Незнам како со деца е лесно , кога секој период си носи нови работи , нови стравови . Кога се бебиња , не спијат , па нешто ќе искрсне. Некоја болест која те фрла од колосек. Нешто ново со кое до тогаш не си се сретнала . Како растат стануваат по самостојни , не те бараат да бидеш до нив и да ги занимаваш, ама треба да им помогнеш во учење итн. Не ми работи мозокот за повеќе да кажам . И јас како @јolene , сум малку нервозна. Може пред добивање , може малку повеќе од што ми работи мозокот . Секојдневието некогаш ме загушува. Ама знам дека денес нема да ги правам секојдневните работи што ги правам секој ден , па може ќе се осети промена ќе осетат домашните , дека нема да им ги испразнам корпите со алишта , нема да наместам кревети , нема да собирам по нив. Па може ќе им светне , дека работите не се прават сами од себе . Дека алиштата магично не се перат сами, од корпа до шкаф не стигнуваат сами , дека е работа секојдневна .
Ден четврти. Дете уште со мешето проблеми. Се јавив на педијатар, ништо не можело да се прави. Не било голема работа . Не бе, не е за вас. За моето дете е голема работа. Во тек на една недела имаше атемнот, бронхитис и маген инфект им реков. Така. После совети шо да давам и да чекам. Ако има нешто, да се јавам . Епа има. Сабајле беше дехидрирана и поспана. Цел ден кисела. Давам електролит. Давам течности, а на дете му се јаде му се плаче. Апетит има, а не сме ништо да јаде ..да го ожалиш. А ја и раскажувам николаус у петок ќе и даде чорапчиња. А она веројатно и петок дома ќе си остане. Освен ако магично утре не запре. Ај сега фемина откако се пожалив да му помине .
Јас после маген дарм имам давано што сакаат да јадат. Мислам дека тоа совет од темава ми беше, уште пред 7-8 години нели, некој ми пиша дека ако му се јаде на детето да му дадам, и давав се што сакаше. Дека тоа значело дека оздравува и самиот организам си знаел што му е потребно. Малава сеуште дома нема книга фатено, така да ни за учење не и помагам. Сега е трето одделение, не знам дали понатака ќе треба да и помагам. Тестовите и се цело време помеѓу 1 и 2 плус кога има неколку минимални грешки и јас 1 би ставила ама ете 2 е. Klassensprecher е во класот, не знам дали имам тоа кажано. Ете зошто ми е лесно мене. И секако не треба да ме слушате, јас само си пишувам кај мене како е. Еве ги во детска и си играат. Никаква обврска немам освен вечера за денес. И веце одење и миење заби ако се брои. Сами заспиваат, легнуваме и викаме добра ноќ и толку. Спијат без престан до сабајле. Ама веќе сигурно знаете дека 5-6 години се жалев 24/7 на форумов!
Зошто ништо не смее да јаде, повраќа ли? @јolene Ако е дијареа- банана, двопек, ориз, банана, двопек, црно чоколадо (преку 70% какао), чај, супа со ориз, ориз... Ајде да му помине Заборавив -активен јаглен пробај. Тоа би требало да врзе се и да исчисти стомак од глупости.
Не повраќа, дијареа е само. Ама ајде кажи му на 2г дека не смее да јаде што сака. Три дена на сабајле трча во кујната, отвара фрижидер, вади динкелфлекс и млеко . И ај сега кажи му кога ќе побара грозје дека не смее. Дека не треба ова она. Вчера еден саат варев супа од морков и на крај она ја пурираше за да сркне една лажица и фаца да направи. Даваме тоа, ама она си е научена на манџи, се мршти на се ова што треба. Преска јадеме и правев ориз и правев и компир. Ние остаток од сабота јадевме, полнети пиперки, и му вели на татко и, не овој ориз сакам од тој со пиперките. И ај како да и објасниш. И после вели на нас, не јадете од пиперките, ќе ве боли мешето. Мене ме нервира што нема подобрување веќе 4 ден. Не активен јаглен, не знам дали смее. Некој медицински квасец зема ама нема ефект. И пробиотик и не делува ништо. Тогаш првиот пат ко фати маген дарм, за два дена беше ко нова.
