Туку ај едно мајчинско прашање. Кога девојчињата полека почнуваат од пелени да се одвикнуваат, како се менаџира со одење надвор по ладново на пример сега? Ај топло на шиплплац ќе мочка и надвор негде. Ама сега на ладното? А бе знаат да регулираат уште? Или еве било каде. Во трговски, на бања, игротека? Ностите адаптер од дома. Како да отиде во јавен тоалет? Стварно некако немам претстава како се тоа би функционирало?
Реферат ќе ти напишам после работа за тоа колку е тешко. Ќе сфатиш колку ти е лесно сега. Ама со малиов никаков проблем буквално. За малава ќе е рефератот.
@BibiMK01 јас и маж ми си имаме договор. Кога од неговите некој сака така да дојде, вели жена ми терсене е не сака гости, кога е од моите велам маж ми е терсене ако ти изгледа таков мирен. Сега ниво ни е дека детето не сака гости. Тие што сакам си ги викам сама не што ги викам ами ги молам да дојдат. Е покрај нив летово се покани и една што не е никогаш планирана. Рековме дека сме зафатени тој период. После кажавме дека други гости ни се најавија. Втора опција што ја немам пробано е, нека дојдат, ама ти не земај слободни денови. Оди си на работа, нека си седат дома. Ако имаш мали деца тупни им ги да ги чуваат. Така ми се случи за гостинка што со години ја канев да дојде кога јас сум на службен пат. И ми падна баш криво оти пред тоа еден месец имав слободни денови и велам дојди сега, не сега се договорив со друга една за Виена ќе одиме. И така дојде декември од Германија само болницата ја виде оти детето ми се разболе и плус јас бев на пат за Келн. А еднаш ми има исто пукнато филмот од еден колега од Скопје. Без лутење, низ провинција имаме предрасуди дека Скопјани се најголеми гагаџии. Е овој си го оправда предрасудите. Ми пишува од нигде никаде леле ти си во Минхен, спремај две соби со уште еден колега доаѓаме за Октоберфест вчера гледавме карти, да не шеташ. Велам слушај ако доаѓаш најди си хотел. Пет години колеги во Скопје јас не знам ти во која населба живееш, ниеднаш не си виканал на едно кафе, сега ќе доаѓаш на октоберфест. Ме блокира
Баш ме интересира ако им се каже на тие “не сме финансиски спремни да пречекуваме гости.” дали и тогаш ќе се расприкажат по луѓе и дали и тогаш нема да им се верува што доживеале и дали ќе им чукне у главата дека се трошок?
И тогаш ќе зборат. Се нешто нема да им одговара. Ми текна на уште еден начин како да се откачат гости. Дојдете, ама ќе ми се јавите 2-3 дена пред да дојдете за да ви резервирам хотел
Две соби? Јас знаев дека е имачка во немачка, ама дека живеете ко во Династија, во палати со 16 спални и 18 купатила не знаев. Па добро тогаш, мислам оправдано си се канат луѓето.
Добро е не мрчам само јас за гостите од мк. Редовно имаме гости од мк во Деќември. Ладно им е а сакаат да се шетаат а уствари не им се шета, бидејќи во Мк нели не се шета. Всушност само за слика е муабетот. Е тоа уште не сум почнала да им порачувам па да не ми плаќаат. Седат по цела недела и незнаат да стават една чинија во машината . Последните гости видоа колку е трошок бидејќи трошокот беше поделен и не беше се на нас. Да испратам свекрви и никогаш повеќе да не им текне за нова година да ми дојдат. и не ми е јасно за мене бадник божик претставува да си го поминам со фамилијата а не да спијам по туѓи куќи.
Јас си носев мало транспортно шољиче, нарачано од Амазон ми се чини, такво се собира лесно, не фаќа простор и ми стоеше под количката, дома само на миење го земав, иначе во кола. Исто ми се наоѓаше кога патувавме, а не сакам да користат јавен тоалет имам фобија од инфекции, ниту јас не користам и стискам по 20 саати некогаш. Тоа ме служеше и за надвор и за по молови, ама не надвор на зима, освен ако сме со кола па во багажник да завршат работа. Во него ставав парче пелена, од оние за пресоблакање што се, си имав исечени парчиња за каки, вадиш пелената ставаш во кеса чиста работа, а не сегде има можност баш да земеш да чистиш на лице место. Носев кеси и шише вода да го заплакнам по мочање ептен да не го оставам така дур го измијам дома. Ми стои во кола исчистено и спакувано, тек за третово. Не го користев многу често, моиве надвор не бараа да одат во вц искрено, ама неколку пати кога било зорт, а сме биле подалеку од дома супер ми се најде. Јас немам такви фамилија и пријатели што сакаат се на наша сметка, ако ние платиме првиот пат, не остава никој пак, секој сака да почасти. Си разменуваме подароци за децата, лани бев прилично расположена да купив по нешто ситно и за возрасните на страна колачи и алкохоли. @BibiMK01 Кај моите во Македонија најголем проблем ми е што кога ќе отидам ми ставаат цртки кој последен каде бил и очекуваат во тие едвај 3-4 дена што ги поминувам таму (генерално поише сакаме Грција да сме) да поминам кај сите. И сега јас, што вика Џокерче доаѓам од 20+ саати пат со 2 деца и според нив треба од куќа на куќа да одам. Мене не ми е битно, и да не сум уморна, да, би поминала кај сите, ама зарем е битно кај ќе се собереме? Нели е битно да се видиме и дружиме и децата да ни се запознаат? Епа кому му е побитно каде ќе се видиме отколку да се видиме, нек си тера и нек си става цртки. Не можам веќе тоа да го оправам. Ама токму тие што мене ми ставаат цртки, никој од нив мене не ми доаѓа на гости, рачунаат кај мајка ми дека ми биле мене. Дур бев во Грција не ми дојдоа што бев блиску, за овде веќе не се ни надевам. Имам најдобра другарка што секој би ја посакал, едвај чекам да добие бебенце за да се дружиме и така , во Грција имаме супер друштво и имам братучед со снаа ми и внук ми што летово ми се јавија дека ќе доаѓаат на Крф, додека ние бевме таму и се видовме на плажа и ми го направија месецот поубав. И сите други ги сакам, ама се е со тегнење и влечење, ништо не може спонтано да биде. Ме изморува. Ах, да. Откако заминав за Германија, и фризерот и таму кај што одам на депилација ми накачија тродупло. А со сигурност знам колку иначе земаат. Пошто нели… овде си ги собирам евренцата од дрво. И сега кога ќе одам наредно, во план ми е да одам на друг фризерај и не кажувам дека доаѓам од Немачка, што би рекла Биља, Имачка.
