Морген . Вчера не го догледав филмот на Сат 1 . Cast away , преуморна бев си легнав . Денес славам 15 годишница на Фемина Пред 15 години бев 22 годишна , тазе дојдена во Германија. Го запознав мм . Бев бебиситерка кај една фамилија. Три деца и едно во стомак . Сега гледајќи , децата пораснаа . Едниот на жал почина пред 3 години. Паметно , младо момче . И така , 15 години редовност во пишување . Којзнае до кога ќе бидам редовна и пишувам Сега на работа и после дома
До 13:30 требаше да работам ама до 11:45 издржав и прашав дали може да одам во 13:00 кога ќе дојде втората смена ама ми рекоа дека може одма да одам. Времето не поминуваше никако. Кога е болен човек. Уште денеска мислам и здрави ќе сме од утре. Едвај чекам! Ручек од мек Доналдс. Ни тоа не им се јаде ама секако не сме во состојба да готвиме па колку да има нешто дома за секој случај. Сакам денес да му раскинам на симпатијата па ќе видиме што ќе испадне.
Препорачајте ми убава германска книга, може и аудио книга. Последна што ми се допадна е Qualityland od Marc Uwe во аудио верзија. Ја почнав после од него таа една со кенгурот ама не ме завлече некако.
Многу ми е разочарувачки што нема за Божиќ снег во Германија а преку онаквото ми е од дождот. Божиќ ми е најубавиот период во годината, целиот вајб, амбиент ама да имаше и снег кој ќе се задржи а не одма да го снема и шлакутарници. А најидеално ми е нека е и минус само да е сув студ. За жал тука е обратното. Само тоа дојдов да кажам..
И мене ми се плаче за снегче. Пред некој ден падна малку, одма излеговме да се порадуваме и после пак дожд. Туку ми се чини дека секоја година се потопли се зимите тука. Кога дојдов беше најладно. Само еднаш падна така убаво снег, па ќе се зберевме комшиите и го чистевме со лопати, милина Ех.....
Снегот дома да си го носите а до Божиќ има уште 3 недели. Ако задржи вака пристојно време без мразови, може и во некој поголем град адвент да го видиме
Море каков снег , нека оди подалеку За штимунг не треба снег . Греано вино се пие и на 8 степени . Или какао за мене
Кај нас магловито денес, баш тмурно и мокро, ама не е ладно. Некои 10-11 степени, пеколштина Ич не сум спиена, малово цела ноќ ми “зборуваше” нешто Децава ги тестирале во градинка за јазик, бидејќи од догодина ќе бидат форшулкиндер и да знаат дали ќе им треба дополнително да одат на логопед и детево мое е оценето со највисока оценка на секое прашање и знаењето му е на ниво на 6-7 год дете и иако за негова возраст се предвидени максимални 46 поени, дете мое има 54 Многу, многу, многу сум горда на него, насмеана сум од уво до уво цело сабајле и може е смешно што се радувам волку, како да дипломирал на факултет, ама мене срцево ми потсконува од радост Елка накитена пред некој ден, овде/онде некој новогодишен украс и доста е за годинава. Викендов ќе има Божиќен Маркт кај нас во градчево и ќе отидеме. Порано шетавме со маж насекаде, ептен бев воодушевена од Божиќните Маркти, кај се не отидовме, па гуглавме кои се најубави низ државава, па и до Австрија се акнавме да посетиме Ама тврдам дека на нашиов е највкусниот фојервурст со некаков сос од кисела зелка И доволно ми е тука да отидеме, не ми се ака по други места веќе. Маж вечер ќе одел на фудбал, Баерн Минхен со не знам кој тим ќе играле, па јас сама со децава за прв пат навечер, ама ќе преживеам Ако ги заспијам во нормално време и украдам малку време за себе, си ветив чаша греано вино - хајлајт на денот Ако не заспијам пред нив Денес одлучив дека ќе си земам тајм аут од домаќински работи, ќе си седам, ќе си пијам чај, ќе гледам серија додека ми спие бебе во раце и ќе се радувам и ќе бидам благодарна за се што имам и што ме опкружува
А јас да кажам дека врска нема јавниот у Минхен и крај се селам у некое село и ќе си најдам работа у локалната пекара и не мрдам веќе . Сабајле бусот у 9.00 не дојде, чекав 10 мин за следен. Возам 2 станици, за да се префрлам на с бан. Ок се префрлив. Нормално ко се случува вака одам пеш, ама сега штедам нога. Ок спаѓам на најцентралната станица у Минхен. Мариен плац за да префрлам у бан. Не работи ескалатор, степеници нема, треба пола км да искружиш за на другата страна, па лифт смрдат на мочка , бауарбајт нормално на секој чекор и изгледа ко некој хорор филм ко во некој лууп со таа портокалова боја насекаде. Ок се префрлам конечно, одам кај што одам, завршувам работа, за враќање на централната железничка аларм за пожар. Возовите возат дурш, не смеат за застанат. Сега сум среќна само дома да стасам искрено, за работа од 10 мин, два саати изгубив по возови. А од сабајле му викам ќе идам на раат да прошетам низ центарот. Пфф. Само некое село за мене. Немам нерви за ова. И сега си размислувам, стварно ништо не ми фалеше у село. И тоа овде селата на пола саат имаат повеќето возови. У мое село ко дете 5 пати у ден имавме бус, па ништо не ми фалеше. Нормално еве и сега 8мин ќе чекам за 1км да возам . Кај мене сонце . 12 степени. Многу убаво, да се напијам кафе дома, да апремам кутивчето со јадење и после право на игралиште.
