Леле ова како мм.На 31.10 ние имавме фајартаг, ама он немаше.Како ти фајартаг , а ние на градинка и работа,големата беше на распуст, на шега му реков па земи си одмор и еве го ни две ни три ми се нацрта дома.Така само малото во градинка беше ради хеловин и другите дома.Па кога запна да ме шеташ јас за џабе не земав одмор. А јас си замислував време за мене со шампањ во када (иако ни шампањ пијам ни во када лежам).Ама замисла која секако пропадна.
@Ava.84 и мојата замисла пропадна . Еден ден барем да сум сама дома Гледам на Инстаграм едно видео за mental load кај жените , и одма ми текна на една случка од пред една недела . Беше Laternenumzug требаше мм да оди со детево . Јас на работа од 16 ч. Во 16 и 05 ми вртел, да ме праша кај стоеле шалот и капата. Од после видов и му се јавив да го прашам дали е нормален со прашањата. Па јас сум знаела кај стојат , он да не ги барал . На маса оставени Matschhose да ги облече на дете , не ги облекол , не му било јасно зашто уствари таму стоеле . Капата и шалот ги барал и го нашол , ама требал сам да ги бара. не е смешно ама ај
Јас денес облеков и дете и мене ко на скијање да одиме на -6. Е надвор 10 степени и млако. Тоа прогноза ко следиш, шо ќе ти направи . Важно треба снег да врне денска според прогноза. Сега од кај да почнам дома . Секогаш за викенд прајме толкав хаос што пола ден не е доволен да раскренам само. Ајде убав и мирен ден, па и недела да си имате .
Со лекар завршив , среќа се погоди младиот доктор што одвои време за мојот проблем . Ми ја зголеми дозата на л-тироксинот на 150ка. Две таблети вит.д 2000 на ден две недели и после проверка на крв да видиме дали има подобрување. Во петокот му спомнав дека ми беше многу лошо , главата дека имав осеќај дека ми е отрпната . Имав страв да не ми се случи нешто , како пример мозочен удар. И ми рече дека било паничен напад . Ако се случи ,пак да се јавам
Јас порано многу чистев. Додека немав деца ок се беше под конец секогаш. Со малава продолжив така и леле кога ќе ми текне дека еднаш месечно ги миев сите играчки со вода па го бришев, тие што се перат ги перев, абе не сум била нормална значи. И после читав една книга, не ми текнува точно во моментов, ама методот на Марија кири или клоди или појма немам како, и од тогаш сум одморена од чистење. Најинтересно ми беше што не се чистело соба по соба туку одеднаш од сите соби истата работа. И затоа сега нели маж е тука и кога ќе ме види чистам дневна, а после тоа сум во спална, ме прашува зошто сум прескокнала нешто во дневна. Му викам на ниво на стан средувам. Ич не сакам социјални мрежи значи. Ќе земам самата себеси ќе се блокирам.
Мари Кондо мислеше @gjoker4e ? Јас имав период каде од Инстаграм се инспирирав да средувам по нејзин метод. Да исфрлам работи , да организирам и слично. Тоа се функционира ако сите дома се водиме по тој систем. Редење алишта , диплење , чување во шкаф . Организација на Vorratsschränke . Сега се ми стои во стаклени кутии . Со вртечки тањири . Сите мусли, корнфлекс. Ориз, макарони и слично . Брашно , шеќер се е во пластични кутии од rotho , стаклени .. Сите зачини се во мали флаши , означени. Сега малку да си дадам воља за живот , ќе земам да скројам еден блузон. Исто како овој што секогаш го носам . Друга боја или некој полесен проект . Тренерки пример . Имам материјали купено , се е спремно ..спремна сум и јас . Не се предавам , знам дека ќе биде подобро , кога сум со нови лекарства
Е дури денес е ладно Маж ми пиша од сабајле да излеземе порано, сум немала (нормално, ме заборавил) течност за во зима или како и да се вика тоа, за шофершајбна и да засукам ракавите и да грабнам да стругам кола И така успеав да ги извадам децава 5 мин порано, за да сфатам дека немам такво за гребење во кола. Па трчав до дома да барам, па најдов некако и уклучив “турбо гребло моуд” и набилдав мускули мислам од сабајле Стигнавме на време битно, во 8:29 мин влезе дете во занимална Јас сум талент за вакви ситуации од сабајле, еднаш си ја заборавив претходниот ден колата на железничка и се чудев од сабајле каде ми е, баш ми требаа неколку минути да ми текне, можеа тогаш Глуп и Поглуп слободно да ме земат со нив да им се придружам ако прават трет дел Друг пат дете ми го отворил кровот на колата од дома, а ноќта врнело и сеуште врнеше, колата полна вода Во паника да затворам кров, го скршив копчето за затварање И што е најсмешно, се справувам со овие ситуации со дете во раце, на пат накај градинка Ама кога немаш кој да помага, се снаоѓаш Сама си се смеам после вакви утра, не знам како не им текнало на комшиите да ме снимаат на скриена камера, мислам дека баш ќе имам гледаност Дете ми стиснало нешто на радио, два дена слушам емисија за лавови Немам поим како се менува Денес обврски и термини еден куп не чекаат и тоа сите туто комплето мораме да одиме. Уствари не мораме сите, децата не се баш пожелни на термин, ама нема кај да ги оставиме и мораат со нас И треба до тогаш јас да спремам некои работи, а како за инат - не ми се мрда. Бебе ми спие во раце, се вадам на него дека не можам да пофатам ништо и ќе си пуштам сега серија и ќе си пијам кафе После па ќе се нервирам зошто не сум фатила со обврските на време Сонце ѕирка надвор, одма се менува расположението Инаку долг ќе биде денов…
Таа е. Како можеше пак ајвар да јадам ама дека купечки и викам нема шанси да ми биде нешто од него. Почнува одма повраќање и пролив. Како да си помогнам сега? И по која логика ми е вака од ајвар? И кај нас од денес ладно ладно. Имам апликација за гас и оваа година од јануари до октомври сме потрошиле 65% помалку гас. Ама затоа топла вода 35% повеќе.
