За ларингит млако. Активирај чај од билки пример камилица, стави од медот и малку лимонче и нека го штеди гласот, посебно шепотење е забрането. За кашлицата имам слушнато и за двата дека се добри ама во мојата фамилија не се пијат чаеви. Малиот со разни делови. Супер си ја врши работата, а не зафаќа многу место. Инаку имаш купон со бесплатна достава од лидл. Можеш да си нарачаш ако ти се допадне нешто. Вреќичката за спиење и џемперчињата се многу убави.
Оти ве нема? Или сите сте со деците на распусти? Дај кажете нешто де. @Katie90 убави се и ок се и кампер и троллкидс. Јас сепак ќе ја вратам јакната оти ми чини дека ќе биде мала за кога ќе дојде време да ја носи. Ја замислував како софт, дојде и е со друга технологија. Не е лоша, ама за во пролет ќе и биде мала. Плус може оваа да си ја носи се уште и решив да не претерувам веќе. Ќе купувам понатака. Ама за јакна 3 во 1 најтопла препорака. Се износува за пролет и есен.
Здраво девојки Ги искористуваме ли овие два три прекрасни сончеви денови во Германијава? пролет ли е зима ли е... Сакав да прашам мамички со искуство со градинките тука. Знам дека се чека многу па затоа сакам веќе да почнеме со аплицирање за градинка за малиот. Живееме во мало гратче и има доволно градинки. Сакам да прашам на што најмногу треба да обрнам внимание. Дали се грижат убаво за децата. Прво детеце ни е и долго посакувано па се плашам сега за се. Кога е најдобро да се почне со градинка со оглед на јазикот. Дали ќе има збунки поради тоа што нели дома зборуваме македонски, а таму германски. Би сакала да го пуштам на годинка ипол-две... Јас сум на elternzeit до неговата две годишна возраст, сопругот исто така работи па градинката е загарантирана опција за нас. Дедовци и баби не планираме да ангажираме Што би ме посоветувале со градинките тука?
Пролет е до пладне , после потсеќа на зима . @1RedLipss , убаво е да се има избор на градинка . Би рекла дека градинка од отворен тип , не е за секое дете . Твоето е мало и би било во крипе, ама за понатаму . Ние почнавме со спремање на роденден. Синко ќе полни 5 години . Напишавме покани , ќе поканиме 4 деца . За повеќе не сум спремна и сметам дека се таман . Мала група . Ќе славиме во игралната на горниот спрат , во склоп со неговата детска . Спортските реквизити ќе ги тргнеме , интересни се ама опасно е за мали деца . Друго нема ништо ново . Работа дома . На пладне одмараме на топло , кога е уште топло одиме на игралиште и тоа. Утре е Laternenumzug , ќе оди со татко му. Јас на работа сум . Другата недела славиме годишница и 91 роденден на бабата во исти ден . Таман и градинката затворена е . Ќе го пратам кај бабата да седи . Наредна недела исто еден ден затворена , може ќе земам ден слободен. Имам плус саати направено . Овој месец ќе има Weihnachtsgeld Порачав Термомикс, чекам да стаса порака дека ќе биде испратен И така, како се стемнува телото мисли дека е време за спиење Добра ноќ на сите
Јас не знам за каква пролет зборите, кај да дојдам? Кај мене денес од 5степени не се качи нагоре. Сега е 0. Гледав у Копер на морето 18. За дете под 3, само јасли од 0 до 3г. Едноставно се е прилагодено на нов. И јас не сум за отворен концепт. Премали се. Се аплицира најчесто уште од раѓање на дете за градинка и се наведува од кога да почне. Година ипол е ок би рекла. Ајде и до 2 макс. Ама повеќе не. Мислам ако не беше градинката ја уште ќе си ја хранев со лажица. Убаво им е таму секако, ама идеално ако може да си дозволите да го земате детето накај 2. Така ќе има доволно време да поминува и со вас. И онака првите година две се нон стоп болни, и ќе се повеќе дома него таму. Ама фаза е и мора да се.помине се.
