Форумџика на годината

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    5.023
    Море убаво викате, да се потсетам лани како поминавме во Македонија и како се испоразболевме сите, како мислев дека ќе скинам конци на секое вдишување од “пречистиот” воздух и како едвај се домкнавме назад со температура. Тогаш реков дека никогаш повеќе во зима нема да одам, ама ете, пак ми се јавува некоја носталгија и желба за одење.

    Денес имав пријатно изненадување од две колешки од работа, ми се јавија утрово дека сакале да се видиме, па дојдоа на кафе, се изнамуабетивме, малку трач, малку сериозни муабети, малку смеење, малку беа бебиситерки, од се по малку :lol: Мислам дека на сите три ни годеше ептен, па договоривме и наредни видување за брзо време :inlove:

    И сега, наместо да спијам, јас се туфкам со барање поклони, а и времето ми е веќе кнап. Најдов за другите деца, оддамна имав срцнато некои играчки, ама за моево немам поим што да му земам. Според мене, ама баш ништо не му треба, ама знам дека дека ќе се радува и треба нешто да му оставиме под елка. Некако ми е на возраст кај што веќе му треба нешто поедукативно и покорисно, а и има премногу играчки. 5 ќе полни уште малку. Книги и игри изнајмуваме еднаш неделно од библиотека, така да, тоа отпаѓа за купување. Он е опседнат со роботи трансформери, ама ги има сите можни роботи, така да и тоа отпаѓа. Размислувам за рачен саат :| Тој веќе има еден и си го носи, се што знае е да види дека кога е 15 часот е време да го земеме од градинка :D Е сега, нешто има некоја линија на средина и изгледа толку ќе му биде. Гледав некој нов, ама скоро сите се смарт и тоа не ми се допаѓа, ама па не знам дали може да се избега од технологијава. Мал ми е некако за таков саат, ама поим немам што би му земала друго, давајте идеи :?:

    @Katie90 и јас ич не сакам да троши маж ми ден од одмор за неколку саати, ама ќе има и хоспитација во групата од саат ипол пред разговорот, таму ептен нема како да одам со бебе. Се пишав дури во март, на претпоследниот даден термин, сакам да му дадам време и на големиот да му легнат до тогаш уште малку работите, а до тогаш може ќе улета некоја баба/дедо/тетка на гости, па да причува и бебе, ако не, ќе мора маж да земе ден.
     
    На felisitas, IronLady, TutiFuti и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.987
    Допаѓања:
    34.611
    Пол:
    Женски
    Поклони раздадов уште вчера на кол и на воспитувачките.На раб изненадени како толку рано инаку се сум последна:lol:.Ми остана уште за бебечето на фери , никако да ми стигне едно нешто.Порачав од етси ама пратено и блокирано е, сите работи ми стигнаа ептен слатки.
    Поклони за деца немам требаше во понеделник да им купам ама тргнав нокти да си правам еј и која будала си го заборавив телефонот.Стигам до пола пат и гледа немам тел, ај ме мрзи да се враќам не ми треба тел.
    Стигам до трговскиот и си мислам кој нокти да ги покажам, кога ми текна дека тел го немам , а имав уште 10 мин ама пак ме мрзеше да се вратам.Објаснував 5мин и на крај типот ми вика фото:envy:.Пс кога завршив летнав накај дома да не им е нешто на децата и поклони ќе одам др ден да купам.А си мислев сега ќе се појави Аполон(мм) со децата и ќе ми го донесе.Нормално ќе каже прво како можам да го заборавам, кога они не ни приметиле дури големата не ми ѕвонела 20пати.
     
    На IronLady, Katie90, јolene и 2 други им се допаѓа ова.
  3. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.636
    Допаѓања:
    12.286
    Пол:
    Женски
    Ај да, ај така уште зборете како не е за одење сега мк, па може и ќе се предомислам.
    Кај нас кај маж ми има парно, ама кај моите не. И страшно е ладно кај моите. Иако кога сме таму во сите соби се палат огновите, ама сепак не е исто. Кога е запален и наполнет со дрва каминот, не се седи од топло. А згаснат одма се се осеќа разлика. Сакав да речам не е е постојана температурата и јас многу свилена сум.

    Најнеомилената тетка ќе сум годинава. Нит купив, ни па некако желба имам да купувам.
    Реков ќе идам у книжара на крај и тетратка и пенкалце ќе добијат. Дури тогаш ептен ќе ме сакаат :rofl:.

