Јас пред една година, не бев болна со години наназад. Едноставно не се разболував, може оти многу убаво се хранев и не јадев шеќери. Па дури и да фатев нешто се набрзина и на нога поаѓав. Додуша и сега двапати со синуси што заразив, еве пак е ок. Маж ми, он лани со малата се можно помина. Јас во депресија паднав од нив двајцата. Толку лошо, дури грижа на совест имам дека нешто погрешно правам и ко од мене да зависи. И мене искрено ми здосади веќе. Нон стоп нешто се дешава. Сите вируси ги фаќа, па и повеќе. А го хранам детево и со зеленчук и со овошје и надвор се изнесува и тоа е. И овде си пишувам, оти па со никој нит ми се збори, ни ми се споделува веќе. И така, си се надевам само лесно да се минува.
Туку кажете како да ги преживеам деновите што идат? Кокал ладно. Празници, се затворено. Кај да се оди, што да се прави? Ќе полудам со дете дома. Давајте идеи, оти ми се плаче.
На бања со природна термална вода. Со сместување во самата бања да не се мувате по ладно. Е сега хај сизон е јбг. Ама треба да е лековито за сите. Ем да не готвиш
Што и да правиш едноставно мора да се помине се по ред од градинка. Имунитетот на детето можеби уште додека се во стомак се знае. Некое поминува лесно, некое не. Кај мене се скоро слично болни и двајцата ама малиов останува смирен и не можеш да почувствуваш дека е болен. Слика има звук нема. Со стомачен вирус лежи и ќе поврати на пример и тоа е исто како ништо да не се случило. Додека пак малава со плачење, врескање, мене мозокот цело време на аларм дека итен случај е. Моиве не се хранат совршено ама за разлика од други деца можам да кажам дека ок ги поминуваат сите работи. Кај нас дома најлошо поминувам јас. Освен со коксаки, со тоа мм поминува најлошо. Еве го и мм се жали од сабајле снег дека немало ама мене супер ми е. 10 степени и сонце. Од утре сонце во душава ќе ме грее и така.
Ние за нова година планиравме бања. За еден ден планиравме една затворена игротека, ама реално секој ден не можам по дешавки да го носам, скапо ми е. Месецов имаме две патувања еднаш Франција + Европа парк, еднаш бања во Австрија и финансиски не можам веќе. Викам вчера ај ќе го однесеме до трговскиот ПЕП долу има едно катче за играње. Се договорив со соседите тука, еден ден кај нас, еден ден кај нив децата, да мине времето. Библиотеката исто е некои денови отворена, ама таму во последно време не сака да седи. Ќе си земе едно Тони и излегува. Киното во мојот град е исто ефтина варијанта, ама периодов нема филмови за мали деца. Во зоолошката бевме во понеделникот. Смрзнав! Правиме дома активности. Многу му е забавно сега од тие книгите со активности да поврзува, да брои, да прави нешто... Се награбав такви од Алди и тоа е сега главната занимација дома. Маж ми го облекува убаво и го носи пред зграда на паркчето. Мене ми е ладно таму.
На моиве дека две ама ич не им е досадно. Еве ги од сабајле не престанаа да зборат. Играа некоја игра, па цртаат и бојат сега. Јас немајка сеуште седам со кафето од 09:00 саат. Сабајле им направив Milchbrötchen со јајца, видов на инстаграм пред некое време и навистина вкусно. Дефинитивно најлоша професија за мене би била вработена во градинка или школо.
