Ноќеска во 2:10 пожар и целосно изгорени три куќи и до сега собраа 60 000 евра и куп облека обувки средства за хигиена. Осум куќи и згради зафатени ама три целосно во кои живеат фамилија со деца. Гледам читам и не ми се верува ни дека за секунда може целосно да се смени животот ни дека толку брзо собраа толкава сума на пари. Знак за да го цениме она што го имаме!
Добро утро! Не можев да најдам Дедо Мраз па купув костум од Амазон и дојде еден пријател како дедо мраз, што баш се внесе во улогата на лош и страшен дедо мраз па многу се смеевме. За поклони виткање со две леви раце сум, ги давам и се надевам што побрзо да ги отворат за да не ги гледаат. Некој ни оставил пак поклонче пред врата, не знам кој е. Јас оставив само на една соседка. Од градинката децата правеа честитки и украси, па отидов ги купив сите од моето и ги раздадов така, баш убаво поклонче излегоа. Многу се нервирам што детево е ко мене, само книги и бројки го интересираат, иако е на три години уште. Брои, собира, размислува логички и премногу е опседнст со тоа. И уште повеќе се нервирам што ако друго дете згреши, тој го исправа и се прави паметен. Јас бев таква ко дете, и затоа не ме сакаа децата. Нејќам и тој да е таков клугшајзер. Други родители (па и воспитувачките во градинка) сите се воодушевени и ми викаат леле колку многу знае за 3 годишно, блазеси ви ќе нема проблем во школото. Со учењето може и ќе нема, ама со децата? Ако продолжи вака паметен да се прави ќе нема другарчиња. Му објаснувам, ама џабе. Можеше ли такво исто, исто ко мене да биде? Од друга страна со двете раце е несмасно, исто ко мајка му што не знае еден поклон да завитка.
Затнати уши и вратоглавица - ки вели последица од темп се толерира до 3 дена потоа ако продолжи и се влошува да се јавам на доктор . Дали е така или е загрижувачко сега? На малата и помина темп. Но 2 дена повторно качува само навечер , дали да носам на итна? И маж ми го прифати и тој е сега со темп.
За температура само навечер не би носела на итна, така слабее вирусот мислам. За уши и вртоглавица- ушите се поврзани со центар за рамнотежа некако. Да не имаш воспаление на уши, некој неисчистен шлаем негде. Напрај си чај од ловоров лист, прави промивки на нос или инхалација над тенџере (вода, морска сол, прстофат кантарион, некоја капка јод- ако ја запамтив добро @JoyJoy )
Сеуште сум со затнато уше и вртоглавица од што не ми се чека кај доктор. Вртоглавицата е од затнатите уши. Затнатите уши се од настинка или грип. Прочитај на нет како да се од затнуваат уши. Ако те заболат или кренеш тт тогаш на доктор бидејќи значи воспаление на уши. И главоболка имам јас ама дури вторник ќе отидам на матичен и/или ушно. Или понеделник после 14:00 ако работат.
Морген, Феминската должност исполнета. Спојлер гласав за Гош, Билјарката и Лејла. За третиот глас се мислев ама се одлучив вчера конечно со мислата дека демонка лани победи И јас сум иста за виткање поклони, затоа купувам украсни ќеси. Ние на 6ти оставивме на комшичињата пред врата новогодишни пакетчиња. И секоја година тие и една постара комшика ни оставаат и на нас пред врата. Затнатите уши и вртоглавицата се поврзани. Ова кај тебе нели ?Дали има само собрана течност или и воспаление на средното уво без преглед на ушите не може да се каже. Качуваш ли уште температура? Она што можеш дома да превземеш е да прскаш спреј во носот, да пиеш повеќе течности и да џвакаш мастика. За детето како е преку ден? За бебето ли ми кажуваш ? За бебето јас би однела на доктор да не случајно има секундарна инфекција. За поголемо дете ако си игра преку ден можеш да набљудуваш и да почекаш. А зависи и колку качува. За тебе ако не качуваш температура ќе се среди и без посета на лекар. За бебето би го однела на преглед.
Ти благодарам многу. Големото дете е со темп, сега качи повторно . Ќе ја носиме на итна, си игра но малаксана е и бледа.
Zdravo na Site,Dali nekoja od vas pravela preorientacija ili Umschulung vo oblast rabota so deca,nekoj pedagoski pravec ili socijalna rabota? Kade treba da se obratam,vo koja institucija? Vi blagodaram
Agentur für Arbeit мислам дека ти е првата опција. За да ти го платат треба со нив да преговараш. Многу зависи од твојата ситуација, т.е дали работиш или не, а и какво образование имаш од претходно.
Може да постои воспаление без да боли? И јас мака мачам со едното уво, кога и да легнам ми се затнува. Не знам овде како оди тоа, мислев кога ќе одам за мк да одам на чистење.
