Форумџика на годината

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.840
    Допаѓања:
    201.547
    За гулаш месо ти треба, вака имаш навежбани мозочни вијуги и знаеш дека од работа никој не видел аир:D

    Да имавме и ние прекувремени така ќе рачунавме , вака се радуваме на тоа што останало од бонусот. За данок догодина ќе мислиме:wasntme:
    Јас се радувам колку одмор ми остана неискористен, пошто си ја заебав раката летоска и не бевме мк. Радувањата на Радован:bug:
     
    На JasBee11 и gjoker4e им се допаѓа ова.
  2. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.773
    Допаѓања:
    38.886
    Пол:
    Женски
    За месо пари треба, а парите финанцамт ги зема. :D

    Жал ми е што клетвата тебе те фатила наместо мене! :rofl:
    Јас се убив викајќи да ми се случи нешто само да не одиме ама универузмот не сконтал дека јас и ти не сме исто иако сме исти. :whew:
     
    На JasBee11 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.840
    Допаѓања:
    201.547
    Не си посакала правилно:D :tmi:
    Значи утре во финанцамт на гулаш да одиме, арно ти текна, и така ме мрзи да готвам:rofl:
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Касија

    Касија Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2018
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    10.959
    Пол:
    Женски
    @SummerGirl фала за инфо, супер штом е така.

    Кај нас од вчера е отворен Weihnachtsmarkt, гледам и лизгалиште има, ќе чекам маж во сабота кога е слободен да отидеме.

    @Marge супер навика со трчањето. Мене ми фали пешачење, многу убаво ми делува, додека беше потопло секој ден пешачев сега на ладново не ми се излегува. И тука имаме патека низ шума во близина ама таму сама уште ми е страв да се движам, само маж кога има време, женско друштво немам за пешачење ги мрзи]:) само за во теретана.
    Треба да почнам пак низ градов да шетам, таму барем одам и сама.

    За дома за вежбање изнакупив сет тегови, простирка, облека уште летото, ама никако редовна рутина да стекнам, а многу подобро се чувствувам кога вежбам редовно.

    @Tulipgirl11 за преку амбасада прашуваш? Ние правевме спојување тука во Германија, исто имаше прашање колку време планирам да останам, не го одговорив. А за осигурување ќе имаш преку сопругот, мене ми бараа доказ дека сум осигурана, ама мора прво пријава на адреса тука.
     
    На Tulipgirl11, SummerGirl, Лејди Гага и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    5.023
    Овој Блек Фрајдеј ако не не разведе со маж, тогаш нема никогаш да се откачиме еден од друг :D Се запнал за некој гејмерски монитор, што е ненормално многу скап и пробува - де со жалопојќи, де со лутки, па пак жалопојќи, па досаѓање, па одење по мене…ај да беше и нешто намален, ајде де, ама вака - не може! ]:)

    Инаку јас си начекувам по нешто на Блек Фрајдеј, мада нема некои попусти годинава. Пред две години начекавме маса за во дневна дури 1050€ намалена во Сегмуллер, случајно отидовме по нешто друго, па си дојдовме со маса :rofl: Лани исто начекав пегла, уствари како се викаат - парни генератори мислам, за 49€ и стварно сум презадоволна од неа.

    @Касија пробај сама пешачи, нека ти е тоа време за тебе, слушалки на уши и се враќаш како нова дома :nod: А на ладно да знаеш дека е најубаво :) Мене лично времето поминато во природа ме смирува многу и после не сум многу злобна со маж ми :rofl: Се зезам :wasntme: Ако си преку АОК осигурана, симни си нивна апликција и за секое вежбање од пола саат или правење 10.000 чекори, добиваш 50 центи :D
    Баш сега си барам со цел ќејф да си купам патики од парите што си ги собрав на тој начин :inlove:

    Децава заспаа, чоколадо или чај, прашање е сега :D:rock:
     
    На bubemconia, MacenceEna, JasBee11 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.413
    Допаѓања:
    17.284
    Не вреди тука да се трудиш за поголема плата буквално. На крај излегува дека ние што работиме сме будали. Срце ме боли, не можам платната листа да ја гледам. На Weichnachtgeld трипати повеќе данок има сопрено отколку на редовната плата. Буквално пола од него ми го имаат сопрено, поклон на државата :tmi:. Треба и социјалата некој на грб да ја носи :swear:. Ова веќе не е нормално, сите граници ги имаат поминато, 40+% да ти земат од твоите заработени пари а ти да немаш ништо повеќе од тоа... :bug:
     
    На Tajnaotrovna, gjoker4e, Katie90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.406
    Допаѓања:
    45.547
    Пол:
    Женски
    Баш не вреди да се работи повеќе од што треба . Кај мене нема уште стигнато плата , најверојатно во петок 8-|
    Кај сопруг вчера , и он се жалеше дека многу во данок отишло ...
     