Абе да е здраво дете, лесно е. На бања ми се оди ми се плаче, ама ај де, тргни со овие растечениве негде. За шетање во зимо, по градови или надвор, за мене тоа е мачење. Да се облекувам по сто слоја облека, па да не можам ни да се движам. Не фала. Златно време за шетање има, кога надвор над 15 степени е, вака може само у сауна да одам на ладново. Малово секој ден по сто пати ме тера да сме се качеле на авионот . И сега ако и ја исполнам желбата, имам ли право после да и трлам на нос, дека жртва сум правела за неа и свекрви сум трпела од љубов за неа . Типично мајчински де. Пиши у која бања у Австрија ќе одите, да видам после дали да си барам награда за тоа шо ги трпам. Ние предходниот викенд мислам бевме, кога беше ок времето уште. Или пред два викенди да не беше? Кога јадевме праз . И цела така се усмрдев. Многу ми е мака и двете нови јакнимшо ми беа, отидоа. Абе цели исфлекани од ѕверот се. А шо велев. Да усмрдевме цели и после отидовме у Икеа у Брунтал така усмрдени , оти малата таму сакала да си игра и да јаде помфрит со ќечап. Детево инаку не знае дека насекаде има помфрит . Мисли екслузивно само во икеа и кога сме на одмор. Ќерка ми како ме имитира со кафето луѓе. Тоа да гледаш и да се смееш само. Зема филџан со млеко, седнува го зема со двете раце и драматично кажува- лас мих ин руе јецт И фацата замислена и загледани у далечина . Неверојатно . Малата е кралица. Хероина. Борец. На сите маки што ја спотераа, не можеш да приметиш дека е болна. До сега само еднаш лани ко клапна. Хоспитализирана беше и пееше песни, имаа театар персоналот. Скоро се поминува прилично лесно, освен еве ова што и е состојбата со воспаление на ларингитикот и добива атем нот на секое настанување. Синоќа пак, ама знаев и предосеќав и ја чекав да се разбуди, се разбуди и се искашла ко кутре, и уште пред да почне да се гуши со маж ми отворивме прозорите и дадовме од лекот и за еден саат се смири дишењето и пак заспавме и фала богу не мораше да одиме на итната. Ама дома сме ко во болница веќе. Еден спрема доза лек, друг дете на воздух држи, одма се става уредот за мерење сатурација и се пушта телефон со песнички за да се замае и да не паничи. После нудиме ладна вода за пиење и се среди. Се надевам нема да се искомплицира ништо овој пат и ќе помине вирусот за ден- два. . Сочуствувам со тебе. Уште @SanelaS да каже како се? Што се случи. Подобро ли е?
Кај нас неделите како ден се без правила. “Награда” за тоа што сите сме си ги завршиле обврските во изминатата недела, саботите посебно секогаш ни се планирани за чистење/пазарење/алишта средување и на крајот на денот сме капнати и затоа недела е ден за вистинско уживање. Детуле сакало да имаме филмско утро и сега гледаме ПауПатрол и пиеме чај и се мезиме со ПартиМикс грицки Маж имал желба за вежбање, а бебе ми спие во раце. Милина Неколку семејства што се дружиме им купуваме секоја година подароци на децата и од пред некоја година одлучивме еден од татковците да биде Дедо Мраз и тој да им ги дава подароците, наместо да биде она класично - ова ти е од овој, ова од оној. А и за нас возрасните е преубава прилика да се собереме, да си направиме една ретроспектива за годината што поминала и што сакаме од наредната. Секогаш викаат дека јас имам добра интуиција, па сум “задолжена” да предвидам што не чека во следната Е сега, има еден проблем, Дедо Мраз годинава што измина си каснувал малку повеќе (негова изјава) и не знае дали ќе го собере костумот И рекоа ќе дојдат денес кај нас, да го проба, па ако не му е точен, да бараме друг Дедо Мраз Утре да отидам да земам честитки плус за децата и мали “носачи на среќа” за секое семејство И честитките за Македонија да ги пратам, малку закаснето годинава, ама ќе ми простат, со бебе сум Со маж си ја договоривме и новогодишната трпеза И едвај чекам да изпозаспиеме таму накај 21 часот, па да не разбуди аларм во 23:30, да гледаме огномети од тераса и накај 00:30 пак да се комираме Ми фали многу да излеземе на улица и ние да палиме огномети како порано, ама додека потпораснат децата, ќе се задоволиме да ги набљудуваме од тераса Со маж се запознавме на Нова Година пред 15 год на концерт на Горилас на Саем И од тогаш сме заедно Јас сум изгледа најеуфорична за “најлудата” ноќ На одмор не одиме оваа зима, освен вака на некои прошетки, немаме друго ништо планирано. Нека потпорасне бебле, па ќе планираме. Тмурно и магловито сеуште кај нас, има денови кога скроз ми влијае на расположение и денови кога се понашам како да е сончево и +20 степени надвор До главата ми е, си знам јас
Уште сме во болница ние, седиме оти качува тт до 39.3 па паѓа до 38.1 , а крв урина и слично е уредно. Ама тт со ништо не паѓа веќе втори ден.
