам и да земам ѕверот, плачела од сабајле. Та за друго шо дое дојде.
     
    На MamaCara, Chantal, felisitas и 8 други им се допаѓа ова.
  4. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.773
    Допаѓања:
    38.886
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира дали го реши проблемот? :D
    Јас многу сакам таква работа, цело време да треба да решавам проблеми, па еден вработен да ме вика за помош, друг, да ми прават стрес, и пред да добијам да повишам тон малку и сите да ме мразат. :wasntme:

    Маживе сакаат само лоши жени значи. Денес бев ептен дигната и лоша и симпатијата ми прозборе и дискутиравме малку. :devil: Он уште не знае што значи балканска жена! Таман да научи нешто ново на стари години. :lol:
     
    На MamaCara, SummerGirl, felisitas и 2 други им се допаѓа ова.
  5. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.625
    Допаѓања:
    12.247
    Пол:
    Женски
    Го решив, дури со пристап што не го зеде во обзир шефот. Ама ко ми дава случаи замислени со три реда опишано, смеам и ја да си измислувам шо ми одговара :emo:.
    После ко си помислив можев уште некој нешта да додадам да бидам по темелна. Ама без везе скроз. Ти немаш искуство, а он бара од тебе да се однесуваше како да си работел 2 години на позицијата.
    Најјако од како ќе те примаат 6м се обука фактички :D. Значи аман аман. Од која страна да гледам и да се чудам.
    И сега прво прашање себе презентација нели. Второ прашање погоди што беше.
    Ахам од ектернцеит идеш. Хм ... колку саати може да работиш рече? Нормално прашањето го поставувам на последно место, ама сега еве кај тебе оти мало дете имаш со колку саати може да те сметаме. Со други зборови, да се арчиме на тебе или не?
    Ја бледа у фаца не наспиена, којзнае што си мислеа. Шминка не помогна :D.

    Трето прашање, скроз не поврзано шо се вика, мое мислење за настан од вестите пиврзан со институцијата. Хммм.
    Абе шефе како да ти кажам, прво не гледам вести и ај донт гива фак, второ ако кажам мислење ќе ме идентификуваш со некоја партија, во најмала рака како нацист.
    Мене институцијата ми се допаѓа, сигурна работа нуди и флексибилност. Ко сите што се вработени таму, на скроз најнормална позиција дипломати да се. Не се пријавив за менаџер бе и за плата од 100к. Се пријавив за обичен захбеарбеитер со дури малку под просек плата. Па ај гонете се у три пм.

    Кај сум страница и ви го зборам јазикот, се трудам тука да држам ниво, па ме малтретирам со глупости. Ама затоа ханс ќе се клати од ваму натаму и ќе филозофираат цел ден со тобијас, а џолин ќе врши работа за тројца. Ханс ќе се пиша болен на прво кивање, а џолин трудна у 8 месец држеше предавања со бебе шо клоцаше под блузата. Мрш море како ме нервираат сите. После ова па. Ќе им се пријавам уште еднаш на друго место и друг тим, само оти ми се може и оти ми се спремни сите документи за таа позиција :devil:.
     
    На eliesaab, MamaCara, MacenceEna и 9 други им се допаѓа ова.
  6. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.773
    Допаѓања:
    38.886
    Пол:
    Женски
    Сигурно се сеќавате дека пред неколку години ми рече малата дека поминал човек во ходник.
    Епа еве го сега малиов, ми вика помина некој. :worried: :worried: :worried:
    Претходниот пат во спална бевме и не излеговме од страв. Сега сме во детска и нема шанси да мрднам од тука.
     
    На SummerGirl и Biljarkata им се допаѓа ова.
  7. joana18

    joana18 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    1.485
    А ти слушна ли нешто ?
     
