Бараме сеуште, имаше некои потенцијални но ништо не бидна . Два беа катастрофа. Да знам дека не е нешто без кое не би можела да живеам и евентуално ќе го користам 1-2 годишно. Алишта дефинитивно не чувам веќе. Нешто има на винтед за смешна сума. Нешто ќе ставиме во контињерите за облека. Веќе се гушиме и двајцата. Под итно ни треба промена и поголем стан. Вчера една соба од 12 м2 едвај ја изчистивме. А алиштата повторно треба да и ги сортирам. А тој па сака да чува пр патики не ми дава и моите да ги фрлам да сум ги дала на некој. Сигурно во мк нема да ги носам. А тука нема на кој да ги дадам. Друго благодарение на свеки и мајка ми имам многу непотребно работи. Едно по едно и тоа фрлам без тој да види. Дека смееш од мајка му нешто да фрлеш. Ма барбики нема воопшто купување тоа што добие на поклон одма без нога без рака разни ситни делови на сите страни. Кујна има не ја игра воопшто. Многу сака пупен хаус но уште тоа ни фали во собата мала е а и на план сме за селење. тони бокс планирам да и купам до нова година.
Докторки @Katie90 ќе те тагнам тебе дека сум сигурна дека си . Имам треска, температура, една болна града без црвенило. Бебе цица нормално на 2 часа ден ноќ. Се сомневам на маститис или запушен канал. Пред 2 часа се напив парецетамол очигледно не ми помогна што темп се крева. Што да правам ?
И мене ми личи на тоа. Никакви масажи ставај бебе на града да цица. За температурата земи ибупрофен, дозволено е при доење. Ќе делува и против воспалението и против болката и температурата. На градите ставај или листови од зелка кои биле во фрижидер или било какви ладни облози. Никако масажи на града или топли облози/тушеви бидејќи ја влошувале ситуацијата. (Ова ми се совети од бабица и гинеколог). Ако нема подобрување на ситуацијата оди на лекар ќе добиеш и антибиотик. Нека минува со лесно.
фала џоки не сум баш добро некоја темп. до 38 може не е многу но моето тело реагира лошо и многу тешко симнувам тем. Не сакав да одам на итна. Ќе видам утре како ќе ми биде.
Супер, баш ме радува. Најверојатно бебе ти одзатнало каналчето и сега се е во ред. Добро беше. Сабајле си отидоа, малку прошетавме, малку по шпинг, малата ја играа и помина време. Генерално, на нас сите гости ни се ок, од роднини и пријатели. Е сега родители и со оние со кој се си делел, бог да чува, ама ај да се сите живи и здрави само.
Секако дека е во ред кога се само еден викенд. Во ред е да се зготви вечера. Доручек може да се купи да се зготви нешто нели да се направат комбинации. Но гости што ќе дојдат на цела недела и очекуваат да земеш одмор специјално за нив и да ги шеташ во цел Баден Вутемберг, притоа се да биде на наш трошок. И домашните обрски да бидат само на мене тоа не е во ред… Ајде да не продолжам бидејќи се нервирам од несовесни луѓе.
Морген Да испијам кафето и беба во количката и одиме на шетање. Во лидл има многу слатка бебешка облека па најверојатно таму ќе се упатиме. Друго да ви кажам дека се ближи singles' day(11 ноември) па си ја спремам корпичката во Сефора. Козметика немам купено многу оддамна па сега ќе се почастам. За чистачот на пареа имам на карчер и многу сум задоволна. Еднаш неделно минувам со него.Кога ме мрзи, а мора да се исчисти и задолжително пред гости да ми дојдат со swiffer влажните марамици поминувам, а така почесто со обичниот џогер со крпата натопена само со вода. @joana18 супер што поминало. Јас завршив во болница со маститисот. Кај тебе најверојатно е било затнато каналче.
Морген наздравје кафе. И јас мислев до лидл да одам. Но сега бебуш качува температура и тој до 38. Ќе видам како ќе биде и тој денес И јас го меркам парниот чистач на Карчер. Ти кој го имаш малиот или поголемиот?
Вие некој вирус да не си имате? Лесно да ви минува . Лелле страшно од 8 ипол навака само се врткам и ништо не завршив. А за ручек ништо намирници немам, синоќа се прејадовме, може и да не јадеме денеска. Бар ѓубре да фрлам и да усусам. Ќе пеглав нешто, ама помина воз за тоа.
@Katie90 како беше, за ларингит се дава студено јадење пошто инаку ? И што друго да давам да олеснам? Не кашла многу, се жалеше дека ја греши грло, ама заспаната е денес и зарипната е и кашлицата. Да активирам чајот од кромид или од ловоров лист?
Билко твоето е големо, ќе каже само од што му е подобро. Топло скроз не, ама млако ми рече доктор дека може. Многу да пие секако. Дечки вие латерне сте правеле ли? Гледав у дм имаше некои бастел сетови, ама у поминување не видов. Али како најмајка и не делам дете, сега и ќе и правам и ќе одам. Кај сите, таму и јас иако поима немам шо е. А тоа што свети што треба да е? Некоја лед свеќа? Кај се купува.
Абе она знае да каже, ама јас маџИја лек барам. Којзнае што довлечка сега и јас сум троа ко скапана. Ај ќе препишеме на понеделник-малку спиење-многу глупости, па утре со нови сили во нови заеби
Тоа е оноа стапчето на него има лед ламбичка , а фенерот или си го бираш сама има разни форми , животни , или си го изработуваат во градинка/школо па сите деца исти имаат.. Во Дм видов и јас баш имаше добар избор да си купиш се.
Епа годинава лајтунгот на градинката одлучува дома родителите да прават. Исто и за фашинг ако сакаат да си ги носат децата во градинка, да отидат и родителите со нив и да си ги пазат. Абе да и се чудиш на умот. Да си земеш слободен ден за да си чуваш детето во градинка. Лудница ни е градинката. Фала за инфо. Утре ќе одам да барам стапче.
Јас првиот пат во градинка прашав дали треба свеќа Свеќа на батерија требаше Се оди во црква па потоа околу црквата или до градинката одат со тие фенери.
Нашите само во дворот од градината во градинка ќе бидат. Ќе има пунч. Купив стапот и една латерна добро, синоќа ме фати паника да не не случајно остане детето без латерне . Со една мајка од сабајле зборевме, они па правеле дома. Велам ако не мрзи може и ќе изработиме нешто, ако не еве нека има. Многу голема ми стои за неа,затоа може ќе правам дома. Ама тоа за викендов проект заедно да се занимаваме. Добро ли е бебето? Кај нас почнаа носињата да течат.