Санела не читав точно што се случило ама ќе ти кажам дека во животот е многу важно да поставиш граници. Пиши и дека решавањето на проблемите во градинката е работа на персоналот во градинката не на мајките. Дека твоето дете се извинило и дека за тебе и за градинката таа работа е завршена и дека нема што да се дискутира повеќе на таа тема. И пиши и дека сметаш дека нејзините пораки се многу belastend за тебе и дека ја замолуваш да не ти пишува веќе пораки. Ако има нешто во иднина што треба да се решава дека преферираш преку градинката да оди тоа. И пиши и на крај однапред благодарам за разбирањето.
Па нормално ќе бидеш уморна со тапа витамин де, оти не си објаснила порано во 40ка, се ќе ти кажевме. За хашимото, ко и за други автоимуни, се знае- големи дози витамин Де постојано, пошто постојано ,,болеста,, го јаде. Ништо страшно, се надополнува, ќе си земаш стално Де и тоа е. Лек нема, има протоколи, што да избегнуваш, што да дополнуваш, такви работи. Ѕирни во темата тироидна ако не. За мајки од други деца, не коментирам. Има една будала, што и е мајка на најдобра другарка на мојава. Пошто не можеш да ја научиш свињата да свири клавир-игнорирам.
Некој од тие што си переше крпче од роборок, другарка има, им свети дома. Дури љубоморна сум. Кај мене нема услови моментално инаку и јас ќе купев. Гледаш дека тука кај нас не е лошо? . Ја ногата изгледа од еден проблем, сега друг направив. Сега понеделник дирекно ортопед да барам ќе да е. Морам ли прво на матичен сега за ова по упат? Маката малку така ко неарна. До пола прочитав, писле се изморив веќе. Сирото дете, со сите ќе го искара и на крај само ќе си остане. Нема да може да си најде друштво во животот оти се некој ќе е крив. Колку тешко ова родителството, секое наше едно дејствување остава последица врз нив. Мене многу ми е страв што комплекси ќе и напијам.. Ама и каков ѕвер чувам, тоа едно нешто е. Сто пати реков, за секое дете што сум рекла палаво и гласно и не воспитано дека е, од глава се ми се удри. Секој ден зборам и повторувам и повторувам. На крај од денот сум исцрпена и физички и психички и пак имам бегање колку што ја држат нозете или возење балансер со брзина на светлината, а јас трчам и велам стоп стоп стоп. Е мајке ми ќе земам да ја натепам веќе, оти не слуша и не слуша. Ко ќе речам стоп, тоа како нитро сила да додава. Само еден пример. Не книги покажување, не деца други, не објаснување правила од дома. Абе ајт. Со толку интеракции со деца не сум стигнала, оти не им е типично така заедно играње се уште, ама за граници тестирање, некогаш ми се плаче..
Морген. Вчера мислам најтежок ден ми беше . Што сум згрчена од стрес , се стрес и Хашимото најголеми непријатели. @Biljarkata на почетокот кога дознав за дијагнозата читав пустев, што е добро што не . Ајде ќе пијам витамини , да , К2 слично . Ќе отидам на лекар ќе разговарам . Вчера легнав , спиев , па легнав рано . Во 20 часот се одјавив од домашните . Па ме фати страв дека главата неможам да ја држам на рамена , ми се вртеше . Анксиозност, страв упм. Сакав само да се разбудам како старата јас . Се препотов сто пати . @ALISA0000 целосно ја разбирам , мала е линијата да не бутне нешто и да не функционираме . Живот упм. Вчера ми стаса термомиксот, го наместив, прочепкав и го треснав . Немав волја за ништо . а баш е убав. Сега рецепти да барам и ручек да спремам . Мм роденден слави ,41 година слави . Прославата се премести за две недели. Со синко заедно , па и братму ќе славел со нив заедно . И тоа ме изнервира. Пак кај нас ќе се собира цела фамилија. Ама си мислам ако ми дојде многу , може да одам во соба да си прилегнам .
@MacenceEna Ова што пишуваш исто како мене да ме опишуваш ама јас имав морбус базедов, а не хашимото. Дали имам сеуште актуелно не знам. Ориентација немам дали требаше крвна слика пред 6 или +- месеци ама сеуште ме мрзи да се јавам за термин. Два вечери по ред легнувам во 18:00. Како телефон сум. Снемам батерија и крај ми е, морам на полнач. Исто главата ми се врти и здебелена сум. Сега веќе не потиснувам емоции туку кажувам се што имам па дури и повеќе од тоа, па немој да ми е сменета и дијагнозата? Читајќи те испив вчера и јас витамин 3 2000 и к2, и купив шумливи таблети мултивитамин и една таблета железо испив. Само уште да не заборавам да продолжам да пијам… Понекогаш посакувам да имам 20 години и да се опијанам и ништо да не ми биде. А не на 30 не можам ни голтка алкохол. 14ти декември ни е божичната прослава. Што ќе носам знам уште од пред неколку месеци. Овој пат нема да бидам непристојна. Дури и џемпер ќе имам. @јolene Тоа е вистина за децата, се што имам кажано за деца, ми се има вратено. И дури тогаш сфаќаш што како и зошто! Јас и ден денес знам да искоментирам нешто, на пример дека мајките не се нормални што им купуваат лабубу на децата, и се е тоа реклама и направено за пари, а јас силната и не под легнувам на такви нешта, и еве ме со 4 лабубу дома.