Хелоу, еве ме и мене. Се губам ама ве читам, некако не можам да се натерам редовна да бидам со пишување. Совет за градинка ако имаш елтернцајт до 2 год тогаш почни со навикнување на година и пол, остави си доволно време да се навикне детето. Тоа што ви е едно и е долго очекувано го разбирам, ама знајте дека никој нема да го чува како вие и ќе биде едно од 10 во групата. Воспоставејте убав однос и комуникација со воспитувачите, бидејќи тие се најважни. Премногу заштитнички однос према детето нема да ви помогне ни вас ни нему. Искуство од околината на мајка која и е едно и чекано, не може да бендиса градинка за син и и веќе втор пат го мести. Не мислам ништо лошо, не сакам да те навредам ама сакам да знаеш што те очекува кога ќе почне. Поздрав
Јас за ова едно и чекано само да се докажам. И моето е едно и чекано и искрено толку ме нервира тоа потенцирање, со самото така изјавување, ко на другите да не им се и наште да се специјални снегулки. Ама не. Секое кое дошло на свет, е цел свет за неговите родители. Така да, сите се исти, ама ние сме различни. И треба да пазиме како ќе се рефлектира се тоа на нашите деца. Тоа што ја добив ќерка ми покасно, сега за мене прави задача да ја научам да биде самостојна. Многу самостојна, храбра и што е можно помалку комплекси да и пренесам. Сакам да кажам, треба да се наштелуваме сами во главата поинаку. И со очекувањата да сме малку пореални. Искрено овде добиваат децата далеку подобра нега, отколу на многу други места. Јас би внимавала единствено на каква популација околку градинката живее, ако е можно да оди повеќе во градинка каде што се покултурни и пообразовани родители, да речам. Сега е во такви јасли и се супер културна група малите. Едноставно мерак се. Е следната уште сега знам дека нема да е така, ама јбг мора да се научи со секакви да се справува. Живот.
@јolene така е се сложувам од збор до збор. Ете моите се изненадување ниту очекувани ниту незнам што, тоа не значи дека не ги сакаме. Луѓе опуштете се. Колку повеќе сте опуштени толку е подобро. Не ги чувајте децата во стаклено ѕвоно. Јас кога аплицирав за градинки ми дадоа една за која незнаев дека постои. Многу бевме задоволни од воспитувачките толку многу се трудеа. Секакви ситници рацни изработки, децата имаше од сите националности. Сега оди во една која ми е најблиску не планорам да ја возам и да губам 1 час. Овде се само Германци. Ја оставам некогаш не ги ни видам воспитувачките. Не ми даваат репорт на зимање што правела како се однесувала како што беше во јасли. Но гледам така функционира и со другите родители. И да година и пол до две сметам дека е најдобро време за пуштање во градинка .
Морген , трето кафе пијам и да напишам и јас мое мислење околу темава за децава. Јас разбирам дека кај некои добивање дете не е така лесно и затоа се појавува тој феномен на "долго очекувано и затоа посебно дете". Верувајте дека сите ние што имаме повеќе од едно дете , што сме го добиле без многу работа ги сакаме децата подеднакво. Со самото тоа потенцирање едно долгоочекувано , можеме да направиме мала збрка во главата на детето ако и на него му се потенцира тоа, дека е нешто посебно. Ете @јolene убаво потенцираше и даде до знаење што би значело тоа за детето , и за самите нас. И јас за трите деца , подеднакво гледам да имаат добри услови во градинка , во школо , во домот . Да добијат подеднакво внимание од нас како родители . Секое дете е поединечно . Со свои потреби , грижи и така натака и со секое посебно се работи , збори. За градинка, битно е во каква и која околина е . Кај нас е мало местово , повеќето се староседелци, Германци или мешани . Како во нашиов случај . Нашите деца одат во градинка , школо со децата на другарите на мм . Сите се знаеме од прилика . Има и помлади генерации , да