Во градинка известување дека има Шарлах. Што да правам со големиот? Да го оставам дома, да не донесе нешто и да се зарази бебе, како правите вие во вакви ситуации? И ако останува дома, колку време отприлика?
За време на сите болести одеше во градинка. Мислам дека така е подобро бидејќи бебето ќе фати нешто ама нема да има симптоми. Само мислам! Немам завршено медицина и појма немам, ама од моево искуство, не е можно ние да сме имале маген дарм на пример, а бебево немаше, односно имаше 3-4 пати течна столица на пример без пропратни симптоми. Кога почна во градинка се разболуваше помалку од тоа кога првото дете почна, па и од тоа искуство мислам дека правилно е што додека имав мало бебе, првото дете одеше во градинка додека имаше секакви болести таму. Зошто ја носев? Затоа што мислев еве ок нема да ја носам 3-4 недели ама она ќе го фати тоа петтата недела кога ќе ја однесам и што сум направила освен што сум и скратила 3-4 убави недели во градинка и сме живееле во страв!
Ако си дома и имаш можност да го чуваш дома , тогаш е подобро да остане дома . Денес е среда , ако до вчера одел можно е да бил во контакт со заразените. Факт е дека сега е сезона на болештини , можноста да се избегне нешто е тешка . И да избие шарлах , се добива антибиотик и после може да оди во градинка пак .
Да додадам уште ова, дека најголемата животна грешка ми е кога и имам речено да не го пипка бебето дека нели знам во градинка на пример коксаки има. Болеста ќе помине ама тоа што сум го рекла не се заборава. Значи животот продолжува исто без разлика на тоа што има во градинка!
Освен шарлах, ме мачи и нешто друго денес.. Ни фати око еден стан за купување, во преговори сме, дали ќе успее или не - не знам, оставам на Универзумот, така си реков од старт. Ако е за нас, ќе го земеме, ако не е - нешто подобро не чека. Ама ме мачи нешто друго. Станот е океј големина, 90м2 е и собите се пространи, но е сепак трособен. А ние сме со две деца, ама со оглед на тоа дека бебето е многу мало и си викаме додека дојде време да стварно им се потребни две соби, можеби животот ќе не однесе на друго место. Може ќе изнајдеме решение некое друго за станот, а и да останат во една соба, не е крај на свет, башка што се машки и двајцата. Значи разговаравме со маж на таа тема, не е дека го прифативме тоа како да не е баш никаков проблем, ама рековме со тек на време ќе изнајдеме решение. Е сега што ме мачи - секогаш кога ќе паднеме на муабет со луѓе (Германци пред се), ни го поставуваат прашањето - а што ќе правите со децата? Како да е скроз несвојствено да делат соба. Јасно ми е и мене што е подобро, ама не го доживувам како многу страшно тоа ако треба да делат соба. И сабајлево маж се јавува и ми кажува дека колега негов истото го прашал денес. И сега сериозно се замислувам - грешиме ли? Погрешно ли е дури и во краен случај ако не најдеме решение да делат соба?
Мислам дека едното ти е бебе нели? Нова соба би им требала за повеќе од 10 години. Ние имаме детска, ама моиве 4 и 8 години, спијат со мене во спална. Во комшии. Имаат трособен и четири деца, женско 9 год, и три машки 5, 7, 10 год. На втор кат. На четврти кат. Двособен. Четири деца: близнаци 1 година, 6 год, 8 год. Сепак универзумот ќе ви покаже дали е за вас. Следи ги знаците. Можеби комшииве се знак дека не е тој стан за вас. Не заради собите нели, туку чисто онака знак. Спојлер Од кога сакам ова да искоментирам. Од градинка прво ти бараат договор од работа за да го примат ама после тоа ретко кога можеш на работа да отидеш. Цело време е некоја група затворена. И тоа од денес за утре се знае. Ова е трето известување од сабајле.
И нас кога се роди бебето комшиите не прашаа/кажаа дека станот сега ни е мал. Нашиот одговор беше дека на бебе не му треба детска. Иако актуелно бараме стан, ние не бараме со три спални. Зарем на Гермнците децата сите имаат своја соба?
Женски здраво многу сум загрижена за детево мое. Се преселивме официјално летово. До сега беше оди ми дојди ми. Почна прво одделение сега Септември. Среќа имаше едно детенце кое знае англиски па малку од малку му помага. Треба да имаме родителска ама мене ми пишаа да не одам, бидејќи тие консултации се кратки и дека има потреба за него подолга консултација и ми пратија друг термин.. Си пишуваме домашни си учиме бои и букви ама многу тешко со јазикот.. Запишан ми е на приватни часови ама не знам што да кажам... Многу се сеќирам за неговата психа, многу осетливо дете е и малку како депресивно се осеќа бидејќи нема ни другарчиња ни ги разбира во школо. Се мислам што ако повтори година? Дали имате такви искуства?
