Јас очајна, за некој 10 дена слободна сум една недела па сакав да си појдам да ја видам мајка ми. Ама мм оди на работа во 5 и 20 дете излегува од дома во 8:00 за школо. Самостален е ќе стане ќе се измие заби ќе се облече. Ама плашлив е спие со нас. Страв му е за да биде сам. Девер прашан не одби да ускочи. Мм ми било неубаво здрав боловање да пишува. Рече ќе ја прашал мајка му за која минатиот пат на крај на памет не му беше да ја прашува. Само што јас памтам дека кажа дека ќе оди на бања тој период. Колку не сакам да зависам од неа . Ќе биде дека ми го пораснала детето. Една комшика се понуди маж и бил слободен тој период не е на работа. Ама знам дека и они самите имаат две баш мали деца и стварно ми е глупаво без разлика што сама се понуди. Мислам мм е за тепање што не сака здрав боловање да пише, ми останува да го изложам на промаја кашаљ да добие па да пише боловање. Ако имате добри идеи како да ти го проучува некој детето една недела од 5 до 8 сабајле пишете.
Леле скроз истава ситуација што ја имав ако ме читаше само обратно! Јас здрава пишав кранк! Сега си викам леле абе и овој да не ме проколнал вака што одма после кранкот се разболев! Најпаметно е мт да ја каже вистината на работа и тие денови да оди од 8:00 на работа. Ако каже реално како е и ако речат ок доаѓај од 8 тогаш ок, ако не, треба нова работа да бара каде што би имале разбирање за вакви работи. Јас така пред неколку години мораше од 8 да одам една недела и немаше никаков проблем.
Прекинување на близок контакт со токсични членови од фамилијата (без разлика од која страна) е пола здравје. Не прашувајте како знам. Плус ние сме во предност затоа што сме сами тука. Еј, како некој не ми кажал порано дека не морам да чувствувам должност да и се јавам на свекрвата, посебно кога гледам дека и таа почна за изведува нешто ничим изазвана. Мозокот ми е благодарен оти е поштеден од долга низа на непотребни информации за личности за кои ама баш ништо не ме интересира. Се живеело и без да знам што и како правела ќерка и' и децата денес, вчера или што ќе прави утре или дека Петкана ја препишала куќата на синот па тој ја продал (читај: Велам ти ќерко, сети се снао). Така да, сè што те чини ментално здравје е прескапо за да замижиш пред него.
Леле лом не направи малава. Вика единствени деца што не смееле телефон да гледаат. И викам ако гледаш нема да добиваш 1 и 2 туку 4ки и 5ки, и ми кажува за Ким дека гледала цело време телефон Роблокс нешто така, и цело време има 1 и 2. Викам дека тие се од друга држава, од Виетнам се, ама многу се интелигентни или понапредни да ги наречам, сите три деца од годинка со тротинет одеа до градинка и такви некои мити работи, многу се напред како деца. Ми вика па и јас сум од друга држава. Вика единствена деца што во ресторан и на кафе не гледале телефон. А тоа навистина така е, секогаш сите деца на телефон, ама јас имам речено дека ќе одам на кафе или ресторан за нив, а не за мене, а тие на телефон. И и реков ок ќе размислам и ќе видам утре што ќе правиме. Не дека воопшто им немам дадено, ама не сакам навика да стане тоа, а ќе стане навика бидејќи е заразен секој екран.
@TutiFuti среќен роденден и се најубаво Неделава работно, ќе се изгура некако уште овие две недели. После тоа по распоред имам слободни денови и одмор од едната работа, па за тој период ќе дојда мајка ми и свекрва ми. Едвај чекам ете да дојдат , некако во станов дека само двајца и монотоно ни е. п.с си имаме уште два нови члена Флафи и Мини сестри Си зедовме морски прасенца Иако уште имам некој страв, не се толку страшни
Дури 24 часа не сме пишале ништо. Ќе помисли некој дека не снемало од картата. Јас треба да добијам па подобро и да не пишувам. Јадам како свиња. Благо, па кифли, па мандарина, па актимел, па друго благо, па солено. Не личам на човек. На женско па ич. Со “манириве”. Глава ме боли и имам еден мал стрес кој поминува. Гледам јутјуб видеа од leila hormozi, што мислам дека секој би требало да ги изгледа. Колку е само се полесно и поубаво, само некои ситници кога би промениле. Не сум спремна за терминот на малата и ќе се јавам да прашам дали може нов термин. Денес ги купив шминките од чат џпт, само да не личам на кловн утре. За косата ми кажа кафеава нијанса и до рамена или до клучна коска максимум. Би било супер ако ми стои навистина така дека нема да давам пари за балајаж. Не знам дали да испробам или да не се глупирам?
