Треба да престанам да скролам низ интернетот, зашто само некои продукти ми покажува и спремна сум да кликнам плати . Значи имам фен имам пегла за коса , е сега има пегла за коса што може да суши и пегла во исто време . Имаме дома дајсон фен, имаме уште еден имитат на дајксон за ќерче, имаме пегла аслана , имаме многу видови преси , четки чуда и пак ќе се зачажам да купам нешто . Во рок од една недела порачав два видеа протеини за тироидната, 6 пакетчиња вкупно . И сега ќе пијам од едниот производ па после 3 месеца другиот . Ќе се одјавам од сите социјални мрежи (освен Фемина нели) зашто не е на арно со рекламиве
Hallo девојки, добив aufenthaltskarte и официјално сум македонка во Германија па да ви се придружам. Од black friday попусти онлајн чизми од about you што ми се свиѓаа дури 5% попуст, очекував повеќе ама ништо, добро и од deichman за 24 евра си земав едни. Друго по молови треба да разгледам, ама ич не ми се оди кога има гужви. Снегот вчера вечерта ме израдува и мене огромни снегулки паѓаа, ама утрово сонце, кратко траеше радоста. Треба да летам за Македонија наскоро, дали треба и ние со aufenthalt да се скенираме за ЕЕS системот за во Германија или не.
Машала колку ве има, можеби и повеќе од ние што сме во Македонија. Треба да си направите Meet Up во некој град таму кај што ве има најмногу
Џокерче нема ниту една апликација. Нема кредитна картичка. Купува само тоа што мора. Кога има попусти не ни помислува да купи нешто. Само маж Германец и фали, што штеди и на еден цент. За мене е се тоа некако направено за да не поттикне да купуваме. На купувањето крај нема. А јас некој древен човек само љубов, разбирање, почит сакам, чиста душа. Бесплатни работи што ни милиони не можат да ги купат. Сама ќе се испратам. И според мене реков и кажав јас како живеам. Пред да се разбереме погрешно. Да се читам ќе мислам некоја баба го пишала ова.
Еве уште една млада баба @Gosh Форумот пд фемина во бабина може да се прекрсти Јас само мебел купувам . Да се замени се старо за ново. Подрумот крца пошто не ми се фрлаат здрави ствари, а не ми се ни продаваат пошто веќе ги нема во продажба. Икеа антички вредности. Уствари се плашам дека мм ќе ги скрши новите столици (и нема да му биде првпат). Па да видиме новите вредности како ќе се покажат. За кило и пол месо денес платив повеќе отколку за една столица, ама тоа пшшш
Еве и една вистинска баба. Само бабите така чуваат, да не затреба. Месото е стварно скапо. Прво престанав кашкавал да јадам, па благо, па сега и месо. Мене уствари лицето ми се исчисти откако го поскапеа кашкавалот. Дури тогаш приметив дека од кашкавал се исфрлам. Секое лошо за добро. Ќе видиме сега без месо што ќе приметам. Среќа што овошје и зеленчук имаат солидна цена. Освен црешни и костени ама на тоа демек алергична сум.
Скенирањето е само при влез во Германија. За вас тоа не важи, ама ќе треба да стоите во редот All Passports. Бев во Мк и затоа го пишувам ова.
@gjoker4e јас ќе ти кажам што ќе ти се случи ако го исфрлиш месото. Ќе ти падне железото. Ти пошто и така си анемична не ти го препорачувам тоа. Многу послабо се прима железото од растителната за разлика од храната од животинско потекло. Инаку за конзумеризмот не ти стои така туку стварно е така. Се користат психолози во маркетинг стратегиите за што повеќе да купуваш. Ама со 2 деца се исплаќаат апликациите. H&M не одговара квалитетот на облеката со првичните цени. Односот цена- квалитет таму е реален со 20% попуст. Во продавниците работи со попуст има многу малку, а online имаш солиден избор. Плус и порано добиваш пристап до гардеробата па можеш да си купиш што ти се допаѓа, а не што има останато. Исто и Заландо, Лиманго имаат многу предности кога сакаш да си купиш нешто поскапо пр.чизми, топлинки, палто. Douglas цените им се поскапи во продавницата отколку оnlinе. Па на каса си ја покажав картичката и побрав да платам по цената online што е и ми ја намалија цената за 13 евра за 1 продукт што не е мала разлика. Така да колку и да замара тоа пратење на понуди и примамува може и да ти заштеди.