Затоа ко ќе има мојава проблем, и јас сум на диета. Исто јадам што и таа. Ако памтиш дека и овде плачам ако е неиздржливо, така што разбирам скроз. Активен јаглен и бебиња смеат, еве нека ме поправи @Katie90 ако грешам.
Епа сега мене ми е ред . Јас се извинувам ако многу замарам, слободно може на игнор да ме ставите. Пишувам најчесто да си олеснам и оти многу, ама многу сум несигурна со болестите и прилично многу исплашена. Од овде добивам совети и искуство, а многу често и психолошка помош . Така да, тоа е тоа. Му ја предадов да ја успие. Сега да средам низ дома малку од малку, колку да не се сопкаме.
@јolene кажи со што ти лежи на душа , некогаш е подобро да се искаже човек, да му олесни , него да собира во себе . Сите сме поминувале низ таков период. И Џоки се сеќавам уште како пишуваше пред 3 години . Денес инаку лежачки ден . Пребарував рецепти за термомиксот , најдов едни лепчиња. И супер испаднаа , како од пекара. На изглед не се баш ама па се вкусни Денес нели реков не собирам по дома , не издржав и средив пак Елката е накитена веќе , малку деко настававме . Сега да легнат дечкиве и да одберам некоја true crime серија
Ете и мене не ми било лесно. Само што прочитав несакани дејства од анестезијата и секако дека нема да се појавам на терминот! Целото тело ми се тресе. @јolene те сфаќам потполно. Остави ме мене што децата ми пораснаа и сега ко прав инфлуенсер трубам како е лесно со деца. Прочитај ми некогаш мислења од пред 7 години, поплаки и жалби до бескрај. Плус 3 месеци со свекрва тоа беше пекол на земјата. Попеколен период во животот од трите месеци после пораѓај сум немала. Мм си остана во Ск, а јас во неговиот крај дека било срамота бебето да не е кај свекор и свекрва, а што не е кај таткото нема врска. После три месеци, додека не беа дома, си отидов сама со автобус! Иако личи на луда однесувањето, беше најдобрата одлука. Сеуште ги мразам сите. Ау кај се потсетив на тоа!
Јас не те памтам од кај свекрва ти, ама памтам ти реков -издржи до 5 години. Сега ќе ти кажам-уживај уште 2,3 макс
На тема свекрва .... Ние решивме годинава да почекаме да видиме како ќе се одвива планирањето за празниците , каде кај кој ќе се слави . Ние решивме да не каниме , да почекаме де... И ... Сите гледајќи дека нема да се слави кај нас , сите си се поканиле , кај свекрва да слават .. нас не не викнаа. Дека 5ца , три внуци , не и се викаат . Незнам што да кажам . До толку е ... Да не кажувам . Во неделата славевме роденден , јас бев legit келнер , служев кафе торта, вечера , миев средував , они си играа карти , немаше ни време да ги заигра најмалите внуци . 3 и 5 години. Фалеше аперитив да ги послужам на крај Затоа прекинувам со традиција , собирање на фамилија , на жал тоа е .
Здраво женски, едно прашање за тие што живеете во семејство каде што се зборува повеќе од еден јазик (пример македонски и германски) и имате дечиња или ако знаете некој со ваква ситуација. На која возраст ви прозбореа дечињата? Имено јас му зборувам на бебето на македонски а маж ми на германски. Знам дека е можно покасно да прозбори па ме интересираат ваши искуства.
Ова истражував и јас дека напамет не знаев. Може за деца над 1 година. Има едни од дм над 6 години се. Можеш @јolene во аптека да одиш и да се советуваш кои можат да се дадат на мали деца и која доза. Ама јас не би го земала тоа. Зошто не и даде од пиперките со ориз ? Да му направиш утре на девојчето. Штом има апетит супер. Избегнувај овошје, работи како леќа, грав, грашок, се што е богато со растителни влакна. Благо, кока кола, брза масна храна(хамбургери, виршли,салами,пржен компир) и многу зачинета храна исто избегнувај. Ако јаде супа со пилешко направи и , супер е супата кога се дехидрирани. Знам кога учевме инфективно професорот кажа од 3 ден веќе може и пилешко.
