Бабицата ама консултирај и педијатар. Ако толку многу плаче, може да ве прати на остеопат? Не сум сигурна така ли беше поимот, леле веќе трокирам од умор. Да не случајно некоја блокада од раѓање има, па да го види. Со една две посети се решава. Нашето почна екстремно исто од кај 2-3 недели и траеа се до кај два ипол месеци мислам..и многу ама многу плачеше. Па имавме сомнеж за нетолеранција на млечен протеин, па рефлукси повраќање абе страшно. Тоа не беше уживање, мачење беше. И за нас и за неа. Таму после три месеци негде малку подобро почна да станува. Ама јас не доживеав да ставам дете во количка без плачки. Тек после клга почна да седи веќе се очовечи и супер беше. Сега од тој поглед ми е ептен лесно. Во се се вози, се прифаќа, со договор се може. Сакав уствари да речам, бебешка фаза е преценета. Како расте така е многу полесно.
Конечно петок Мене па што ми менува, ама ај Додуша петок ми е ден кога ми се ослободува душата, што имам успешно и навремено однесено дете цела недела во градинка, заедно со малото Од планови за викенд, доручек со пријатели во недела И летање змај со дете денес попладне, ако остане вака ветровито Дете во градинка, бебе се спрема за спиење, надвор есен во сите бои, на Тонибокс - Луфтбалон Милина @Tinkerbell11 првото дете имаше многу грчеви и многу плачеше. БиГаиа пробиотик тогаш многу ни помогна, ама некаде после две недели од давање се гледа подобрување, а може и така се поклопи, може и сами од себе ќе поминеа. Сега на ова давам Лефакс, по препорака на патронажната. За плачењето на бебе, ич да не се секираш за комшиите. Мада кога ќе ги сретнеш, можеш да им спомнеш дека си свесна дека е гласно, чисто пријателски. Јас така со сите што ги сретнав од комшилук, низ муабет им реков дека се надевам дека не сме прегласни и дека не им сметаме (чисто да оставиш впечаток дека мислиш на нив ) Сите ми рекоа, да не сме се секирале, знаеле како е со бебе @fairy88 честитки за бебле Убав викенд Спојлер: Есенски поздрав од мое маало :)
Ставај топло на мешето и држи го на меше. Нека спие така со надзор. Контакт меше на меше. Пробај ги и овие јас ги купив но не ги искористив немаше моето грчеви. Препорака од бабица на пријателка бебето имаше многу грчеви. Carum carvi comp. Säuglingszäpfchen. Wala @fairy88 Честитки нека е жива и здрава
Честитки, да е живо и здраво! Јас денес бев на глуп состанок со дискусија што никаде не води, и станав им реков дечки а бе нешто ми се игра со диносауруси, мислам полесно ќе се разберам со нив. И така станав, отидов детето уште во 10 го земав од градинка и ги оставив да се расправаат. Неам живци за глупости! Пред некој ден го однесов детето да се види со старите другарчиња од јасли на паркот во стариот град. Леле кога се натажи дете. Ми вика не сакам да си одам, не сум тажен само имам нешто тука (покажува на ), ама не знам што е тоа. Па кога си рикнав јас да си плачам таму. Бруки! Инаку од стресот со селењето детево почна да дтка. Така ненадејно преку ноќ. Од новата градинка мислат дека тоа му е кај нив научено, оти многу деца дткале во групата, ама мене пак не ме фаќа мир. Три години е, збори и на двата јазици ама првиот збор во реченицата тешко му оди. Вика Pa-pa-pa-pa-papa ich möchte schaukeln. Дали да го носам на лекар не знам, од градинката велат нема потреба. А нему не му смета, не се повлекува заради тоа. А по природа е ептен забавно детенце, така кажуваат и од градинка. Завчера фрли едно поголемо дете ѓубре на патеката пред зграда, овој мал од земја не се гледа, му отиде и три минути без да дтка му солеше памет "не е убаво ова, крени си го ѓубрето и носи си го дома, не може од ѓубрето твое да поминат луѓето, ако некој вози точак ќе падне. Ако те мрзи тебе, викни го татко ти да го крене. Така прават само лошите деца". Кога соли памет не дтка !