  8. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.773
    Допаѓања:
    38.886
    Пол:
    Женски
    Неее, реално нема никој, ама они гледаат нели, дека имале голема фантазија, така ми беше претходниот пат објаснето. Ама многу е страшно. :wasntme:
    И отприлика на слична возраст еве ми покажуваат како поминува човек. :worried:
     
  9. joana18

    joana18 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    1.485
    Зошто седите затворени? Зошто децата ги правиш плашливи, така им нанесуваш страв.

    И јас се сложувам со мислењата претходно дека секој си е роден под своја ѕвезда. Животот за некој е мајка , за некој маќеа. За мене маќеа.
     
    На eliesaab, Katie90, Chantal и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Tinkerbell11

    Tinkerbell11 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    693
    Допаѓања:
    2.032
    Пол:
    Женски
    Дали може да ми пише некоја мајка во порака која што е породена тука во Германија? Да има поднесувано за елтергелд,елтернцајт и да е осигурана преку АОК нордост. Имам 2-3 прашања и интересират ме некои работи.
     
  11. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.406
    Допаѓања:
    45.546
    Пол:
    Женски
    Морген :yawn:
    Трето кафе од ноќеска .
    Станав порано да ја испратам мајка , заедно со вујна . Да испиеме кафе , да ги погушкам ... И да чекам да се јават дека поминало се во ред.
    Да будам деца за школо , мало во градинка и на работа .
    А како ќе функционирам незнам , станата од 2 . Да презаспијам ми е страв , да не чујам аларм.

    Убави 10 дена поминати , исполнети денови , напорно морам да признаам . Цел ден да збориш , да си активен . Плус и на работа одев . Мада на пладне знаев да легнам .

    Сега пак по старо, стари рутини . Деца пак на школо , помина и есенскиот распуст.

    Од вчера киселини ме фатија , дали од кифлите со овчо сирење :|
    Ќе одбегнувам да ги јадам , на жал . Ама цела ноќ ме гореше .

    Ајде денов ќе биде долг
     
    На MamaCara, Masnickaaa, Ava.84 и 6 други им се допаѓа ова.
  12. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.773
    Допаѓања:
    38.886
    Пол:
    Женски
    Ако пишеш на лупата ќе ти излезат премногу одговори. Премногу пати имаме пишувано на таа тема.
    И јас сум ама дека малиов има 4ипол години па дали сеуште се сеќавам точно ама баш пред месец дена прашуваше исто феминка.
    Уствари пиши и ќе одговорам јас или некој.
    Или сакаш во приватна порака?
    Набрзина пишувам од работа Софи што е каша
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tinkerbell11

    Tinkerbell11 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    693
    Допаѓања:
    2.032
    Пол:
    Женски
    @gjoker4e ти пишав порака ама ај и тука. Интересира ме колку долго чекавте за мутершафтгелд втората половина, после пораѓај тие пари што се? Породена сум на 15.09 а документите до АОК Нордост се испратени на 30.09 заедно со извод на родени на малечкото, и тој листот што е од документи за Елтернгелд што треба да биде потполнет од страна на осигурителната компанија. Е сега веќе месец и нешто е поминато од пораѓај, а знам дека имам рок 3 месеци за да се поднесе за елтернгелд, па ме интересира нем да закаснам. До средина ноември сум во мутершутц ама не сакам да останам декември без примања, доколку поднесам касно и документите не ги обработат на време.
    Овој документ го чекам исто така назад да ми го испратат потполнет. Само овој документ ми фали бидејќи се друго ми е средено, спремно и стои во плик.
    П.с Колешка ми кажа како демек и само потврдата ако ја добијам од АОК за втората половина од парите неа да ја ставам во плик со документите и да испратам. Без овој документ.
    FB_IMG_1760695777508.jpg
     
  14. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    5.023
    Може зависи од град до град или од Бундесланд до Бундесланд, ама мислам многу чекање ти е ова за парите од АОК. Јас сум во АОК Баерн, парите ги добив релативно брзо, за неколку дена. Преку апликацијата Меине АОК што ја имаат го прикачив изводот на малото и пополнетиот документ за негово здравствено осигурување и мислам за 2 дена на самата апликација ми стигна потврдата за Елтернгелд дека ќе бидат исплатени вториот дел од Муттершутцгелд, а парите ги префрлија наредниот ден. Јави се и прашај зошто толку трае процедурата. И јас мислам дека ова што ти е прикачено нема да ти е потребно, доколку имаш Бешајнигунг дека ти се исплатени парите од Кранкенкассе, ама можеш да се јавиш и да прашаш и за тоа.
     
