Туширање може ќе помине. Свекрвата уште ли е тука? Нека зготви супа некоја, од тоа нај помага. А масажа со пола ракија пола вода. Млако тоа. Се си мислам мајка ми и парацетамол внатре ставаше.
Само сакав да кажам колку е небитен Мицкоски и неговото мислење. Ниту пак знам кој е Мицкоски, ниту ме интересира.
Ништо неможе да ти помогне за жал таков е вирусот ќе те пушти за кратко. Ние дури и во болница заглавивме со него. А за Мицко битен е како ланскиот снег што ќе каже. За поштарите си давам одвреме навреме по некое евро, некое блашко или некое сокче зашто сите ми се земјаци од истокот. Кај доктори пуштам ситно во касата за кафе.
Ако некогаш се враќам во Македонија нема да биде затоа што тука сум "странец" ко што вика Мици, туку дека и странствово почна да се понаша како да е Македонија. Крадат милјарди на велико, прво со вакцини, сега со Украина, а ние си плаќаме ли си плаќаме. Ама таман си кажам не го бива странство, ќе се вратам во МК, се случува некое срање ко Кочани и со велам седи си тука, спаси си ги децата.
Добро вечер. Тие што се имаат породено во Германија, дали знаете до кога има рок да се извади пасош на детето? Син ми е роден септември и април си одеме МК и сакаме тогаш да извадиме МКД пасош, а потоа во јули кога ќе си одеме сакаме БГ пасош да извадиме. Дали е тоа многу долго или како? И дали треба да поднесувам за виза за тие 2-3 месеца додека да го земам БГ пасош? Фала ви.
Како е? За што е фенистил? Нели е за алергија нешто? Еднаш кога малата имаше пукнат капилар на окото ми рекоа од педијатар фенистил капки. Не зедов, тогаш Џоки рече од ветер им пукаат капилари и така беше. Каков фенистил сега за кашлање. Какво кашлање? Суво? Ај добро утро! Среќен празник на сите кои славите, ние кроиме планови кај да одиме со малото. Поклони имам за виткање една цела кутија, тоа оти Кејти ми вели да не сум скржава. Ич не сум, тоа после ќе завиткан, секако од утре ќе се даваат натака. Денес само на фамилијата под нас, да им оставам колачи една кутија. Постар пар, малата постојано им треска, жал ми е за нив, ама нема што да правам. Леле да станам од кревет, ја расплача со тоа нос за чистење, а така беше убаво расположена она од сабајле . Некогаш не знае да преговара со дете и не знае. Некогаш пак се надминува себе си. Ој најди му крај.
Морген Атака Џолин, израдувај ги дечињата. Јас оваа година се надминав самата себеси што се однесува до изборот на поклони. Сабајле поклони се отвараат, спиењето ич не беше битно. Циркуси! Го искористивте ли правото на глас на фемина. Јас уште се мислам ама секоја година си гласам па ќе гласам и оваа.
Да. За билка и за гош . Реално Билка е таа шо у секоја тема се мудрости реди, ама тоа очигледно не е битен фактор. Гош иако некогаш знае да е вулгарна за мој вкус, сепак е многу мудра и силна женска. Јас дури и подолги постови би сакала да читам од неа. Не само така блиц.
Шест месеци ама не сум 100% сигурна. Штом секако ќе вадите бугарски пасош најдобро е директно бг во бугарска амбасада тука. Во април за да отидете Мк секако ќе мора патен лист од амбасада да вадите, па како и да е, за да е едноставно, директно бг одиш од бг амбасада тука. Инаку да, ќе мораш за виза да поднесеш, ама секако веќе ќе се поминати шест месеци и до тогаш ќе мораш за виза, а без пасош не може, така да и април е касно за мк пасош. Едит: Прочитав сега и да шест месеци е рокот. Значи април е во секој случај касно.
Јес , за погоре споменатите гласав и јас , ќе ми биде мило една од нив да е победничка . Добро утро и од мене . Од едно биднаа две болни деца . Средното и тоа со тт . Надвор минус 6 степени . Не е за излегување . Таблетите да ги испијам и да мислам што да правам .
Фенистил е некаков антихистамин, кашлање суво. Заврши работа овлажнувачот, студи многу, воздухот е сув, добра беше после. Ме фати и мене некоја треска, можда божиќна. Распакуваме поклони ние, мора да бидеме во тек со другарките, да се фалиме кој што добил. Глупости Оди објасни се со дете дека Божиќ нема врска со поклони. Особено во турбо конзумеризам
Каков овлажнувач имаш ? Мојата вчера доби поклони . ми помина температурата но сега имам вртоглавица главоболка болки во целото тело. Кивавица нос … Свеќи денес свечено ќе пристигне а и дека таа знае супи да прави па и ти па џоли.
Божиќ ми е најубавиот празник. И има врска со поклони. Го славиме раѓањето на Исус. А секој роденден е поврзан со поклони. Нејќам мрчење на вакви убави денови! Да славиме, да се радуваме. @joana18 супа од петел во реве ја имаш. И туширање со млака вода. Од бабинските работи не знам скоро ништо. Алкохол разреден со вода може исто. Побрзо да минува. Едит: температурата штом поминала супер. Сега само ибу или нека ти донесат риностоп. Подобар лек за настинка за мене нема. И против кивањето и главоболката. Исто многу течности да пиеш.
Ама за БГ пасош мора првин МК пасош, и плус еве веќе чекаме месец дена за доле да го пријават. Свекрвата беше кај нас во град ама и рекле дека во Скопје во матичната служба се чека за да се пријаве детето.
Спојлер: Овлажнувач @joana18 Појма немам зошто ваков а не и прочистувач на воздух, мм бира електроника и глупости, може има и поарен не знам
Ох не. Извини заборавив дека можеби доиш. Ништо, само ибу тогаш или парацетамол што повеќе ти помага. Патем на Embryotox можеш да провериш дали оди некој лек со доење. Пишува и за во бременост што е дозволено и за време на доење.