Мајки дали може комшиите да се пожалат во агенцијата за домување доколку бебето плаче цело време? Син ми 2 3 дена плачи многу, па маж ми цело време го е страв дека би можеле да пријават. Искрено да ви кажам и мене ме фаќа паника. Во зграда сме само со германци сите се океј, освен има една стара жена која што е искрено прав Хитлер. Намрштена, ХАЛО вика како ради реда, и мислам дека ги нејќе ауслендерите.
Не. Јас дури и случај имам каде што на врата ми се жали дека му сметаме. Тропа од горе и се исто ми е веќе. Не смее нигде да се пожали, оти мали деца ги штити закон. Плус деца ко се болни или бебиња, не може да си регулираат чуства и не знаат поинаку. Така да не си прајте стресови и за тоа.
Остај ја таа постарата, поверојатно да е наглува и да не го ни слуша. Видете детенцето што мака има, побргу тоа да се среди.
Фала ви. Иначе си има мака со мешето. Веќе ни јас не знам, што и како. Денес дури дадов и дохрана во случај нем да немам млеко доволно. Џабе, пак после тоа почна да дига ножиња и да плаче. Пробав вчера топломерче да ставам за да се искака ама џабе, па затоа ставив чепче и се смири. До кога највеќе можат да траат грчевите? Дали доколку траат до 4 месец цело време ќе биде вака? Утре правиме 40 дена, ќе одиме во Хамбург на голема молитва. Се плашам како ќе биде во кола(100км еден правец). Следната недела иам термин на гинеколог и затоа се плашам како ќе биде тој со татко му. Со ќерка ми се така брзо помина и ништо не осетив. Додуша она и немаше изразени грчеви, немаше проблем кога и испаднаа заби, немаше проблем одвикнување од доење, памперс, само еден единствен и ден денешен проблем а тоа е прибирлива во јадење. Не јаде се, а поготово не зеленчук и овошје. Ама ова синов ќе биде јадач, барем така си мислам оти е премногу лаком.
Не знам со кога ќе траат, ама ние имавме прерод од неколку недели кај што дете по цел ден плачеше. Во магла ми е веќе се. Чепчињата тие од ким ставај ги како се викаа, жолтите и саб симплекс давај. Мојата таму накај 3м скроз се смири. Ама маж ми по 3 саати ја држеше пред спиење и заедно спиеја на стол. Јас во сеќавање ми е дека не се местев ни да мочам откако ќе се успиеше. Ама после тоа супер беше. Па толку ете два ипол месеци и прекина. На молитва ко бевме следен ден знам се уби од плачење. Пази и што јадеш сега, ќе мине.
Да, тие ги ставам. Не јадам благо, кисело, луто, зелка, грав, цитрусни овошја ама џабе се. Не е цело време така, не е ни секогаш ама те ете последните дена мозокот ми се смати. Тие чепчиња колку пати може дневно? Во моменти на нервоза ми иде кафе да си напраам и цигара да запалам.
Со лесно низ овој период @Tinkerbell11 . Овде ветер дува , мислам некоја беља ќе направи . Наредно што ќе летне е тоа дрвеното за ветер што не штити . Со стакло обложено . После сум на кафе со пријателките, незнам дали кафе дали нешто појако да се напијам . Другарката е бремена , па ќе дознаеме пол денес . Видно возбудени сме . Треба да спакувам некои работи , како на пример бебешко креветче . Дали во кола ќе го собере , чисто сумњам.
Зависи колкава е колата и колку луѓе ќе се возат во неа. Ние во караванка донесовме бебешко креветче, комода за пресоблекување, душек. Се тоа заедно и плус ќерка ми седеше позади во бустер.
Во мојата Хјундаи напикав се . И кревет и душек , креветот на делови е нели . Ама се некако собра . Да си дојде сопруг да направи нешто , ова дрвеното со стакло мислам дека секој момент ќе се струполи. Ќе направи беља. Аман време невреме торнадо
Расклопено и ние во кола. Не караван, ама голема. Со спуштено седиште од гепек расклопено ќе збере се. @Tinkerbell11 не знам колку смее. Читај упатство. Ама еднаш на ден е доволно мислам. Кај нас најчесто навечер ја фаќаа пред спиење. Абе ние и двајцата полудев тогаш. И ќе ти се јави некој ќе рече еј фативте ли ред. Ми идеше да убијам некој. Милион пати се прашав шо сум мислела со дете имање. Ама еве минува.
Честитки. Живи и здрави . @fairy88 те чекаме да пишаш како поминавте и како сте со малата . Е вака, ФАЛА ви за убавите вести, да разбиеме сивото време надвор со топлина од внатре .