кажам 10! Години помали од нас што имаат деца на иста возраст . Ние спаѓаме во постара генерација , родени во 80те . Многу е битно домашното воспитување, иако во градинка ги учат на ред , дисциплина . Некогаш домашното воспитување надвладува колку и да се трудат во градинките . Има деца кои уште сега знаеш каков пат ќе имаат понатаму ако не се смени нешто дома . Затоа некогаш е подобро да имаат подолг престој во градинка , зашто дома го враќаат неколку чекори назад ... Ова го гледам секојдневно . На друга тема, денес синко најмалото , среќен и горд дека ќе слави роденден ги подели 4те покани во градинка . Една мајка се јави со позитивен одговор . 4 деца сметам дека се доволно за да можеме да имаме контрола над нив , да помине се во ред . Со оглед на тоа дека се мали од 4 до 5 години децата . Големите секако ќе ги инволвирам во анимацијата , во славење на роденденот. Сега одам да се шминкам , маскирам како што би рекол сопруг . Да заличам на нормална особа , да не прашуваат на работа дали сум болна и што ми е . Па да земам да ги направам кофтињата и да се умирисам После работа може да исфарбам коса , и да закажам шишање кај золва ако има некој слободен термин во наредната недела . За брат и и децава има секогаш време за мене потешко . Ај уште ова и се гасам . Золвата беше на семинар негде во друг град и кажува импресии како поминала , гордо нагласи дека била во хотел , каде биле само возрасни , немало вакви и покажува накај најмалото И многу убаво си поминала После некое време ми текна на кажаното и му спомнав на сопруг да прашам што мисли за тоа , нема зборови ни он .порано кога се славеше нешто , и најголемата тогаш бебе , прво внуче во куќа и прво бебе евер што имале контакт , кога ќе заплачеше или стануваше кенкава сите како изнервирани , им смета плач , галама и слично , јас одма станував и си одев . Неможев и неможам и ден денес да разберам .. за да сега после 13 години , самата збори(золвата) како со големата немала време да створат поврзаност , и како и пораснала толку брзо и станала голема девојка .
Зашто толку сите околу темата "долго очекувано дете" Побарав мислење и совети околу градинка, кога е најдобро да се почне, дали и на што да обрнам најмногу внимание во изборот и аплицирањето... Не потценив никого ниту имав намера за останатите. Верувам дека сите си ги сакаме децата безусловно без разлика дали е едно или повеќе. Never mind благодарам на тие што ми дадовте некоја информација
На темава тука, барем ние што пишуваме почесто, ако не читаш ќе знаеш дека никогаш не користиме нешто за да правиме хајка или да навредиме. Јас се извинувам ако така си се осетила, ама може треба да го погледнеш целово од друг агол. И мене ме советувале овде и ако не беше групава лани зимото па додуша и цела година, ќе морав стручна помош да си барам. Јас па се осетив лошо леле две кафиња пред 12. Кај среќа Ена ја видов, ух ок е. Сега јас со кромидите завршив, се надевам ќе нема до после пожелби други такви. Па јас сум на ред да заличам на човек и така заличена да одам да фрлам ѓубре . Какво е тмурно кај мене, депресија ми е времето. После ѕверот дома да донесам, оти мене ми е ладно на шпилплац да излезам. И друго леле ама стварно леле каде со вака распрдениве деца ќе одиме. Сега иде периодот на поклони за Божиќ, насекаде еуфорија. Еве на ако не им поклонам по едно блокче и пенкалце. Вчера кај снаами, му се скинало ремче на саатот, читај го скинал и нов исти таков доби. Епа не. Мислам сериозно треба да одолееме на предизвикот да не донесеме секакво ѓубре дома, шо ќе видат дека се продава. Ќе научат ки нашите деца да ценат поклони и ствари, ако продолжиме вака? Или јас сум баба рога и јадно дете. Кое за моја одбрана, секогаш најадено е и топло облечено е. Ама за многу други нешта, нема.