    Ама исто во моја одбрана да речам, и не очекувам ни па сакам на моето некој да му купува. Ме нервира тоа. Да она се радува, ама еве од бабите доби. Ние ќе и земаме багерче или книга со багери и една тони фигура и толку доста и е.
    На тетка и и реков да и земе, шом толку многу сака, дрвени боици. Од тетка ми ќе добие фустанче, што јас го нарачав под 15 евра.
    Јас сум многу скржава и не скражавам само за шетање и хотели :D. Каква понуда им најдов за викендов што мина, уште ми е мака што се разболе маж ми и не отидовме..и така.

    А и уште да кажам само дека Фери ја прогласувам за најжениште на годината од нашава група :*. Ѕвер
    И сите сте ѕверки силни :muscle:.
     
    На felisitas, IronLady, TutiFuti и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    2.701
    Не биди Гринч Џолин. Пушти срце и потроши некоја пара. Поддржи ја германската економија.
     
    На felisitas, Ava.84, Dancewere и 3 други им се допаѓа ова.
  5. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.406
    Допаѓања:
    45.547
    Пол:
    Женски
    Морген женски .

    Надвор магливо , сиво , ладно.
    Ние со термин во 08 на педијатар ,систематски преглед. Па како што планирав беше гужва низ град .
    Ама на време стасавме . Немаше ни потреба да се претставиме на шалтер , вработените не поздравија со име :D
    13 година како одиме таму со децава . Најчесто за систематски прегледи и вакцини . И во екстремни ситуации. Докторот не го менувам за ништо . Многу ми е симпатичен . Ме знае од моите почетоци во Германија и ме пофали за германскиот . :rofl:
    А јас сирота веќе и на германски мислам. Како и да е . Големите ќе се вакцинираат на 23 . Ден пред празник, нема да бидат задоволни ама тоа е .

    Со колешка конечно ќе се запишеме на јога. Во селото наше има курс, па одговара на двете . Пешки ќе си одиме. Толку години сме комшики ама на работа се запознавме :D

    И така, ајде сега на работа и после по домашна работа :devil:
     
    На felisitas, IronLady, TutiFuti и 7 други им се допаѓа ова.
  6. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.636
    Допаѓања:
    12.286
    Пол:
    Женски
    Ни идеи немам веќе Кејти. На се се мрштат и за половина час веќе е искршено. Може само моите примери се вакви, не сите.
    А па да не зборам колку ми е мачно бирање поклони. Па дали ќе му погодиш, па да не му утнеш, па да не се повтори со некој и така.
    На крај сега на внуците од братучед ми ќе им купам карти за индоршпилплац. И искрено галје ми е.
     
    На felisitas, SummerGirl и Katie90 им се допаѓа ова.
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    18.055
    Допаѓања:
    39.838
    Пол:
    Женски
    Јас не купувам подароци. Ни за во Мк, ни за тука. Нема потреба.

    @joana18 и јас размислувам исто како тебе. Маж ми и маж ти изгледа се браќа :D И он сака да дава, а јас сум против. Оваа година ништо не ми рекол.
     
    На felisitas му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Powerbaby Love

    Powerbaby Love Активен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2024
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Zdravo na Site,
    Naskoro se selime vo Lippstadt,inaku vekje 6 godini ziveeme vo De.
    Dali nekoja od vas Sto zivee vo Lippstadt i okolina,moze da Mi preporaca dobar ginekolog i pedijatar od makedonsko ili balkansko podrachje.?
    Blagodaram
     
  9. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    2.701
    Правете си како мислите не ме сфаќајте сериозно. Разбирам дека е стварно трошок. Јас тоа го правам повеќе за мене затоа што мене ме прави среќна кога бирам, а уште повеќе кога ќе погодам поклон. И полна сум со идеи. Маж ми ми кажа да си најдам ново хоби.
    Инаку Џолин вакви тони фигури има во библиотеките не знам дали знаеш. Запиши го девојчето и изнајмувај игри,книги, тони фигурки.

    @Marge Xplora паметен саат имаме ние . Може до 3 броја да се јавува, видеа да прави и слики. Таман е за таа возраст мислам. И GPS има. Се наоѓа кога оди на родендени, на гости кај другарчиња да можеме да се јавиме.

    Него да ви кажам почнав со моите новогодишни резолуции и повеќе спорт е една од нив. Ама јас сакам ама сум couch potato. Ми се трча ама сега на ладново не знам ни што да облечам за трчање. Па и патиките биле важни и сега не знам ни какви да купам. Марге не е итно ама ај помогни ми со моите маки кога ќе имаш време.
    Може и јога да се истегнувам малку ама јас сум толку нефит (ако воопшто постои зборот) и страв ми е да не останам во одредена положба. И така седам и си мислам може побезбедно е да си ја гледам Емили во Париз .

