Ќути, не пишувај. Само за симпатиите пишувај Чекај, јас да пишам-многу студи, упм. Може ќе се заебе, па ќе затопли за инат
Од сериозни прашања: Имаат нешто децата за да знаете каде се? На роденден е до 16:30-17:00 и мислам дека 10 кила ослабев до сега! Веќе не одат во игротека. Игротека колку толку сигурно изгледа. На саат мислам со локација или такво нешто. Има по интернет секакви реклами ама не се знае што е точно, има на пример нешто во патики да ставиш и да го следиш детето или алка на рака или нога…
Моите имаа такви смарт часовници , можев во секое време да им се јавам , и они мене . Да гледам локација кај се и што се . Преку Телеком , со месечна претплата. Пред 5 години ги имаа овие часовници. Средното тогаш беше нон стоп со деца надвор , секогаш знаев каде е , ако има нешто да го побарам . Сега и на телефоните , гледам секогаш кај се . Точна локација .
https://www.o2online.de/e-shop/xplo...-rc6jQkKnnVyVYXnqmcLuxXqGXh0_HL4aApv8EALw_wcB синко има исти ваков 11€ месечно плаќаме секогаш е точен.
Супер е да и земеш и ич да не се мислиш, мислам нешто најдобро е бидејќи среда има спорт АГ а е на училиште до 12и35 после тоа оди сам од 14и30 до школо пак и се враќа сам со точак го следам каде е и знам дури дали е на семафори или ризикува живот и претркува преку улица е до толку мн е точен.
Де кажете ми како е на германски правење лице? Кога му се правиш добар на некој, а си лош, во таа смисла.
До школо на рака после тоа во ранец и има опција да е наместен на школски модус и од 8до 12 или 1 часот само може да види коллу е часот неможе да го штрапа. Инаку мислам дека е вака за особа лицемерна. Er ist heuchlerisch , er tut so, als wäre er gut, aber in Wirklichkeit ist er schlecht.
Морген . Се разбудив со температура, главата жешка . И одма пишав на работа дека сум болна . Од таму ми враќаат , јави се на таа и таа . Ненормални, се работи за мини џоб. Кај треба да се одјавувам . Ко да работам којзнае каква битна работа. И така во моментов не ме стават во ниедна смена . Штедат на саати . Дома дефинитивно сите сме болни , со исклучок на маж . Он се држи ,ама којзнае до кога . Вчера го средив шкафот , пола гардероба ја исфрлив . Сега шкафот е полу празен . Ми олесни ептен . Тоа е се товар за мене. Денес ако не качам пак тт , ќе средам и други делови од куќава . Почеток на нова година значи чистење , исфрлање непотребни работи . За дволични , незнам точен одговор. За мене тоа се falsche Personen. За пола од мини џоб-ов може да кажам дека се дволични. Луѓе кои освен работа , немаат друга цел во животот . Да најдат подобра работа , неможат . Иако се неплатени , се даваат целосно. Се жалат дека само работат , се штедат на саати . На нас не ни даваат саати за работа . Во планот два до три пати ме имаат планирано. Не се ни исплати да работам таму . Време е да си дадам отказ. Нек се гонат
Ден 524, дете уште е дома. Здраво барем, фала богу. Светлина, сонце немаме видено веќе сто дена. Не знаеме ден ли е, ноќ ли е. Температура надвор минус 60. Нит желба, нит воља имаме да одиме да шетаме. Станов прашина. Јас пробувам да биршам, иде и вели мама не. Јас тоа. Оставам, земам пуззле да соберам, трчи и се дере не не. Мое ќе си играм. Се враќам на прашина, трча по мене и вели мое остај, не фаќај. И така со други зборови само јадам и дремам ко мисир. Навечер сум изморена, не можам ништо да фатам. Сега за да се крене и таа прашина што не е крената, се скока на сите страни. Ако, само нека е жива и здрава! Сите вирални рецепти ги испробавме. Нормално се без шеќер. Пукнале од јадење. Ама мора некако време да мине. Кујната да не ви кажувам каква е. Сите огледала размачкани. Насекаде додуша размачкано. Во ходник две закачалки алишта се сушат. Ама барем свекрва немам на гости и сме здрави .
