Епа кажи и дека додека да помине коронава она секако веќе ќе е прваче, а брат и ќе појде во градинка.
Мајки, ве молам за малку помош. Пребарував низ форумот ама не најдов информации за некои работи што ми се многу важни: - дали има некоја потврда која треба да се земе од МК, како доказ за примени вакцини? - Како оди прилагодувањето и следењето на настава за деца кои сеуште не знаат германски (7 години), а како за деца во градинка? - Сопругот и децата се со бг пасош. Сопругот е во Германија, па дали кога ќе одиме и ќе се пријавиме на адреса ќе следува за децата додаток од тогаш или и за претходниот период (кога само тој бил таму) Многу ви благодарам, ама многу работи ме збунуваат па ми треба помош
Дали пасошот мора да трае подолго за добивање на визата од 5 год или не е проблем ако визата трае подолго од пасошот. Фала многу
Внук ми тргна на 6 години и 8 месеци, и тој е јануарче. Ќерка здравје ќе тргне на 6 и пол. Овде некако разбрав, за да тргне мора до септември да има полни 6. Не дека помогнав, ама да споделам искуство.
Не мојот и на син мк трае до 2021 . Сега на син ми кога ќе одиме доле ќе го смениме неговиот а исто така и мојот унапред една година пошто ако заседнеме можда пак ќе има некои зафтканции околу коронава или мешто слично па затоа на сигурно да сме си ќе ги смениме по брза постапка. @Kaetana јас сега пред некое време зборував со сестра на мм, за тука во Хесен ми кажа дека децата тргнувале од 7 на школо а на 6 оделе како на подготовка за во училиште , внук ми сега хо август ќе полни 6 г и дури наредната година ќе појде прваче.
Како доказ за примени вакцини го носиш картонот со вакцини од Мк. Нема потреба да го преведеш. Тука ќе ги препишат во овдешниот картон. За школо не знам ама за градинка нема никаква подготовка. Колку е помало толку побрзо ќе научи германски. Како и да е за 2-3 дена ќе почне да ги разбира. За децата ќе следува детски додаток од денот на пријава на адреса во Германија. И за во школо не би требало да има посебна подготовка, можеби ќе му биде тешко на почетокот, но викаат за 6 месеци се ќе разбира, а времето мн брзо ќе помине. Теши се дека некои на 14 години се преселуваат тука, па теши се дека на 7 мн лесно ќе поминете, мн брзо ќе се прилагоди.
За деца што треба да почнат со школо за поголеми од 7год имам слушнато дека една година одат на школo "подготвителн клас"каде го учат само јазикот па ако им е совладан почнуваат со школото само една година поназат.На пример наместо оваа година да е 5 одд догодина почнува во 5то ако ме разбра.Сега и твоето дететнце е веќе големо не верувам дека ќе го стават одма прво одд може да го вратат во градинка оти и таму децата ги спремаат за школо .Секако ќе го тестираат.Децата учат брзу ама и нив им треба минимум година за да го разбираат.Ама не се грижи не сте први тука со поголемо дете, имаат они начини како да го интегрираат.На помош може и да ви препорачаат логопед кој ќе го учи детето на јазикот ,граматиката и слично. За киндер гелд мислам си го добивас само износот откако ќе се преселиш овде.Заостанатиот износ не го плаќаат.За престојот нема врска важноста на пасошот ,пак ќе треба нов да правиш што е најодвратно на свет.
Ви благодарам многу. Ќерката ќе полни летово седум, значи вкупно две години ќе изгуби, односно оваа година ќе го учи јазикот и после ако е ОК, ќе почне прво одделение? А при прилагодувањето претпоставувам е во група со други деца кои исто не го зборуваат јазикот? И дали откако ќе го разбира јазикот, почнува во регуларно училиште? Извинете ама многу прашања ме мачат и полесно е со некој од вас да ги расчистам
Тоа е како подготвителен клас.Таму ги подготвуваат за класот што треба, за предметите. Ако детето има завршено прво може да однесете и оценки.Па да го скокне прво.Ама пак мора низ исто.Најдобро кога ќе дојдете ќе ви кажат како треба.Групата е со деца од странство.Намерно тоа го прават за да не им се потсмеваат тие што веќе го знаат јазикот. Две години не е ништо.Тука е задолжително 10 години образование тоа значи не зависно дали некој ќе заврши до 10-ти клас или 10 пати ќе го повторува први клас се смета дека поминал 10 години. Ова го учев на курс по германски и бев фрапирана.Ама функционира државата малку поинаку.Не се плаши за детето со ваша помош ќе совлада.Ако може уште сега го праќајте детето на курс по германски за да научи основни работи. Учитрлите го следат детето постојано.Верувај моето во градинка цел класор со податоци има.Кога кажала што кажала цели протоколи.Секоја година ни кажуваат како е со напредокот и дали треба некаква помош.Со слики со совети . Многу се организирани.Сега како ќе биде за со короната не знам.