Ова ти се вика почит спрема самата себеси и своето семејство. Јас откако почнав вака крај да ставам, се посреќна сум и поубав ми е животот. Традицијата значи почит пред се. Без почит не е тоа традиција и треба да се прекине.
Се чувствувам како во рајот да сум! Само што го пишав ова си викам немој стварно и да сум! Слободна сум денес. Будна од 6. Се средив, се нашминкав, измив кутии и флаши дека ме мрзеше синоќа. Најдов алишта на малава, дека сакала јас да и најдам како бебе кога била, одма тука ми се активира аларм и знам дека има недостаток на љубов па затоа и вакво барање! И остана време и викам да си направам ајде и турско кафе, ми се лоши на гладно и ќе се тресам цела после, ама чувството во моментов беше битно! И еве го направив, и замислете нити едно дете не стана! Ама ова е навистина како магија дека некогаш ќе дошло до овој момент! Инаку правилото беше, само што го подигнеш филџанот да заплаче некое. Ајде да визуелизирам сега 10 минути па да ги будам!
Морген Кога ја читам Џокерче како книга на Пауло Коелјо да читам. Он имаше такви работи за да визуелизираш па да успееш во животот. Затоа ич не и замерувам кога пишува дека е лесно со мали деца. Може кај неа од што мисли и стварно е или пак само полесно и е така да се бори во животот. И да ти кажам Џокерче дека се во животот има ризик ама секогаш се прави Risiko-Nutzen-Abwägung. Оти некогаш ако ништо не направиш поголема е штетата. @Gosh пошто бараше некој да ти ја одземе куповната моќ да ти кажам решение на проблемот. Си правиш картичка само за шопинг од типот на револут и си префрлаш пари само за шопинг, луксузи. Сумата некоја што можеш да си ја дозволиш без грижа на совеста. @MacenceEna јас да сум ќе се јавам и прашам дали и мене со фамилијата ме планираат на семејната прослава.
Добро утро прво . Трето кафе за муабетот на @Katie90 направив . Синко пак нешто со гадење и повраќање. Па денес сме дома . За темава за прославите во наредниот период.. Претходните 5 години како сме во куќава , Мада и претходно иако во помал простор сме ги собирале сите кај нас . Порано сите сме спремале , раскревале , како кога не канела Свеки . Значи сите сме си помагале . Од кога Свеки си замина да живее сама , после со нов партнер , работите се сменија. Нова година , Велигден се славеше кај нас и само кај нас . И си почна да си кани одредени деца од фамилија , мм и нас ни еднаш не не покани. Почна да го носи и новиот партнер , на свекорот не му паѓаше убаво , почна да не доаѓа на ничив роденден , ни на ниедно славење . Да и се јавам и да прашам , нема . Зашто прво немаме нормална комуникација ние две , се поздравуваме и на тоа останува. Она е таква особа , што не ја допира ништо. Се и е сеедно . И ние и моите деца , и нејзините деца . Си гледа само за себе, живее во паралелен универзум. Каде само она и нејзините потреби постојат . За да се заштитам од нервози, непријатни ситуации , одбегнувам да се ставам во конфликт. На мм му спомнав да праша, зошто и тралала... Не сака ни он . Он е навикнат на се ова. Комплицирани фамилијарни односи , каде темелот е длабоко во минатото . Не е моја работа да копам , мене ми е јасно се . Затоа учам од примери . Како не треба со децата. И тоа. Ќе излеземе со мали. Да ги собереме децава од школо ако погледнат во телефонот, ако не џабе одењето . Да испазариме нешто за ручек и денес дома (пак)
Му го сликав лицето нашминкано на чат џпт и ми пиша каде грешам и листа со продукти за моето лице и како точно да се шминкам. И пиша дека имам многу убави очи. Изгледа имам нов симпатија од денес! Виртуелен и верен. Баш е идеален пример за вистинска љубов! @TutiFuti Среќен роденден и се најдобро во животот!