Не порачувам многу , ама и кога порачувам оставаат кај гаражата пакетите , зашто никогаш во тоа време не сме дома . Во ресторан оставам бакшиш, не многу од 2 го 5 евра . Не дека многу ги посетувам де Не порачуваме храна , многу ретко нешто кинеско . Тоа нема достава до дома . Сами си спремаме ручеци , вечери . Денес имав термин за шишање , беше золвата . Не среди сите набрзинка . Направивме план за 26 , ќе се слави кај нејзе . Немам некоја желба за собирање со сите нив . Уште сум лута за деверот . Мислам дека ми треба време за да ја сварам работата . Никогаш не биле толерантни према моите деца. Никогаш не менувале планови према моите деца . А за нивните, од на партнерот децава , менуваат цел план и мени за јадење . Моиве мора да се прилагодат на се . Двојни аршини .
Гутен Таг, Една од работите кои што никогаш не би можела да ги работам е педијатар. Многу ми е тешко кога гледам болни дечиња. Имав понуда да правам хоспитација кога дојдов од една докторка што е детски кардиохирург и ја одбив. Нема потешко од болно дете, нека минува побргу. Како сте Санела @SanelaS @fairy88 ? Пишувајте ве молам и кога ќе оздрават дечињата. @Selena01 можам да ти дадам совет да ги контактираш Марбургер Бунд. Таму можеш да се советуваш во врска со твојот проблем. Жал ми е што поминуваш низ тоа. Друго има Überlastungsanzeige ако имаш премногу одговорности. Ако ги пополнуваш имаш некоја заштита во случај на не дај Боже грешка. За колку пациенти си одговорен зависи колкав е недостатокот на персонал така да ... За бакшишот е новата американска глупост која се воведува и тука. И јас се нарачувам онлајн и си плаќам достава. Работодавецот треба да им овозможи достојна плата на работниците, не треба клиентот да ја "дополнува" платата. Веќе не се остава бакшиш само во ресторан туку кај фризер, козметичар, масерки. Претерано! И тоа. Да пратам поклоните за Македонија и ќе одиме на шетање. Убави денови.
Турско кафе, отворено и ставено во тегла колку рок на траење има? Турско пијам само кога се пости и некој гостин ако сака турско. Па гледам имам две тегли стојат сигурно повеќе од година дена. Се пие тоа кафе или да го фрлам? Вака помирисав нормално си мириса
Јас во последно време оставам бакшиш само на болници т.е. на медицински персонал . Оти ако не се тие, не знам што ќе правиме. И така има се' помалку медицински персонал, оти платите и условите им се ужасни, па затоа. Не оти ќе се збогатат со моите 5 евра, ама па 5 по 5 се собираат. А и поинаку те гледаат, а тоа е едно од местата кај што не ми е сеедно како ме третираат. Бев кај новата гинеколог и од врата две наци кравички позади шалтерот се праат на удрени јас стојам и ми се понашаат. Викам има две варијанти или и јас да почнам одозгора да ги мочам и да им ја плеснам мокрачата под нос или "пара буши кај што бургија нејќе". Се одлучив за второто оти кај може балканец без поткуп? Нели кај доктор со празни раце не се оди. Им ставив 40 евра во прасенцето и одма друга песна, одма и термин, и бесплатно кај има мамографија преку ред и се. Уствари сум приметила секогаш кога налетувам на наци гомца, решавам ситуација со пари. Изгледа најпоткупливи се. Без келнери и без достава на тему пакетчиња сеуште можам, па ретко оставам бакшиш, скоро ич. За Николаус видов поклон оставен за ѓубраџиите закачен на контејнерите пред зграда и ми се виде убава идеја. Тоа се мислам исто да го направам оти ако не се тие, ќе потонеме во ѓубре. На други места кај што оставам бакшиш е секогаш кога ќе видам средношколци или студенти да работат.
Нели имаат шоља како Kaffee Spende или нешто во тој смисол. Еднаш на забар имам оставено 2 евра . Кај педијатар никогаш . Вчера беа на систематски, однесов една кутија со чоколади за цел тим , дека Божиќ. Ама она балканското , оставање пијалок и благо , па и пари никогаш не сум го практикувала .
Веројатно во касичката за кафе. Јас многу си ја сакам работата и гледам да им помогнам на сите колку што можам најмногу. Ич не сакам никакви поклони. Ако некој сака да ми се заблагодари најубаво на картичка да ми напише нешто. За мене лично најубав поклон.
