Си продолжуваш со животот како ништо да не се случило. Го вакцинираш и утредента оди во градинка. И настинат може да се вакцинира, секако со твоја согласност. Педијатарот ќе процени од око. Јас сум одела на педијатар дека болни па ме прашувале дали воедно и онака сме тука вакцина да стават ама кажував дека не. Јако ти беше ова дека можеби не сум ни тука. @јolene И јас понекогаш се прашувам вие каде живеете со 1000 евра кирија за двособен стан и храна за градинка 220 евра.
Секој ден се спремам да пишам и се нешто испаѓа. Арни ? Јас од работа се вратил , сега време за одмор . Децава полека почнаа да враќаат тестови . Математика 3 , сум презадоволна со оглед на тоа што го пишуваат тестов втор пат . Јас искрено ништо не разбрав што треба да се реши . Не сум веќе во тек со тоа што учат . Да треба јас да го решавам тестов , нема да знам ништо.
Пфф 1000 евра Џоки . Да најдам за толку ич не се бунам. 2000 за две спални, фактички трособен. 220 за јадење. 400 на рамно со бетројунг. Сакаа изгледа да заокружат па немаа како. Ај да читам додека не не изненадиле со уште некоја сметка плус. НЕ чувам. Доктор го прегледува и ако нема воспаление се вакцинира. Еднаш ко бевме на некој у-преглед имаше секрет од нос темен и не сакаше да вакцинира тогаш, а имаше вакцина за примање, ја одложи. ПО вакцина одма на градинка. Ако е здраво, јави се и оди. Така направивме ние, едвај здрава се јавив од денес за утре термин беше.
Јас ќе ти го преведам и решам вечер ако сакаш. Ова за поголемите некои нели? Сега ѕверот ме малтретира да гледала слики .
Фала ти на помошта , ова е веќе решен тест . Темава е сватена, го врати со 3ка. Задоволна сум што не е полоша оценка . Ќе треба да вежба да ја совлада темава целосно .. Незнам како е во другите школи , она е 8мо одделение гимназија . Ама математиката е претешка веќе за мене , зашто не сум во тек што учи. Да учам напоредно со нејзе ќе знам , ама оди на дополнителни часови, учи со професори или студенти. Друго што ме направи горда е дека ме земала за позитивен пример на тестот по религија .
Кажете ми, кога се гледа стан да се купи, што треба да се внимава точно кај Instandhaltungsrücklage, знам дека треба да се внимава да не е малку, ама што значи малку? Дали може од Хаусвервалтунг да се извади моменталната состојба на тој фонд што го има зградата, да се знае баш во тој момент колку има сеуште пари. Сопственикот ми дава состојба од 30.11.24, вика дека таа му е последна позната состојба и износот е околу 37.000€. Во меѓувреме годинава фасадата на зградата е скроз обновена и претпоставувам дека доста пари се потрошени за тоа. Инаку Хаусгелдот што се плаќаат месечно не се воопшто многу моментално, ама тоа не значи дека нема да се покачат. Ај помогнете ми како да се снајдам со ова.
Мислам дека може. Не само дека може, туку нели и мора. Оти ако не ви достават се, после можеш да тужиш..само оти тие главоболки на прво место де. Може да прашате исто за фасадата дали е на кредит или веќе имале пари соберено. Други проекти дали планираат за куќата? Парно или покрив? Какво е парното, дали наскоро ќе мора да се менува. Ние еднаш што бевме да гледаме, агентот после дома ни прати цела документација. Процеси што се суделе со изведувач, дека некогаш имало мувла во едната соба, репарација на лифт сите сметки за куќата. Така да мислам дела мора да ви достави.
Тој ни прати се од Вервалтунг, ама документите се од април 25. И таму пишува дека се прави Абрехнунг за временски период од 1.12 до 30.11 следната година и после тоа наредна година се дава пак пресметка. Наводно се јавил вчера во Хаусвервалтунг, мора да се почека до после НГ за да се направат нови пресметки и да се знае колку е буџетот и дали ќе има промена на Хаусгелд. Последната позната состојба на буџетот е како што пишав горе, заклучно со 30.11.24 - 37 000€ Работава е што нема Маклер, приватен го продава станот и ние даваме се од себе да не ни избега нешто, ама скроз сме во грч, дали ќе утнеме нешто. Мене ме интересира дали може баш моменталната состојба на буџетот да се провери, не последната позната, него баш во моментот како стојат работите. Продавачот тврди дека за тоа треба да се почека, за да се направи точен Абрехнунг на крајот од годината.