Омилена книга ми беше Мајсторот и Маргарита, делот како од двособен стан да направиш четворособен. Прати ми нацрт, ако можам да измислам нешто Во 90м2 секако има место за 3 спални, зависи само каков е распоредот на прозори.
Мислам дека премногу брзаш! Почнало септември, кај нас почнува на 15ти септември па можеби и кај вас и тоа значи дека детето е само два месеци во школо од кои октомври една недела беше затворено школото што значи буквално ни два месеци не е во школо. Ова мора @јolene да ти е фамилија. Мислам дека нема потреба од приватни часови, само поголем стрес ќе му се на детето. Децата учат многу брзо. Во школо учи секој ден пасивно. Ќе се чудиш колку многу знае за неколку месеци. Тука мислам дека секое петто дете и со познавање на германскиот јазик повторува година. Кога мојава почна прво одделение се чудев колку многу деца се пак прво. Полека значи. Нема потреба да се брза детето или стрес да му се прави. И да повтори година тука е тоа скроз нормално. Во Мк ќе кажеш дека оваа година бил претшколска, од наредна е прво одделение, и готово. Дека нели општо не престануваме за народот да живееме. Значи се си е таман. Нека гледа дома цртани и филмови на германски и нека слуша музика на германски.
Здраво и од мене Јас досега праќав дете во градинка, тој закачи конјуквитис , а бебето не прифати. За станот и јас мислам дека ретко секое дете има своја соба , моите ќе бидат во една па кога ќр бара приватност големиот ќе го префлам во спална а ние ќе одиме во дневна. Јас уште неможам да се решам од психо мути Спојлер Денеска пак ситуација го нападнала син ми т.е почнала да го кара дека не е добро момче затоа што денес рекол на синот да не игра со некое дете па дека веќе немало да оди кај нив и незнам што. Па потоа се жалела кај воспитачката. Јас кога отидов да го земам тој веднаш ми кажа и отидов ја прашав воспитачката таа рече се е во ред и немало никакви проблеми значајни. И и пишав на мајката а и зборев со син ми да ги прекинат сите контакти. Мене ова воопшто ништо не ми е нормално. Воспитачкте и тие не сакаат да се занимаваат затоа реално ова се само детски глупости. Мене главата ми врие и незнам дали воопшто можам да се спасам од жената
Во каков клас учи? Моите првата година учеа во Дојче класе. Немаа проблем. Брзо го совладаа јазикот. Пишувањето им е потешко. Од лани учат во редовен клас. Сменија и училиште. И двајцата се мител шуле. Имаат и другарчиња. Поголемиот син повтори година. Ова кога го префрлаа во редовен клас. Не е страшно. Не се разочаравме дома. Сега е едно одделение погоре. И повеќе учи. И во училиштево има посебни состаноци со професорите. Само првата родителска е групна. Таа беше во септември. Сега треба да има во декември. Даваат лист и родителот треба да одбере термин кој му одговара. Прашај во училиштето дали нудат бесплатни часови по германски. Во училиштево има часови за децата кои имаат проблем со јазикот. Децата мои одат на тие часови. Јас сум задоволна од класните раководители. Се трудат околу децата. @SanelaS подалеку од такви будали. Син ти нека не се дружи со детето. Понатака може да има и поголеми проблеми. Ваков проблем имав со поголемиот син, додека живеевме во Мк.
Кај нас е забрането родител да се обрати на дете. Ама не знам како можеш не да ја тужиш ама нешто така. Битно не смее да се обраќа директно на дете. Така и во школо имам видено случај и наставнички те го тргнаа детето на страна и му рекоа на еден татко дека ако не престане и не си отиде ќе му викнат полиција. Ама вака помало дете можеби не може ни да каже одма, освен ако не видат они. Ама они затоа се тука за да гледаат цело време што се случува. Не знам каде треба да се обратиш за ваква ситуација ама сепак треба на време да се обратиш некаде. И син ти научи го да вреска ако му се доближи оваа или не знам што. Дека ја викаш психо јас огромен страв добив. Можеби е навистина психо и не е играчка.
