Јас моето го носам откако се роди бебето, ама мислам ние сме многу далеку и нема многу да ти смени и да ти кажам каде одиме. Кај нас, дете не сака и не сака да зборува таму, буквално со клешта не можеш збор да му извлечеш, има чувство дека сме таму поради него, иако атмосферата е скроз опуштена и само игри играме. Како и да е, јас продолжувам сама да одам, ми дава насоки женава што и како со него, плус и телефонски контактираме. Побарај од градинка контакт, мене од таму ми дадоа каде да се обратам. Мене ми рече психологов, до година дена да си очекувам реакции поради бебето, така да, изгледа им треба време повеќе време од што мислиме да го соџвакаат новото секојдневие. Освен ако сакаш да ти пишам бројче во порака, да се јавиш, ама телефонски не знам дали нешто може да те советуваат, без воопшто да ве имаат запознаено.
Незнам каде си но истото го поминавме лани. Синко по 7г сам конечно доби сестри истовремено ги сакаше и ги мразеше почна да прави проблеми во школо дома и по улица правеше глупости да биде забележан , но за среќа помина . Ние бевме бевме овде https://privatpraxis-ivankovic.de/ во Ффм е среќа се се среди по еден разговор синко се смири свати дека не е се така и прифати дека не е сам , и сега знае да каже цело време си со нив но знае дека е исто толку сакан колку што се и тие.
Јас можам да кажам само дека по раѓањето на бебето, повеќе сме му потребни на првото дете, отколку на бебето. Цело време нека е малото дете обврска на големото. Јас се однесував како сестра да сум им. Знаев дека малава сака памерс да му смени на пример за јас да не му сменам. И зборување цело време како и он бил бебе и он сам сакал братче сестриче и сега и тоа мора така за да порасне и да си играат. Цело време кажување колку многу го сака бебето. Љубов на бебето пред поголемото дете дури откако ќе се навикне. Вниманието цело на поголемото дете дека е она е тоа кое што разбира и кое доживува промена. На бебето му е гајле за се. Набрзина ова објаснив чисто да помогнам колку толку, ако е нешто погрешно се извинувам, ама јас така правев и се е ок. Хроничниот запек сеуште трае, значи не е до бебето дека бебево еве го 5 години ќе полни. Утре е забавата помагајте! Битно јас со симпатијата со кола ќе одам и ќе ме земе од пред врата! Другото е небитно, мене само тоа желба ми беше! И една комшивка што го свиѓа да налета баш тогаш ама тоа не знам дали ќе се исполни! Жими се сакам и на 40 и на 50 60 70 80 90 100 да сум луда!
Од градинка пишале дека и деца и персонал има што се во болница од инфлуенцата. Ние многу тешко поминавме ама јас и на работа одев. Секако кажав дека сум многу болна односно и се гледаше од авион немаше потреба ни да кажам и држев растојание.
@gjoker4e Џокерче сакаш лути се сакаш не ама на човек со грип местото му е дома. Затоа има боледување. Кога си болен да одлежиш дома и да оздравиш. Еднаш да кивнеш до 2 метра одат тие капки. И персоналот и клиентите можеш да ги заразиш, а не е настинка грип е.
И мене ме налути штом прочитав . Треба да се има одговорност спрема другите . Неможеш со инфлуенца да шеташ и шириш зараза . Работата можела да помине и без тебе .
Секако дека сте во право. Се согласувам потполно. Ама пред месец дена колешка со корона дојде на работа, беше страшна на изглед и осип имаше насекаде- рече несакано дејство од некој лек што зела за короната. Работевме заедно и реков на сите дека и нареден пат и јас ќе дојдам болна, дека нема шанси кранк да пишам. Ама секако и за мене не беше воопшто добро што труп болна работев. Можеше и јас да завршам во болница бидејќи на телото му треба одмор. Така да, секако дека сте во право Не само она, туку многу колешки, и после ми кажуваат како 10 години не пишале кранк. Да беа они коректни ќе бев и јас.
Ја па не знам како со треска и болки во тело на пример, или со температура на работа ви се оди? Со температура само за дете што морам да зготвам или да излезам ако ептен мора. Инаку од кревет не ми се станува. Ние нешто пак закачивме. Маци сабајле ми рече не сакала во градинка, не и било ок. Ја одјавив, за после 15 мин да се предомисли дека сепак сакала, па да има драма оти требало во градинка. Ама нема, остана дома. Добра е освен што како на грло пак да се закашлува, што во превод значи под надзор е постојано, да не ни се случи реприза. Мене од друга страна ме боли се. Ми се повраќа, матно ми е на глава, ме тресе повремено. Може и грип да имаме и ние, а може и нешто друго ни е. Овој пат маж ми нешто дошлепа. И така. На југ ништо ново муабетот. Ладно надвор,ама конечно после 5 дена барем сонце видовме.
@gjoker4e кога си болен со болен . Земаш боледување . Одмараш, се опоравуваш . Незнам што работа работиш ама волку мотивирани работници што и болни со грип , инфлуенца, корона работите нема нигде . Ко да не ви се седи дома . Платено боледување се зема инаку , никој не ви крати од плата. Треба да се даваат опомени на несовесни работници што шират зарази.
