Колкаво е бебето сега? Баги нашата ја убивме од користење. Ама ја убивме. Има се спушта за лежење и лесна е. Се склопува. Јоие некоја беше, која точно ќе побарам после да ти пратам. Дури малата ко ми ја исповрати еднаш, се вадат навлаки и се перат. За пари-квслитет мислам нема по ок. И се спушта и настрешница чисто до доле, скроз за лето практично. Јас екстра само за дожд купив една помала од дм фолија, оти оваа многу ми зафаќа место. А да и тоа па колку со неа имам пренесено намирници, број нема. По автобуси трескање, по возови у гепек на секој можен терен тестирана. Сакав јас со луфт тркала, ама на таа не и се дигаше рачката. А кај нас маж ми е висок и тоа ни беше многу битно. Ама ок е. Стварно добра одлука донесовме што ја зедовме. Лиманго или луманго ли беше? Некој нарачува ли од таму. Гледам некогаш се рекламира, ама не сум зачленета.
Овде не се прави крвна слика на бебиња и деца оти така мајката сака. Тоа е нешто на што мораш да се навикнеш. Приватен преглед не знам колку чини, ама ако одлучите да останете, оти јас мислев се селите со престој овде, мораш да најдеш педијатар за да се вакцинира понатаму бебе, оти не се по истиот календар. Бебе има задолжителни у-прегледи и ако не е болно, не се носи на праглед за да не си донесе некој вирус од кај доктор. Сакам да кажам, се што си навикната у мк заборави и ајо останувате овде, и начин на мислење мораш да смениш . Мраз надвор. Се убедуваме за јакни. Јас смрзнав она скока. Да идеме да купиме што треба и на дома. Секако бе не ме ни погледува кога е татко и тука. @Katie90 https://www.babyone.de/sportwagen/j...mmended_code=b1f8f2fe2cb7cba6ff314838348eab38 оваа ја имаме.
Ми треба совет од вас. Како да нарачам лекарства/лепенки од Германија. Дали има превозници по кои може да нарачам? Вакви ми требаат. HustenBrustWickel Thymian. Мислев да ги нарачам да стигнат во Бугарија, ама ми бара телефонски број и малко се збуни. Било каква информација ми е добредојдена. Инаку јас сум во Македонија. И скоро сите што ги знам кои се во Германија, не планираат во скоро да си доаѓаат.
На фб зачлени се на македонци во Германија и прашај. Може ќе има некои кој ќе си оди наскоро и ќе ти направи услуга да ти донесе. Таму се рекламираат и превозници исто, па ќе си најдеш контакт. Инаку составот го видов, пчелин восок, мајчина душичка и маслиново масло. Најбитно од се да биде покриено со волнено крпче. Сакав да речам, Бабин лек што дома можеш сама да го направиш. Пчелите восок имаш насекаде, побарај од некој пчелар, некое масло од мајлина душичка измешајте заедно и млако на крпа ставајте. Јас се сеќавам како дете ми ставаа такви работи. И многу се бунев за елечињата волнени, ама еве сега кога јас сум на таа страна, нарачав волнено елече да се сплете. И море и свинска маст да ми донесат. Сите бабини лекови почнав да ги барам, оти гледам дека стварно помагале, а сега индустријата нашла начин и дебело да си ги наплати, па да ни го продава под био, еко, шо ти знам кој веќе не назив. Да кажам оти полнети пиперки ќе се јадат. Веројатно пола недела . Само да видам ќе ги погодам ли, нешто многу месо, малку пиперки беа. Пола у тава така отиде. Со тие размерите со вода, ако утнав, ама ај. Шо има друго да прашате, оти многу ми е досадно денес, се гледа. На маж му кажав дека уствари требаше да си идеме сабајле до моренцето. За 6 саати ако тргнеме у 5, ќе јадевме на сонце сега. Абе и дома да не сум ви.
Јас немам да прашам, дојдов да се пофалам- најдов пиперки свежи турски, сами се лупат испечени, нема да се разведам. Нормално, мм е тој што ги бара пиперките, за мене прасе ако може Сдк купувајте турски пиперки
Кога сме кај пиперките да кажам дека во Лидл ајварот хрватски многу вкусен. Толку е вкусен што и големата изеде 1 бротчен со ајвар и сиренце.Конечно имаме права македонка дома.Никогаш до сега нема јадрно ајвар.
Тука бебиња не сакаат да боцкаат. Имаше ли бебето проблем со железото па сакате да проверите? Од 20 до преку 100 евра може да ве чини зависи што ќе се прави и каков е ценовникот на праксата. Јавете се и прашајте дали можат по ваша желба да и земат крв и ако може колку ќе ве чини тоа. Другото Џолин ти кажа.
Ја да кажам оти пиперките супер. Од лидл имаше црвени едни долги. Е ама нели многу месо беше, ставив и две паприки ко што ме учевте. Супер. Немаше разлика некоја огромна меѓу едните и другите. Така што данке на умот, сега и ние почесто ќе ги правиме. Абе зимо, на пример вака ни се јаде. Сега цукини со ништо не ми оди. Билка ќе стави секако на балкон зелки, може и да ми прати за сарма .