Малата вчера немаше проблем со мешето и со повраќање. Речиси нормално беше се. Е ама од сабајле се изнамачи дете со грчеви. Пред 5 се расписка и дојде кај нас, почна да се жали и да бара сокче . Шируп за болка е такво сокче. И даде татко и парацетамол и ептен со мешето од сабајле проблем. Колку се значи гревчиња што не можеш да ну помогнеш. И го гледаш му се тресеш. Се надевам само да не се отуѓиме кога ќе порасне. Најголем страв ми е тоа. Си мотам премотувам филмови, и нашите родители морале вака за нас. Како стигнавме до тоа сега, еве речиси и без контакт со свекор на пример. Или тогашните татковци секако не се замарале за децата и нивните чуства, па и сега уште помалку. Тешки се овие релации и да се негуваат како што треба, од двете страни мора почит. Спие сега, ја слушам како и кркори мешето. Да и направам супа, компир и морков. И се јаде а од се има мака. Може па супата добро ќе и дојде. Пробиотик кај и да е ќе поделува. Туку читам и детските теми, некои ширупи или раствори за диареа се даваат на деца. Читам по состав ги има и тука. Некоја смекта? Сте давале ли такво нешто или се чека да помине? Едит уште ова. Марге многу убаво маало имаш .
Смекта. Ја имам дома, никогаш не сум ја употребила. Има такви стомачни вируси се ваљда, пробувај разни пробиотици, и од нив има еден за кога има гасови, друг за кога кркори црева, со ензими, со пре- и про-биотици...Јас забегав со индиска медицина за стомак, на пример ayran seed , отров горчлив чај, ама мислам помага. Уствари најпрво активен јаглен, да се исчисти стомакот, па после све друго. Прашај по локални билни аптеки некој ајурведа чај за стомак, тој нас ни се погоди, не е лош на вкус, има и цимет или каранфилче, баш е сладуњав. Ко ќе имаш полна аптека чаеви и лекот ќе го погодиш, после полесно е. @fairy88 здраво и среќно да ви биде бебуле
прашокот може да го помешаш во јогуртче или да го испие со вода , сокче нешто ама најдобро во јогурт овошен некој што го сака . Така моите го примаат . Сирупот е исто за пролив , ама дали еднаш се напиле. Спречуваат и двата дијареа . @fairy88 живо здраво да е бебето
@bubemconia моето дете наеднаш почна да пелтечи, дури и тикови разви од стрес. Имаме бебе и плус имаше некоја ситуација во градинка со една од воспитувачките. Прочитај во темата за деца од 3 до 5 год, доста пишував за тоа таму, одлични совети добив од членките тука, некаде низ последните 7-8 страни треба да е, може ќе ти помогне нешто моето искуство.
Така кога дтка детето, се носи на логопед, ама мало е... Неможам да кажам дали има проблем со говорот. Што знам Однесе го на матичен ако тоа ве загрижува, да ви на даде Überweisung für Logopädie. Три години незнам, тогаш уште се развива говорот. Малиот на комшииве четири години, муабетџија е многу, пресладок полн со енергија скоро ќе полни четири ама шушка
@joana18 ги имам и тие ама прочитав над полни 3 месеци се давале. @Marge ги сретнав неќна тие што се под нас, баш стариот кажуваше со бебе е така немај гајле. Ние денес бевме на голема молитва во Хамбург. Натаму кога тргнавме почна да плаче па после се смири цел пат спиеше. Стигнавме 40 мин порано па си реков ај да го разбудам да цицне за после да е мирен, ама не бе дете дрнта. Кога влеговме внатре тогаш најде да рика. Бевме и кај моите на ручек, добро поминавме и сега се спремаме пак за спање. Ете го цица и примижува, осеќам дека вечерва ќе има журка со плачење и неспиење. Маж ми ноќеска беше ноќна смена па сега и тој легна да спие, се надевам дека ќе се одспие, бидејќи од каде на работа цела ноќ, па пат 200 км и изморен е. Мислевме да прошетаме малку со количката, али таков ветар дува надвор што мислам дека ќе те однесе. Инаку дали сите живеете во големи градови? Денес баш во Хамбург видов тројца црнци како во бел ден пробуваат да ограбат кола. Поточно одеа по улицата и ги фаќаа кваките на колите да видат дали има некоја отворена. Барем јас така си мислам. Ние сме во мал град, околу 12 000 жители мислам има плус минус. Јас искрено сум премногу голема паничарка и мислам дека никогаш нема да се снајдам и да ми биде лесно во големи градови.
