Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.577
    Допаѓања:
    7.445
    Јас мислам дека два дена со ноќевање ќе ме поткренат малку да се искапам на раат, да се изнашлакам триста креми. Да се отспијам на раат и мислам би живнала и батеријата ќе ми се наполни за 3 месеци. Ете утре понеделник ми се плаче оти имам три термини, плус до градинка да го носам и земам големиот. Додека сите се облечеме, јас се препотувам.Незнам кај замина старата Санела, оваа не ја препознавам . Па кога ќе ми текне колку сакав да пораснам ми се иде да си лепнам три шамари самата.
     
    На JasBee11, Ava.84, SummerGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    2.407
    @Marge истото го потпишувам. Ич не се нервирам ако денот е хаос и немам време за себе. Рутина со моето бебе е невозможна мисија ама како сака така правиме. Еден ден станувам во 5 друг во 6 трет во 8 :drunk:.
    Првото кафе редовно ми се изладува ама ич не се нервирам кога ја тера првата дремка си правам ново и го пијам топло.
    Некои денови имам повеќе време за себе некои помалку ама си наоѓам секогаш барем малку макар и подолго туширање да е.
    Помош од маж само имам и кога ептен ни треба помош доаѓа некој на неколку недели. Бејбиситер од 3 месеци 2 пати годишно немам, а немам нит готвачка нит чистачка.
    Се е на мене и на маж ми затоа и хаос е некогаш ама гајле ми е дека гости не примам.:bandit:
    Ако сакаат да се дружиме се наоѓаме во кафич во град.
    Од рутина р немам. Мијам лице и некогаш ставам некогаш не лавера крема.
    Да не се фалам повеќе а ?

    Џолин ќе ти пишував ама се нема време. Има зошто на родителите им побелува косата. Само нека минува. За децата е најмачно кога се болни.
     
    На JasBee11, Ava.84, SummerGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  3. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    44.735
    Пол:
    Женски
    Си ја симнав книгата што ја препорачав на Џоки , ќе ја преслушам деновиве , може ќе стекнат нови вештини на говор :D

    Гостите си отидоа , јас не јадев на раат. Се околу децава бев . Па после да раскренам , измијам . Мислам кога си отидоа ми се врати енергијата . Средив се , сабајле да не ја мислам . Синко се врати од турнир, сите сме дома . Веќе легнаа . Синко најмалото , спие со татко му , тоа ми е голем плус . Зашто ако го заспивам јас , знам дека ќе ме совлада уморот и нема пак да станам . Од мало се навикна да спие со него и пораат сум некако навечер.

    Телефонот ми покажува дека за 5 минути ќе се стави во Ruhemodus . Добра ноќ
     
    На JasBee11, Ava.84, SummerGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  4. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.391
    Допаѓања:
    17.044
    И после пет ипол години и тоа само со едно дете време за себе ми е редок исклучок. Дете што догодина в школо ќе тргне буквално е лепенка за мене. Само мама, мама за заспивање (досега никогаш не заспала сама а со татко и само во 1% од случаевите). После два-три часа од заспивање паркирана е кај нас во спална, секоја вечер без исклучок.

    Иако заспива најкасно до 20ч. станувањето наутро е со тешки маки и обично денот ми почнува со нервози. Додека да се разделиме во градинка јас сум веќе без пола и повеќе од енергијата за денот.

    Колку пати ми се случува една иста книга да ја почнувам од почеток по трипати или повеќе, едноставно додека пак да ја земам в раце, јас веќе го имам заборавено воведот...

    Да остане со татко и дома а јас да излезам на прошетка, тоа досега не се случило и нема шанси некогаш да се случи.

    Требаше со мајките од градинка да одам на вечерно кафе со цел изработка на вреќички за Николаус, и тоа не се случи. Нема шанси да излезам од дома сама а таа да остане со татко и.

    Се прашувам каде грешиме, дали сакајќи да им угодиме ним до максимум, забораваме на нас и нашите потреби. А и ние сме луѓе а не машини. Кога, тогаш ќе зачкрипи...
     
