И ова го имам веќе кажано . Леле се сме си рекле веќе ни муабет не ни останува . Почнавме да се повторуваме. Ја одмарам со нозе во вис, едвај се прибравме. Елка се купи и лампиони не планирано денеска. Ама ко запна мама ти рече, нема рече мама. Јас сакав природна, на крај од икеа. Ок велам ај барем ќе ја користиме повеќе години. Е само декатлон ме изнервираа. Од 15 на 18 станале топлинките. Пф ја за 20 премиум ќе начекам. Свашта. А немаше ни од тие што сакав.
Јао какви се овие суми, кај нас значи најефтино. Јасли над две години и градинка, од 7.30 до 17 часот плаќаме по 72е,сега од 1ви јануари по 84е бидејќи ќе имаат и доручек, досега беше само ручек. Станува збор за Франкфурт. Ладно и тука, две седмици дома со температура и кашлање, се надевам се гледа крајот и од понеделник да се вратиме во нормала.
Ви пишувам во ситни саати...со големо прашање. Значи немаме мк пасош, странци сме. И како сега да се пријавиме уствари, ако идеме петок попладне а заминуваме понеделник сабајле
Работи полициската станица 24 саати. Немора да одиш точно одма можеш и сабајлето исто и вечерта пред да си одам наредното сабајле сум одела да ги оставам моиве. Само мораш да одиш во општината каде што е адресата на која ќе бидете пријавени. Не можеш во друга.
Работи бе. Како не работи? Имаат шалтер негде и таму мора некој да биде. Каква ви е таа полиција што не работи петок попладне и за викенд, кога сите збрки се. Имаш мислам 48 саати да се пријавиш. Или 24 беа? Врска немам. Ние ќерка ми после ден ипол ја пријавивме и одма одјавивме за датумот кога ќе си одиме. Веројатно оти е многу мала може и така. На излез па не го ни побараа картонче, не им го ни дадовме. Еве и ја во рани саати во недела на - сто будна, оти малово синоќа во 22ч заспа. Од 8 во кревет бевме. Желба немав после ништо да правам. Треба сериозно да престанам да си викам луѓе у недела насабајле на кафе. Леле како моите сум станата значи. Колку ме нервираше ко бев дете, сега иста. Така у мое село уште во 8 сабајле, а лето и пред 8, ќе ти намине некој од бабите-дедовците на кафе и ракија и што ќе му правиш. Ти млад, уште не станат, се будиш, некој дрндла у дневната .
Странски државјанин е. Маж ми влегува во Мк со нашиот пасош. Ама го интересираше што би било ако влезе со бугарскиот. Па еден комшија полицаец му кажал дека треба да се пријави како гостин. Имам една позната која кога доаѓа во Мк оди со маж и во полиција. Тој е Германец. Треба да се оди во полиција во онаа општина во која живеат. Ако се од Аеродром не може да одат во Кисела Вода.
Па може да ви удрат казна на излез, ако го немаш глупото картонче. А шалтерот работи од 7 до 3 @јolene . Мислам само во Скопје можеш во било кое време.
Чудно. Мм до сега има сигурно 15 пати во Мк отидено, со кола и со авион, и нема никаква казна, само бг пасош користи. Прв пат слушам јас за ова. Не викам дека не е вистина, туку дека е чудно што никогаш не го казниле. Дека вака реков, сигурно следниот пат ќе го казнат.
Па логично, ако за нешто не знаеш, нема ни да ти се деси Нас еднаш ни сучеа мустаќи на граница, не ни памтам што беше , ама тоа пошто од мала знам дека се пријавуваат странци. Хендикеп
Истиот проблем со пријавување сум го имала со гости и уште побетер оти стигнаа во една општина а требаше да си одат од друга. Замоли ги во полициската станица за картончето за враќање сам да си ја пишеш датата, да може само да им се јавиш, да не мора ода одиш лично. Мене кога е за кратко така ми дозволија.
Па проблемот е повеќе со стигнувањето. Мора човек да биде физички присутен таму за да биде пријавен или како? Појма немам, пошто никогаш толку кратко не сме биле, обично има време во работен ден да се решат заврзламите.
Не мора. Може некој твој близок со свој документ за идентификација и вашите пасоши да ве пријави на своја адреса. Барем кај мене никогаш не било проблем. Брат ми знаев некогаш да го пратам. Мене секогаш ме прашувале дали знам точен датум на заминување за да не морам пак да одам и за тоа, да ги пишат двата наеднаш. За 3-4 дена мислам не прават проблем и да не се пријави. Мене на аеродром за ќерка ми еднаш ми спомнаа дека седела во Македонија подолго од 90 дена за 3 месеци, мислам 2-3 дена плус беа во прашање, се напраив на тошо дека не сум знаела и на тоа остана. Ми рекоа само дека сега не смее следните 6 месеци да доаѓа, не ни беше планирано па поминавме.
Биљо, упаѓам клизачи. Не мора физички да биде. Јас брат ми го имам пријавено ден пред да дојде. Само број на пасош кажи на некој од твоите и ќе ве пријави. Исто викенд доаѓаше. Ама тогаш ме прашаа и колку ќе седи. Им кажав Викендов и уште ден-два беше така нешто. Спомнаа дека за помалку од недела дена седење и не е толку критично да мора да се пријави. Доаѓањето не е толку проблематично колку што бараат точен датум на заминување за да пишат на картончето одма. TLDR; Може и друг да ве пријави. Убав ден Германки
Хелоу женски . Синко (најмалото ) порасна и тоа . Наполни 5 години . Забавата е при крај. Исто како и моите нерви 4 деца , плус 3 мои . Забава до бесвест. Убаво поминавме , децава се изиграа. Утре славење во градинка . Убава вечер на сите
Кај нас падна снегче... Знам дека хејтате зима, али ја обожавам. И плус си накитив дома пред некој ден, си седам у топло само со уклучени сијалички и си гледам серија. Мераци.