. Се надевам поскоро ќе се симне температура и нема да е ништо сериозно. Многу ми е жал. Такви мали немоќни, не знаат ништо да си кажат, најгревчиња се. Ви праќам добра мисла и молитва. Побргу да оздрави .
Tauern Spa се вика. Реално има и многу подобри бањи, ама оваа имаше опција со дочек на нова година со програма до после полноќ. За бањи освен Ердинг, добра е и Bad Aibling. За празниците е гужва ама пак се трпи. Други што сум била тука во близина мали се. Не сум била во таа во Отобрун, ми ја фалеа за мали деца.
Девојки да ве прашам нешто. Поради проблемиве што настанаа со маглата морав да одам преку Софија за да стигнам до Берлин. Но сега немам возови за да моево село. И утре ќе доцнам 2 до макс. 3ч на работа. (Работам во болница знаете) Шефот е известен по меил вчера за ситуацијата и побарав разбирање. Но, прашањето ми е бидејќи работам во болница во која баш работнички права нема, можат ли да ме санкционираат зошто доцнам? Или да ме избркаат од работа бидејќи не сум си испланирала порано лет, изговор дека сум можела да гледам прогноза пред да резервирам лет?? Мислам не може, но чисто ме интересираат мислења/искуства.
Законски не, и плус мора да има пауза од 11 саати од коа си се вратила од одмор до почетокот на работното време. И не постои тоа не постои работнички права, особено у болница. Не работиш у МкДоналдс, не се замарај.
Не. Треба само да ги известиш дека ќе касниш. Јас па кога и да читам за маглата и пренасочување си мислам дека не е вистина. Бтв ако ти дадат отказ заради тоа, ќе ти направат услуга.
Хмм сигурна си за ова 11ч? П.С. постои, пред некоја недела еден колега се соблече гол пред мене (по ѓаќи) и ми рече не е проблем да го гледам така се додека носи гаќи не е гол. И сите колеги се смеат. Реагирав, не реагираат. Единствено што не сакам моментално да тужам или такви работи. Самиот Oberarzt ми има кажано "до 17ч сум во базен, ако сакаш одговор на прашања дојди да ме видиш во купачи" и спушти телефон. А он има Hintergrunddienst, пациентот имаше илеус, он не мрсна со прст. Го пишувам ова бидејќи ми треба информација. Сакам да издржам уште некој месец главно поради документи. Ако некоја од вас работи во болница како доктор кажете ми/или пишете ми порака колку пациенти имате дневно?? До 10, до 15 или до 20 пациенти по доктор? Колку е нормалниот број на пациенти по доктор?
Девојки, дали оставате поише бакшиш на деливери дечкиве сеа околу празнициве? И ако да, колку е доволно? А колку им давате редовно? едит. Санела, нека минува само кога веќе се мора. Па здрави, живи дома да се гушкате.
Јас не давам бакшиж. Ако давам ќе треба да банкротирам, нон стоп се носат пакети кај нас. Тоа нели им е во опис на работа. Ако давам пакет за надзат, за враќање, тогаш давам 2-3 евра или чоколадо или што и да е. Храна немаме порачано не знам колку многу време, оти во последно се чека по 35м до 1час за да дојде храната. Јас за еве пола саат ќе направам супа од зеленчук со маулташен, или ќе испечам компир со фишштебшен или карбонара. Порано без дете некогаш порачуваме. Сега со маци кога веќе ќе мора шрот да јаде, нека јаде домашен шрот. Со повеќе деца и со бебиња е секако друг муабет. Тогаш и ние сме нарачувале.