    На JasBee11, SummerGirl и јolene им се допаѓа ова.
  5. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    11.330
    Пол:
    Женски
    Јас го чекам маж ми да направи пуканки, па да се туширам а он да ја слуша во случај да поврати.

    Мислам дека ја утнаа малата со дијагнозата бронхитис. Не знам, тројца доктри ја слушаат. Веројатно и не ја утнале ама чудно некако се ми е..
    Она доби атемнот многу страшен. Ама тоа си нема врска со бронхитис, оти беше на ларингитисот горе. Со свирење со се. Потврдено од сите доктори шо ја гледаа таа вечер. Со две дози адреналин и кортико едвај се смири.

    И после сабајлето рекоа дека има и на гради. Тешко издишување стварно два дена. Ама не доби температура и не кашла речиси воопшто.
    Намалив сaлбутамол. Сега еднаш на ден денес и беше ок..само еднаш инхалирана и не ставив веќе, препорака од педијатар после и рече да следам со сатурација и ако кашла да инхалирам. Иако и он рече дека му се слуша чисто, ама да не згреши да продолжам со терапија уште некој ден.

    И сега мислам да ен е некој друг вирус? Дали постои вирус кој почнува како настинка и после оди во стомачен? Или сепак собра и стомачен од негде.

    А за косата оти јас не ја фарбам, сега на шишање кога бев, точно се забележуваше надоле кај ја ишиша дека беше потемна, а од горе веќе многу побелена беше. Со други зборови, откако почна да се разболува маци интензивно стварно ми побеле екстремно косата, што дури пак си мислам да ја исфарбам на моменти :emo:.
     
    На JasBee11, Ava.84, Marge и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    2.407
    И сега мислам да ен е некој друг вирус? Дали постои вирус кој почнува како настинка и после оди во стомачен? Или сепак собра и стомачен од негде.
    @јolene
    Постои и првата и втората опција,a има и трета. Медикаментите како што е кортизолот исто можат да го надразнат желудникот. Одредени вируси како РСВ вирусот пример прави Magen- Darm Beschwerden. А може и коифекција да има.
    Сето тоа не е страшно сега пази само да не дехидрира.

    А праша ли за вакцини дали ти препорачуваат пример за РСВ и грип ?
     
    На JasBee11, Ava.84, Biljarkata и 3 други им се допаѓа ова.
  7. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    11.330
    Пол:
    Женски
    Фала Кејти. Милион пати фала до сега, те отеков. Можеш слободно сметка за консултации да ми пратиш.
    Кортико зеде само во понеделникот. Она од вчера се жали на меше.
    Денес вечера не сакаше. И тоа е ок. Ама внесува доволно течности. Уште кога почна со салбутамол почна многу да пие. Веројатно ја прави жедна.
    Сакав да речам и покрај сите маки што ги има, она е супер. Расположена е повеќето од времето, јаде и пие ок.
    До вчера пред да почне меше, супер беше и физички. Денес малку закочи само, не сакала да оди насвор, па се вратија. Разбирливо.
    Можно е да е некој рсв секогаш од нив добива напад.

    Не ми рече ништо за вакцина овој пат, ама мислам они со задоволство би вакцинирале. Сега само не знам дали прави смисла рсв пошто е голема веќе и била во контакт со вирусот. Ќе погледнам утре.
    За грип лани ми рече една педијатар ко бев, не знаев ни дека има. Ќе размислиме со маж ми.
     
    На JasBee11, Katie90, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.956
    Допаѓања:
    34.455
    Пол:
    Женски
    На секое носе растечување бронхотис, никогаш тт нема добиено мојата.Откако порасна почна со температура.Бронхитот за среќа поминува за 1,5ден со редовни инхалации на салбутамол, само неизвесноста е тешка во тој период.