Не знам Марге што да кажам. Може и треба да се почека, ама еве кај е крајот година. Мислам дека кој и да сака да го купи станот, ќе сака прво да се види каква е мометалната состојба. Дури мислам дека и во договорот се запишува. Нема ли некој кој прави бератунг за купување имот, па да се посветувате како да правите. Ова да е битно, оти би можело нели и дупло да се зголемат трошоците.
Морген женски . Да почастам ,14 годишница славиме од брак . Времето лета Нас изгледа не фаќа некој вирус , сите омалаксани , со гадење (без повраќање) и главоболки Бабата и она слави роденден, 91 . Ќе и го оставам мали на чување , ќерка и ќе биде таму па нека се занимаваат со него. Градинката е затворена , имаат некој педагошки ден . Уште еден има другата недела ама ќе земам слободен ден. Се мислам да земам два дена малку да одморам. Ние како набрзинка се решивме да ја превземеме куќава од стариве , тоа беше хаос . Бабата реши да се раздели од дедово , си отиде под кирија , нас не ставија во ситуација да се решиме одма да ја купиме куќава . Јас 7 месец трудна, прваче , кое моравме да го префрлиме во друго школо , големата 3то одделени . Корона , чуда. Хаос . Во неделата бевме во градот , беше некој маркт. И случајно сретнав една комшика од старото живеалиште. Се срозив, жената ги загубила двете нозе . Следната во количка , буквално пола човек . Уште не ми се верува што се може да биде .. Катастрофа. Ви посакувам убав ден .. за мене ќе биде долг
Може ли некој да го објасни процесот на купување куќа/стан од добивање кредит до купување? Ете во банката на што да се внимава … Што е битно да се знае …
Па и кога си сопственик може дупло да се зголемат трошоците, не дека имаш неограничена контрола во што и како се инвестира. Им текнало на соседните влезови, фарбаат фасада. Нашиве се некои циции, немало пари за фасада пошто внатрешни цефки се менувале пред некое време. А ќерка ми пример, тажна, оти нашиот влез неисфарбан. Трошоците главно отидоа во вис ради централни економски заеби, гасот, струјата...сега со измишљотините од зелена економија, којзнае што ќе не стрефи...ама секако ќе си го плаќаш тоа, и ако е твој станот и ако е изнајмен, што знам
Може бе Билко, не викам не. Ама ете од принцип сакам да знам дали од 200 ќе ми ги качат на 500 или од 400 на 800. Марге ама исто ако само тоа ви е мака, а се друго ви се свиѓа и имате добаро чуство, додека закажете за кредит и ви одобрат и додека најдете термин кај нотар, се секако неколку недели. И тоа во предвид земете го. Мене не ми се излегува надвор. Некое такво чуство да сакаш дома да си седиш. И сега и ветив грозје и бреце на малата, и морам надвор. А сабајлево после не знам колку години си пуштив тв додека пеглав. И сега од пиџами не ми се соблекува . Да допијам кафе и да се движам.
Спојлер Некој вака ми пишал на фб? Не знам што да мислам? Одма главата ме заболе и ми се слоши. Идеја? Го немам за пријател. Можеби сте слушнале за друг ваков случај или имате некоја идеја? Или што да правам?
Блокирав и пријавив и по 40тина минути ми стигна изведување од фб дека или ќе добие Verwarnung ваљда пишуваше или ќе го отстранат профилот од фб.
Морген . Уште два дена и викенд Вчера бев по таблети за тироидната, наместо тоа завршив со вадење крв и проверка на хормоните и плус витамин д. Денес ќе одам по таблети Сите по дома , со исклучок на некои , се болни . Кој кашла .. Вчера ми беше емоционален ден , си поплакав , заспав уморна ама денес е нов ден . Човек учи секој нов ден .
Резултатите земени . Тироидната океј , да продолжам со 125 тироксин . Витамин Д. 6. Од 30 до 100 е нормално , ова моево најниско . Па да земам суплементи. 2000 ка витамин Д и К2. Во аптека ми рекоа и цела зима да пијам , нема да биде подобро , тоест во нормала . Треба редовно секој ден во годината да пијам . ај може догодина ќе биде поарно и нема да бидам уморна .. како до сега секој ден