    На MamaCara, gjoker4e и Tinkerbell11 им се допаѓа ова.
  15. Tinkerbell11

    Tinkerbell11 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    693
    Допаѓања:
    2.032
    Пол:
    Женски
    Тој специјалниот извод на родени за здраствената компанија ми е испратен, дали може онлајн на апликацијата да го поставам оригиналниот извод на родени? Не на тој што пишува за Здравство. И исто така пред една недела ја добив картичката за здравство за малото.

    Сега прочитав сте го поставиле и потполнетиот документ. Јас тој го немам бидејќи и тој е испратен заедно со изводот.
    Исто така ѕвонам, ама не се јавуваат на телефон. Изнервирана сум скроз. Сите завршуваат релативно брзо а јас за се мора да чекам.
     
    На MamaCara, gjoker4e и Marge им се допаѓа ова.
  16. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    5.023
    Па штом веќе е пратена картичката, значи документите се добиени и детето има здравствено. Нешто да не не можат да стапат во контакт со работодавецот,иако штом првиот дел од парите се исплатени, не би требало? Пробај директно да отидеш, да прашаш или мејл прати им.

    Инаку еве мене како ми покажува на Апп, дека мораш баш тој извод што е за Муттершафтсгелд да го прикачиш, не можеш оригиналниот. Види кај тебе како покажува или пробај преку апп да стапиш во контакт, може има начин.
    IMG_3212.jpeg
     
    На gjoker4e и Tinkerbell11 им се допаѓа ова.
  17. Tinkerbell11

    Tinkerbell11 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    693
    Допаѓања:
    2.032
    Пол:
    Женски

    Истото и кај мене го пишува, мора баш тој извод. Во мутершутц бев од 17.08 и првата половина ја примив прилично брзо, на 02.09 веќе ми беше на сметка. Татко ми бидејќи е долго време на боледување го беа известиле преку пошта дека не можат да стапат во контакт со работодавецот за да пресметаат колку пари ќе му плаќа АОК. Пишав и емаил, пишав и на апликацијата но од никаде немам одговор. Не знам дали да прашам во фирмата кај што работам дали имаат стапено во контакт сега вториот пат, или тоа си знаат се од претходниот пат?
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.943
    Допаѓања:
    189.432
    Пол:
    Женски
    Дали некоја менувала име на дете? Дали знаете процедура? Прашувам за другарка која нема овде профил.
    Сака само една буква да исфрли од името на девојчето кое има 4 години и е родено овде. Дали во Македонија треба или може овде?
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    5.023
    Не би знаела и јас околу тоа да ти кажам, ама логично ми е само пред пораѓај да стапуваат во контакт со работодавец, мислам дека мене уште на првиот Бешајнигунг ми пишуваше колку пари ќе ми бидат исплатени пред и после пораѓај, значи прават наеднаш пресметка за целиот период. Далеку ли ти е АОК директно да отидеш? Ако никако не можеш да ги добиеш, оди директно таму.
     
    На gjoker4e и Tinkerbell11 им се допаѓа ова.
  20. Tinkerbell11

    Tinkerbell11 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    693
    Допаѓања:
    2.032
    Пол:
    Женски
    Писмата ми се испратени во Potsdam, тоа е околу 200 км од мене. Треба да проверам сега на мапс дали можеби има сервис центар блиску до мене.
    Сега проверив и кај мене не пишува во Бешајнигунг од првата половина колку ќе ме исплатат втората половина. Ја пишува само сумата за 6 недели пред пораѓај.
     
    На gjoker4e и Marge им се допаѓа ова.