@Tinkerbell11 На гинеколог со бебе бев. Со автобус. Он во количка додека ме прегледа гинекологот. Ако не можеш сама нека дојде и мт. Нема потреба да го оставаш бебето дома со мт и да мислиш цело време. Бебето со тебе и правец гинеколог. Кога ќе ми текне дека и заб имам вадено со децава. Ама самостојната јас нели. Таман да видат дека не е страшно нели дека јас не се плашам од забар и ни мрдам ни фаци правам туку омилено нешто ми е забар, посебно столот леле леле. Немам ништо паметно за кажување. Утре сум слободна. Се надевам дека ќе ми се јават и ќе речат дека некој кранк пишал па дали можам да отидам. Заклучно денес имам 40 прекувремени саати. Во среда ќе дознаам дали се исплати или не, дека септември имам 35. Значи одиме ноември 45 и декември 50 и за луда да ме прогласат официјално.
Вака нешто имавме на пријателка девојчето. Мислам фаза и беше, после помина. Баш само на првото зборче. Или беше мммм паа развлекување на прв збор па после натака ок реченица. Како во новото градче? Се опремивте ли во новиот дом . Ти се надевам добра си . На моево дете викенд не му треба мајка. И фала богу..штом вели не мама вег од тука, на подобро оди . Леле зборењето инаку. Каша попара. Страшно. Мислам она нон стоп си збори, ама миш маш со јазиците. Арно што не сум и давала до сега на англиски, дури тогаш ќе се разберевме. Да престане дождот, па белки ја убедам да излеземе надвор и да оставиме татко и да поработи уште малку .
@gjoker4e да, да така и планирам. Маж ми е секако втора смена па така да тој ќе чека надвор со малово. Денес гости цел ден, а и добро тераме со малиот денеска. Строго давам да цица на 2 саати, добро може и саат ипол ама како порано веќе не давам. На секое плачење да се смирува со цицка. Мора да пробуваме све и свашта.
Мене прво на тие ми отиде умот и сега мислам Џоки ти за бабури ли мислеше? Малата сакала такви пиперки црвени што внатре ориз имале . Еднаш проба дете такво и тоа во мк, денес желба изрази. Јас овде не начекувам такви или ретко. Не сум полнела сигурно 5+ години. Некна и Марге спомна ќе прави, па утре да барам низ маркети. Гости се најавија за викендот. Дома не зна од кај да почнам. Белки малта ќе издтжи повеќе овој пат во градинка, бар да исчистам за пред луѓе. И баш цела недела ќе ми треба оти и подрум има и ротации облеки и нежа што нема веќе за правење .
Недела ден за ресет . Вчера откажав гости за денес . После работа легнав и едвај ја поминав вечерта. Се настинав , сега се лечам. Од сабајле средував дома , перев , менував постелнина . Сега да се избањам и толку за денес . @јolene јас пиперки полнам со бабури или од оние жолтине пиперки. Сарма купувам од турскиот маркет . Зелката од Македонија инаку . Сега да се спремиме за неделава што доаѓа. Утре имаме состанок од работа , после работа ..а синко договорил гости попладне ...