Мене таму никогаш не ми текнува да оставам. Толку што ниту каси за бакшиш приметувам. Сеа малце срам ме фати од сама себе кога те прочитав. Јас на овие што ми носат нарачки од продавници не им оставам. Се гледаме на врата ми подаваат со брзина на светлина и шибаат, или ги наоѓам пакетите пред врата. Периодов доста често нарачувавме храна. Има едно фино место и е превкусно, а бебево беше во некоја фаза само во раце, не можев да постигнам. И изреволтирана бев не им оставав ни нив оти место 30 минути како што им стои, ги чекам над саат. Ама сега празници па ај. Плус читав низ групите оставаат пари, даваат пакетчиња, сокови, дали е реално не знам, а не сум скржава, ама и време немам толку… Исто имав отворено турско долго време, пред да дојде мајка ми и купив ново за неа, ние секако не пиеме. Мајка ми не ме остави да го фрлам старото и го испи, рече ок било. Колку да сум сигурна да не може нешто да и биде, памтам дека гуглав и освен што многу брзо губи на вкус и ветрее брзо откако ќе се отвори, може да се конзумира и долго време по отварање.
+1 што става бакшиш на персонал. Како да не ко сум се таму и се од чудни почудни нешта ме сполетуваат. На пример откако се породив и пратив маж да земе рецепт за пумпа кај гинеколог, му пратив и кутивче со благо, како данке оти жената супер беше и се што побарав во бременоста, стави на касето. А многу имаше, од терапии со кортико, боцки клексани, тироидната, па проверка на крв, скрининг кај специјалист, овие пренаталните, ништо не платив. После за разделба ко си отидов и кај сите од диебетолог до педијатар оставив на последните прегледи и ко си земав извештаите. Овде на итната во едната клиника мислам на сметка веќе треба да почнам да им пуштам за данке данке. Да работа им е, ама не им е работа да ми даваат листа со отворени аптеки на празник на пр. Без да побарам. За кај педијатар да не зборам. Барем еднаш во недела се слушаме и си пишуваме мејлови. Срамота е веќе. Бар по едно кафе да се напијат од мене. Кај гинеколог и овде сто пати морав да одам, и како да не оставишко барем 10 пати крв ми зедоа и сто пати на телефон се слушнавме. Е кај матична не оставам, таму се правам дека не постои веќе, нов не ми се бара, нека стои за некогаш ако мора да ме пиша болна само. Изедов денес толку многу риба од што бев гладна и сега ми е мачно. Па дури ко се пожалив, потенцираше дека и од него повеќе сум излела. Бре море . Дете два дена не спие преку ден, искрено поарно ми е. Во 19.30 заспана. Е сега дали ќе продолжи и понатака да одбива, ќе видиме. И реков ако оздрави во четврток ќе ја носам на базен. Бооо, сама нос чисти, сама со тоа назен душе што е, не се буни на ништо, чај се пие и уште се бара . Па дури му вика на татко и дека требало да ја вози на одмор . Почнаа фазата со преговорите и е неверојатно интересно по дома. Смешки .
Јас еднаш, по инсистирање на мм ко беше во болница, однесов нешто благо на шефицата, буквално ме измаршира. И ја разбирам, не станала шеф на одделение за моето благо. И одтогаш го оставам да си брка балкански навики без да ме инволвира. Лани сто доктори и одделенија поминав со дете, жими двете терапевтки што заслужија мое благодарам и поклон. Мм ми рече-однеси на педијатарката, арно немав живци да ја тужам, не па благо. Јас не одам по доктори. Би одела по кафани, ама се нема време. Значи муабетов за бакшиш ќе ви го прескокнам.
Епа ти на шефица, бог да чува. Тоа се дава како шо рече Кејти, во касичка се става. Па и благо даваш на шалтер, они на пауза ќе си каснат и така. Инаку маж поднесол за одмор и немало кој да му одобри . Сите на одмор. Дојчовци ко што планираат три години однапред, а ние спонтани и неодлучни . Ама вака универзумот помага кога ние не знаеме што сакаме .
Па напишав, во прасенцето Инаку имам така и на рака дадено кога се пораѓав, ама се наши беа тогаш од Македонија. Туку таман спомнав болници и грип ме фати. Аман веќе значи. На секој празник јас болна.