    @Powerbaby Love не сум таму. Во моево село многу тешко се доаѓа до гинеколог и педијатар дека сите се полни па нема многу бирање. Можеш на фб групите да прашаш.
     
    На felisitas, IronLady, Biljarkata и 3 други им се допаѓа ова.
  10. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.636
    Допаѓања:
    12.286
    Пол:
    Женски
    Не бе тамам работа, си се зезаме тука и се си е ок.
    Јас не мрчам заради парите, оти не е проблем да ги дадам за нешто што е потребно. Еве на пример да им купам јакни, патики или нешто што многу го посакуваат и да и остане, да се користи.
    Ама такви нешта нели родителите навреме си обезбедуваат, а и да купам, некако не им значи. Па останува да купам нешто играчка. А играчки прететрупани се и не ае радуваат повеќе. Ова конкретно за на братучед ми децата.

    Со другарка се имаме договорено до 15 евра, чисто ради ред. И она ги има потстроено малку и не добиваат се.
    Туку се по заслуга. Тоа не значи дека немаат ништо, туку напротив имаат и се однесуваат со респект спрема играчките, не се фрлаат и не се кршат, оти знаат дека нема да добијат други.
    Она на пр ми праќа линк од тоа што треба да купам и после јас ако сакам уште нешто од горе ставам. Чоколадо нели не носам, ама книга купувам, бастел сет на пример, мепшен, некое шише за вода, пенкаце некое, така нешто што им е во моментот хит.
    За пријателка на пример со задоволство ќе земам парфемче за малата и нешто спа за неа, оти последно рече дека и она посакувала оти брат и имал многу. Ама и овде знам дека ќе донесе радост.

    За тони знам дека може да се изнајми од библиотека, ама малата моја во моментов сака да е нејзино и да и е на располагање. Не сум пробала како ќе биде, а баш зборевме со еден родител во петок да ги носиме во библиотека. Па може и ќе пробам да и објаснам. Претерупани сме со книги, ама па и сите ги чита. Буквално секоја напамет ја знае и пак и пак. Ќе ја остави некоја за некое време и после ќе и текне пак да ја бара.
     
    На IronLady, JasBee11, Gosh и 5 други им се допаѓа ова.
  11. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.406
    Допаѓања:
    45.547
    Пол:
    Женски
    Денес имавме посета , на гости ни беа деверот со детето . 3 годишно девојче , живее со мајка и , деверот има во неделата два пати право да ја види. Сега доби дозвола да ја носи на гости кај нас , на неколку саати колку што има и дозвола да ја гледа .
    Ама бе , волку осуди и judgen со погледи и се околку немам посетено оддамна . Сега ми е смешно , пред еден саат не .
    Најмалото наше (5 годишно ) и пушти Барби филм , јас извадив вафли , другиве пиеја лимо |( и се осетив ко најлоша мајка . Уште совети за чување деца што не почна да ми дели , да ме научи како да одгледувам деца.. :rofl:
    Од човек што е родител два пати неделно по 4 саата . Така најлесно се чуваат , воспитуваат деца.
    Он веќе има Feierabend, дете однесено кај мајка , може да прави слободно што сака. Додека јас ... Ај знаете и вие самите
     
    На felisitas, IronLady, gjoker4e и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    5.023
    @Katie90 хеланки пред се да бидат доволно удобни, еластични, што се вика да бидат на твоја страна, а не плус да те нервираат за време на трчањето. Јас трчам со Nike Dri Fit, удобни се и ја извлекуваат потта и влагата од кожа што се вика и нозете ми се секогаш суви и топли. Е сега за ладно, мене не ми е ладно со нив, ама па патеката каде што трчам ми е на 5 минути пешки од дома и обично одам побрзо да се загреам и почнувам со трчање. Имаат и внатрешни џебчиња за телефон/слушалки/клуч што исто е доста практично. Мислам дека има и подебели зимски хеланки, како обложени од внатре, можеш да пробаш со такви. За патики, јас носам Asics, гледам да се за трчање и тоа ми е доволно. И тоа е цела наука за каков терен какви патики, ама за моите 5 км, не е толку битно :D Општо сум фан на нивните патики и мислам дека се створени за мојава нога :D

    Ако имаш желба да почнеш со трчање, пробај и со најобични тренерки и патики, види како ќе ти се допадне. Пробувај во различни делови од денот (доколку ти дозволува времето), различни патеки, различен интензитет, пронајди го тоа што ќе ти одговара. Не се фрустрирај ако си замислила нешто и не одело како што си замислила, туку кажи си дека учиш што ти одговара, а што не.