Така е за тоа со боледувањето, секогаш кога некој од вработените бил болен, сум праќала дома или ако кажеле дека сепак можат да дојдат, сум инсистирала да се остане дома. Лажно земање кранк никако не оправдувам, ама болен на работа - уште помалку. Дури и никој да не се зарази од болниот, стојам на тоа дека никаков ќар не може да има од болен вработен на работа за никого. И тоа натпреварување кој колку кранкови има земено е безмислено, затоа што никој не брои кој колку боледувања земал, доколку се навистина потребни. Ако се лажни, тоа одма се гледа од самиот човек и се превземаат други мерки. Да се пријавам јас во настинати, вчера грло, денес нос ми тече и кашлам. Големиот дојде минатата недела со мрсули дома, кај него толку беше, еден ден само, ама јас како најслаба карика дома, со најслаб имунитет очигледно, одма префаќам и ме држи добри две недели. Се надевам бебе нема да закачи од мене. Вчера бевме на Божиќен Маркт со комшиите од долу, убаво беше, прошетавме, се изнамуабетивме, децата се изнаиграа, јадевме и се прибравме. Уште четири дена до распуст на дете и одмор на маж. Едвај чекам да си бидеме сите дома на куп. Уште немам купено поклони за моиве деца и за децата на пријателите, од една страна ништо посебно не правам во текот на денот, од друга страна - ми лета времето. Ме проаѓаат некои луди идеи за одење во Македонија, ама бебе нема пасош. И сега со празнициве, кој знае колку време би траело да се извади и ќе си останеме тука. Ставиле список во градинка за да закажеме термин за Ентвиклунгсгешпрех, ама јас немам кој да го чува малово, ќе мора маж да земе ден од одмор изгледа. Ми нема смисла да одам со бебе, нема да можам скроз да се сконцентрирам на разговорот, а и те како ми е битен, посебно сега како што се навикнува големиот на новото секојдневие со бебето. Имам за денес една обврска да завршам, што ја одложувам со денови и од вчера си анализирам зошто правам така. И знам, не сакам да се соочам со тоа откако ќе го завршам, ама морам - викаат, возрасна сум била И јас како Џолин, на југ ништо ново. Освен што кај нас нема ни сонце, тмурно и облачно е со денови наназад.
Со помин нека ви е на сите кои сте болни. Времево е лудо. Од вчера дува силен ветар. И многу е ладно Денес ќе се кити елката. Вчера маж залепи лепенки на прозорите. Во Волворт има многу убави украси, ама јас немам желба за украсување Во саботата бевме во еден трговски да прошетаме. Во сите продавници беше пекол. Ми се слоши Почнале со зимските попусти. Чизми до 50% попуст. Немаше број за мене. Во Мк нема да одиме за празнициве. Трошок е. Тука има многу народ за Божиќниот маркт. Особено за викенд. Вчера имаше некој концерт. И ќе ми каже некој дека немало дружба тука. Не знам каква дружба сакаат
Леле вчера истиот муабет дома го свртев. Не е лошо да се вратам наназад во темава и да си прочитам резимето од последниот пат, пред да превземеме некое дејствие по темата. Ама малата бе, очите и светнуваат огромни, насмевка, огрева се кога ќе се спомне да иде кај бабите. И сега ќе видиме. Со маж ми последните 10 дена не аме се виделе, се во разминување дете се предава, он не арен, сега па јас и никако да седнеме да средиме одморот да видиме шо како со деновите негови. Друго за поклони не сум зела ни јас. За маци сакав тротинет и мајка ми некна ме праша за идеа и и реков дека она сака тротинет. И рече ко демек земи и од неа. И вчера на ибеј. Значи ибеј кралица сум . Вчера баш тој тротинет шо сакав да и го земам, го најдов во речиси комшии на пола цена, нов скроз во кутија, неотпакуван. Уште денес се извади надвор на проба. Малата пресреќна. Другата баба рече санка да сме и зеле. И и зедовме. Сега уште да заврне снег, па да ја проба. Ако не ете го кај е Гармиш . Да средиме малата и да се напијам од дрогите. Ноќеска маж ми нека ја пази, мислам дека еден месец немам спиено веќе. Денес и егземата на око ми се врати. Уште она фалеше. Значи колку мразам зимо. Уште колку пати да кажам.
Мене и ќерка ми не фати нешто ама ептен благи симптоми. Ќерка ми беше со затнат нос 2 дена, мене ме фати некоја млака кашлица, и еве недела дена ме држи ,од време на време ќе ме зачеша грлото и ќе се накашлам. Во среда имам пробен ден, се надевам ќе ми помине до тогаш. Во петок малата настапува на божиќниот маркет со хор. Четврток ни е термин за подигање на уверение за државјанство, а за во недела имаме карти за циркус. Ништо од ова не сакам да испуштиме, да се докрепиме уште оваа недела па после за нивен божиќ може на раат да се разболиме. Кога ќе ни ги дадат уверенијата за државјанство, ќе ни ги земат картичките за престој, па не советуваа да не патуваме додека не излезат германски документи. Туку мене на зимо секако не ми се оди во Македонија. Златно парно тука, нека се подстопли таму за велигден може да си одиме. Едвај чекам да фатат празници сите да се некаде или со некој и се да биде затворено па да си одморам на раат и да се чудам што да се прави по цел ден. Последните месец дена се чувствувам секој ден како маратон да трчам и пак не успевам се да постигнам.