Има една мајка од градинка со која се дружевме, т.е. децата си се дружеа и ај и ние две покрај нив. И женава ептен некако е без осет, само они доаѓаа кај нас, кога ќе дојде седат баш долго, до касно навечер и после ми е каша попара со моиве деца, бидејќи малово го легнувам најкасно до 19:30, големиот до 20 часот. И не само тоа, некако се натура, де дете да и земеш од градинка, де да и го чуваш со саати, стварно немам проблем понекогаш, ама веќе се преминаа граници и почнав да се дистанцирам. Лонг стори шорт - вчера излеговме ние четворица да прошетаме низ маало, се разминавме со нив (они беа со кола) и ете ти ја ми ѕвони после 15-20 мин. Демек девојчето го барало син ми, дека не виделе, да ни се придружеле. Што ајде, дури некако и тоа да го разберам, иако ние бевме фамилјарно и никогаш не би му се тупнала некому така, ама ајде. Ама ние стварно планиравме да одиме накај дома, големиот се запна во шума да сме оделе и свртевме кругче во шума и накај дома. И и го кажав тоа, викам ајде некој друг ден ќе се видиме, сега малото се разбуди, во шума сме, ама ќе одиме накај дома, јас најотворено и пријателски. И луѓе мои, излегуваме од шумава, има угорница и излегува во слепа уличка и како се искачуваме, ја гледам неа со девојчето не пречекува горе Наводно девојчето сакало да му даде на моево некои бонбони за празникот. Не знам дали ме проверуваше да не сум ја лажела дека сме во шума или што и беше проблемот. Ама многу психопатски ми дојде така што ни се појави, уште се чудам Изгледа Санела е скроз во право, далеку од такви “другарки”. Кај нас денес чистење на репертоар, уствари веќе и поголемиот дел од станот мислам дека е среден, нешто алишта останаа да се здиплат/спружат и нормално да се пушти уште некоја машина. Лани еднаш се случи да се испере се и да се испразни корпата за алишта скроз, па го викнав маж да го види дното на корпата, да посведочиме на тој свечен момент што се случува еднаш на 5-10 години Дете ќе си ја среди собата и ќе одиме до маркет да испазариме. Си го покани комшивчето после да му дојде на гости, па малку раат и за нас кога си играат така. За ручек - растурена сарма Или една другарка што ми ја нарече - мрзлива Мене па на вкус ми е скоро па иста со вистинската сарма и едвај чекам да ја направам, не сум правела со години. Мене грлово ме фаќа и ме пушта, ама и јас не се чувам баш скроз да се излечам и затоа немам право да се жалам. Завчера цел ден пиев чаеви и ме пушти, вчера се осетив малку подобро и отидов на трчање без никаква заштита на лицето и нормално сега пак ме загребува
Многу ми е интересно кога читам за некои ваши случки. Незнам како може да бидат некои луѓе такви чудни. Ама битно сите познаваме , имаме некој кој има такво чудно однесување. Мислам знаете за мене за мојата пријателка со која прекратив однос , енергетски вампир . Порано неможев да сватам, со тек на време увидов со каква особа имам однос. Многу крипи. Се знаевме од курс за бремени . Ние наивни , со кажавме име за бебе, за она прва да се породи и го земе второто име што ние го планиравме. До копирање на се што имавме ние . Од облека до детска соба. Многу ни беше љубоморна на се , на нашиот дом , на нашата заедница . Па можам да замислам колку тешко и падна кога се преселивме во куќава . За мене не сватливо нешто . Сега требаше да ја поканам на гости , zwischen den Jahren. Ама болни сме и нема да бидне ништо. Друго нешто , мм ја однесе колата да сменат стаклото позади . И најверојатно некој го чукнал стаклото со некој предмет , нема шанса да пукне сама од себе . Кој е толку злобен незнам , му посакувам да му се врати , тоа што ми го мислел и направил . Ја средив кујната , фиоките , сега е време да легнам , да соберам сила и продолжуваме
И јас исто со шкафот, изгледа периодот е за чистка. Знаеш како викат new year new me се мислам дали да ги објавам на винтед по евро две, корпата за донации на облека веќе ја нема каде што оставав па може ќе најдам нешто и јас на винтед. Сега ја симнав апликацијата, не знаев дека е толку тренди, неможеш да изнагледаш што се има...
