Не ти е скршена ногата, само исчашен ти е зглобот. Кај Бехандлунг пишува дека е гипсирана ногата и дека ти била отечена и дека 6 недели не треба да се оптоварува. Зборовите ги читав преку еден, многу лош ракопис, можно е да сум згрешила нешто. Некои пишуваат како со нози. И работата ми се случило пет луѓе читаме што е напишано и на крај го бараме тој што го напишал да ни преведе
Можеби малку смешно прашање, ама сепак ќе си прашам Ве прашував овде за совет за машина за алишта, и се одлучив за Аег, ја купив, убава е, си пери, ама јас не знам колку треба да биде бучна или не. Претходно сум имала само постари машини и сите тропале бучеле, а оваа кога пере воопшто не се слуша, ама кога дојде на центрифуга сепак се слуша бучење. Па си велам дали треба да е така или не се погодила машината
Да, на центрифуга бучи. Сите бучат на центрифуга само што голем дел машини и шетаат бучејќи. Твојава мирна си стои на место
Мајкички, според вашето искуство, кои се најдобри козметички производи за новороденче (шампон, купка, крема за пеленска регија)? Треба да купувам за првпат ама не знам што да одберам. Исто и за пелени не знам какви да земам. Слушам дека од повеќето пелени се јавувале реакции...
Ее имав и таква што шеташе низ купатило Мирна е, не тресе и не шета, само нели се слуша кога ќе почне центрифугата. Добро е штом сите си бучат на центрифуга
Ти треба само уље за бебе првата година. Две капки во водата и така се бања ради кожата. Ќе ти каже и бабицата што ќе те советува, а веќе треба да ти е најдена. На хип јас верував и сеуште верувам дека е најдобра колекција. Крема за лице сеуште користам од хип. Пелени, јас сите ги пробав поради голем проблем на протекување. Најдобри се на лилиду ќе ги најдеш во дм ако можеш финансиски да си ги дозволиш. Ако не на бејби лав се одлични. Поради мали бројки јас преминав од лилиду на се и потоа на бејби лав. Од нив и крема за пеленска регија користам за ултра сензитивна кожа. На веледа не и одговараше. И на милион други.
Jas koristam kozmetika na waleda, a za peleni kupi si na pocetok pomalo pakuvanje od koi i da odlucis.Kaj nas se pojavi alergija of tie na baby love pa sega koristime samo tie od lidl.
@fairy88 јас пак да прашам нешто Ми ги дадоја овие инексии да си ги ставам сама по 1 на вечер или во стомак или нога. Првата ја ставив в болница со нивна помош и не болеше многу ама вчера вечерта втората кога ја ставив в стомак ми се слоши од болка, место не ме држеше мислев ќе умрам. Сношти си ставив во нога и не болеше толку многу. Ама па имам големи модрици и местото неможам да го допрам ме боли многу Незнам дали грешам некаде. Дај некој совет
Секој може да згреши,не е гаранција дека јас или и некој што постојно тоа го работи нема да згреши. Инаку сметам лично дека е потешко ти сама да си ги ставаш инекциите,него ли некој друг да ти ги става.Тоа од искуствоти веламНекогаш се боцкам витамин Б12. Фати ја убаво Кожата,подигни и кога ќе се боцнеш пополека ставај ја инекцијта.Најдобро таму каде што највеќе сало можеш да фатиш меѓу прстите. Пиши што си направила
Дали може кај матичен лекар да проверам штитна жлезда и хормони и колку би требало да се плати? Фала ви
Здраво дами, Јас да прашам за препорака... Кога правите кифлички каков путер/маргарин користите? Пробав неколку и сите ми смрдат. Во Мк строго кристал маргарин користев за таа работа и се надевам да најдам тука некој барем приближно со тој вкус, и да не смрди...
Па јас ги правам или лиснати, кога се мачка секоја кора или обични па ставам врз нив. Ама еве никако да погодам, последнава тура не можев ич да јадам.
Е за лиснати мора. Јас кога немам не им ставам одозгора а многу често немам маргарин, па убави се и така.
https://www.google.de/search?client...pAhXE0qQKHaoUBzcQBSgAegQICxAC&biw=414&bih=719 Пробај со овој. Инаку мајка ми секогаш си носи кристал од мкд бидејќи со нашиве овде не се правело ниту торта ниту кифли.