Многу заладува кај нас наредна недела дури минус 9 степени! Не се сеќавам да било некогаш минус 9! Кај вас е сигурно минус 20?! Децава немаат соодветни јакни за таа температура, чизми не. Треба во јануари зимска облека да купувам. До сега топло беше па затоа и не купив зимски јакни и чизми.
Таман сега, на пола цена се, веќе зајаците ги спремаат по продавници Цел ден гледам божиќни постелнини на попуст, па што, и догодина ќе биде Божиќ ,
Кај со зајците. Сега гарант до март ќе биде минус нон стоп. Брр. Имам некое чуство дела бесконечно долго траат зимите во последните години. Кај нас во мк, дефинитивно помалку е зима. Освен ние ко сме таму. Тогаш и во септември ќе падне на 5 степени. На одмор отидов и таму залади. Абе мрш да ти се невиди грдата година. Ај за крај да ја измрчам. Едино добро годинава беше, бејби бумот на темата. Јоана, Санела, Марге, Фери, Кејти и уште две членки мислам имаа. Сега не може да ми текне. Ок. Ај со респективата завршив. Со резолуции да почнувам ли, врска немам. Само здравје да има реално. Ај може да легнам, доста филозофии беа за денес.
Со зајците Велигден ќе чекаме. И така годинава е рано во април, може и со снешко и со зајци Толку е ладно што цел ден не излегов од дома. А така ми изгледа и планот за утре
Сабајле кога си дојде мм од работа во 5 и пол беше -10. И јас сум од тимот без топли зимски јакни. Одолговлекував да излезам и по леб веќе немам ама ќе морам сега мразам снег и зима и не одам на скијање никогаш. Преферирам термални бањи
Од кујна директно излегувам надвор , и немам грижа на совест дека не сум надвор . Малку воздух ме фаќа. Сонце има , ладно е . Ама па може да е и полошо. На 4 саата почнува да ме боли снага , кога дејството на апчето ќе помине и не бутка да лежам . Кога лежам неможам да дишам и незнам што да правам најдобро . Морам да излезам да купам цигари , на мм веќе ми е незгодно да му кажувам да купи зашто се сомнева веќе дека една кутија цела недела ми држи . Ај додека не поминало дејството да излезам да купам зашто ќе ме налегне пак . Се утре задутре се ќе биде затворено
Денес имав идеа толку многу работи да завршам. Ништо не завршив! А и онака бев нервозна од најприродна женска причина. Овој месец и помалку се движам си го уништив и просекот, ама сепак е над 10000 чекори на годишно ниво. Епа кога помалку се движам и тоа на вагата што го гледам не ми се допаѓа, или па можеби од што треба да ми дојде. Битно денес кога излеговме бело беше надвор, за по некоја снежна топка имаше доволно снег. Малата многу беше среќна, плус и сонце убаво печеше. Среќна сум што 2025 завршува, ја поминав цела како во чекална. На крајот се исплати чекањето па во новата 2026 ќе влезам со ентузијазам, преполовено конто (нерви исто така) и со желба за помалку бирократија и пополнување антрази. И здравјето да не служи како досега што не служеше . Сакав и моите новогодишни цртежи да ви ги покажам. Во мој муд, па и да се пофалам дека знам да цртам
Кој што прави, јас знаете кифли дека правам. Толку имам само за фалење од домаќински работи. На алиштата им најдов цака. Од машина за сушење ги ставам на најблискиот кревет и тука ги диплам и тука стојат. Секако дека и многу често недиплени дека со две мали деца што ми играат жмурка по шкафови не се исплати диплење. Ете пример зошто ми е лесно со две мали деца. Они битно се изнаиграле. Кој рекол дека алиштата мора во шкаф, здиплени, подредени прво по членови на семејство, па по блузи, панталони, гаќи, па и чорапите спарени. Сигурно жена во 1806тата година што и било досадно дома. Најдобро да напишам јас книга Чекори до лесен живот!
Лесен ти е животот тебе, дека имаш 2 деца, да имаше едно што се понаша ко девица у хороскоп, друга песна ќе пееше. Пред-пубертет бил страшна работа. Ај да одам да плачам по други теми
Здраво драги девојки во групава Сакам да прашам за ваше мислење и искуства со гости што доаѓаат од Македонија. Веќе со години се повторува истата ситуација пријатели или роднини сами се најавуваат и бараат да дојдат „на шетање“, но искрено, немаат осет. Обично букираат летови за по една недела или повеќе, а кога ќе дојдат, ние сме тие што постојано ги шетаме, дома подготвуваме доручеци, ручеци и вечери, чистиме по нив, па следуваат излегувања, частење по ресторани и кафиња, возење ваму-таму, па уште и купување поклони за да си однесат дома. Кога ќе си заминат, мене ми треба повеќе од една недела да се вратам во нормала од замор. А згора на сè, кога ние одиме во Македонија, повторно ние сме тие што плаќаме по ресторани, а дома кај нив никогаш не сме поканети, дури ни на едно кафе. На моменти чувствувам и грижа на совест што воопшто размислувам вака и што имам чувство дека немаат осет, но навистина е тешко да се издржи. Сакам да знам дали некоја од вас имала слично искуство и како се справила со ваква ситуација?