Значи вие и тука го терате балканското . И мм е таков, кој и да му заврши работа, одма го вика на кафе или ручек. Ама јас не . Па тоа им е работа, за тоа се платени. Не сум во Мк па знам оти нема да ми се лутат .
И јас веќе муабет за доктори не праам, таман пишав се раскашла госпоѓицата на спиење. А таман празници, кај да барам сега фенистил Од бебе ко беше ми рекоа да не кашла пред спиење се даваат, ама па одамна немало потреба. Пуштив овлажнувачот, ваљда ќе се спие некако
Морген . Неколку дена по ред како не спотера со боледување Мали од пред две ноќи качува некоја безвезе тт . На 12 саати . Па спијам со него , да го пазам . Мм да спие со него нема да го примети дека качува тт . Има цела ноќ да ја преспијат . Спонтано остана синко на спиење кај другарче , другарка на ќерка ми остана на спиење , спонтано . Мм на Weihnachtsmarkt , му пишав да го потсетам дека утре е празник, нека време да го спие денот , да не се запиваат Во понеделникот нашол некоја македонска скара , ми зема 8 ќебапчиња со лепче и кромид . Газдата му дал број да му се јавам , да кажам дали ми се допаднала скарата. Стварно вкусни беа , не бев јадела кебапчиња во Германија, да се така вкусни како во Македонија. Вие како ќе ги поминете празниците ?
Јас три пати препрочитав и сеуште не најдов “во прасенцето”. Исто и кај нас беше. Јас на работа и они си спиеле до 9, мм вика немале температура. Кога дојдов од работа продолжија да креваат на 4 саати. Значи со него си кренале и си спуштиле сами од себе. Затоа на маж не му е тешко деца да чува. Еден маж има лесно “решение” буквално за се. Нема секаде касички и не сте ги виделе. Кај нас на педијатар нема ама еднаш кога бевме вака последен ден пред Божиќ им донесе една жена две огромни торти и неколку деца дојдоа тинејџери донесоа вафли. Значи во тие пет минути на рецепција што бев. Не можам да замислат што се добиле во целата смена. Од градинка и школо стигна известување уште на почеток декември, да не се носи ништо за празниците и таму цел реферат зошто. Многу ми е тешко. Научив да не се жалам. Само јас можам да решам се. Едвај чекам да дојде денот кога ќе дишам на раат. Во моментов само визуелизирам. Ништо друго не ми преостанува!
Ќе почнам и јас да визуелизирам . од немоќ да сменам нешто . Моментално пишувам од вториот телефон. Зашто новиот има црн екран и нејќе да се пушти . Мм го прати веќе на поправка. Ама он кон што се нервира за вакви работи, одма ме праша што сум му направила , да не ми паднал . Аман веќе од глупости што ми се дешаваат. Масата ја наместив , за после . Не ни знам кога ќе ручаме , кога ќе делиме поклони . Рибата дали треба да се одмрзне. Што ќе има освен риба . Десерт најверојатно некој сладолед . А сладолед не јадам Ќерка ми ќе добие нов телефон , таман да и го земам стариот , да ја ставам сим картичката. Зашто во стартот не пасува . Нов ајфон , ќе добие . Уште сега знам што ќе го нервира мм, да го среди телефонот , ај Клауд чуда . Viel Spaß нека има после . Да земам да се напијам нешто алкохол не ми иде . Треба да мерам тт на синко , кој дефинитивно се настина. Нос тече, солзи исто . Ај Арно ќе е
Малата три дена со температура други симптоми немаше едвај некако успеавме да симнеме. Не и делуваат ширупите и давав поголема доза. Сега јас, нормално дека и мене одма ме прифати од неа. 38-38:5 сега над 39. Значи 2 дена и две ноќи неможам да симнам темп. Секако дека пијам парецетамол ибу. Не верувам во бабски лекови но кажувајте што да ставам стварно веќе неможам да функционирам . Ставав сенф, вински оцет ништо не помага. Убаво да си поминете сите што славите вечер. Кај нас денес ни ручек ќе нема немам ни апетит.
Ако добро сфатив, штом поминало на малата ќе ти помине и тебе за неколку дена. Секогаш само ибупрофен имам дома. Ни чај не пијам, а не пак нешто друго. Вака или така, секако ќе помине. Побрзо оздравување!