Ок,ќе побудалам. Минатиот пат braune tonne не ми ја земале. Мајка ми фрлала ѓубре и фрлила нешто што не треба. Ја земав,средив извадив,оваа недела пак не ми ја земале. Не пишале ништо,не ставиле налепница. Има ли некој идеа што можам да превземам, каде да се јавам, каде да го фрлам ѓубрево? Вријам значи.
Добар организатор за играчки помали од еден метар? Нешто да е на ѕид или појма немам како само да изгледа како да се подредени играчките, да не е како општ хаос собата. Значи на прв поглед да изгледа средено и во тој среден дел да се несредените играчки.
Еднаш праша некој од каде е најдобро да се купи мебел ама не можам да го најдам мислењето. Од каде е најдобро, а да не е Икеа?
@gjoker4e Зависи што конкретно ти треба. Ние на пример детската соба квалитетна и многу поевтино отколку во продавница на интернет ја порачавме. Инаку се останато во салони за мебел во градов или во близина што ни се. Да видиме во живо се како е,што е. Ние земав се од Möbel Meyer и Möbel Martin. Имаат неколку продавници низ Гер,и можам да кажам презадоволни сме од се. Во Икеа не сум била,па ни не знам каков е квалитетот.
@gjoker4e зависи што ти треба и што имате во близина. Јас од квалитетот на икеа сум разочарана, купивме шкафче за дете, дури и спојките т.е. шрафовите се пластични, башка конструкцијата картон. Фотељата и комодата од пред 10 години уште гром не ги бие. Најдобро види физички во продавница, јас ако не го фатам лично, не знам што ќе добијам. Нарачав од лидл онлајн една комода за купатило, и таа картон, ќе видиме колку ќе тера. Јиск имаат добар квалитет на некои производи, плакарите се подобри отколку икеа. https://www.daenischesbettenlager.de/filialexpansion Друго сакав да прашам- кој има поголемо дете, вакцинираат кај вас на 6 години со адацел или инфанрикс? Уште ми стои вакцинирање, времето си врви
Фала ви. Го најдов и претходното мислење конечно, предлози се Poco, xxxlutz, Ikea, otto... Во близина има Möbel Arena па таму ќе одиме. И тоа на Ава го видов Höffner еден кревет две бруто плати мои. Најдобро да се види, да се опипа, проба. И маж онлајн само на среќа може да се погоди.
Pocco исто не е квалитетно ич...Otto е супер,бела техника дури порачував од таму,топ е се. Има ли некој инфо кога ќе ги отвори Гер границите,т.е. со Мк? Деновиве ич не гледав вести,само нашите ги пратевме,да не кажаа нешто?
Ние земавме од тука комода и шкаф за спална https://moebel-boss.de/ солиден квалитет . Од овде се мислиме да земеме маса со столовиhttps://www.daenischesbettenlager.d...O99SA4mgns0AQ8jEGzJ9yc4r9CEW0kaEaAmhWEALw_wcB .за xxxlutz ги имам видено сите работи што ги држат искрено прескапи се можда имаат квалитет на гарнитурите и спални ама за шкафови и такви работи исти можеш да најдеш и поефтина варијанта во Поко пример. За https://www.roller.de/ е скоро исти како и Поко ништо не е повеќе квалитетен а поскап е. Кујната што ја иаме е од тоа Boss Möbel и иксренно ептрн скапо ја плативме а не е квалитетна ич од пареата едно висачко почна да попушта да се одлепува.
Има и Höffner ефтини работи и многу попусти има често.Инаку за скапо скапо е.Имаш Sconto möbel ти е слично на Поко, möbel boss и онлајн wayfair.de