    Прво постот не ми е да те осудам оти мајки не осудувам.
    Дали сакаш ти да ја оставиш или не?
    Твоето дете е прилично големо за да не можеш да ја оставиш.Моите од 3 год сама ги имам оставано не па со татко.Од мали ги имам тренирано дури и мм ме има пудено да излезам.
    Значи можеш да пробаш со криење да излезеш додека мт ја заигрува гледа тв и сл.После да пробаш со мама ќе оди до лидл се враќа за 15 мин.Излегуваш и не се вртиш, драмата е за тебе.Одиш пазаруваш и се враќаш.Така неколку пати и ќе се навикне дека мама се враќа.
    Додека е мт со неа трба да и угодува , да ја гушка да и го одвкечи вниманието.Маж ти е битен да направи како што треба.Он треба да излезе со неа и да ја прошета , да знае детето дека и без мама може.
    Не попуштај на плакањата ако отидеш до продавница и се вратиш за 15мин и да плака нема да и е ништо.
    Детето мора да се осамостојува.


    Време за мене јас имам на претек.Моите се две и секогаш си играат заедно не ме замараат.Јас си гледам серија,филм , читам итн.Често мм ги зима и ги шета , а јас дома сама . Кога сум со големата е прелесно дама знае што да прави, кога сум со малата како да сум сама си игра ме игра фризури ми прави па ја лакирам па учиме и така.Мене баби околу мене би ми сметале:lol:.
     
    На Gosh, JasBee11, happygirl и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    2.407
    Ич да не ти требаат такви консултации отсега ти посакувам. Инаку да се поправам кортизол сум напишала на кортизон(глукокортикоиди) мислев. Ама гледам сме се разбрале. Штом пие течности супер. Хоророт поминал.
     
    На SummerGirl, JasBee11 и јolene им се допаѓа ова.
  10. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    11.330
    Пол:
    Женски
    Јас баш некна мислам ти пишав, ама ти може зафатена си била.
    Значи има шанса да сепак било бронхитис ко кај твоето девојче, ама со терапијата да поминала.
    Јас вчера сабајле последно дадов од спрејот и веќе не. Ноќта не се закашла ни еднаш. И сега ко ќе се накашла ретко е од горе, не е од бронхиите.
    Мерев сатурација и е ок, 97% -99% е секогаш и ќе прекинам од денеска спрејот.
    Ќе ја следам ама сепак, има боја на образи, игрива е. Не укажува дека и е потребен спреј.
    Сепак беше 3 дена со по 3пати
    2 дена по 2 пати
    И еден ден еднаш на ден. Мислам доволно е. Она е многу мала, а спрејот е многу за нејзина возраст дури. Пишува од 4г на него.

    Веќе и со мисли ќе почнеме да се разбираме :):inlove:.
    Ова ко сите на брзина само пишуваш а меѓувреме друго имаш, секако нема време да се поправаш. Ама мислам соте сме научени којшто сака да каже и не се концентрираме на грешки, туку на суштина.
    Пие од сабајле пак, ама веќе трет ден проблем со столица. Ќе давам од тој прашокот со квасец Ена што го кажа. Ако не помине до после ќе барам утре или вечер педијатар пак. Она не е истоштена и ок си е, ама не е нормално да има толку течна столица три дена. Добива по малку електролит и пробиотик нормално.
     
    На Marge и Katie90 им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.278
    Допаѓања:
    197.426
    @јolene од вчера почнав да пишувам и недопишав.
    Ја мислам скоро сите вируси поминуваат низ црева и прават цревни проблеми. Друго, нормално е ако се бори организмот со нешто да нема апетит.Трето, и сите лекови низ црева поминуваат. Ако е ок детето, ко што читам, просто диета за пролив, без млечни производи и не малтретирај по доктори, ќе помине.
     
    На JasBee11, SummerGirl, јolene и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.642
    Допаѓања:
    38.394
    Пол:
    Женски
    Во мојот Универзум, реалноста ни е таква каква што ни е од потсвеста односно од уверувањата.
    Некако природно е да се има деца па затоа не би требало да е до толку напорно.
    Ако родителите имале секогаш финансиски проблеми, продолжуваат и децата да имаат, освен ако не променат нешто. Тоа е од уверување дека на пример дека нема доволно пари.
    Ако имаш такво уверување реалноста ќе ти покаже дека навистина е така.

