Не знам дали е исто, немам менувано име на дете, ама прашував за мене пред некоја недела, бидејќи сакам да го додадам презимето на сопругот на моето. Ми рекоа дека нема никаков проблем, може и овде, треба да одиме во општината каде што сме стапиле во брак (тука сме венчани) и да поднесеме барање. Така да, претпоставувам дека е нешто слично, во општината каде е родено детето да се поднесе барање и после да се сменат документи. Така да, најдобро е да се праша во Штандесамт во градот каде што живеат. Ама сум активна на темава денес, може па полнетите пиперки сами ќе си се направат
Мора да можеш да ги добиеш на телефон. Ќе ѕвониш без престан во текот на работното време. Денес потешко ќе ги добиеш на пример дека е понедленик, утре побрзо. Преку апликацијата има директно контакт за да ѕвониш. Телефонски ќе се разбереш најдобро. Не се сеќавам воопшто ама ништо ми нема каснето.
Штом е родено овде треба овде. За презиме е лесно ама за име тешко. Треба да има добра причина за име да смени.
@gjoker4e @Marge Само што ги добив на телефон, односно тие ми ѕвонеа бидејќи испратив над 10 меилови. Дури претходната недела ги добиле документите и ми рекоа дека во најбрз можен рок ќе добијам се што ми е потребно.
Кога и да имаш некој проблем, пиши на фемина и одма се решава. Кај мене е секогаш така. Единствениот проблем што никако да ми се реши сеуште го немам пишано па изгледа до тоа е. Ама за жал не е за во јавност. Барем сеуште не.
Само што сакав да пишам , дека мене ми каснеа АОК многу со втората исплата. Се јавував 2 пати и ништо не добив , морав да одам таму. Инаку изводот се уредно доставен.
Морам да ти дообјаснам во ново мислење за да не ми ги снема сликите. Тоа за правење накит само ако нема помали деца дома што може да се задават. Тоа cappybare или како и да пишува е некој тренд за кој и јас не знам како што каде ама таков несесер за школо или ташна сакала малава. Првиот несесер го има на Амазон и е на дугме и е уау. Било каков несесер со Stich или cappy bare. Зависи нели ама гледам дека сите девојчиња во школо веќе не сакаат розева боја.
Нема помали деца, поголемо е машкото. За него веќе парфемче ќе е интересно, дечко е. Баш ќе видам после со прајм дали ќе ми стаса за кога ми треба. Мислев од муелер да видам утре, таму кај нас има 20% попуст на играчки. Ама овие се поевтини на Амазон, не ми ни текна тука да гледам. И до ц унд а сакав да идам да купам за халовин на малата црна блуза со мачка и хеланки црни, да биде најтипка .
Нешто така без врска бев потресена минатите денови. Веројатно уште оти не се преставив во најдобро светло на интервјуто. И сабајлето се облакам да ја носам малата во градинка, и стои ме гледа и ми вели ,, ооо вауу мама ,, Па си велам жмерка мала, и она знае кога да упати комплимент. И така цела расположена ја однесов во 8 и 30. Пресреќна и радосна што надвор и малку сонце заблеска. Се враќам, пуштам машина и варам чај. И толку. Ѕвонат од градинка малата повратила. Не ни каснала ништо таму, мислам вкупно 15мин беше де. И отидов и си ја зедов. Сега да видам шо ќе не огрее. Почнаа значи и кај нас вирусите.
Дечки дечки , имам потреба од сон, телото ми откажува полека ... Значи ова тортура , ти се спие а неможеш да одмориш . @јolene како е малата сега ? Од тоа што сум секогаш уморна , заборавам да вратам на пораки. Некој ќе ми пише , ќе прочитам, во моментот не можам да вратам и после заборавам . Неделава пак цела испланирана . И недела нема да е слободен ден , ќе имаме гости .
Исто и јас многу често сум така. И фактички си буден, ама неспособен. Не можеш ни да мислиш, ни да се фокусираш на нешто. Само така на автопилот пуштен и навака-натака се влечкаш. Малата е добра сега за сега. И давам по малку да јаде, побара да пие сама. Не покажува знаци на стомачен. Весела е и игрива, само на моменти иде и и треба да ја земам во раце да се смири. И не можам да проценам дали е, или не е ок. Она секако од се си повраќа, јас затоа не се потресувам одма на повраќање. Сабајле и даде едно другарче малина да јаде, па си мислам да не случајно и останало нешто што ја испровоцирало да поврати. Таму демек не јадела, ама и ноќта ми беше сомнителна малку, немирно спиеше. Ќе видам, засега добро е. Важно во петок најрано смее во градинка, оти они одма како стомачен ја водат.
Да на секое повраќање значи дека е стомачен а кај некои деца не е . Најмалото знаете веќе сите дека често повраќа и јас исто не му се потресувам. Имаме една вангла, ни стои на натказна. Во случај да почне да повраќа . Сега се мислам дали кафе да правам, дали да не .. дете треба да носам на фудбал . Па мош ќе ме дигне малце . Знам дека не ама ај . Него дајте нешто да си муабетиме , некоја темичка
Здраво женски. Јас овој викенд работев све втора смена освен во недела, ни доаѓаат све пациенти што се pflegebedürftig и им треба помош при станување или седнување. И јас ајде да помогнам но некако се плашат од XY причини, ги мотивирав, не успеав пошто очигледно незнаат како да го тоа umsetzen, па колегата ми помогна. Вчера сабајлето неможев да станам од кревет, цел грб ми беше укочен и страшно ме болеше. И уште ми е укочен, ама не до толку. Ibuprofen, Wärmepflaster, се тоа помогна. Се јавив на работа за кранкмелдунг, отидов на лекар ми рекоа дека е Hexenschuss и сега сум до петоков кранкгешриебен и треба многу да смирувам, во меѓувреме ќе имам два пати неделно физиотерапија! Се надевам дека од следната недела ќе биде уште подобро
Веќе документите се обработени, така? До вчера го пишуваше само временскиот период до предвидениот термин за пораѓај, а сега ова целокупното. Значи да очекувам следните неколку дена да ми пристигне бешејнигунг. Колку време иначе чекавте за исплата од елтернгелд? Дали ви каснеа или се беше обработено на време? Мојот сопруг исто така го искористи првиот месец кога се породив, така да ќе треба и тоа да го исплатат. Иначе на тој лист за него малку го имавме згрешено датумот и со коректор малку од малку прекрив и препишав од горе. Се надевам дека нема да биде проблем што баш еден лист од вкупно 20 не е се читко.
Можеби можеш да смениш наместо по пошта да ти стигне по меил и ќе добиеш одма меил. Не знам како ти е наместено ама за неколку дена ќе добиеш одговор. Не знам дали и исплата дека ова е ново со апликација, пред 5 години по пошта испраќав, немав апп. Можеби и да имаш исплата уште утре, пред да дојде писмото. Елтернгелд не каснеа колку што се сеќавам.
Јас чекав 8 недели и за Елтернгелд да ми обработат. Со првото дете многу побрзо добив. Значи се зависи од службеникот. Документите ми беа целосно испратени. Може да ти бараат некој документ па да го испратиш . Сето тоа кошта време .
Веќе ги испечатив документите. Сега не знам дали и двата документа треба да ги испратам или само бешејнигунг вториот лист?