Викаш хашимотото си играе со нас и на психичка база? Јас сум за ќотек 10 год сигурно ми е дијагнозата а тек од пре 2 недели земам вит д 4000единици Не ми е ни испитан знам,крива сум Чекам термин за контрола на тироидна, пред термин ке направам крвна слика со свашта шо може да се изпита
Па секако дека со намалена функција на тироидната, Хашимото .. се појавува и умор, депресивно расположение, намалена концентрација. И за ова ни еден лекар не збори , нив само вредностите од крвта им се битни, ако они сметаат дека се во ред тогаш е во ред , а тоа што ти ко замаена со по цел ден , не е страшно . Нема квалитетно живеење , само преживување
Јас се ова препишував на анксиозноста ама сеа коа вракам филм уназад анксот го осетив и приметив наскоро штом се сретнав со хипо И замисли 5 години ме држеа без терапија со високо тсх тек на 6тата ми дадија еурирокс
Треба сами да се лечиме . Сами да си бараме чаре . А ти имаш намалена или зголемена функција на тироидната?
Исто значи . Ела да се гушнеме Се реши ли за робот ? Сега ќе има попусти , може да се најде некој асален се ефтин. Мм сабајле порача за 280 евра еден за горниот спрат , со џоѓер функција како овој долниот робот . Од ecovacs.
За 7ката сум на роборок ама од данска или шведска Редовна цена му е 370е со база сеа за фрајдејот баш ке видам дали ке го намалат Секако го земам
Ова не спиење толку лошо ми влијае, толку ме исцрпува како во пмс се осеќам , барем да ми дојде може полесно ќе ми биде. Заби ли се , регресија ли е скок ли е што и да е само да помине. Едвај чекам да помине овој бебешки период. Од каде се купува Николаус чизма за во Градинка ни бараат?
Што се мислиш? Психопатско створење. Направи скриншот и оди веднаш во полиција да го пријавишИ да не му се плашиш! За да посакуваш смрт на некој треба да имаш сериозна дијагноза! Не е болест се што боли.
Тебе уште едно ли ти се погоди што не спие? Гушки и мантрај дека таму писле 4 год ќе се наспиеш. И мене ми е бебешки период понапорно бил во споредба од кога ќе се очовечат. Ни знае да си каже што му е, ни можеш да му погодиш. Вака бар може да каже ми се јаде, сакам надвор, неќам надвор, жедно сум- не сум. Јас лани прва година и обичен чорап со божиќен мотив однесов. Ако се тие црвените од филц претпоставувам за такви треба, мислам во нану-нана гледав некна ко поминав. Ама напрај еден круг ако има кај вас некој трговски, може и ќе најдеш. Ако не на Амазон сигурно има. Среќен роденден @SanelaS. Само убавини .
Утро ... Недела ден са одмор јас будна уште од 3 часот. Неможам да спијам последните неколку дена од премногу замор и легнувам кај 20часот и секој ден во 5 сабајле се будам. Ме нема долго време на темата таман земам да пишувам, малите направат некоја беља и оп заборавам да допишам ... последен пат од полнетите пиперки без започнала да пишувам и толку. Ние пиперки зимаме од турскиот макет има мали зеленки по 6 внатре мн ми се вкусни. Друго незнам иапуштив многу работи не сум во тек . Сите рондени принови што не ви ги честитав нека ви биде се само за убаво на сите и кај секого. Она со пораката од психо мајката за дете ако се расправа така незнам недај боже што ќе биде ако е нешто поголемо. Живи глупсти изигнорирај гу. Ние почнавме да сме глави по паркчињата кај нас малите едно искачање дома само таму не водат пред некоја недела случајно ние бевме запознавме други близнаци околу 3 г . Македонци од струмица па мами ако си тука јави се . Во лп да си пишеме . Заборавив не си разменивме контакти. Во нашево градче се повеќе и повеќе сретнувам македонци. Порано не сега да знам неколку фамилии дека се македонци но кога дојдеш во близина почнуваат да глуам.германци и не зборуваат. Како се справувате со вакви особи? Јас пример ако некој е од балкан слободно си зборам македонски ич не ми е проблем. Пред некој ден исто мајки две зборат германски а во меѓуврееме и ние таму бевме и ја слушам мајката на децата збори бугарски. И таа со близнаци големи девојчиња 3г. Почнавме тема и јас во сред муабет и велам дека доаѓаме од македонија таа ко почна со мене бугарски српски меша и таа другара мајка португалка вика јас не ве разбирам ништо па моравме на германски ради неа. Има ли некој пубертет на 9/10години малиот нешто го дрма на најјако е нит се тера нити се води. се нешто е неправеден не му е погодено. Живци немам веќе за него. А тек допрва што малите мајмунки секаде се качуваат оф оф . Туку ни се појави влага во спална и со комшиката откривме дека кровот е оштетен таа виде од нејзиниот балкон е до нашата спална и сега како оди процедурата?
Да и ова е неспијач. Кога ќе ми кажат ние скок не осетивме уф им завидувам. Ова моите до 3 години регерсии , скокови. Инаку и мене со неа ми беше бебешкиот период најтежок. Секако дека секој период си е тежок на свој начин. Но овој ми е најдепресивен. За чизма ке проверам утре.