Конечно од денес одмор , на 5 ти пак на работа . Едвај чекав да излезам од работа . Дома малку серија да погледнам и да се средам за излегување . Многу болни деца има во градинка , со стомачен вирус, тт , чуда. Деца паѓаат ко покосени . @јolene те разбирам целосно. Издржи , ручек немора секогаш да има , ќе се најде нешто да се јаде . Одмори се колку можеш . Мене не ми треба пауза од децава , ми треба некој да ми помогне во домашните обврски. Алишта. , машини , чистење , средување.. се тоа на мене паѓа. Другите ко гости , мм ме разбира и помага и он . Ама сепак ... Од денес распуст и децава имаат . Нека одморат од станување рано , учење , свашта . Знам дека ќе биде напорно и дома ама ни треба на сите одмор .
Кај нас па до сега ни градинка, ни група, ни време имаат скратено поради болести и немање персонал. Како се снаоѓаат, не знам. Вака се 4 воспитувачки + практикантка во група, па и кога се разболуваат две, убацуваат од друга група или таа што е задолжена за турнен. Ме нервира и мене маж, од денес е дома и тврдам дека сама сум 100 пати подобро организирана. Вака ми е се хаос. Отидов на трчање сабајлево, ама бидејќи уште од сабајле бев скроз исфрлена од рамнотежа (нормално, поради него), немав сила и концентација и ми беше многу тешко трчањето, а знам дека проблемот ми беше во глава и не беше умор, па среќа на враќање малку успеав да си ја избистрам главата и да истрчам посолидно. Дел од поклоните стигнаа, ги завиткав дете додека беше во градинка и сум го заборавила селотејпот на маса. И кога се запна дете -мама, за што ти требаше селотејпот, што лепеше, што пакуваше…? Осеќа нешто 100% Конечно сме и ние сите дома до 7ми јануари. Градинката работи и понеделник и вторник, ама ќе си остане дете дома. Ќе одмориме, ќе исчистиме, ќе прошетаме некаде и ќе летне времето додека трепнеме.
Морген . Надвор пијам кафе , второ по ред . Првото набрзинка го мавнав. Вчера бели бев договорена да излеземе со другарки на Weihnachtsmarkt, да ја земам другаркава, нели кај ќе возев .. и влегување во кола, осеќам нешто како да тресна . Па се чудиме што бидна , тоа стаклото позади се скршило . Сол се стори, па назад дома да ја оставам колата , мм да види што бидна ... Како може од ведро небо да пукне вакво нешто незнам . Дали некој со нешто удрил , или ете така требало да биде .. Ние си излеговме битно , сменивме релација. Помал Weihnachtsmarkt одбравме . Ама беше полно , пола ги знаевме . Почнав со топло какао , па Aperol. Убаво си поминавме , заборавив што ми се деси со колава. Може во вторник да се направи , сопруг најде сервис , ќе видиме кога и дали во вторник ќе биде готова може и покасно не ми се брза . Не сум негде на работа . На сите убав ден во посакувам
Морген , И тебе во последно време некој малер со колата со парното те стрефи. јас подобро да не ви ги кажувам моите малери ниту да се смееш ниту да плакаш. Кај нас веќе божиќниотмаркт заврши само 15 дена беше актуелно отидов само еднаш. Не е во ред толку малку.
Баш некој малер ме стрефи , нека заврши само и во новата година да биде подобро. Ние инаку се враќаме од детска клиника. Животот ми се скрати денес . Да го наместам креветот , наоѓам свежа крв , кај перницата каде спие синко . И не малку него колку цела дланка . Па се убедуваме со мм , дали треба да се оди на лекар или не , он на таа тема е многу лабав , јас секогаш дигам паника . Некогаш со право . И заминавме . Го прегледаа , делот околу абдоменот, се е во ред , нема стврднување . Грлото во ред , нема остатоци и остана уште носот да се провери и левата страна со корупки од крв . Го чешал носот , го разранил . И повредил нешто. Битно не е нешто сериозно. Можам воздух да земам
Поскоро опоровавување . И на вас Ена и на Јоана и кај сите. Кај нас малото е сега на ред, она е растечена, ние сме веќе подобри со маж ми.