Скроз си во право @јolene за ова со играчкиве. За жал, јас прекасно го сфатив и сега се бориме со големиот дека не баш секое излегување од дома мора да се купи нешто. Премногу, ама баш премногу играчки има, вистина е дека ги чува многу и нема скршено ништо и им се радува, ама што е многу, многу е. Веќе не купуваме како порано, додуша не ни памтам од кога не сме купиле, ама влегувањето во продавница каде што ќе му фати нешто око, знае да биде хорор. Со малово па друга крајност - малтене ништо не сме му купиле Земав една аудиокнига што ми ја препорача психологот - Меине Гренце ист деин Халт, па ќе учам и ќе се поправам, што ми останува друго Тмурно и кај мене. Магловито и тмурно и ладно цел ден, ама уште не сум облекла јакна годинава Од крајност до крајност одам јас, до пред неколку години бев екстремно зимурлува, сега без јакна на утрински 0 степени Парно пуштивме завчера дури и тоа мајка ми ме напна дека сме биле со бебе, како така, без парно сеуште Утрово со малово и со колешка што исто е на породилно бевме на доручек, убаво се видовме, убав муабет си направивме, нафрлан, од една тема - на друга, па на пола ќе се укочиме дека сме заборавиле што сме сакале да кажеме и така Чекам да се приберат маж од работа и дете од градинка и да правиме со дете буттер кекси Убав викенд
Далеку од баба рога, и јас постапувам потполно исто, ја учам на други вредности, настојувам повеќе нешто сами да сработиме, да научи нешто, отколку само да се купува неконтролирано.
Дечки меѓу вас мислам дека нема такви случаи, ама можеби некоја од вас сепак може да ми помогне. Малку сум збркана со целата бирократија и разделба со дете, кога се контактира југендамт, промена на класа…Знам се што треба да правам ама не знам од каде да почнам и како да почнам. И ептен ретко пишувам оти таков период ми е. Апропо привикнување во градинка, имав родителско одсуство нецели 2 години, ќерка ми крена на година ипол во градинка. Се прилагоди отприлика за два месеца. Во градинка крена таму каде што најбрзо ја примија. Во крипе беа повеќе германчиња, е после во градинка е кунтербунт. Според мене нема потреба од толку многу инвестирање на мисли и енергија при избор на градинка. И вака и така може да ти се погоди и да не ти се погоди. Времето кај нас сончево беше, денес пак се смршти. Оваа година за латерне лауф изгледа ќе имаме среќа па нема да ни врне, лани се истури.
Ти маци имаш ли адвокат овде? Да не се заборавиш во процесот да си премногу коректна. Стај се на прво место ти, а после и дека дете имаш за гледање. Да си бараш се што те следува, оти години се после во прашање кај што ти ќе го носиш подебелиот крај. За вакви нешта не знам, ама знам дека на времето кога барав за мене некои советувања, имаше на каритас нудат и правна помош советувалиште, баш за жени кои се разделуваат . Не само и кај каритас, туку и кај ЕVA. Можеше и телефонски, а можеше и лично. Се јавуваш и си правиш термин. Пробај, секако ништо не губиш. Они ти објаснуваат после што се те следува евентуално од дополнителна помош.
