Мене ми изгледа дека вие им допуштате така да се однесуваат. За жал има луѓе без осет ама никој не може да ме тера да му купувам поклони за дома, да му порачувам работи по желба и слично. Како што кажавте, дај му адреса и нека си порача шо сака ако има потреба на ваша адреса. Незгодно да им земеш пари? Зошто? Вие се поставувате така.
Врсници со моето средно. Моето во април ќе полни 12 . Дали дека машко па не е тежок , ама големата и она не е нешто напорна . 13 е.
Ама сите сме умни овде, само касно ни текнува. Арно вика Џоки, со 2 деца било полесно. Учи @јolene дури уште имаш време, за мене касно е
Да, во право си треба да има граница но да ја појаснам мојата ситуација што ми се случи на пример оваа година кога решив да поставам граница и зошто чувствував грижа на совест поради нечиј безобразлук веќе можам да го наречам. Ако грешам еве исправете ме. Ни се јавуваат пред 2-3 недели "пријатели" еј како сте, што правите, ние решивме оваа година да ве посетиме за Нова Година, мажот ми ѓу вели за жал не можеме оваа фодина, веќе имаме испланирано договорени сме, па тие па Ок ајде тогаш за Божиќ ќе дојдиме, мажот ми му вели за жал тогаш почнуваме на работа, деца во школо, а тие да побро ние ќе се шетаме преку ден, па за викенд заедно ќе прошетаме и понеделникот ќе си одиме. Мажот ми му вика ајде да оставиме како за друг пат, а овие навредени му вика на мажот ми, а бе брат па кажи дека не сакаш да дојдеме, на мажот ми му падна незгодно, не знаеше што да каже, па се правда како не е така ова она, па заврши муабетот демек друг пат, а овие веќе се толку многу навредени што кај стигнале веќе кажале, дека да му кажувал некој дека такво нешто ќе доживеат од нас немало да веруваат. Битно нас ни го расипаа цело расположение последните 2-3 недели, а тие веќе ете ги заминати се денес за Грција, можи нешто нас сакаат да ни прикажат не знам и веќе не ме интересира, Но со мажот ми денес пресековме дека нема повеќе прибирање никој, па нека мислат што сакаат. Ете какви луѓе има по светов
Ау немало да веруваат пошто до сега слуги сте им изигравале па сега кога човек ќе постави граници и ќе се научи да си го цени своето време веќе не им чини. Море мани ги у три лепе тоа пријатели ли се? Они ќе ви се тупнуваат кога им одговара без прашање па уште да ги шеташ па уште да ги гоштеваш и со поклони да ги испратиш. Ако живеам тука не ги берам парите на дрво. Требало уште од старт германската да си ја терате сметката по пола во ресторан па да видам следен пат дали ќе се местат да дојдат.
Тоа германското по пола сметката во ресторан кај моите гости не пали. Се оди до тоалет, се игнорира келнер, се облекува, се мести патика. Сакаш нејќеш ќе си платиш. Се бара да се оди по шопинг центри, си се одбира што ќе се купи и повели корпата, чекај ти на каса. Дури и од дома ми се нагласува што е желбата да се купи. А кога се доаѓа кај мене, празни раце и честитки за Ѓурговден. За нарачки ко си одиме во Македонија еден тон. Вакви капки, такви ампули, ваква козметика.. Пошто во Македонија се тоа не може да се најде. Ајде еднаш ќе речеш не мора пари, вторпат веќе станува глупо. Ако знаеш дека ќе нарачуваш пак, бар на децава дај им ги тие пари демек. За земања од и до аеродром, такси служба сме. Карти летови без бриге, нас овде за добро утро евра ни даваат. Трпев што трпев од глупоќа искрено и пресеков. Отсега оде Миска на море, гости не примам ни исончаниот дуп да ми го видат.
Оје .Мојата 9,5 па не се трпи, до 12 ќе видам оваква. Изгледа до мк гени е ова, со германски гени посмирени се децата.