Децава во количка за пазарење и на камера со свекрва ми, и цело викаат ова она да им купам и јас цело време им викам немам пари или скапо е тоа. Па се запнаа лабубу сакале и јас исто им викам скапо е и немам сега 30 евра за лабубу, а веќе имаме дома четири. И свекрва ми се јавила на маж ми како стоиме со пари и ако нешто да ни пратат. И маж ми се прашува што е работа ама и мене не ми текна во моментот, мислам дури утредентна укопчав дека заради тоа. Она па зарем не им викала така на децата. Да купам се што ќе речат ќе е скоро 500 евра на секое излегување. Инаку да ќе речат дека немаме пари и дека во Германија нема пари, секако. Тоа и моите дома ми го викаат дека не можам повеќе од 200 евра месечно да им праќам, зошто не работиш на цело време ( а со данок ќе земаш минимална сума плус), јас сум крива што работам кај што работам, не знам што очекуваат, милиони да имам ли ако во Германија живеам? Јас повеќе пари имав во Македонија додека живеев во Скопје и бев сама, отколку што имам сега. И тоа е реалноста, со деца требаат повеќе пари. Па и со маж. Кај го почнавте муабетов ќе експлодирам.
Мене најако ми беше ми пишува екс колешка имало ефтини летови ќе купеле карти со другарка и и ќе дошле 5 дена да седат на гости кај мене. Да сум ги прошетала меѓу другото и во Франција оти било многу убаво виделе од кај девер ми сликите. И пишувам океј можам да ве земам ама пошто сме по работа еве овде можам да ве сместам и праќам линк каде ( за 35 евра по вечер за двете ) и ќе имам два дена да ве шетам и таа ми враќа океј да видиме. По еден ден ми пишува скапо ни е сместување, јадење нема да идеме.Ооо таква ли е работата, а јас кај неа во Скопје ни на кафе немам седнато само фасадата од зградата и ја знам.Мене наједноставен за гости ми е деверот и може да дојде во секое време и нежалам и да му купувам и да плаќам и има осет и да помогне нешто. Ама неможам да не се нервирам кога ќе се нема осет на пример јас трудна или со мали деца и некој да не ме праша дали ми треба помош да наместиме масата на пример зашто треба сто пати од кујна до трпезарија а кога веќе си дојден 7 дена тоа барем можеш едноставни работи да помогнеш. Инаку јас веќе Македонија не се чувствувам дома и иако во куќите живеат само старите понекогаш чувствувам дека и јас им го реметам секојдневието, па така гледам са редуцирам посетите.
Женски , според симптомите имам инфлуенца грип. Синоќа два пати главата жешка , два пати се препотив . Прво ладно , треска имав , после па потење . Големата има вртоглавица, мачнини , главоболки.. ептен сме за никаде.
Ви Благодарам на сите од срце за споделените искуства и многу ми олеснивте . Искуствава наши се исти како оние комичнине видеа што ги снимаат кај нас, само искрено мене тие видеа не ми се смешни, зошто се веќе ми се има вистински случено .
Мене тогаш станот ми беше две соби. Ако дојдеа и тие, требаше на терасата да ставам шатор и да спијам. СРЕЌНА НОВА ГОДИНА на сите. Новата година ја дочекавме во една термална бања во Австрија, и ова е за мене дефинитивно најубавиот дочек до сега откако имаме дете. Ни да готвиш, ни да спремаш, ни да се мислиш што ќе носиш, за на крај пак цела вечер да ја поминеш со детето... Вака само купачите на газот и спремен си! Имаше и храна, и програма, и детево ми е супер дресирано, само до татко му сака во водата да оди, со мене му е страв, па јас си искористив саат време за сауни, пилинзи и арома терапии... Сабајлево денот ми почна со повраќање оти станав од сон, а стресот од лани уште е тука, мислев остана во 2025 ама не. Мора да се средам психички малку и да не се грижам за "што би било кога би било" глупости...
Оваа реченица ти е доказ зошто ти се случува тоа што ти се случува. Не само тебе туку и мене. Некој кој го прашуваат гостите дали може да дојдат и кога, ќе пишеше- ќе требаше на терасата да ставам шатор и да спијат!
Среќна Нова година, помалце болести и повеќе шетање во новата ви посакувам на сите. Јас од денес во реалноста, да научам да живеам со новите околности.
Среќна Нова година , многу здравје и љубов во Новата. Помалку болести и гости од мк, повеќе шетање и среќни моменти
Среќна Нова година женски. Многу здравје, среќа, љубов и пари Ме насмеа за гостите Нека доаѓаат гости, ама оние кои се омилени @SanelaS убаво си и одговорила на колешката. За такви само така треба. Нема пак да ти се најави на гости. Гага шетање, јадење, пиење, смештај. Кај го има тоа? Само во Имачка