@gjoker4e ти женче кога стана сабајле ? те прочитав одма кога го прати мислењето, кај 5 .. Јас принудно станата кај 4 , синко му се снеарни, почна да повраќа (пак) ама не беше страшно овој пат . Пролив го фати исто . Сега се смири конечно . За работа и колеги , колешки..што да кажам .среќа на еднава работа , се најнормално. Нормални луѓе. Нема оговарање, мислам може има ама не сум инволвирана . Работа без стрес . На мини џобов станува неподносливо . Толку е се измешано, се пазам од секој . Пазам на секој збор . Напорно дури . Дознав работи , кој со кој легнал за подобра позиција .. кој со кој се кара , зашто се кара . Катастрофа. Тоа ми ствара немир ...ама не се мешам. Се трудам да не зборам , некогаш се каам ако кажам повеќе од што треба, мислам дома тумачам што сум рекла , дали ќе се каже на трет и слично . Ама вака на долг рок не е на арно . Токсична средина... Од другата работа неможам да се пожалам. Фала богу е се во ред . Ама друга околина , друг тип на луѓе . Работата ми е лесна , психички лесна. Нема замарање после работа .
Од каде купувате слатка павлака и нишесте? Сакам да правам ледена коцка и до сега не ми е требало слатка павлака па затоа не знам каде е добра.
Слатка павлака купувам само од фрижидер со назив "Schlag-Sachne". Нишесте е претпоставувам густин, тоа го земам со назив "Feine Speisestärke".
Да, знам но прашањето ми беше од каде зимате. Шлагзане имам еднаш земено од Лидл за Чизкејк но не ми се свиѓаше како ми испадна. Затоа прашувам од каде купувате вие доколку ја користите често?
Баш Хопла ако ти треба имаш често во турските маркети, кај мене има еден руски маркет, јас од таму ја купувам. Обично шлагзане јас купувам на Рама со розево капаче, ама го комбинирам со било каков ванила крем во прав, за да има некаков вкус и да биде цврсто изматено. Рама со розево капаче имаш насекаде, во сите маркети.
Пак јас со прекувремените. Сабајле ми кажува еден колега дека имал договор на 40 или 50 саати, заборавив секако нели, и секој месец имал 55 прекувремени и плаќал помалку данок затоа што имал повеќе прекувремени отколку саати по договор. Објаснување? Ако е така и јас би сменила?! Мислам знам дека не лаже и дека е вистина, ама прв пат слушам.
Не напоменав место од причина што се ми проаѓа, но конкретно за шлагот, слатка павлака ја користам само таа од фрижидер, кога сакам баш шлаг, густ, тогаш додавам од зацврстувачите за шлаг "Sahnesteif".
Само јас ли ја преферирам шлаг зане пред сите други хопла, шлаг во прав и сл. И јас само од зане зацврстувач го правам. Со комбинација со крем фреш и кварк е супер крем за било кој чизкејк непечена варијанта. Или па со кварк и шлагзане со било кој беррис ми е врв десерт. Einfach backen за рецепти има супер и сите излегуваат убаво. Многу се и со видео и со совети како да се пече. Толку многу се имам одвикнато од нашите торти со маргарин и кремови, што дури не ми се ни убави повеќе. Некако тешки ми се. Плус ми се преблаги и на се редуцирам за 50% на шеќер. Со путер печењето ми е далеку поубаво. Утре ќе правам колач со јаболки. Вчера правев тоа печен оввес со банани што е, ко демек за доручек, ама уствари тоа торта ти испаѓа. Банани кога и да ми потемнат стануваат или банана леб, или мафини, печен овес, кекси. Леле најјаки кекси, банана, пинатбатер и овес. И после дебели, епа дебели. Само нешто да се прави. Зимо па од горе иде. Боо. И така. Некој да ми открие оти ме болат стапалата секогаш во зимо. И 5мин само да седнам, после не можам да згазнам од болка. Или ме фаќаат векселјарен или циркулацијата не ми функционира пак или и двете.
