Шо знам,мене се така ми викаа, оти не сум ко на незнам кој ќерката/синот туку се само инат сум терала и само глупости сум правела. И така. Хороскоп не знам шо ми е детево..може треба да видам шо карактеристики има. Ама шо фајде нејзе инаетот и темпераментот од мене и е наследена. А со мене ни јас сама не издавам на крај.
@angela>>>red25 мајка најдобри совети ќе добиеш од психологот кој го води. И кога не ти е јасно нешто што мислат со тоа прашај си за пример. Јасни граници да поставиш вака претпоставувам пример за време пред екран и да не попушташ без оглед на неговата реакција. Друго најважно е ти да останеш смирена кога он има напад на бес. Прашај го да ја именува емоцијата во смисол бесен си сега, лут си, тажен си ? Што можам да направам да не се чувствуваш така ? Можеме ли да најдеме некој компромис ? Ова го имам читано за тодлери како да учат за регулација на емоциите ама сигурна сум дека и во твојот случај може да се примени. Од каде бараат да го земаш порано? Од училиште ли ? Знам за деца што се проблематични во школо што имаат асистенти. Понудена ли ти е таква опција? Друго сигурно те следува и тебе некаква психолошка помош прашај го психологот на твоето дете за тоа. И за крај ќе ти кажам ако мислиш дека нема напредок барај нов психолог. Идеално постар со поголемо искуство со деца.
Најчесто ние родителите имаме големи очекувања од нашите деца, и често мислиме дека нашите деца само грешат. Детето незнае како со толку емоции. Преселба на тие години веројатно е многу тешка, да тргнеме од себеси како тоа на нас ни влијаело и колкав товар било тоа за детето. Тој се справил и изборил да биде еден од подобрите во класот, совладал перфектно јазик. Едноставно не се сите деца исти, но затоа сме тука да најдеме начин да ги разбереме. Кај нас при воспитувањето на нашите деца најчесто големо влијание има начинот на кој нас не воспитувале нашите родители, затоа што нели ние не знаеме за друг начин. Сме немале никогаш искуство да воспитуваме или да искусиме од други. Има многу книги и материјали за гледање за тоа како и ние да бидеме подобри родители и да можеме да ги разбереме нашите деца и нивните емоции. Сите деца се добри, само треба да најдеме начин да го извлечеме тоа од нив. Последно на мк ја читав оваа книга. Некоја членка деновиве ги предложи книгите од Nora Imlau погледни ги. Ти посакувам сила и трпение, и остави ја околината. Биди тука за него, и за неговите потреби.
Кој ме тераше да пишувам колку ми е само лесно мене. Абе да не пишам нешто јас. Втора ноќ без спиење. Цела ноќ двајцата наизменично температура. Со повеќе од две деца треба список да имаш за да знаеш кога и колку сируп се дало. На работа секако ќе одам утре. Утре доаѓа Николаус во градинка и школо.
На никој не му е лесно со болни деца среќа што се неколку дена.Ние секогаш имам список па и за едно.Пишуваме во колку саатот што сме дале за другиот да знае , а и стари нели повеќе заборавамеа. Гуте бесерунг.
Кај нас кога детето е болно маж ми знае кога и што се дава, јас поима немам. И не знам како го научил детето толку многу да сака и капки за нос и сируп и се, само си бара. Инаку вчера во новата дома некој оставил пред секој стан убава украсна божиќна чинија полна со мандарини, чоколада, кикирики, бонбони и не се кажува кој е. Се прашуваме сите кој е Николаусот. Има една бабичка над нас што живее се смешка вика не бев јас. Јас мислам дека е таа. Во секој случај детето се израдува се скри во едно ќоше со линијата и ко некој глушец само благо јаде. Денес ми доаѓаат пријатели на гости и сакале нешто македонско. Направив зелник со праз, боденик со сирење, свинско со праз, салата малиџано, тавче гравче и гурабии со маст. Дали ќе им се допадне ќе видиме...
Си ја сакам Македонија и секоја позитивна работа во земјата многу ме радува. Ама смеам ли да кажам без да осеќам ни малку вина, дека начинот на функционирање во западна Европа ми се допаѓа многу поише? Дека повеќе се сведува на квалитет него квантитет? Знам дека многу гледаат со потсмев, а уствари појма немаат. Во типично германски детски резорт сме. Го биравме специјално да е со многу активности за деца. Буквално денот е исполнет. Викенд вечер има забава за родителите. Некои беа со децата, некои со старите кои им ги чуваат децата во соба. Диџеј. Музика. Сите скоцкани и расположени. Да не зборам како убаво накитено, осветлување, подиум за денсање. Еден куп деца дојдени со баби и дедовци на дружење. Не знам по кој пат ми се потврдува дека ова е многу подобро од нашето бесцелно денгубење по кафани 3 дена во неделата на кое сме иначе прегорди нели. На лоша музика претежно. Ама битно фамилијата ни е блиску. Ете кажав. Ми лежеше.
Не е страшно. Главата напред нека истече крвта, ќе го стиснеш носот на мекото и ќе престане, можеш и ладни облоги крпа вратот во која има Кühl-Pad да ставиш. Устата отворена евентуално да истече крвта и нека дише преку уста. Ако трае повеќе од 15 мин јавете се на доктор. Стави чаша вода на парното и повеќе луфтирај. Најверојатно е од сувиот воздух.