Кај нас малата нешто ми е на две. Не знам дали само е нервозна и нешто не и е погодено, или ќе се разболува. Сабајле маж ми ме префрли до градинка, оти така не морам да се борам пола саат со кој да облече мач хозе. Утре градинка цу, некој стар христијански нивни празник, и така дома ќе сме си. Па сабајле и до Едека и сега да зготвам и за денес и за утре, се друго игнорирам какво е. И од што толку многу игнорирам, почнувам и јас да се полнам со склет и притисок внатрешен си правам и кај и да е ќе почнам да избивам дали со несоница, дали со нешто друго. Уште не почнав да вежбам. Сега оправдание ногата дека ја одмарам. А ни на ортопед не закажав и така. Се што можам да не гледам, не осеќам итн се правам . Да сме купеле елка со светилки и лампиони ни рече, и утре да правиме кекси и да бастламе со зелен картон и да лепиме од горе. Исто како во книгата што читаме. Се прашувам дали и тоа има влијание што не спиеше ноќеска ко што треба и едвај синоќа заспа. Па ко ќе ми кажат мајките оти нивните заспале уште во 8. Јас од 8 и 15 изгасив светло, во 9 ипол едвај заспа . Е утре ќе ја разбирам у 6 ипол и малку да ја изморам, да видам ќе можам ли да сменам ритамот. Може од сабајле што спие до 7 и 20 многу и доаѓа. Парно утре кај нас ќе читаат, ќе видиме што ќе не огрее. Ладно стварно. Ноември а веќе паднаа на 2 степени дневни температури. И така ќе биде у следни две недели и засекогаш изгледа . Ќе почнам со вас што сте ми во близина за кафе во недела попладне да се договарам, оти не се издржува вака до мај .
Морген женски . Ладно и овде . Од вчера немам пишано а и што да пишам . Ко некој мајтап да си игра со мене . Сошив една блуза, голема сум ја скршила , ќе лета во канта . Дека материјалот скап беше ке замижам . Бев децава од автобуска да ги приберам, колата не сакаше да запали . Па мм го викав да не земе . Он е на боледување до петок . Дојде адац , ја запали колата , од таму на сервис да сменат акумулатор . Дома парното се изгаси и не сакаше да се запали пак. Сега сервисер ќе дојде . Таман да се знае кај ќе отиде Weihnachtsgeld от. Синко е дома , нема градинка денес . Вториот има ларингит , дома е . Сите дома , си бегаме еден од друг .
Проблемот со парното испадна голема работа. Треба цел танк да се испумпа , исчисти . Некој дел исто дефектен. И сега сме на канистри , додека се се среди . Скапа работа испадна . Колата уште на сервис , треба да се јават да се земе .. може денес , утре , петок кој знае . Кога ќе спотера, спотерано е
Навистина ми е жал. Ваша е куќата станот? Осигурување некое немате? Звучи глупаво ама прашај го Chat gpt дали постои начин да не мора вие да платите или да платите помалку? Сепак се се случува за наше добро. Chat gpt вика дека имам проблем со жолчката па затоа вака после ајвар. Па ми текнува дека баба ми се жалеше од жолчка ама јас не знам што е тоа, сега ќе прогуглам.