@Marge Другарката Србинка да не е? Имав таква што спроти зграда седела да гледа дали ја лажам, а јас деца бањав и ми ѕвонеше на ѕвонче па на телефон ама сигурно нема деца да оставам на сред бањање и да и отворам или кренам! Контакт прекинав експресно! Комшивка имав што доаѓаше кај мене, јас никогаш кај неа, и после на фб видов дека има исто дрво како моето, исти лустер во детска, исти украси на ѕид итн и ме прашуваше нон стоп од каде ти е ова од каде ти е она. Се вработи јас кај што работев и јас одма нареден месец си отидов, не заради неа, така се погоди. После мене почна и она во теретана и се слика исто како јас на стори! Ете не ми текнало да ја ‘бцнам со нешто ново! И од смеѓа се фарбаше плава и почна со гол стомак да се облекува исто како мене! Друго не ми текнува во моментов. И кармин почна да става како мене, инаку во петте години што ја знам еднаш кармин немаше. @јolene Пиши ни некогаш со големи букви те молам кога сте сите здрави и дете е во градинка. Кога ќе излезе надвор престанува да студи. Секако здраво е да се шета. Ти ќе измрзнел мислам ама она нема. Може од дома во термос да земеш чај или топло какао. Една уфилмана мајка нон стоп така доаѓа во шпилплац. Ние вчера сабајле бевме на појадок во пекара па после тоа саат време во шпилплац. И колку многу ми беше убаво што ти видов децава црвени во лице, не знам зошто на здравје ми личи тоа.
Многу ми е тажно кога ве читам дека имате наши балканци комшии или на школо децата да се дружат со наши.. кај мене нема ни еден
Уф, кај нас нема. Мислам дека сме единственото македонско семејство во градов, во другата зграда мислам дека има Срби или Хрвати, свекорот и свекрвата ги запознале кога го носеле детево на Шпилплац, ама ние не ги знаеме. Во другиот град има неколку наши семејства, ги гледаме, понекогаш и се дружиме, ама онака, лабаво. Мене не ми недостига дружба со наши, јас сум и позатворен тип и не сум нешто многу дружељубива Ама на маж ми, баш тешко му паѓа овој период. Сите му праќаат слики, видеа од новогодишните забави што се сега во полн ек кај нас, го гледам, го фаќа некоја тага, некоја носталгија, жал ми е што не можам да му помогнам, а и не можам да му докажам дека не е веќе и таму така, како него што му е останато во глава. @gjoker4e не е Србинка, Украинка е. Ама мажена со Германец и тука живее веќе 8-10 години. Денес ми прати некоја чудна порака, стварно почнувам да мислам дека нешто не е океј со неа.
Јас сто пати напишав за мојата Украинка и избришав. Разведена е со две деца. Бремена беше до 9ти месец и неколку пати ја видов со еден црнец. Одеднаш немаше ни стомак ни бебе. Две години скоро поминаа, бебе нема, и џрнецот го нема веќе со неа. Во ниту еден момент не изгледаше тажно или како да се случило нешто и се е многу чудно. Малава оди на родендени кај нејзините деца и јас умирам од страв, и дома кај нив одеше ама откако ми кажа дека дома нема бебе не знаев што да мислам! Инаку, сакам да кажам на една особа дека треба лице да прави, да биде дволична, само за една работа, ама никако не се разбираме што сакам да кажам. Си викам можно ли е овие Германците да немаат појма од дволичност!? Ќе се разберевме инаку па и на шпански да зборевме.
Бетер. Не дека мажењето со дојчовец, ја прави автоматски дојчовка. Да речам или ај ќе си молчам, да не сум нацист. Како и да е, сега со малото, можеш секогаш да го користиш за оправдување и евентуално се надевам ќе престане да те бара. Heuchler. Hypokrit. Oder politisch zu spielen. Инаку излегуваме надвор, не дека не. Само реков желба немаме ја и малата баш, додека се облечеме, додека се натераме со капи, јакни и ракавици, да му се одмили на човек. Ние овде пак, скоро секогаш слушаме македонци околку нас. Со неколку и броеви разменивме, ама ама ама, нема се време баш. Или не е до време, до тоа што ние сме си со маж ми ко што сме си. Еднаш на 10 дена се гледаме со тетка ми и со другарите еднаш до два пати во месецот. Толку.