А јас ја легнав и отпосле го прашав чат џпт истото го кажа што го имаш пишано. Ми текна дека во школо ги легнуваа децата и требаше да кренат лева и десна рака, пред 20 години ова. Многу чудно беше што јас во кујна и она во детска и нешто ми вика од внатре да одам да ги проверам децата и трчам во спална малиов лежи ок е и трчам во детска крв на тепих и по малава. А она од страв ниту вика ниту ништо. Прв пат ми се случува такво чувство да имам како да се случува нешто на некое дете.
На лежење се случило? Рано сабајле? Се случува, затоа ми е бела косата, а и веѓите ми белеат богами.При вироза, оштетена носната слузница, отприлика на таа возраст. Сакам да кажам разбирам, сме го поминале истото.
Не. Не. После туширање. Стоеше во детска. И болни сме нели. Јас го сфатив како знак да не одиме на терминот на забар со општа анестезија.
Ако не им се допадне нив, мене викни ме следно, сигурно ќе ми се допадне . Не мора пита со праз, ние вчера правевме, уште не е изедена, денес од сабајле тетка ми не покани за доручек, пита со праз . Таму пак се јавија другарите, кај нив да сме отиделе спонтано, сега велам само да не не дочекаат и таму со праз, ама ако мора ќе се потрудиме .
Не знам дали приметивте, ама Божиќниве слатки и календари уште пред две недели се редовно на акција на пола цена, оти Германциве не им купуваат. Ја претераа оваа година, ништо нема испод 3 евра, дури ни слатки без марка. Последно што видов Баумкухен 6 факинг евра. И ако им е. Баш да видам после Божиќ на која цена ќе бидат, дали на 50 посто или ко лани по ќесе полно со кило мешани благи 5 евра...
Календарите ако мислиш на адвентскалендар се на попуст од крај ноември дека тие се за од 1ви декември и се купуваат на време. Последната недела од ноември е веќе касно за адвентскалендар. Ама не знам за кои слатки зборуваш, по маркети или по Божични маркети? На пример Лидл има едни благи од понеделник и тие се во четврток на попуст, од четврток има нови благи и тие се од понеделник на попуст. За Божични маркети или пазари не знам. Ама ти ја сфаќам поентата бидејќи и Милка е 1,99 ама наредна недела е само 79 центи. А претходната недела еден вкус од Милка беше повлечен од продажба па ни за 79 нема да ја купам.
Страшно изгледа ама не е страшно. И јас се сеќавам главата назад им ја ставаа во школо , ја голтаа крвта. Толку знаеле. Многу се нежни крвните садови,а и ги има многу во носот. Првата помош е таа. Сега можеш вит Ц да даваш овие денови. Помага за коагулација на крвта. @bubemconia за мене врвот на домакинството е зелник со праз. Алал да ти е.
Ја и на зелник со урда не се мрштам. Леле тоа едно чудо колку ми се јаде со урда нешто месено. Ама овде нема таква урда ко нашата и тоа може е единственото нешто што ми фали. Или има ама не сум нашла. Инаку @gjoker4e те читам со терминот за дете, ама не знам дали твојот страв, го оправдува ризикот за забите на децата. Ако не е толку опасен кариес и да може да издржи дете, пробајте да правите без анестезија. Ама запчиња мора да се средат. Не знам оти ви предложиле, што и како, колку сте советувани и колку е нужно, вие секако си знаете подобро. Паниката ти ја разбирам целосно, и јас би паничела. Т.е. скоро секој од нас и на вакцина се тресел. Ќе помине сега и ова. Мора да помине. Некој гаден вирус сте фатиле. Течење крв од нос се сеќавам и јас, стално имало на таа возраст..не е нешто за паника, ама можеш секогаш да се јавиш кај доктор. Мене маж ми ми кажа дека на ТК имало дежурен доктор 24/7. И планирам да ја инсталирам апликацијата за во случај да се јавам и да прашам среде ноќ, оти нашите глупости секогаш среде ноќ се. Сакав да речам има мо е и на вашето осигурување или за не итни случаи за совет 116117 се уште работи мислам. На Ена сакав уште некна да и речам, многу убави лепчињата. Ептен. И домот од слики што праќал, убава енергија зрачи. Со здравје да се користи термомоксот. Среќен роденден на Тути. Жива и здрава, сите желби реалност. Убав викенд имавме ние. Полн програм два дена, сега да се вечера, да смириме шекерот полека и спиење. На сите убава работна недела од утре .
И јас да се јавам помеѓу живите . Викендот го поминавме дома , со готвење , колачиња правење . Изгледавме два филма , новогодишни . Секое попладне легнував . По два саата спиење , после незнаев кај сум . Денес од мака легнав . Нешто ме штрека од лева страна под желудникот . Мм прогугла дека е слезината. Па од хипохондрија ме фати умор , морав да легнав . Мразам кога ми е нешто Него животот оди напред . Бевме со синко на платно , јадевме некоја кинеска храна , го бањав мали и сега да си легнеме . Тоест да легнат сите , па да гледам филм на сат 1
Да се пријавам и јас, за терминот за заболекар скоро пишував искуство, германските заболекари кои го прегледаа препорачуваа општа анестезија, но по преглед кај македонски заболекар кој воедно рече дека на свое дете никогаш не би дал тотална анестезија за да среди кариес, ги среди сите заби, само за еден кај кој кариесот беше подлабоко, му прсна спреј, му рече да ги затвори очите и му стави анестезија со инекција локално па работеше без проблем. Станува збор за четири и пол годишно дете. За мајката со проблеми за однесување кај детето можеби да проба да се поврза со некој пример како Марија Саздева, ја следам на инста и мислам дека она работи такви случаи со проблематично однесување.