Можеби е , не знам . Еве пред два саата пак почна да му тече крв . Па стававме ладни облоги на вратот и главата напред ја држеше. Се смири за неколку минути . Сега луфтирам почесто , да не е многу сув воздухот. Аман веќе
Ена може од сув воздух било, може го чепнал, па го разранил и затоа. На моево дете многу често му тече крв од нос, посебно сега во зима, кога е посув воздухот од парното, го носиме неколку пати кај педијатар, ама викаат дека нема простор за грижа. Каков се будел навечер, подобро да не кажувам. Изгледа ќе чепнел во сон во носе, не сме можеле да го сопреме крварењето и плус он исплашен плаче, па бетер станувало. Дури и сега кога ќе почне нешто многу нагло да плаче, ако се удри или нешто, одма почнува крв од нос да му тече. И јас бев иста како дете, затоа не ме фаќа паника, ама затоа маж ми крева паника за двајцата. Докторов ми кажа дека крв од нос може да биде причина за грижа, само доколку е проследено со модрици по телото. На моево му дадоа еден Ауген унд Насенсалбе на Бепантен, можеш да го пробаш ако се случува почесто во иднина.
Денес ќе спие во неговата соба. Јас си ставив душек да спијам со него . Таму мислам дека не е таков воздухот како во спална . Дека прв пат и паника ме фати . Купивме бепантен крема за нос , мачкав неколку пати. Плус и устата му е испукана, таму друга бепантен мачкаме . Во понеделник имаме термин за големите. Ќе го внесеме и него најверојатно. Јас за среќа или не среќа нема да можам да возам. Зошто колата не е во возна состојба. Што згрешив вака да ми се враќа И многу ми е мило кога ме викате Ена. Така ме викаа кога бев мала. И една другарка до ден денес така ме вика. Срце ми се топи
Навистина е многу страшно. Јас и мм пребледевме и сакав одма брза помош да викам. Мисла дека е моја вина, они веќе беа здрави ама јас смрзнав кога кревав тт и пуштив парно до крај и се покрив со многу ќебиња. Во моментот кога гледаш само едвај чекаш да престане. @MacenceEna Од мое досегашно искуство, лично и од околу мене, ништо не згреши, туку Господ те чува! Пред некој ден на колешка и се издушила гумата и не можеше да вози до дома и одма си помислив Господ ја чува! Ама и она воопшто не изреагира бидејќи мислам дека го знае тоа од она што ми има претходно кажувано. На прв поглед изгледа така ама не е така. Се се случува за нас!
Така требало да биде . За колата искрено не се замарам , знам дека ќе се направи. Него што е со овие болештини , со ова тмурно време . Почнува да ми удира на психа, ме враќа години наназад . Од страв за децава кога имаат нешто.
Прееска кога видов крв на навлаката , свежа , потопило се . Кренав паника , мислев крв повратил . Не ми текна дека може му течело крв од нос . А го прашав дали повратил , вика да . И толку ми се стемни . На итна , немаше многу народ. Не примија одма , проверија се . И навистина имаше уште крв во носот. Ми олесна ама и како што сум overthinker , ми беше тригер .
Витамин ц, големи дози. Штом му е сува и устата има некој вирус. Давај чај со лимон, природен витамин ц. Или лимонада од цеден лимон, битно е да се хидрира. Брзо да поминува кај сите
Не се секирај. Зима е типичен период да крвари нос. Еве маж ми откако се преселивме овде секоја зима носот му крвари. Оваа зима да чукнам во дрво прв пат уште нема прокрварено. Иначе што да ти кажувам, хорор ми беше првата зима мислев нешто страшно се дешава. И тоа ако смени просторија, најчесто од ладно (надвор) кога ќе влезеше дома или во супер маркет, носот чешма крв. Првите неколку пати како ќе истечеше по него по блузон, фармерки тоа личеше како којзнае колку крв изгубил. Исто и ако нагло ја исправеше главата. Перниците редовно беа со крв, сите навлаки ми ги има исфлекано. Зимно време капиларите се многу по осетливи и брзо пукаат. Како нас кога сме трудни. Сигурно страшно ти изгледа, ама најчесто е безопасно.
Сабајле ќе правам лимонада , прееска му дадов витамин ц гранулати. Сега вечера. Сирот бараше донер да јаде ,му ветив за утре преку ден И од мене подобро оздравување на сите , дечки и родители . Почна грло да ме гребе . Значи почнал одморот
И јас така кога и да речам од кај сега му текна, ми текнува дека одмор имам од утре па затоа. Ама мене ми одговара болна да сум додека сум на одмор. Ем не морам кранк да пишувам ем не морам да чистам дома. Полн погодок. Ем пари за одмор не мора.
Леле ја кај вас крај не можам да фатам кога се разболувате, кога оздравувате како во магичен круг да сте. Малку шала, да не ми замериш. Јас со оглед на тоа колку сум изложена, имунитетот добро ме служи, да чукнам во дрво. Маж ми знае да го фати на два месеци ама со фервекс ќе протера. Пред две години имаше пандемија на инфлуенца А, тогаш бевме лошо. И пред тоа корона. Вакцинирате ли деца против сезонски грип?