Ајде да се пријавам и во добро. Не сум скроз здрава, не сум фит, ама најлошото помина, немам веќе тт и се што со неа иде. Добив. Така да ни луда не сум веќе.
Пред еден месец точно предадов документи за државјанство, денес излезе. Во ауслендербехорде 3 месеца се чека само готова ауфентал картичка да подигнеш, за нешто повеќе од тоа минимум 6 месеца. Одма е подруго кога си Германец. Чуси ауслендербехорде .
Честитки! Две убави работи една по друга! Кога те читам си велам- јас сум следна! Цело време кажувам дека немам кредитна и не можам онлајн да порачувам и сега случајно гледам дека на картичкава има три бројки позади! Мислам дали може до толку да не гледам. И одма си порачав мастерклас 9,99 долари, не знам колку е во евра ама знам дека помалку од 9,99 евра. Секако дека за мажите, ама всушност за жените е. Како да бидам Black cat?! Не дека не сум ама после мастеркласов од три саати ќе бидам оригинал! Има на врата да ми ѕвони симпатијата и за жена од мм да ме побара!
@SanelaS 3 до 4 недели однапред , да може да се планира . Тие што се поканети , да не случајно имаат некој термин. @Dancewere честитки за државјанство, само убави работи да те следат понатаму. Јас денес пак дома со синко , најмалиот. Ко стомачен вирус да има(ше) Утре кај бабата ќе оди на чување. Денес се разработев , ручек , благо . Треба големата да ја земам од гости , ама некако не ми се вози . Татко и ќе го пуштам да ја земе . Треба да пазарам , ги средував фрижидерите, и гледам сега дека фали по нешто . Ама не е нешто многу битно, итно . Плус треба да се облекувам, од мојот домашен аутфит не ми се искача.
@Biljarkata пред месец дена или помалку проверував витамин Д. Беше 6ка. Сега за некоја недела да проверувам , мислиш дека ќе биде покачен , со оглед на тоа што пиев 4 илјадарки ? Веќе повеќе од две недели не чуствувам умор , ни коса ми паѓа кон порано . Малку живнав.
Сигурно ќе биде покачен. Големи дози земаш а и симптоми немаш. Провери побрзо, пред Божиќ, ако е во граница на норма да земаш помала доза за одржување. Колку е таа доза не знам, јас се борам со вигантол, тоа кога не капе, кога ќе го заборавам. Баш да се јавам утре да прашам која е доза за одржување и некое апче евентуално, да не се борам со капките. Јас божем земав денови одмор од утре, ми остана нешто невработено, со какви неспособни работам, а у, ни одмор од одморот нема да видам. Ај, бар ќе се наспијам
Малиов пак кашла, температура и омалаксан е, може да се врати вирусот по два дена здрав? Да не треба на педијатар да одам?
Може кога ќе кажам малата оздраве пак ја повтпрува и во последно време често се случува затоа и денови немаме веќе.
Грипот е вирус ама нема врска. Носи на доктор да не го мислиш. Дете на другарка 4 недели остана дома, дури по 2 недели откриле бактерија дека има. Па 2 антибиотика па чуда. Брзо оздравување на сите
Јас сум другарка ти. Три дена темп. После немаше ништо три дена, пак пак качи и на берајтшафсклиника и зедоа крв, инфекција бактериска, доби ант. Што беше не знаеме точно, дали уши, дали синуси,тогаш исплашени, нормално за викенд се дешава така. Ова лани. Сега во понеделник ја пуштив, од вчера ми вика носето и било полно. Дали повторува шо научила, дали стварно пак се затнува не знам. Малку чудно звучи секако и сега ќе ја слушам цела ноќ. Во градинка исто и кај нас инфлуенца и маген дарм на листа, на сите страни само се кашла и киван . Вие што сакате зимо како сте ? Денес имав чувство дека не ни изгреа сонце. Цел ден темно, темно - магловито никакво.
Џокерче добро те советувале. Оди нека го слушнат на слушалка и крв да земат. Може да се работи за секундарна бактериска инфекција и да треба антибиотик.
Спиеше од синоќа од 18:00 отприлика до сабајле до 09:00 спиел и ок е до сега па ќе видиме. Изгледа е од што многу шетавме и не бил сосем фит.
Оти пиша кашлица и температура пак после пауза. Затоа ти кажав дека подобро е да одиш да го слушнат да се види CRP како е. За заморот е нормално после болест да го има. И ние сме истоштени не пак децата.
Да, да, кашлица и температура и изгледаше исто болен како што беше ама го оставив да спие од 18:00 до 9:00 и беше пак ок. Шетањето го направило пак болен. CRP постои и во Германија? Утре ни е прославата. Овој пат каснам со возбуда. Да ве прашам за мислење. Сите со панталони ќе доаѓаат овој пат. Ама јас си имам сукња купено уште пред неколку месеци. Ако бидам само јас со сукња ок е? Ја прашувам сабајле малава за совет и ми вика другите како сакаат нека се облечат, ти треба за себе да гледаш и да носиш сукња. Личен советник си имам дома.
Имате ли некој детски психолог да препорачате, големиот изгледа има проблем со емоциите. Незнам може и реагира на братот на таков начин. Во околината неможам да најдам ...освен едно советување што најдов.