На пред некоја страна пишувавме за истово. Кај сите нас е истото. И мене ми е незгодно да пишам било што ама навистина се без осет. И тука и таму ние сме тие што се скршени, изморени и со празен џеб, и кога ќе престанеш одма си крив. Најпаметно е да се прави глуп човек. Сите сме на истата мака. Секој нареден пат ќе кажеш дека баш тогаш сте резервирале одмор некаде и индиректно дека преку глава ви е од луѓе и затоа сте сакале некаде да отидете. Ќе се правиш глупава намерно. Друга опција не знам. Еве нека не просветли некој. Кога бевме Мк се убија гости доаѓајќи и ние купуваме, готвиме и миеме чистиме по нив, наместо да прошетаме некаде на пример. Само што стигнавме со кола околу 14:00 во 14:30 ѕвони некоја тетка ќе дошле пет души дојдоа мислам во 15:00. Ние сме возеле со кола скоро 20 саати. Куфери во кола. Ние гладни. Не сме се виделе до фамилија. Јас и мм лути, свекор ќе се убивал, греота била сестра му била, ние лоши. Знам дека ме читаат некои ама све да ви е*** ама стварно нема да ме видите никогаш! Јас нема да го уништувам овој мој убав и краток живот на земјава за буквално ПРОСТОТИЛОК! Ете ме боцна и мене и мораше да пишам. Плус не ни треба да добијам, не можам да замислам што се ќе пишев да требаше.
Утре нели е до пола ден отворено? Овде -1 прошетавме малку но сеуште сме слаби од вирусот немам сила а ни желба за утре . До душа и многу лошо друштво имам оваа година. По иритантно од свекрава е свекор што се меша во се и се прави бетер свекрва.
Утре до 16:00 а четврток затворено. Да се огласам и јас на ова плус дополнително што ме нервира е, праќање на линк што да нарачам. Па сите имаат адреса, ако ја немаат можат да прашат а не преку ден нарачај ова нарачај она. Нај јако пд се беше последно, Даш прашок за свекрва да пере оти во Мк прашоците не се исти
Едно дете шо има мајка у пмс и е девица у хороскоп. Леле ќе ја фрлам од балкон денес. Не можам да ја слушам веќе, мозокот ми го запали. Кој напор е денеска, марш таму значи. Ќе остане татко и еден ден да работи од дома, ќе се дере цел ден за внимание. Па тоа двеста пати едно да послуша што му се рече. Ко да нема уши. Ти му викаш еднаш стискај на копчето за вода, доста е, она пола ден само вода пушта. Три ролни тоалетна истроши денес. Ко на секој 13 мин мора да се мочка. 600 пати и се развикав. 1200 ми врати да не цркам, многу гласно било. Еве во моментов ми стои на уште и се дере. Не можам ни да ја игнорирам и да сакам .
@gjoker4e @Chimera Фала ви што го споделивте вашето искуство, ми беше навистина потребно да прочитам дека не сум сама. Понекогаш, кога ме фаќа чувство на вина, си помислував дека можеби сум станала ладна личност @Chimera А за твоето искуство со линковите, кај мене е слично, со наговарање дека нешто е поквалитетно тука, па јас купувај, па после ми е незгодно да им земам пари, и така . Фала ви многу и Среќна Нова 2026 на сите
Колку пати само имам јас пишано дека од прозор ќе ја фрлам. Сега ми е се смешно ама тогаш беше страшно. Тоалетна и имам давано и ни стан да експериментира па има и 10 тоалетни потрошено. Порасна и не прави така, па џабе ќе ти е да се нервираш дека после тоа секако нешто друго е на ред. На пример дојде другарка и од едно огромно мече извадиле памукот и низ цела соба, и секако јас го собирав на крај. Мојава е бик. Отсекогаш мислев дека девиците се ок. Ама изгледа вие не знаете бик што значи посебно бик бебе. Јас што да кажам освен дека моиве додека бев на работа средиле детска, пред малку дневна и сега цртаат и бојат. Знам ќе речете лажам па доста е. и Билјарката ќе рече ќе видиш за година две што те чека.