Јас сакав да кажам дека тука сфатив зошто немаме пари во Македонија. Додека најдов време да пишам заборавив се. На пример, кога собираме пари за пензионирање или бебе, секој дава колку што сака, може, има. Додека сум била Мк се договарале “помоќните” на пример по 800 денари за учителка пример. За некој 100 денари се проблем, за некој 800 не се. Значи под итно да се смени тоа и секој да дава колку што може. Или ако некој родител не е во можност, и тоа дете заслужува да биде напишано на честитката. Тука само ауслендери носат марка облека. Германциве некако не им е битна облеката. А кај нас некако статусот ти е според облеката. Тука се ценат луѓето по бесплатните нешта: почит, љубезност… Тука се работи, во Мк не. Затоа и тука се рилсовите со празни кафичи, ама таму мора да се седне во кафич и кафана. Тука се пазарува во маркет и се готви. Па и кафе машина со рачка се има дома. Дека се исплати на долгорочно нели. Имам колега и колешки Германци, што по наши стандарди штедат нели, ама по нивни секој одмор се во различна држава па и континент. Не објаснив убаво ама ќе ми ја сфатите поенатата. Дека и во Мк би се имало повеќе пари од што се има, општо. Еве од ајфонот 15ка да почнеме на пример. Не знам до кој број е стигнат ама едноставно не мораш да го имаш најновиот, не е до тоа во животот…
@gjoker4e на сите нас не ни прават ќееф исти работи. Некој ужива во брендирана гардероба, друг во скапи телефони или коли, трет во патувања. Колку ти е долга чергата толку треба да си ги пуштиш нозете во право си ама на тројца различни луѓе еве 500 евра да имаат на страна сите тројца на различни работи ќе ги истрошат. А за гермаците дека не им е битна марката не си во право. На работа кај мене носат патики он клауд, шефовите носат скапи костуми. Имав колега што се му беше скоро Томи Хилфигер и носеше часовници ужасно скапи. И јас во последно време гледам да купам нешто што подолго ќе ми трае. Квалитет пред квантитет. И многу ми е важно од што материјал се изработени парчињата облека пример претпочитам волна, памук. Не сакам да сум подвижна реклама ама сакам едноставни и квалитетни работи. @јolene добро е што не сум ти другарка во "реалниот" живот. Јас сум таа што ги разлигавува сите деца и купува многу поклони. Многу истражувам и купувам специјално за интересите на детето поклон и задолжително чоколадо.
Леле па и чоколадо. Ајај ај. Малата вчера читаме книги, гледа дете јаде чоколадо и вели мама какана му е устичката на детето. Ете толку видела чоколади. Јас сум од тие па што не носат чоколадо, носам на лето овошје. Зимо или нешто домашно печено без шеќери, или некои намази со урми и јатки на пр или таан со какао. Јатки, динкел кекси и сл. Абе да посакаш да сум ти другарка. Чоколадо не не не. За облеката се согласувам со тебе. И јас ги гледам од околу дојчовци. Сите се со скапа облека. И тоа многу скапа. За материјали и квалитет пред квалитет сум и јас. Затоа лани лето имав само еден пар ленени и ао нив бев насекаде . За на плажа купувам и ефтино оти ми е жал да се упропасти памук и лен од сол, хлор и песок. Ама за зимо саглам сакам. И има разлика волнен џемпер пред 5 г од Марк о поло уште се носи и не е растргнат, овие од брзите се целите развлечени. Ретко да се погоди. За јакни и чевли сум си зависник. Премногу имам. Ама си лечам комплекси веројатно што како дете сум немала. Ташни кажав вкупно 4 се, не се марки звучни ама се кожени. Доста ми се. И онака сум со ранец оти сто пати пресоблекувам на излегување. А сега нели сингле веек. Само нешто се нарачува. Пазарам од оутлет и често се начекува убаво парче за пристапна цена. Не знам дали имате членство на бест сикрет. Од заландо лоунге откако ми кажа Лаванда, што мн ми фали инаку, на детето обувки од таму па и за мене куп нарачав.
Ритер спорт со нугат! Омилено чоколадо ми е или линдт со крема од ф'стци. Да бев во Македонија и смоки ќе носев. Си мислев зошто кај нас нема алергија на кикирики и сигурно е заради смоките што ги јадат децата. Што е тоа бест сикрет? please tell me more. Јас имам една голема чанта, еден ранец и неколку мали ташнички. Од чевли носам само патики и имам солидна колекција. Бидете сега другарки и кажете совет за количка каква да купам Buggy или Sportwagen. Битно ми е да е комотна и стабилна за бебе, да има Liegefunktion, да се управува лесно и да не е претешка.
Здраво, колку чини приватен основен преглед кај педијатар ? И воедно за крвна слика ме интересира, треба да му провериме железо и хемоглобин на бебуш а немаме здравствено оти сме туристички тука кај таткото, тој е со работна виза, фала однапред и бидете поздравени