    Е сега што ми е поентата.

    Додека сме биле деца сме слушале од нашата мајка, па и татко и блиска фамилија, колку е само тешко.
    Сигурно мајка ни, исто како и ние, барем еднаш на ден викала колку и е тешко, или колку е изморена.

    Е сега, нашата мајка, на пример може и перела на рака, продавница била далеку, на педијатар не било баш уау, градинка немало, во една куќа сто генерации и нормално дека било тешко.

    Ама денес, ние сме сами, без свекрва, машина за перење и сушење, машина за садови, градинка, подобри услови, буквално дремеме на фемина :lol:, и реално, споредено со тоа време, не треба да викаме дека е тешко, за да и во реалноста сме сведоци на тоа дека со деца не е тешко.

    Ако мислиме и викаме дека е тешко, цело време ќе се случува нешто за да ни покаже и докаже дека тоа е навистина така.
    Ако мислиме и викаме (за почеток се лажеме) дека е лесно, реалноста ќе ни покаже дека е лесно.

    Знам дека не се согласува секој со ова и тоа е ок. Ама јас еве ова во купатило го размозгав и мора така да е. :D

    Можеби и затоа со второ, трето, четврто е полесно, затоа што со првото сфаќаш и дека не е така хорор, па со секое наредно е полесно.

    Ќе се препрочитам до после немајте гајле. :D
     
    На JasBee11, SummerGirl, Masnickaaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.278
    Допаѓања:
    197.426
    Не знам Џоки, јас цело време велев ,,животот е песна,, за овој ѕверов да ме демантира на дневна основа. Можда со 2 деца е полесно, ама до таму не стигнувам. :wasntme:
     
    На gjoker4e, јolene, Marge и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.956
    Допаѓања:
    34.455
    Пол:
    Женски
    Извини мила каде ми пиша?Нема шанси да не вратам одма , а видам .Секогаш враќам писебно па во критична состојба како бронхит ништо не е побитно од дете.

    Да, можно е да е било бронхот многу брзу поминува ама треба да се инхалира уште малку штом нема на гради можеш да прекинеш оти и самиот салбутамол го забрзува срцето. Ќе знае ок е штом пие вода ,јаде си игра прави глупости и тоа е дете.


    Јас слободна термин на доктор.Се надевам ќе кажат грешка е тоа што кажа матичниот и така.Имајте убав ден.
     
    На SummerGirl, Biljarkata, јolene и 2 други им се допаѓа ова.
  15. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    11.330
    Пол:
    Женски
    Во приватна порака ти пишав. Ама сега секако не е ни битно.

    Сега концентрирај се на тебе :hug:. Дај боже се да биде во ред кај тебе:hug:.
     
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. joana18

    joana18 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    1.345
    Ми дале термин на матичен а тој има одмор . Дали тие направиле грешка дали јас сум направила грешка запишувајќи ќе видиме наредната недела.

    И мое бебе немаше на гради спуштено имаше само бронхол, страшно искуство како за прв пат. За малку не се возевме во кранкенваген. Се преплашив. Доби терапија капки салбутамол. Читајќи ја @јolene значи и ние ќе имаме проблем со тоа. Ја помина терапијата одма друг вирус , настинка. И на сетоа тоа докторката кажа нормално било и сакаше да го вакцинира. Не дозволив. Ни рече повеќе на воздух и дека е така како што е. Црвено газе и тоа е нормално.
    Многу ме нервира што аудира само да вакцинира. Не се ставале вакцини само на тешко болни или со тем.

    Порано и мене мајка ми ми кажа така и белеат косите на мајките. Еве ме и мене со бели влакна .
    @gjoker4e Така е до некаде џоки но некогаш треба да ги извадиме розевоте наочари и да ја согледаме реалноста. Со трето четврто можеби е полесно ако си од оние мајки што не се замара што прават, децата , дали се јадени здрав оброг, дали учат итн итн.
    @Ava.84 со лесно нека ти е, да биде така како што посакуваш.
     