@јolene јас сум повеќе по бапските рецепти за торти, чизкејк не знам да направам, па животот да ми зависи од тоа Сум пробала два - три пати, течат Кога ќе ми текне првата торта/колач во Мк кога ја направив и ставив да се пече. Тоа да бил рецепот за големо тавче, јас едно мало имав и во него ставив. Кога почна да тече во рерна Тоа тече, јас сум седнала пред рерната и плачам Не знаев што да направам, после тоа со години бев истраумаризирана и не ми текна да пробам торта да направам Инаку, маж не јаде благо, уствари многу ретко и многу малку, за дете гледам секогаш да биде со што помалку шеќер и врти - сучи, излегуваше јас да си ги јадам цели тавчиња, нели, да не оди зијан и сега, освен за родендени, благо дома немам направено сигурно 5 години. Ако нешто им се пријаде благо, ќе се купи и готово. Јас сум како алкохоличар со благото - без ниедно може, со едно не може Така да, избегнувам колку можам. Вчера ми излегува статија, дека Ландкрајсот каде што живееме е прогласен за најсреќен Ландкрајс во Германија Дури 70% од испитаниците одговориле дека се хохцуфриден со животот овде Отсекогаш знаев дека има нешто магично тука Бебе не планира вечерва да спие очигледно, Фемина и Гилморе Грлс на репертоар Добра ноќ
Многу сте гемаин. Цел ден ништо не сте пишале. Да му пишам сега на симпатијата или да почекам до утре? Утре јас имам еден ден одмор, а он слободен секој четврток. Значи уште лани сум била паметна и намерно четврток одмор сум пишала. Уште на 27ми ноември четврток имам еден ден одмор, и толку за оваа година. Значи последна шанса му е 27ми ноември и ако не ја искористи ја започнуваме 2026та со нов симпатија. Овој пат некој помлад околу 25 години.
Е шо јас ако не пишам и ти ако не се кажеш, другове ги нема. И досадни станавме. Да кажам 3/4 од колачот се слапаа, трета машина садови врти, дома играчки на сите страни ама и нозе ме болат. Се мислам да се избањам, па да пеглам ако не. И градинка од 1.1.26 ќе се поскапи јадењето за 60 евра. Со други зборови, неверојатни 12.75 евра на ден за јадење на дете од две години. Да знам дека со тие пари се плаќа и персонал и сметки. Ама за доручек јогурт и мусли и лажица ручек ми е многу.
За +60 евра? Кај нас поскапе од 50 евра на 60 евра. Само ручек. Појадок од дома. Јас упорна со тоа дека некој нешто погрешно има разбрано. Во школо е 4ипол евра ручек од ден, па 12,75 е невозможно, освен ако не им сервираат румпстек со сос од манго премиум.
За храна досега некаде 160 евра беше или 170. Ме мрзи да сметам. 9.25 на ден. Сега за храна ќе се плаќа 220 или така нешто. За бетројунг плаќаме 180 на месец. Значи до сега плаќаме градинка 340 евра на месец, од 7ипол до 14 е букирана. Од сега ќе плаќаме 400.
Многу скапо! Огромна разлика. Плус убаво викаш на 2 години не ни јадат до толку. Со 220 евра ќе купиш јадење за цел месец што се вика. Плус и повеќе се болни отколку здрави помали деца. Кај нас ако најавиш дека нема да оди наредни четири недели во градинка, не мора да платиш 60 евра за храна.
Не бе Џоки, секако разбирам убаво. Не се зезај, не сум од вчера јас. Плус со апликација сме и ние за јадење. Ако најавиш отсуство три работни дена однапред, може да се сторнира кај нас. Со други зборови ако се разболи дете во петок и го одјавиш за понеделник, ќе си платиш ако нема да отиде, оти нели веќе е нарачано. Живо дерење е ова. Шо е нарачано, јогуртот у фрижидер шо им е два пати у недела или корнфлекс со млеко. Еве глеј.
Тука не се гледа дали е за јадење ова ама ок ти верувам јас тебе ама не верувам дека така може да е. Страшно скапо за храна. Штом во школо е 4ипол евра за големи деца, како можат за мало дете толку скапо да направат?!
Епа Џоки то е. Гледала не гледала, верувала не верувала, ја на крај треба да платам 221 евро на месец за јадење. Кај нас гледам и хорт е поскапо. Не е 4.50 на ден туку 13.15 пишува. Абе ќе се враќам значи накај баден Вутембург или кај Марге ќе одам у околина. На вчера не за џабе се пофали оти најзадоволни се таму населението. Цел ден јадам и пак сега на јадење ми оди умот. Веројатно ќе ме фаќа ПМС, така да ако почнам пак да се расправам, да си знаете оти не е до вас.
10 деца по 220 евра е 2200 евра за храна Храна за 10 четиричлени семејства за пола месец Е сега сум нервозна ПМС и полна месечина мислам дека следи, готови сме