    На Ava.84, Marge, gjoker4e и 2 други им се допаѓа ова.
  8. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.773
    Допаѓања:
    38.886
    Пол:
    Женски
    Многу се дере мајката под нас.
    И јас имам викано во периодот од годинка до две отприлика ама мислам дека не до олку.
    Бебето почна да гуга и вика ге ге ге и оваа на цел глас му се дере истото како да веќе преку глава и дошло. ;(
    Децата и се 3-4 години и ова е бебе нема уште годинка мислам не знам точно.
    Ми иде да се симнам и да и речам ќе ги земам децата кај мене да се издиши малку ама во реалноста не оди баш така тоа.
    Многу често се дере многу ми е жал.
    Совет или идеја?

    Јас некако сум програмирана само нетото да го гледам.
    Стравот за прекувремените за џабе ми го направија вчера, се е ок. :D
    Би била задоволна само доколку пензиско не би одбивале ама не знам дали може тоа да се изведе некако или мора да плаќам пензиско?!
     
    На SummerGirl и Ava.84 им се допаѓа ова.
  9. Касија

    Касија Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2018
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    10.959
    Пол:
    Женски
    @Marge преку АОК сум, ќе ја симнам апликацијата, не знаев за ова, мотивација плус за пешачење и вежбање(y)
    Ме насмеа за маж ти и мојот е гејмер, само моментално е на детокс нема уште земено гејмерско пц за тука, мене не ми е толку што ќе дава пари, туку да не претерува со гејмање, па после кавги:D
     
    На SummerGirl и Marge им се допаѓа ова.
  10. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    5.023
    Детево на комшиите под нас оди со моево во иста група во градинка и се дружат. Они се вселија пред некој месец во зградава, пред тоа не го спомнуваше моето нивното, немав впечаток дека се дружат многу, ама сега почнаа поинтензивно, бидејќи сме ептен блиску и океј е. Обично за викенд го викаме да дојде кај нас или они го викаат моето, па саат - два си играат. И вчера го викнаа моево, што баш ме изненади дека е во текот на неделата, ама ајде реков - океј. После вечерта моево ми раскажува како му поминал денот и ми кажува дека комшивчето го бутнало во градинка и го гризнало многу силно за уво. И сега, претпоставувам дека воспитувачките им кажале на другите родители, а нас ништо. Исто така, мислам дека поради тоа и го поканија моево вчера, најверојатно да опипаат ситуација и како некое извинување поради ситуацијата во градинка. Ама родителите нас (маж ми го однесе, јас го земав) ништо не ни кажаа, што сметам дека не е фер. Јас би кажала на друг родител ако моето дете гризнало некого. Да не ме разберете погрешно, знам дека се деца, дека не секогаш ние родителите имаме контрола над тоа како реагираат, они ќе продолжат да си се дружат, немам никаков проблем со тоа, ништо против детето, ама ме лути малку што ни родителите, ни воспитувачките ништо не рекоа. А они меѓу себе сигурно искомуницирале и ми излегува како да сокриле од нас, со надеж дека детево наше нема да раскаже. Претпоставувам. Како би изреагирале вие во ситуацијава?
     
    На JasBee11, SummerGirl, Ava.84 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.632
    Допаѓања:
    12.268
    Пол:
    Женски
    Не ја правете голема Марге. Ако вашето сака да се дружи и понатака со нивното ок, ако не ќе им кажете дека не сака вашето, не знаете од која причина и готово.
    Без врска е да, штом се дружат децата секојдневно, и вие сте стално во контакт, најмалку што треба да речат е извинете, разговараме со нашето, и укажавме дека не е е добро, се надевам и натаму ќе се дружат убаво. Ама ај де. Оти, кој ги знае.

    А тек ќе идат слични ситуации :worried:. Деца.