Наша е куќава . Мора се сами да се грижиме . За парно , немаме осигурување . Го прашав сопруг . Ај после свекорот ќе дојде , он е во таа бранжа , Мада не верувам . Тоа се работи кои кога тогаш ќе се расипат . Треба одржување, сервис , менување делови . Чистење танк . Свеки викаше дека куќава е супер , ама длабоко гледано има и те како работи за средување . Она има изгубено осет за време . Танков не е чистен 10 до 15; години .според нејзе лани е исчистен . Да не зборам за прозорите доле , што се со не стандардни димензии, треба и тие да се менуваат . Може 20к ќе не фати со се кујна прозорот со врата . Затоа да е до мене , не менувам ништо . Деца нек пораснат за да продадам ова куќава и стан одам .. Ај нема везе . Може од ајварот , киселина те фатило. @gjoker4e . Јас да не се урочам ама умор немам толку , малку главата ми зуи ама тоа сметам дека не е страшно . Ќе почнам црно кафе без млеко да пијам. Стаса новиот робот , направив мапа , пуштив да чисти малку . И го посматрам горниот спрат долниот спрат . Ходници имаме колку собите
Сакав да напишам овде многу ладно , падна и снег. Најавуваат снег уште. Сигурно кај џоки е топло , но напишала и таа дека е многу ладно. @MacenceEna така е секогаш со кварови или дополнителни трошоци. Од едно место ќе дојдат парите веднаш на друго ќе отидат. незнам вашата колку е стара. Но овде не се нормални со куќи од 1920 год а вредат многу. Побрзо да минуваат сите болести. Незнам утре каков празник е работен ден а градинките и школите не работат.
Ти најде ли чизма. Денес во Лидл бев и имаше чорапи едни, а имаше и како чизмички полнети со благо, исто од филц, па ми текна на тебе. Ако не си нашла може да видиш, може и ќе ти одговара.
Утре е Buss und Bettag. И тука децата не се во школо. Цел ден е ладно. Сабајле имаше и мраз. Отидов до продавница и паднав на улица. Среќа што немаше коли Околу 16и30 излеговме со сопругот. Два саати бевме надвор. Смрзнавме. Најавуваат снег од четврток
Морген . Снег заврна овде За децата радост , за возрасните не баш. Денес на работа , малку да се размрдам. Па после да ја спремам собата за роденденот .. и да направам листа за пазарење . Една Пињата да купам. Хелиум флаша . Да го спремам обрачот за балоните . И сабота да китам. Свекор беше вчера, се договоривме да дојде кај нас за празниците . Да не е сам. Нема фамилијарно собирање , со Свеки и другите . Оваа година мирно , без гужва ќе се слави
И тука сабајле известување од школо дека денес не е неработен ден и да одат децата во школо. Којзнае колку деца не отишле. Па влегов и јас на календар да видам и си пишува deutsche ferientage ама кога го отвориш доле пишува Notizen и SN па не знам дали тоа сн значи некоја покраина во Германија или што значи ама битно не е неработен кај нас. Чорапи во Лидл има кај што има повеќе чорапи и има црвени како топлинки ама може да се искористат за чизма. Инаку нема специјални чорапи чизми. Тоа е така затоа што ни е така останато од претходните генерации, родители, баби и дедовци, фамилија. Ние немавме пари за јас да се запишам на факултет ама јас знаев дека тоа ништо не значи. После прочитаните книги нели. Се запишав и парите дојдоа во точниот момент. Стан најдов со четири цимерки по 2000 денари (и тоа беше среќа и сите се чудеа како и каде). Ако не го искорениме тоа мислење нема никогаш да имаме пари. Доказ ни се оние милиони што вртат или милијарди. Јас знам каде ќе оди мојот вајнахтсгелд и 40 прекувремени ама еве ќе видиме дали ќе вибрирам така до сам крај и ќе се исполни тоа. Не се зборува пред време. Знам дека сум попаметна кога не пишувам. Вчера, од една страна за глупост, од друга можеби не е глупост, лошата шефица ми даде мене една задача, и јас ја завршив 100% точно, па дека ептен сум заљубена во такви работи, па и многу брзо, и цел ден летав од среќа. Па и нешто многу убаво ми се случи после тоа. Слободна сум денес. Во келија имам тротинет од кога била малава една година. Па тротинет за 3 години па за 5 па за 7, па за малиов за 2 па за 4 години, па точак мал женски па среден женски, количка од малава, количка од малиов и знаете се по ред. Не знам дали ќе успеам денес да ги сликам и објавам или што да им правам. Не ми се подарува тротинет и точак на познати дека си мислам дека ако падне детето ќе помислат дека јас магија сум фрлила. Морам искрено да кажам ова дека секакви луѓе има и наместо подарок може проблем да си имам. Ок значи ќе ги сликам, денес или за неколку години де. Дека веќе неколку години по ред ги сликам и никако да ги.