Не пали зашто чиста сметка долга љубов . Нема дволичност , нема глумење најдобри другари , брат брат. Па очекување некој нешто да почасти, зашто нели ние многу блиски . Може таков ни е менталитетот, од порано останато така , примери од фамилијата . Кога се собирале за празници , делници , се делело , се јадело пиело . Си се давал целосно . Сега после време на саморефлекција гледаш дека таквите настани , луѓе само ти ствараат дополнителна работа , грижа и не си научен да кажеш не , да поставиш граница , па ти ставаат вина , дека нешто погрешно правиш , а не правиш , само поставуваш граници , до каде треба . Па се лутат и ќе те зборот . Не е ова нешто ретко , такви сме можеби сите задоени од мали нозе. Не се почитувало туѓото време. Може е таков нашиот менталитет. А гледајќи , излегува дека сме ептен дружељубив народ, со многу пријатели , е секој со секој е брат . Па неможеш да одбиеш никој , за ништо. Ни кога ќе ти рече да му купиш билети за да дојде да те посети , со фамилијата за време школска година. Па нели ние овде се по имотни , па шетај , плаќај , само за гостите убаво да си поминат , а ти после рачунај кај ти отишла платата . Германците биле ладни ,абе преладни .
Полесно жими мајка . Може дека повеќе фокусот кај најмалото , дека е уште болно. ( Вчера баравме замена на педијатар ) Му се потече лимфна жлезда на вратот. Па некако другите двајца им паѓа фокусот . И тие се и те како захтевни , со хирови , како сите ние нели . Ама гледаш да спасиш каде највеќе гори . Во моментот е најмалото . Големите знаат да си прилегнат. Да се напијат таблети на време . Па затоа . Деца ко деца . Јас инаку заборавив што пиев во 18 часот . Дали ибу или парацетамол. Па сега чекам 00 да се напијам таблета . Зашто главата ми прска , носот е затнат . Грбот ме доболе од лежење . Среќа серијата не ми е завршена. Па утеха имам .
Леле сигурно е до тоа. На крај им реков да не ве гледам двајцта, ако сакаш утре да одиме кај што сакаш и да играш што сме се договориле, марш да спиете, да не ви чујам глас. И ги снема. Двајцата. И ја очи ископав, не можев да најдам некој хотел пристоен, со пристојна цена да отидеме сега од петок до недела. Ако знаете некој за со деца и базен пишете. А цените машала, за после недела дена се на пола. Кај па и јас сега не морам баш. Ќе се договориме за понатака. Некако многу време ни се собра дома, а нигде не отидовме и ништо не направивме. Оти, не знам. Па еве сега уште од сега за следна година ќе стаам у календарите и да гледаат да не се разболуваат. Инаку кој сака нека честита, ќе се мажам конечно. Добро дата не сме одлучиле, ни месец се уште не конкрено.Свадба не, и тоа. А за гости, само на родителите им плаќаме карти и имаме желба да им купуваме. А они па да не не трошат. ни даваат пари или на детево. Едни имавме само така што се замислуваа дека се кралеви и треба да ти е чест да трошиш време и пари на нив, епа лани ги оставил маж ми да си платат и одма квичење скапо било. Епа скапо, ама вие богати сте и така. Ај сега напрајте ми услуга и темпирајте да не можете да ми дојдете на венчавка и уствари да не ни мора да се видиме. Евр . (ова оти сум прилично сигурна дека ме читаат, па во дирекно лице . И ја ко Џоки )
Јас немам проблем со гости. Пишував пред некој период кој сакам да доаѓа. Тоа се луѓе кои имаат осет. Кога и да одиме во Мк ги викаме на гости. А за другите ич не ми е гајле. Не спомнале да дојдат затоа што најверојатно читаат меѓу редови. Напоменуваме дека немаме место. А и навистина е така. Ама за тие што ми се драги се снаоѓаме за место. Да плаќам на друг, нема шанси. Плаќаме само за драги гости. Ама они имаат осет. Како не им е срам на некои да се шетаат како на екскурзија, а некој друг да троши пари за нив? @BibiMK01 убаво сте направиле со маж ти. А они нека го дуваат носот. Како на вас парите на дрво да ви растат.