@SanelaS страв да го фати човек од лудачава. Во право е Џокерче. Возрасен не смее да се обраќа на деца. Во основното училиште кај децава имаше инциденти, деца се скарале/степале. Родителот на патот накај школо се обратил кај детето што го задевало неговото, да се објаснува… Беа викнати во школото на разговор. Не било ниту во школски двор, некаде на пат накај школо. Апсолутно недозволиво е во градинка, каде воспитачките имаат Ауфсихтфлихт некој да му се обраќа и да врши било каква врста на притисок. Утре при оставање на детето ќе им нагласиш дека ауфсихтфлихт е кај нив од моментот кога го оставаш до моментот кога го земаш. Апсолутно недозволиво е некој да го “кара” да му “објаснува” “докажува”… Аншпрехпартнер на таа и се воспитачките, не син ти.
Јас не знаев дека родител не смее да се обрати на туѓо дете во градинка/училиште ама прави смисла. Тоа во негативна конотација се мисли нели? Не да поздравиш дете само или? Оти јас стално во ходник ги поздравувам децата од групата на ќерка ми, па да не случајно си го добијам некој пат? За децата, ја разбирам @Chimera и треба да е загрижена. Некогаш не ги сфаќаме доволно колку тежина за нивна возраст носат. Да они брзо се прилагодуваат, ама и си патат. Во ваков случај сепак сметам дека дојче класе или гриндшулеворберајтунг класе би била подобар избор за детето. Нема ништо лошо ако повтори година, битно е да го научи јазикот. Повеќе проблем гледам во тоа да не му дојде премногу на детето и да створи одбивност. Пратете и концентрирајте се на детето. Дополнителни часови не е лошо, секако нема штета од нив. Друштво ќе се најде. Сепак во такви дојчекласови што се, сите деца се во иста каша, па поледно им е адаптација и стекнување пријателства. Најголем дел од становите се со две спални. Секако скоро сите се со 2+ деца. Така што не верувам дека сите имаат посебна соба за секое дете. Денес дома. Не ни излеговме надвор. Се правевме. И готвење и печење и бателерај и танцување и боење и читање и играње и свашта. И на крај збеснавме дома. Ама не ми се излегуваше ама ич. Ко ќе ми текне облакање сто слоја облека и натегање еден саат у ходник, ми се одмили.
Претходната класна на поголемиот син рече дека на децата им требаат 3 години за добро да го научат јазикот. Јас сум задоволна од зборувањето на децава. Кај нас постарите потешко оди учењето. И јас не знаев дека родители не смеат да им се обратат на други деца. На моите често им кажувам ако некој ги закача да кажат на класната или на некоја друга учителка. Или учител. Да не враќаат. Тоа дете што малтретира други добива опомена. Помалиот син беше удрен од едно дете што учи со него. И тоа дете си го добило тоа што му следува. И опомена и предавање од класната. А тоа дете изгледа е проблематично. Во групата на WhatsApp други родители ги бараат родителите на тоа дете. Не знам како ќе ме сфатите, ама мигрантите прават многу проблеми во училиштата. Па и низ градов. Надвор врне снег
Кај мене во трговските центри има банка, и на банката пишува Geld Exchange. И Western Union пишува. Сите три заедно се. Па по некоја логика би требало во секој трговски да има. Онака надвор и посебно немам ни јас видено.
@SanelaS слична ситуација имав кога детето ми беше на 2. Му се опна една мајка што пази по професија е психолог, ама му се дереше на моето две годишно дете "ти си лошо дете, мој Лука нејќе со тебе да си игра го тепаш". Ни го тепал ни ништо, потврдија и другите деца и воспитувачите. Баш напротив, моето уште има лузна од нејзиното. Кога се иселивме од тоа градче, ја раскажав на сите. Исто на гугл мапс ја оценив како 0 психолог. Во врска со стан, ете ние купивме 4 собен 100 квадрати, две купатила, три спални, огромна дневна и кујна посебно. И да имаме второ дете пак двете ќе се во иста соба оти на нас ни треба една арбајтсцимер, што ќе биде и соба за гости. Мислам дека е ок две деца во иста соба ама да не е собата некоја затка од 8 квадрати.
Морген женски. Надвор -7 степени . Ладно упм. Се замрзнато. Да се спремам и да фатам да испазарам. Прво колата да ја одмрзнам. Вчера цел ден дома без парно , што ако беше сервисер претходниот ден .. пак нешто нејќеше. Вчера правеа , чистеа, и на крај се пушти . И одма друго . Топло . Само којзнае колку ќе ме опнат , колкава ќе е сметката . Ама нека е , мора да се направи . Убав ден на сите