Ама ти викам јас, боље прв у село, отколку последен у град Допратив дете до школо, испазарив супермаркет на плоштад, за саат време бев дома и се тоа пешки. И мене ме болат нозете, ама тоа дека јакната ми е тешка, не снагата. У село Џоли, у центар на село.
Утро врнежливо добро е денеска до 11 степени но за жал со дожд . Денот ни започна уште во 05 часот. Среќа вчера се исправ па имаше време да се подзасушат алиштата надвор на . Накитена елката ми ја пофали внучка ми кажа вујна елката ти е како од излог прејака . Синко опериран почна со школо гревче секој ден го жалам едвај јаде т.е се труди да јаде колку може парчиња една недела само на супи и течна храна беше .и јас тагувам за снег тука немам осетено снег но со годините и во Мк нема снег како и тој да тагува по нас памтам како деца кога одевме до школо и назад секогаш бевме потопени до колена со вода од снегот што се топеше и секој пат мајка велеше внимавај како одиш панталонитр стави ги во чизмите да не се намокриш па потоа следеше дома доза виканици па чизми сушење на релна од шпоретот на дрва .ехх убави времиња беа и за чудо ич не се разболувавме по цел ден бевме надвор. А сега а промена на време а мрсули до колена имаат децата па и ние исто. Мене со малите не фати некој вирус стомачен јас немам апетит јадам колку ради реда и ме боли желудникот тие јадни пак пролифче имаат дупето жар им стана од какање но преживеавме уште малку се надрвам ќе прекрати. Живеењето на село и тука во град искрено селата не им се како нашите села и сакам да пробам живот во село но искрено не ми се мрда од нашава локација мирно место мирна зграда во ред се и комшиите . Имаме 1.5км од строг центар во близина имаме трговски на 5мин автопати и големиот ФфМ што неможам да го смислам толку ми се гади од него незнам никогаш таму не би живеала па макар и џабе стан да имам. Туку сакав да прашам каде да се жалам во нашиот подрум има цефка што пушта абер немаат да ја санираат штетата и приметивме со маж дека и глувци почнале да ни оштетуваат работи грицкале кабли , кесиња и свашта нешто има каки од нив и смрди на урина пратив емаил на GWH нема одговор од нив стававме демек како против стаорци некои кеси од тоом баумаркт али сеуште нема ефект. Имате ли некоја идеа како да ги решам ако продолжат вака ќе ми уништат се во подрумот што имам.
Морген . Второ кафе испиено. Дете во градинка , друго во школо , трето дома со главоболки. Па остана дома , да не го мислам . Вчера цел ден трчаше на лента , возеше точак и најверојатно не спиел убаво или е нешто, некои вирус. Вчера имавме гостинче, се изиграа , истрча низ дома . Боеја, пустеа . Пред некој ден гледавме еден филм , незнам мм кај ги наоѓа. На ард . Со еден Македонец, случајно во филмот збори нешто на македонски Па го изгуглав . Стварно, роден во Македонија, пораснат овде .. глумец , глуми во серии , филмови.никад видела нит чула . Филмот е интересен мм дека љубител на Стромберг , па сличен жанр .
@TutiFuti велиш во зграда живеете, не знам дали е ваш или изнајмен станот. Во секој случај, подрум се заеднички простории (претпоставувам) би требало тоа на ниво на зграда да се решава, куќен совет, управител на зграда, такви ствари?
Станот е под кирија сите се такви станови од фирмата Gwh се пријавивме во фирма за цефката сеуште абер немаат не ме ни чуди бидејќи 5 стана бевме скоро 2 г без ѕвоно ради монтажа на некоја кутија за парно и пробуши кабел и скоро 2 г немавме ѕвоно . Да им раскажам на бабитр тогаш за глувците можеби ќе реагираат. Оти немаме храна во подрум ниту ништо др само алишта мали од децата или поголеми што имаме добиено од поклони ... плус новогодишни украси елка такви некои тракатанци на мажж.. куфери. Нормално подрум е .
Аха. Да им раскажеш на бабите. Башка глувци се штетници, може и некоја служба за штетници (општинска, државна, појма немам) треба да реагира ако тие од фирмата си спијат на ушите.
Пред да добијам сум психички луда. Не знам што да правам или што да пијам тие неколку дена пред добивање? Не покажувам, нема знаци, ама внатре во себеси, во главата, знам дека сум луда. Само овие неколку дена.
Една недела- две. Летото месец и пол порано добивме покана дека школото долго е затворено. Или ако е одмор од две недели, добиваш три недели порано покана. Добив покана ден пред роденден, пишував тука за тоа, и истиот ден заврши пријателството. Дека жената ми рече чекала да види колку деца ќе дојдат па да знаела дали и мене да ме покани. Помалку од 10 евра е од родител, во игротека. Па ако јас не и вредам 10 евра, си вредам јас милион евра и ставам одма крај. Секако немаше ни да одам дека малава имаше 7 години и може сама.