Здраво, денес бевме да прими вакцина малата и не прашаа дали сакаме да и стават и вакцина против RSV. Ние сега за сега одбивме, сакам повеќе да истражам околу тоа. Дали на некоја од вас бебето/детето ја примило оваа вакцина?
@arwen93 јас ќе ти дадам совет да одиш да и ја стават што поскоро. РСВ вакцината е супер. Се работи за пасивна имунизација со антитела. Нуди многу добра заштита. Многу се намалени хоспитализациите откако постои вакцината. Ако се сеќавам добро спречува дури 75 посто да не спушти на гради и да заврши бебето на болничко лекување. Ова е мислам единствената вакцина за која на инстаграм на пост немам ниту еден лош коментар прочитано. Сите мајки ја препорачуваат.
@Katie90 изгледа сепак е маген дарм. Се дава ли нешто за стомачен на деца покрај диета? Вомекс? Не ни имам дома, ама да праќам да купи ако не. Не поврати се уште, може и нема де. Ама стана сега пред малку и кажа дека жблуц иде. Почна да плаче. Не беше жблуц туку само ждригање. Ама не и е добро. Бара да спие врз мене, а тоа е само кога стварно не е ок. Некои типс енд трикс да се мине вечерта има ли? Освен нели да ја држам цела ноќ.
Кај мене малото ја прими на ден пред да прави месец. Јас до сега вакцини не сам одолговлекувала. Односно само една, бидејќи ќерка ми беше настината. Ама и сега со малото доколку не е болен, ќе ги ставаме.
Доколку повраќа давај и лажичка по лажичка вода, за да не дехидрира. Или доколку имаш ОРС можеш тоа да даваш. Ако немаш можеш сама да си направеш, мислам дека одеше литар вода, со шест лажички шеќер и пола лажичка сол.
А само на новородени ли се става? Ја ставаат ли и на поголемки деца и дали кај матичниот педијатар оди тоа?
Таа не е задолжителна, сезонска е т.е. 5 месеци го штити бебето од есен до пролет кога е период на вируси. Мојата е 5 месеци нема врска кога ќе ја прими само они денес ја препорачаа за одеднаш две да и стават да не одиме уште еднаш за да не ја боцкаат на два пати. Другите сите регуларно си ги примаме.
Кај матичниот педијатар се става. Мене ми рекоа тоа не е класична вакцина туку се антитела против вирусот. Исто ми кажаа дека до една година кај бебињата можат да бидат симптомите посериозни, не мора да значи дека со сигурност ќе бидат сериозни може да помине и како обична настинка. Ама се препорачува пред годинка зошто уште не им е на бебињата развиен убаво респираторниот систем.
Да, знам дека не е задолжителна. Тие ме прашаа јас и реков може. Највеќе ради ќерка ми. Таа оди во градинка, се меша со разни деца, и може да закачи некој вирус и да го пренесе на малото.
Да се сложувам. Ако е единственио бебе и контакти пд надвор може да се сведат на мин, тогаш не мора. На пример ќерка ми првата година не се разболе воопшто, оти сите пријатели и роднини беа толку совесни што ни дете со растечено носе не ни донесоа дома. Значи скоро па сами и си бевме и не вакцинирав. Да имам сега второ, со ѕверов што нон стоп е со нешто, ќе вакцинирам.
Епа тоа е случајот кај мене затоа и се мислам дали да ја ставаме. Не оди во градинка, немам друго дете, двајцата сме дома со маж ми и плус ја дојам (што е добро за имунитетот).
Да, да знам само мислев дека ја ставаат само на бебиња, баш од таа причина. Имам комшивка зимата се породи и на бебчето му ја ставиле уште во болница пред да си одат дома. Не знам дали се става и на поголемки. Јас би ставила на моето во тој случај.
Мораш сама да си одлучиш. Кај нас маж ми беше скоро па нон стоп во хоме офис. Немавме цело зимо со никој контакт што се вели. Надвор ја шетав низ паркови, на -5 спиеше во количка и вреќичка и гајле немаше. Во затворени простории не седевме. Не одев ни по трговски, евентуално до дм или набрзина нешто од маркет да земам. Доењето е супер, само што не е апсолутен лек за жал. Сами размислете како ќе правите, сепак нели вие сте родителите. Мојата нема рота исто примано. И сега скоро па сигурна сум дека ни мен ц нема да вакцинирам. И сега пак ги смешав која беше која. А за грип поголеми вакцинрате ли? Лани мислам прашав, мнозинство беа не. Прв пат ко фати малата грип и ко ја носев на берајтшавтдинс, докторката таму ме праша дали е од грип вакцинирана. Јас не ни знаев дека се става и на бебиња и мали деци до тогаш.
На новородени ја препорачуваат да се стави. Знам дека се препорачува и за постари лица и за лица со потешки срцеви, невролошки или респираторни заболувања. Мислам дека од поголемите деца се очекува да се изборат сами затоа нема препорака ама јас не сум педијатар затоа најдобро кај матичниот педијатар да се информираш. @јolene многу мразам стомачни вируси! Ако не и се јаде не ја терај, обична вода најдобро голтка по голтка да не ти повраќа, многу љубов, гушкање и можеш чај од камилица или Fenchel . Земи си електролити утре во секој случај ако почне да ти повраќа. Вомекс го спречува повраќањето на централно ниво. Јас би дала само по препорака на педијатар. Со лесно нека минува.
Фала богу не повраќаше ноќта и мирно спиеше. Само многу близина сакаше. И сега пак се враќам на не знам што и е. Оти нема чести столици како кај стомачен и само вчера сабајле поврати. Татко и вчера доцна попладне ја пресекол имала кака, рече потечна била. Ама толку. Може и измрзната да е што седела некна на песок долго време, може е некој вирус. И откако ме тераат да и облакам долни гаќи и маица, мислам дека детето нон-стоп ми е со гола половина, иако јакната е подолга. Сега се мислам ќе се вратам на боди и ќе им кажам да не остават до пролет. Јас дома ја ставам на тоалет и гледам дека се уште не е свесно. Некогаш ќе мочка, некогаш не. Воспитувачката таму демек ги носеле и сами се слекуваат и седат. Мислам може и стварно е, кога се 3 на смена од нејзините. Што е практично никогаш, плус две бебиња сега и уште две мислам ќе почнат со адаптација. Што значи една најмалку мора бебињата да ги држи, секако не можат да постигнат и во тоалет да ги носат, овие што не кажуваат. Или па може таму оти гледа од другите сака и она. А бебињата на адаптација жалчиња. Оно не се бебе по една година се, ама мали се бе. Така ми се чини. А времево лета ли лета. Вчера со една мајка од комшии што не сме се виделе цела година, девојчето 3 сега ќе прави. На точак со педали, а лани лауфрад се учеше. Ѕверки .