    Па после тука ќе ги мотивираме една по една, почнувајќи од @јolene :P
     
    На Masnickaaa, јolene и Katie90 им се допаѓа ова.
  13. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    2.701
    @Marge уште едно глупо прашање имам за горниот дел трчаш со тренерка или палто ? Фала ти на опширниот одговор.

    @MacenceEna ич не се замарај. И едно дете да го гледа цело време не е како три плус со 2 работи. Сите го правиме најдоброто што можеме за нашите деца. И кај мене телефизорот е уклучен, не забранувам. Има време и за забава и за учење. Имам цела фиока со благи работи. Не сакам да изгради лош однос со храната. Сакам да знае што е здраво ама и дека кога сака може и чоколадо да си касне. Оти и мене кога ми се јаде нешто благо не ми е доволна јаболката.
    Јас 100 пати сум рекла дека целам кон баланс во животот и за мене и за моите деца.
    Тие совршени родители без телевизор, без преработена храна, без благи работи што целиот живот им се врти околу децата можат слободно да ме одминат.
     
    На gjoker4e, MacenceEna, Chimera и 4 други им се допаѓа ова.
  14. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.636
    Допаѓања:
    12.286
    Пол:
    Женски
    Се си знаеме. Еве со едно, двајцата дома не прегреа, нинсе качи на глава, без душа не остави и тоа само у последниот пола саат пред спиење. Тоа арно не ја фрлив од балкон доле. Ти го качуваш на кревет да спие, читаш книга, раскажуваш ај пак ај пак, гасиш светло. Оно се симнува, да изгасесло оно, па не сакала со мене , па со татко и, па ен со таа кукла со онаа, па сега нос да се чистело, па вода да се напие, па да се скока од кревет, не тој шнули, другиот и не знам што уште не. На крај избивме и двајцата легнавме и заспа. За семејно насилство ќе ме пријават, ама се претера у последен месец, не е нормално, не тестира и провоцира нон стоп. Е нема напади на бес. Уште тоа фали и тантруми нон стоп да има.
    И на крај на денот веќе не знам како да се осеќам. Како ненормална.

    А па со три деца и две работи, можам само да си претставам :bow:.

    Бо ова ако успеете да ме натерате да се мрднам, ве частам. Супер план Марге (highfive).


    Ја не знам до кај сум со вирусот..маж ми ко боже подобро вчера, сега се врати без глас и со растечен нос. А сабајле не беше таков.
    Само малото да минува лесно, та ние лесно е со сите дроги достапни за нас :worried:. Оан сега за сега е добра, се надевам да остане така.
     
    На felisitas, IronLady, gjoker4e и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    5.023
    @Katie90 трчам периодов со блузон, не многу дебел, ама обложен од внатре. Нема допирна точка со спортска опрема, од плакарот на маж ми е присвоен :D Имам Funktionsshirt, ама некако немам ич навика да ја носам. Можеш да земеш таква од Лидл, да пробаш, баш периодов би требало да ги има и не се скапи.

    Е само за главата си немам најдено решение, носам некоја демек како спортска капа, кој знае и дали е спортска и ми ја поти главата и косата, ме полудува. Ама и онака лежам до бебе и немам ама баш ништо што да правам, сега ќе изгуглам и ќе си најдам нешто посаглам.
     
    На јolene и Katie90 им се допаѓа ова.
  16. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.406
    Допаѓања:
    45.547
    Пол:
    Женски
    Морген женски .
    Погодете со која мисла се разбудив и одма ме обли бес ]:)
    Мм вика дека многу размислувам . И во право е .
    Да не го тупам пак , ама .. немора да се правиме паметни еден на друг .
    Не забранувам благо. Моите не се стрвни кон благо и шеќер. Додека синко вчера вафлата ја проба ,( со шеќер во прав и јагоди ) не ја изеде цела . Неговото дете мавна две .
    Со забрани само им се дава поголема желба да јадат такви работи .
    И пак пробувам да се објаснувам а не ми е тоа целта .
    Денес додека јас ќе одам на работа , неговата бивша ќе однесе дете во градинка и ќе се врати дома .
    Живее од социјално , од Überzeugung , дека неможе да чува деца и да работи.
    Он ќе и плаќа издржка, за дете стандард и за нејзе плус зашто ете добро заработува .
    Он ќе се прави паметен кај нас , дека сме и пуштиле филм , за деца , дека детево не знае што е телевизор . А знае , живее со постари браќа сестри .
    И така , малку смешно .