Оообавезно зелка на балкон, ко ќе роди врбата грозје . Или ко ќе си купам лозје Чекаме да не мавне четвртата индустриска револуција, па да видиме на кај ќе фатиме. Можда накај Њујорк, таму комунисти дошле на власт
Затоа прашав на приватно, примаме терапија за хемоглобин па мора на месец да проверуваме. Инаку за навикнување немаме гајле, не ни е прв пат ама сепак фала на добронамерните совети
Имаше низок хемоглобин и прима терапија, е сега не баш низок ама и матичната и приватно во плодност ми рекоја мора суплементи, додека на здраво докторката рече тоа е нормален пад на хемоглобин кој се случува кај бебињата на таа возраст. Само железо и тие феритин хемоглобин треба да провериме.
Советите повеќе ми беа за навикнување на здравствениот систем овде. Ама тоа веројатно мора прво да се искуси, па после другото . Особено по преселба се забележува, мислам од моето искуство си кажувам де. Точна цена и дали може или не може нема да може никој да ти каже, од сама причина што не постои како кај нас, сакам на приватно и еве одма. Мислам постои, ама подруго иде. За деца обично се се покрива од фондот, ама амин мора од доктор. Ама вие немате осигурување овде. За приватно секој доктор и секоја лабораторија си има своја тарифа. Ама за крвна земање и лабор не би требало да е поскапо од 60 евра. За докторот ум да даде колку ќе чини зависи од колку ќе се задржите и што звање доктор има. Дали е обичен или некој специјалист, што и обичен преглед кога ќе направи има поголема тарифа нормално. Ама мислам од прилика 200 евра им е саат. Сега зависи колку ќе се задржи со вас. Може и 15м, може и 5м а може и пола саат. Е сега оти вие секако тука немате осигурување, може прави и повеќе смисла да се јавите дирекно во пракса која работи само со пациенти со приватно осигурување. Овие што работат со касите за задолжително, секако се пребукирани и ако не си им пациент, не знам дали воопшто ќе ве примаат. Пробајте, па после кажете како сте поминале.
АИ индустриска капитулација. Ставај тубите, секаде се видело веќе. Био мед купувам, нели оти ми го собраа на аеродром, шверцер Џолин. Епа потекло Еу, Бразил и Украина. Био и Украина едно до едно. Мрш лажомани некои. Веќе ни во дуќан не ви стапнувам. Така и демократија у Њујорк ќе видат и даноци ќе сменат и розово ќе биде. И работно време од 6 саати ќе им стават. Се ќе биде. Седи си кај си. Арно ти е.
Мислам дека одамна не сум пишала Свадбата беше прекрасна, весела невеста бев После тоа пак бевме во октомври во Мк, бидејќу заковни бевме на друга свадба. нејсе, откако ми дојдоа едни гости толку нервоза ми иде и само се карам. Вчера со маж се испокаравме и стварно увидов дека не ми е ок. После тоа ми се поремети и циклус и хормони. Сета ситуација и се ми влијае и искрено не сум ок со паметов (браво за мене) Како у некоја депресија сум си западната, плус влијае и што немаме друштво тука за дружење па работа дома само ми е релација. Не зборам за секојдневно дружење ама еднаш два пати едно кафе да испиеш за разонода колку да не мислим на другото. Моментално ми иде да избегам од работа и нс некое место да се изнавикам и изнаплачем. Мислам дека е време за психолог Осеќам дека ми треба, се осеќам ич неубаво во сопствена кожа. Постов каша попара, ама тоа е. Едвај чекам дома да идем, да се истуширам и да се испружим.
Јас само да кажам дека од вчера почнавме парно да пуштаме. Смрзнав. Симпатијата на одмор три недели, јас тажна, и така.
И ние. Може и повеќе, не знам. Ама од минатата недела беше три-четири дена со температура надвор од макс 4 степени. Џоки остај ја, она којзнае кај живее. Дури мислам некогаш не е ни овде, само така не зеза. Или па толку многу и е топло во душата што ни греење не и треба . Ти предходно со твојот пост ме потсети на едно време пред 4-5 години. Страшен еден период низ кој минував, мислам и ден денеска кога се потсетувам, сама себе си се жалам. Ќе помине. Се ќе помине. Само издржи. Ако некогаш ти се збори, можеш слободно да ми пишаш порака.
Здраво на сите, Малечкото ми е 23 месеци, и треба да прими 2 доза ММР + Варичела ( ист ден, 2 различни боцкања) бидејќи ќе започне во градинка од Нова година. Дали некој од вас има искуство, дали ги упишуваат во случај да мора да ја одложиме , заради настинка, разболување итн? Благодарам однапред
Едно боцкање мислам е. Па и да се две, не е ништо страшно. Ставај и пуштај дете во градинка. Мојата одеше веќе и за втора доза прашаа, инаку немаше да смее повеќе додека не се вакцинира. Од што беше постојано болна, буквално на последен ден вакциниравме. Пишував и овде. Ако е здраво дете искористи моментот и вакцинирај додекане тргнало се уште и не останува по цел ден. После потешко ќе биде, вака ќе имаш малку време да се опорави од вакцината барем. Секако од 15м веќе може втора доза.
Ти благодарам на одговорот. А колку време пред и потоа го чуваш настрана од паркови, игралишта , изолиран да не е во преголем контакт со деца за да не се разболи? Тука претпоставувам не смее ни нос да тече ама веројатно докторот што ќе го вакцинира, ќе го прегледа пред да го боцне..