    На јolene, JasBee11, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.642
    Допаѓања:
    38.394
    Пол:
    Женски
    Мене лично со две ми е многу полесно отколку со едно.
    Со едно, бев јас центарот на се, море единственото нешто што постои во Универзумов па и пошироко.
    Со две, се они две заедно, и не им здосадува да викаат дада дада дада, бебе бебе бебе.
    Јас од мама мама мама нервен слом добивав. :D
    Малава сеуште бебе го вика, а он 5 години ќе полни. :lol:

    Термин за општа анестезија на забар во јануари ама не знам дали ќе можам психички?! 100 евра кауција дадовме за терминот. Сакав уште одма да им речам дека јас воопшто не знам дали ќе се појавиме на терминот па макар и пропаднале парите.
    Термин за малава.
    Навистина не знам дали е ок? :|
     
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.947
    Допаѓања:
    39.512
    Пол:
    Женски
    Јас имав понуда за општа анестезија за помалиот син, ама им реков дека ќе размислам. Ми беше страв. А и не беше нешто итно. Требаше два заба да му вадат. Едниот му падна кратко после тоа. Сега чекаме и другиот да падне.

    Моите се поголеми. Сами седат дома. Се одвикнав од плачки и тантруми. А слушнам дека дете плаче, и на мене ми се плаче. Немам нерви за уште едно дете :x

    Докторот во Мк ми вика Може влегуваш во менопауза :worried:
     
    На јolene, JasBee11, gjoker4e и 2 други им се допаѓа ова.
  19. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    11.330
    Пол:
    Женски
    Јас како сум само нервозна, ќе пукнам. Едно што дете малку раскенкано, друго треба да ми дојде, трето и маж ме нервира, поима немам оти. Веројатно оти цела ноќ не спиев од неговото хрчење и цел ден ми драми малото.
    Ко станав од сабајле желба имав за шопинг, демек сајбер понеделник, па да нарачам, де фаворити ставав де не знам што. Сега ми пукнаа филм, ми качија притисок на крај никаква желба веќе немам да си купам нешто, ни па концентрација да скролам. Ништо.

    ЛЕле и на тебе само ќе ти превртам очи, па како сакаш разбери ме. |(

    Не мора да значи. Кај мојата е друго она што се повторува. На изложеност на вирус и воспалува ларинксот(гркланот) и натечува, со тоа се стеснува проводот на воздух кон дробовите и не може да диша. Некогаш само со обична инхалација и ладен воздух минува, некогаш, мора дексаметазон шируп и се средува, некогаш се смирува дома и може да возиме ние накај болница, ама еве некна беше многу лошо, веројатно оти и дробовите веќе биле воспалени и мораше веднаш да дојдат да ја инхалираат.

    Во такви моменти само смирено и дете на балкон исправено или пред прозор. Потрудете се смирен тон да му се обратите, оти ако сме испаничени ние, они бетер ќе ипаничат и тогаш полошо е. Ако не се смирува за неколку мин, викајте брза помош, они имаат и декасаметазон кај нив и адреналин. Ние имаме дексаметазон, за адреналин прашав и ми рекоа дека ако недајбоже уште еднаш се случи, ќе ми дадат за дома. А сега ако насетам, да давам дексаметазон однапред. Јас овој пат мислев нема, татко и се посомнева.

    Мене не ми треба доктор да ми рече. Се гледам себе како и на кое место почнав да имам масни наслаги, како ми се менува метаболизмот, и како хормоните не се ко што беа. Ама тоа е. Дел од животот.
     
    Последна измена: 1 декември 2025 во 23:43
    На Ava.84, SummerGirl, IronLady и 4 други им се допаѓа ова.
  20. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    11.330
    Пол:
    Женски
    Оди на термин и нека му средат заби на детето. Млечен или стален заб. Иако од млечен се пренесува болест на стален. Така ми има забар речено.
     
    На Ava.84, SummerGirl, Katie90 и 2 други им се допаѓа ова.