Поштено се заебавме фамилијарно, отидовме до ценарот да се подновиме а оно се затворено. Не памтам другите години да е било затворено после католички Божиќ. Или може немам излезено
Ќе да немаш излезено @Yowannty орл и овде чистат уши, ако ти е хроничен проблем, не би требало да е невозможно. Мм ако не исчисти уши сега-веднаш ко ќе почне да му пишти во ушите, отидовме сите во бардовци
Кај нас одиш директно на ушно и отпосле носиш упат од матичен. Ако не е итно, упат од матичен па ушно. Кога ќе го најдам ќе ви пратам слика од мојот упат за ушно од 2022 година на кој пишува дека отприлика 10 години не слушам со десното уво. Сеуште не отидов на ушно. А сега левото ми е затнато и буквално не сум за во сообраќај.
Ова ме интересираше, дали оди преку матичен или треба директно. Можам сама да побарам чистење или мора прво преглед? Колку се плаќа? @Biljarkata ми беше хроничен проблем.. ако можам така да го наречам. Јас имам многу, многу тесни ушни канали и тоа ми правеше проблем пола живот. До средно и цело средно додека бев редовно ми се затнуваа, ме болеа, ги чистев. Од тогаш навака ги немам чистено (мислам да одам на чистење), ама и сум немала проблем. Сега последниве патувања редовно ми се затнуваат под притисок. Не треба да е авион, еве и со кола ми е проблем. И едново од лани ми се затна, па пушти еден период само од себе. Годинава после одмор еве секоја вечер ми се затнува кога легнувам на него и баш ми ствара нервоза. А еднаш и шампон ми влезе и мислам тоа беше јаготката кога го натискав со чепкалка внатре.
Морген Три деца болни . Ко болничар се осеќам. Трчи горе доле со топломерот. Лековите полека ги снемува . Време е за лекар . Ни празник се виде ниту ништо . Преспивање откажано , нема смисла со болни деца. Вчера на кратко бевме кај золвата на ручек , едно дете остана дома да лежи . Друго качи таму тт . Се вративме дома . Свеки ме изненади пак , гледам ги наполнила устите. Се избоцкала Женава живее , што порано не преживеала
Бесплатно е. Мм беше директно и одма го примија и му рекоа да донесе упат отпосле. Не се плаќа, бесплатно е. @MacenceEna Побрзо оздравување! И побрзо 2026та да дојде кај вас. И јас имам некои работи што до старост или на старост треба да ги направам, операција на стомак, зголемување гради, уста, прамени, швалер, дрога, пирс…
120 000 евра собраа за осумте куќи, три изгореа целосно! Па ќе речат немало тука пријателства! За едно маче на улица најдено цел град се собира! 120 000 евра плус облека, храна, средства еден тон, секоја чест значи!!! Јас сум воодушевена и не ми се верува како во толку краток рок се сплоти цел град и околината.
Нека не те чуди, донираат доста, посебно овој период и каде што има вистинска потреба. Кај нас во Баерн има акција на радиото Антенне Баерн секоја година, имаат Гроссе Антенне Баерн Шпендентаг, годинава собраа околу 3 милиони евра. Ама приказните на луѓе со кои што животот бил доста суров се срце да ти се искине, нон стоп ги исплакувам кога ги слушам, а не сум воопшто плачка. Јас годинава дознав дека кај нас во Ратхаус имало “дрво на желби”, каде што дечиња си пишуваат желба на ливче и ја закачуваат и секој може да земе ливче и да исполни желба на некое детенце. Уште во ноември беа исполнети сите желби и за мене тоа е фасцинантно, колку сакаат да им пружат радост на децата и дефинитивно од наредна година сакам да се вклучам и јас во целата таа акција. Јас немам ништо да пријавам, освен дека пак сум болна. Два пати, во две недели Требаше да одиме на роденден денес, ама откажавме поради мене, а маж не сакал да оди сам со децата. Ќе си седиме дома и онака е скроз тмурно и магловито надвор.
Кај нас на работа има такво “дрво” , исто крај ноември се јавив и ми рекоа дека сите желби на деца се исполнети. Од градинка исто кажуваат желби и не знам кој им ги исполнува ама малиов доби една многу убава кола. Кај нас во ратхаус е дрвото за пензионери. Мене денес една колешка ми вика на 7ми јануари ви е Божиќ така, колешка Албанка од косово, и викам да, и ми вика ќе им купам нешто на децата твои за Божиќ! Јас ваква останав. Баш таа колешка со корона што доаѓаше на работа и баш со мене работеше тие денови. Прва помисла со 120 000 евра ми беше дека се надевам дека така собираат и за болни дечиња.
Морам да ви кажам дека нели пишав дека нема никогаш домашна малава и еве за распустов еден куп домашна! Форумов е навистина чудесен, што и да пишеш, од утредента не е веќе така!