Не знам, мене ми е ова сето многу чудно, сите сме си имале дома и не сме спиеле по туѓи куќи никогаш. Освен кај тетки, баби што не праќале како дете, ама и таму не се клапнувала цела фамилија со денови. Ова е некоја нова мода, некоја последица од Визер авионите веројатно. Еднаш бевме кај пријател на мм, ама и он и ние без деца. Сега некој да ми дојде дома (а да не ми е фамилија од прв ред) може на кафе, за спиење има хотел. И јас во мк ко ќе одам не одам кај никого на преспивање, освен кај мајка ми и мајка му. Мада и за тоа се мислам веќе, поарно хотел
Скроз си во право дека е ова нова мода, зошто буквално ни се има неколку пати случено да ни се јават и како има ефтини карти ај ќе дојдиме да ве посетиме, не сакам да навредувам ама се повеќе гледам дека луѓево во Македонија не знаат кај тераат веќе, само да се одело некаде па за сликање па претставување едни со други кој кај отишол, а се на туѓа сметка повеќето (секако дека има и поштени луѓе). И ние исто така никогаш не сме биле ни една вечер да преспиеме кај некого, ако сакаме да посетиме некој град секогаш одиме во хотел. А овој октомври мм отиде во Скопје имаше некои завршни работи со магистерската и се смести во хотел. Им се јавил на 3ца другари, а од сите нив замислете само еден отишол да се сретнат на кафе, а тој не ни му е близок пријател ниту некогаш се понудил за да доаѓа во Германија. А последниве што сакаа да доаѓаат, кога се јавија за да не известат му вика на мажот ми, а бе женава сакала да се слика во Германија како на шала кажаното со смеење, ама изгледа вистината ја кажа .
Јас мислам дека тие пријатели нема пак да ви дојдат на гости. Пред да дојдам тука ми беше чудно зошто нашите во странство не сакаат да им доаѓаат гости. Откако дојдов сфатив зошто е тоа така. Ако ви се најават други гости, кажете им дека нема да бидете дома, дека сте зафатени, дека немате место. Тие што се глупираат не викаат на кафе. Очекуваат да ги частиш. А да им речеш Ај да частите кафе, одма добивате одговор Ако имаме време. И нормално, време нема да имаат затоа што не им одговара да частат. Без разлика дали е во кафиќ или дома кај нив. Очекуваат да добијат подароци и ако не ги добијат оговараат дека не добиле ништо. Па и скапи подароци сакаат. Оние имаат пари, а ни донесоа чорапи од 2 евра
Ние сме оделе на гости и ни доаѓаат гости. Ама не ити ни се натераат, туку оти ние си каниме. И нас не канат. На пример први братучеди со деца. Пријатели од подалеку со кои не сме се виделе одамна, другари. За некои ние негде ќе почастиме, некои нас. Некогаш ние ќе купиме, некогаш они. Јас како позната со не купување поклони на пример, купувам влезници за децата на базен, зоо и сл. Кога одиме, не ни даваат да плаќаме, кога идат ние плаќаме и така. Ама вака некој не се случило да се јави само за дааа се чекира. Мене ме нервираат шо на сите ќе им текне да идат од ноември навака и после ладно е. Епа ладно е. Шо да му направам на времето, да му ставам клима. Па ова од моите исто годинава. Во летото не можеле. Во есен многу битна работа имале, зимница да прават којашто уствари никој не ја јаде. А за зетот. А зетот вкупно 3 дена во годината не е таму. После имале есенска жетва, што секоја година се заканува дека нема да сее, оти нема со што да се ожние. Уствари само со месеци слушам како повеќе во минус е отколку добивка, и нема догодина и така се до следната пролет. И на крај ќе се ослободат у ноември, ко кај мене - надвор е. И ладно било. Ама многу ја сакале внуката, многу им фалела. Па ќе земат да се туркате што да и купат, а дететво желно да си игра со баба и дедо.. Мрш море ненормални некои значи. Ќе и пратат 200 евра за роденден, па за Божиќ па за ова она. Будали сто пати им реков дојдете. Ама ладно било, во зимо не се остава куќа..точни е. Не се остава, ќе смрзне ќе се направи беља. Ама од пролет ко ќе фати пак се нешто ќе има работа. Оти нели ние одмор имаме само за во мк да одиме и да ни јадат трици ако негде на друго место сакаме. Мрш ненормални некои. Сите ме нервираат. Ама баш сите. Да добијам да смирам хормони малку. Па не ни спиев нормално. И така. Шо почнав да кажувам, шо кажав . Шо ми лежи на душа.