    Јас пијам кафе под ќебе и се тресам. Веројатно малата ме зарази. Малата ни приреди хорор приказна во понеделник вечер. Она па на сите раскажа дека се возела со ретунгсдинст ваген со сино светло и тину- ниту. Ние остарени за по пар години, поминати на стационар пола ден и сега некако се враќаме на себе.
    Детето има бронхитис. Ама барем диша.
    Татко и денес нема да се врти пред 7, а она е права мала вештерка како последица од терапијата што и ја дадоа. Ама се ќе се издржи :l:.

    На сите само убавини ви посакувам и сезонава да биде полесна (fingers).
     
    На Касија, JasBee11, MacenceEna и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Masnickaaa

    Masnickaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2011
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    1.058
    Пол:
    Женски
    Побрзо да поминува. А за стресот што сте го доживеале, те гушкам :hug:
    Сега е сезоната за сите можни вируси. Еве го и маж болен, се молам да не не префати нас...
     
    На JasBee11, јolene, SummerGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  13. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.644
    Допаѓања:
    7.734
    Јас воспитачките би ги прашала дали нешто се случило. За да видат дека си дознала, многу често тие не сакаат да споделат па често испаѓа дека не ни виделе само да немаат одговорност.
     
    На SummerGirl, Katie90, gjoker4e и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    5.023
    Баш така @јolene и јас не сакам да реагирам, си викам - не дај Боже ако пак се повтори, дури тогаш. Ама ме повреди тоа што некако се сокри тоа, сепак гризнување и тоа на уво е болно и го болело моево. Мене би ми било жал за другото дете и најмалку што би можела да направам е да се извинам, башка што стварно секој ден се гледаме. Ама во право е изгледа Санела - подалеку од такви дружби. Ќе си излезе само ние на формумов да си се дружиме :D

    Знаев дека нешто не е во ред, баш вчера те помислив. Уф, можам да замислам колку ти е стресно, моето лани овој период нешто слично ни приреди, па и за викенд, окапавме на Нотауфнаме на Униклиник во Аугсбург. Нека проаѓа само, што можеме друго.

    За денес најавени гости, а мене не ми се мрда да потсредам. Малово заспа во спална и стварно немам оправдување, освен дека ме мрзи :tmi: А баба ми имаше една убава поговорка - од мрзева, душа излева :!::rofl: Па си ја повторувам често, ама кога упалува, кога не :wasntme:

    Си се почастив патики со Блек Фрајдеј попуст и многу ми е ќејф. Едвај чекам да стигнат :party:

    @Касија маж ми за роденден ми купи, значи МЕНЕ ми купи - гејмерски лаптоп :inlove: Ако има поголема љубов од тоа, ете :rofl: Инаку, уште се расправаме за мониторот ]:)

    @SanelaS кажа моево дека одма кажало на воспитувачката и дека многу му било црвено увцето и го болело, па воспитувачката го тргнала другото дете од катчето во кое си играле, значи знаеле точно што се случило. Во ред еве ќе беше ако они го решеле тоа таму со двете страни, ама криво ми е што очигледно нив им кажале, а нас ни преќутеле. Ама кога ќе ја начекам таа главната, ќе и спомнам секако.
     
    Последна измена: 27 ноември 2025
    На Касија, SummerGirl, Ava.84 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.632
    Допаѓања:
    12.268
    Пол:
    Женски
    Не чекај толку долго. Уште после ако одиш да го земеш, прашај ги што точно се случило и оти не ви кажале. Онака и поналутено малку, они секако се си пренесуваат меѓу себе.
     
    На SummerGirl, SanelaS и Marge им се допаѓа ова.
  16. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.773
    Допаѓања:
    38.886
    Пол:
    Женски
    @Marge никаде не пиша како му изгледа увото? Можеби и не го гризнало.
    Бидејќи немаш ништо пишано мислам дека не станува збор за силно гризење на уше.
    И мислам дека би кажале само доколку би имало крв на пример. Инаку ако набројуваат што се се случило дента, каде е крајот.
    Мојава ги гребаше до тој степен крв да имаат на лице. :worried: И еве ја, скроз нормално дете, ама мора се да е по нејзини правила. Психологот кажа дека е сето тоа нејзиното многу добро за во школо и за понатака во животот, и дека се е ок.
    Битно да знаете дека не се жалев за џабе со години на форумов. :D

    Мене еднаш во автобус на двата образа крв ми пушти. :tmi: Една сила што имаше во рацете тоа чудо беше. Женско дете. Замислуваш принцеза да биде, а јас добив физичко и психичко насилство! :D
    Сега, најдобра пријателка! :l:

    Кога и да ја видам викам фала богу што порасна, навистина неиздржливо беше до околу 6 години! :tmi:
     
    Последна измена: 27 ноември 2025
    На JasBee11, SummerGirl, Ava.84 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    5.023
    Јас кога го земав, увото му беше црвено и баш го прашав, ама така некако лабаво и он ништо не ми одговори, па не го препрашав, мислев топло му е или нешто така, а баш му беше црвено, баш тоа увце што кажа дека го гризнал. А после градинка и не раскажува многу, обично се што го мачи и се случуло ми го раскажува пред спиење, а не ме лаже, сигурно се случило, знам бидејќи неколку пати ми ја раскажа истата приказна. Плус ми кажа како другата воспитувачка не знаела што се случило, па му дозволила на комшивчето да си игра во друго катче и главната дошла и го извадила пак од катче, затоа што го гризнал моето, така да, претпоставувам не било баш така занемарливо. Се закачаат, јас знам, стварно се само деца. Го прашав и моето, зошто те бутна и гризна Јулијан? Му кажав - не си ми веќе другар. Они се скарале, јасно ми е, ама не ми е баш дека гризнување треба да се преќути. Сега маж ми оди да го земе, ќе му кажам да праша.

    @gjoker4e Сега гледам дека си едитирала и допишала. Еднашка моето бутнало несакајќи (нивни зборови) девојченце, кога се свртел, ова стоело позади него и ја бутнал. Па се расплакал и се извинил (така ми кажаа воспитувачките). И ова ми го кажаа, а ова не. Пак ќе кажам, не сум лута и не сакам да ја правам голема, ама ме лути што на другите родители е кажано, а нас не.
     
    Последна измена: 27 ноември 2025
    На SummerGirl, јolene и gjoker4e им се допаѓа ова.
  18. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.773
    Допаѓања:
    38.886
    Пол:
    Женски
    Додека се мали кажуваат нели, откако знаат сами да кажат не кажуваат, да не има твоето 5-6 години?
    До 3 години буквално се пишуваа на лист.
    Како што имам до сега сфатено, ако имало крв ќе ти кажеле и покажеле.
    Ако им речеш денес нешто ќе речат заборавиле да ти кажат. Тука само дипломатски одговори се добиваат.

    Малиов колку пати ми кажува дека некој го удрил ама вработените ниту еднаш не виделе нешто. Па си викам дека немирните деца се снаодливи и чекаат таа мала секунда да дојде да не гледа вработената. Повеќе деца се и тешко е да се допази кој што направил.

    Ама како и да е нека продолжат да играат, само да не се повторуваат такви работи.
    И браќа и сестри дома ќе се гризнат, удрат, бутнат.
    Малава на неколку пати многу силно го има удрено малиов, а она исто неколку пати ја има гризнато. Тоа било кога се ненаспани и нервозни и буквално за џабе, на пример кога едниот таман сакал да земе некоја играчка, а ја зел другиот. :drunk:
     
    На SummerGirl, Katie90, јolene и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    18.055
    Допаѓања:
    39.837
    Пол:
    Женски
    @Marge утре кажи им на учителките. Намерно не ти кажале за да не реагираш бурно.

    @Касија да ти пратам ПС? Децава како со фластер да се залепени на него. Ќе ти го пратам во пакет со игрите. И три контролери :lol:

    Ме фати грип. Кашлам, ме боли грло, ме боли глава. А имам и температура. Не кивам и не ми тече носот :!:

    Вчера едвај станував од кревет. Сабајле пиев антибиотик. Летово го земав од Мк. Надвор е многу ладно :x
     
    На gjoker4e, Касија, IronLady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.406
    Допаѓања:
    45.547
    Пол:
    Женски
    @јolene какво хорор искуство. Нека е со помин . :l:

    Јас денес слободна , чекам да дојдат мајстори. Аман веќе ми се досади. Мм ме остави сама со оваа обврска, ако не нека дојде он . Нека е присутен, мене ме нервира веќе ова се . Трчав мали во градинка да го оставам да дојдам на време , да не дојдат ..

    Инаку сум цела ко укочена , купивме масажер и се масирав на грбот ама јас сум осетлива па изгледа многу ми дојде.

    Сега да дојдат мајсторите, да ги оставам да работат и да земам соба по соба да местам . Нема слободен ден за мене .
     
    На Dust, Marge, јolene и 2 други им се допаѓа ова.