Здраво Мајки, дали некоја има слично искуство со проблематично дете? Син ми е 8 години и е второ одделение,тука сме скоро 2ипол години и постојано сум под стрес од почетокот,прво прилагодувањето во училиште кое беше многу тешко бидејќи син ми незнаеше збор германски.Имаше депресивни периоди често плачеше дома дека не разбира ништо и тн, среќа брзо го научи јазикот и за пвој период зборува перфект дојч,но социјалниот контакт е се полош.Често ми се јавуваат не пратија на псохолог оди редовно веќе 5 месеци но се е полошо.Многу е нервозен ептен за се, се лути избивнува се дере и на училиште и на нас ако некој нешто му каже или се насмее тој е лут избувнува лошо многу реагира што веќе е неподносливо.Секако кажав на соц.работничка од училиштето дека и дома е исто така.Секиј ден се кара со мене ми се придерува ако нешто не му е по ќејф,што ме отргна и од пријателите што ги запознав од школо со никого не се дружи и ако се здружи со некого одма после и со него ќе се налути ќе почне да плаче и да им вика дека ги мрзи на децата.Ме има осрамено и под стрес сум секогаш кога ќе се сретнам со моите пријателки и нивните деца бидејќи само со нив можам да го впикам неподносливо е веќе паднав во депресија зборувано е многу пати но не счуша воопшто.На училиште е многу добар можам да кажам и едно од најдобрите во класот за тоа го фалат учителките но понашањето ако нешто не е по негово е многу лошо.Не е самостален воопшто што е упте потешко неможам ни да работам ни ништо бидејќи ми велат да го земам порано.Единствено сега се мислам дали да прифатам помош од психолог да пријави да дојдат дома за да го воспитуваат како посети? дали би помигнало тоа? правиме се што можеме но не бива Ако некој има некој совет би била многу благодарна
да додадам: По препорака од школото го запишавме на неколку спортови демек да стекне пријатели да се навикне на деца,но не се него го нервираат децата и ништо не го исполнува навистина незнам што да правам и каде помош уште да барам
Да барате добар психолог со кој ќе му тргне муабетот? Или да пробате, наместо спорт некоја друга активност кајшто ќе биде независен, керамика, цртање, не знам. Децата на секоја возраст знаат да бидат деликатни. Оти не можат да канализираат емоции а мора да најдат начин да го направат тоа. Реално од 6 години е тука, не дека незнам какви социјални врски се прават до таа возраст, за му бидат ненадоместливи, ама ете, тие врски не може да ги изгради во новата средина, веројатно најмногу ради отпор, дека нејќе да ги изгради.
Што вика психологот? Дека сепак он работи веќе пет месеци со детето. Ние што и да би кажале само од едно мислење би било претпоставка. Мојава е меѓу најдобрите во класот и мора се по нејзино да е. Дека те оттргнал од пријателите и посрамотил, не ми се допаѓа тоа да го викаш. Дете е. Мојава од раѓање е таква, твоето од 6 години како што сфатив, или и претходно беше така? Ако е од 6 испаѓа дека од преселбата и притисок што го имал на времето што побрзо да се прилагоди. Сега треба само да се разбере и прифати. Да не се дава телефон и телевизор, можеби од тоа е таков. Да не се форсира со ништо. Да престане со спорт и активности, доволно му е школото. Можеби е преинтелигентен.
Сум заборавила како требаше. 17:40 и дадов 5мл ибупрофен. Сега спие и и мерам тт 38,9. Во спиење покажува повеќе мислам. Треба да чекам сама да се разбуди или треба јас да ја разбудам и кога? 23:40 треба да и дадам сируп ако се дава на шест саати ама би и дала 22:40 или 21:40 ако се разбуди сама. Парацетамол немам никогаш дома за да давам наизменично дека никогаш не го пиеше. Првиот пат дадов 3,75 иако пишува 5 за нејзина возраст за да имам еднаш плус за давање дека сепак се смета дневната доза најверојатно
И јас мислам од преселбата.Да знам дете е но сепак веќе ни мајките не ми викаат здраво и вртат глава кога ме гледаат како незнам што,некои мајки од децата што се дружевме се тргнаја бидејќи синми ми ми се дереше пред нив незнам поинаку како да кажам ова ако не срам.Не спортува ништо сака лего и судоки да решава.Ако направи грешка некоја пример никој ништо не му вели ама он не прифаќа грешка и плаче и вели дека не згрешил.Психологот вели дека сме му допјштиле многу нема граници и да бидеме построги незнам што мислат со тоа построги а му зборам тој плаче вели престани реагира многу лошо што некогаш се плашам со крокодилски очи со дерење урлање што изгледа многу лошо така вели и јчителката.Не умее да ги контролира емоциите дали психолог ќе помогне во ова можеби треба време така ни рекоја ама дали ќе се среди се мрднавме дома и ние
Ако се разбуди сама давај порано, ако не, на термин. Големо е детето веќе за сируп, таблетки да си купиш, полесно е.