И ова е дел од маркетингот. Као демек петок ќе има 70% ама четврток вип пристап до 70% и се купува во големи количини за као демек да не го снема до петок. Со попустите повеќе се троши, а “целта” е да се заштеди. Освен ако некој нема добра самоконтрола ама тој некој е сигурно маж.
И во книжарите е така со цените, онлајн се поевтини книгите. Ама како и да е, во Германија по закон мора цената онлајн и во дуќан да е иста, покажи им ја само цената на мобилен не треба членска да имаш. И плус по закон мора пари да ти вратат, иако пробуваат у ТкМакс, Циа и Мулер да мафтаат со ваучери кај оние што не знаат... Иначе на темата, си ги купив Мартинките шо си ги чекав на попуст. Girl math се исплати...
Се согласувам. Многу тешко ми оди со веганите и вегетаријанците на темата, ама со годините искрено не се ни замарам не ни доаѓа на дневен ред веќе. Еднаш пред 20 години пробав да сум вегетарија, арно што во болница не завршив. Тогаш ме искара тогашниот матичен малку и ми објасни дека за мене не е возможно да сум на исхрана без месо, од некои генетички причини. И сега не го јадам со огромна желба, ама не можам без него и без јајца. А кашкавал и млечни јадам оти сакам. Ама мене од друготе скробни извори на протеини и железо ми се качува шеќер и имам огромни осцилации на шќер, што стално се притресувам или сум поспана, а ако две недели не јадам месо одма почнува со вртоглавици и слабост. И така си се помирив со фактот дека ќе си јадам месо. Е сега кога мора да се јаде, барем гледам да јадеме нешто посаглам, па така и ја ко Билка ко излегувам од месара срцев удар добивам. Ама после потраги за убаво месо де овде, де онде, видов дека само во локалната месарница месото ни го бива. Еднаш купив демек био пиле од лидл, смрдеше на крај. Толку не им го бива месото. Во алди меленото био е премасно. Алнатура е ок, ама највкусно и најпресно ни е ова во комшии. Друго не знам што да кажам. Јас ништо од блекфрајдеј не купив изгледа. Ама има време. Имам еден пакет во ходник што дата за враќање надзат е до 1.02. Значи добри три недели стои и уште не е отворен и пробан. Така да, ништо не ми треба и да не претерувам. И за дете преполни фиоки, немма кај веќе ни да ги чувам. Јас вит Д од сандеј натурал нарачав и кремата за лице да видам ако ми ја намалат. Дете носе чешма. Желба имаше 4 книги да и читам за заспивање . Таму и реков две и доста е. Се заспа, ама хрчи иако и ставив капки. Со друго зборови, пак нема да спијам цела ноќ. И пак ми се јаде леле страшно. Таман симнав три кг, пак си ги вратив. Вчера ме прашува другарка ми дали сум почнала да вежбам пак, оти јога мате ми беше у ходник. Не и реков, само го собрав од балкон да не стои надвор . И тоа.
Јас влегов тука да прашам некој трик за штедење, а муабетот денес само пари како да се трошат. Дали мене ми се чини или ова е најглупиот блек фрајдеј до сега? Ништо нема на некоја јака цена со што години ќе раскажуваш како си фатил 400€ попуст. Денес каков ден имам, ко сите зла и малери во еден ден да се собраа. И од тоа не ми се спие, а детево кај и да е ќе стане да кашла оти секоја вечер веќе по саат време си кашла, рутина ни стана.