    Доста беше со мислење и премисливање . Да се спремам да однесам дете на градинка , и да се спремам и јас .на работа , не се плаќаат сметките од амт како кај некои . Вчера се репнав 700 евра за сервисер . Минатата недела 1000 евра за чистење на танк , ама да сме живи здрави , пари се заработуваат .
     
    На fairy88, Gosh, ALISA0000 и 9 други им се допаѓа ова.
  17. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.773
    Допаѓања:
    38.886
    Пол:
    Женски
    @јolene Буквално како мојава да ја опишуваш па само да те утешам дека тоа значело дека се премногу интелигентни и кога ќе почне во школо нема да имаш никаков проблем.
    Психологот така ми кажа кога беше мала па еве точно испадна.
    Ама јас сеуште не знам како да се излечам од преживеаното, не дошло на ред сеуште.

    Веќе имам пишано дека дома кај нас не се учи, вчера донесе чисти единици по германски и по француски.
    Денес знам математика тест дека има па ќе видиме утре, претходниот тест и беше 1.

    Домашни немала никогаш дека ги завршувала во школо.
    Кај нас значи само така се давале домашни, кој нема да заврши во предвидениот рок во школо, треба дома за домашна.
    Затоа немала никогаш домашна, ама дури скоро дознав зошто.

    Треба да се создаде навика за учење дома ама сепак кога веќе знае, би и било досадно, нема што да и давам да учи, нешто плус во никој случај не би и давала, сакам само тоа што треба во школо да знае, доволно е.

    И чудно ми е како има француски во трето одделение и глупаво што јас појма немам, па ме учи секој ден ама никако да ги запомнам зборовите. Неколку збора знам. Мотивација, си викам може некогаш некој Французин ќе ми биде симпатија. :rofl:
     
    На felisitas, Katie90, IronLady и 2 други им се допаѓа ова.
  18. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.644
    Допаѓања:
    7.734
    Ако се наредат коцките оваа мајка ќе оди на мала прошетка во околината...Штутгарт на пример што мора да се види а да не се одмине .Инаку туркам со последни сили, малото преку ден има дремки од 10 минути, одбива и да јаде плус па е доста забавно. Пакетчиња изнакупив , само да ги изнапакувам ..штета што немам внуци инаку ќе ги разгалам до максимално. Инаку 6 дена еве сум сама со децата и преживеав некако. Од вечер почнува мојот одмот[ немам термини другото е се исто ]
     
    На Gosh, TutiFuti, JasBee11 и 8 други им се допаѓа ова.
  19. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.636
    Допаѓања:
    12.286
    Пол:
    Женски
    Мене повеќе од 24ч ми стои корпата со алишта за прожување на балкон. Малата ја оставивме дома, главата не знам кај ми е, ми тежи и ми е матна. Нервозна сум оти не сум спиена и не сум трпелива спрема детево иако она е супер уствари, само повеќе внимание си бара оти не и е јасно оти сме вака со татко и, ко убиени.
    А и маж ми ме нервира, ама многу ме нервира.
    Сонце надвор а јас ен сакам ни да излезам, да ги испратам на пазар да отидат, за да се избањам и средам кујна. Исто нема ни ручек. Шо ќе јадеме поима немам. А и фрижидер нема баш избор.
    Не можам ни да цркам оти ме боли грло и тоа. Ај ќе ви пишам ко ќе се стабилизирам малку.
     
    На Gosh, JasBee11, SummerGirl и 6 други им се допаѓа ова.
  20. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.773
    Допаѓања:
    38.886
    Пол:
    Женски
    Кај нас е градинката во Notfallplan Stufe 5! :D
    Претходната недела групата беше во среда затворена, а оваа петок. Јас случајно баш тие денови слободна. :inlove:

    Па собираат броеви од родители и да се снаоѓаме меѓу себе кој да ги чува децата.

    За претходниот период ќе врателе само по 15 евра од дете за ноември и декември само за целодневните деца. Многу малку е тоа во однос на тоа колку беше затворена некоја група.

    Групата од 3 години работеше од 7:00 до 17:00 на времето, е сега работи од 8:00 до 15:00.

    Огромен стрес е ова за вработените родители ама мене за среќа не ме опфаќа стресот. Дека јас со Универзумот поврзана и според мене затвораат групи. :D

    Мене и на работа ми викаат дека не е можно да е затворена секогаш кога јас сум слободна. :D
     
    На JasBee11, SummerGirl, Ava.84 и 1 друга личност им се допаѓа ова.