И јас си земав некои работи за мене од ЦиА, немаа никаков попуст. Во продавница има сејлс само на големи броеви, ама оние стварно големи 46+. Блек фрајдеј е повеќе на останати последни бројчиња па ако имаш среќа да го начекаш твоето. Се што ми излегува со убави попусти, се бројчиња што најчесто не ми одговараат. Сакам да земам сет за коса, фен, дифузер, фигаро, од кои сте задоволни? Ич не сум фан на дајсон ама има убави сетови да не морам се посебно да земам. Неам идеја што друго да разгледам освен шарк, ми излегуваат доста реклами, ама не ги знам брендовите.
Здраво девојки, имам термин за фамилијарна виза за Германија, во барањето каде што пишува од кога и до кога би седела во Германија, што да напишам кога незнам кога би одела? И здравствено осигурување да напишам дека од сопругот ќе го користам?
Сигурно сме негде во комшии. Инаку си го решив јас проблемот Стан, халелуја. Од декември сум официјално сама .
Јас повеќе за блек фрајдеј не гледам бидејќи тоа што мене ми се допаѓа не е на попуст. Мене ми треба некој трик со организација и пренатрупување , во моментот сум тој фазон ми смета се , сакам буквално се да фрлам. Во врска со штедење и јас сакам некој трик, околу мене сите си штедат ние евро немаме заштедено. Но добро не е исто двајцата да сме на воллзеит и вака … Исто и јас кога излезам од месара еден срцев удар но месото нема споредба. Однесов Николауссокен во градинка купив во теди. @MacenceEna Среќен Роденден на синко да е жив и здрав. @Dancewere мило ми е за тебе . Се надевам ќе го најдеш мирот.
Денес дознавам на работа дека октомври не треба да имаш прекувремени дека се исплаќаат во ноември, а во ноември се добива Weihnachtsgeld и ќе пропаднат дека ќе бидат сите оданочени?! Сметководител во темава? Јас мислев лесно е да си богат. Секако утре ќе дознаам ама како ќе спијам ноќеска?! 850 евра имам во прекувремени, зарем ќе ми ги одземат сите?! Вреди ли подобра позиција и поголема плата (поголеми давачки)? Прашања кои ме мачат. Единствената држава значи во која што е подобро да си невработен и да земаш Bürgergeld и такви ми ти некои примања…
Хелоу, еве ме пакВчера некако ич не спиев. Си легнав на полноќ, а се разбудив во 4. 4 саати сум спиена.Денеска Frühdienst.Многу Ми се спиеше на работа, мртва уморна сумќе си легнам денес порано. Планирам True Crime да си гледам на јутуб да се опуштам. Во Декември имам расцепкан одмор, па размислувам да идам на Weihnachtsmarkt. Поладно е сега надвор, вчера врнеше снег и дожд у ниедно време. Читав кај нас оваа недела ќе биде - 2 степени или така нешто. Грбот ми е океј, вежбам од време на време, истерав 6 термини со физиотерапија и размислувам за Rehasport. Баш би било добро за почетнициПред некој ден ми стигна покачена плата со се Weihnachtsgeld. Детето на комшиите стално доаѓа кај нас и сака да си игра со диносауруси и да јаде. Претходниот пат шпагети ни побара и цели ги мавна. Од дома го учат да не јаде толку и да не гледа многу телевизија, тешко му е да прифати и некад води инатсега е во таа фаза, кадешто се учи дека неможе да добие се што ќе посака. Немаше Баух Ауа за среќаИмав две недели одмор, од вчера пак сум на работа. Денес беше ужасно стресно, многу една пациентка не истроши сите. Никако да се разбере човек со нејзеда не се објаснувам сега зошто и како. А иначе, имаме нов Аuszubildender, БугаринИ пред еден месец нов колега, со коишто супер се разбирам И се разбравме
Не бе требаше сметководител да бидам. Седнав, споредив, пресметав. Значи таман брутото прекувремени ми оди за данок ама по ниту една логика тоа не значи дека ми се бришат, туку данок од плата, данок од прекувремени и данок од вајнахтсгелд и се собрале толку. До сега гулаш можеше да направам.