Разговарав денес. Од моја гледна точна е прашање на среќа. Може се да биде ок. Може да не биде. @Biljarkata Четири мислам ама тие ќе ги расипат другите ако не се поправат. Не сака ни рентген ни да ја пипнат. Без проблем одевме на забар на контроли се додека не дојде на ред термин за поправање на заб. Пред година две бев на друга клиника и кога дојде ред да направам термин за општа анестезија јас не се јавив и појавив повеќе. На телефон ми рекоа дека општата анестезија е побезбедна од возење кола и чат џпт вика дека е нешто секојдневно што се вика тука.
Скроз си грешка. Анестзиолог е со специјализација и стручен во своја област. Ти ѕвонел оти мора да се пополни формулар со прашање, за да види дали смее и колкава доза треба. И буквално за сите прашања што те мачат има одговор. Без предходен разговор со анесезиолог, каде меѓудругото цела историја на болести се разгледа, не може да се даде анестезија. Ама еве сега видов, веќе сте правеле муабет.
Не знам, може треба и испитување некое претходно пред анестезија. @gjoker4e мора ти да се преплашиш прво, за таа да се преплаши. Мојава е голема плачка ама со татко и совладува забар, па и секаков друг комплициран преглед . Со мене многу е распекмезена, не дека јас сум паничар, напротив, ама ете со мене така реагира. Сте пробале ли со татко и да оди?
За битни работи го праќам татко им . Малото на операција со татко му , јас дома со другите . Неможам со такви ситуации да се носам . Паничарка сум . На годинка и пол имаше малото битна операција во далечен град , педијатарот едвај најде стручен лекар за таа операција да помине се во ред . Сега за Kieferorthopädie ќе го пратам мм. Него повеќе озбилно го зимаат од мене . Сите други термини ги терам сама со децава , за битни работи оди он .
Јас не сум паничар, но кога станува збор за децата знам да испаничам и одиме заедно со маж ми. И тој ја носи на заболекар и јас, но до сега не е имало потреба од интервенции. @gjoker4e ако не ги направите сега забите, ќе мора за некое време така да нема бегање или како што кажа ти сега се само 4 но доколку не се поправат ќе бидат повеќе. Подобро однеси ја сега на терминот ако неможеш сама заедно со татко и, ако неможеш и така тогаш сите тројца заедно.
Не сум паничарка повеќе сум релакс ама за општата анаестезија и мене ми беше страв.Ама оти пред тоа јас имав операција месец дена пред неа па сфатив дека не е страшно. Најдолгиот 1ч ми беше тој додека чекав , ама се излезе добро, после се разбуди и за 30мин си отидовме.Она си скокаше смееше како ништо.Мојата беше 5 години и и поправаа 2 заба , од кој еден го смени веќе ,уште еден и остана. Анестезиологот збори пред тоа за евентуални здравствени проблеми и ние разговаравме убаво со тој анестезиолог и се беше ок.Значи засекое прашање што те мачи прашај го анестезиологот ќе те смири не се плаши.Повеќе сум за да се поправат забите отколку да се расипат сите или детето од болки да не јаде.
Секогаш сум вчудоневидена од некои постапки тука во Немачка. И сфаќам дека нас како народ изгледа она што само ни недостига е ТРПЕНИЕ и тогаш ќе не биде. Чекам ред на каса и редица беше и едно девојче купено три работи ама не и се чекаше и јас ја гледам и викам или ќе излезе без да плати или ќе ги остави некаде ама ги врати сите три работи на место и излезе. Мене на пример од што ме мрзи да ги вратам ќе си чекам на каса и во краен случај ќе ги оставам било каде. Не сум ни јас цвеќе, едноставно така ми иде од внатре. Пред некој ден полиција контрола кој вози и седи на телефон и мм го сопреле 120 евра казна и вика буквално и трите коли позади него, сите ги спореле и сите казна. А тоа е во град кај што се вози 30 и таман е за возење седење на телефон. Многу голема казна, не очекував до толку. И пред школо контроли и казна кој ги вози децата без седиште или неврзани и сите коли ги стопираа. Знам дека има и недостатоци државата ама од овие неколку работи деновиве сум изненадена. Сакав да кажам дека тука и да не сакаш ќе бидеш приморан да почитуваш правила кои што се секако пред се за наша безбедност, па после за таму некоја си каса да има пари како знаеме ние на македонски да речеме.
Продукт во дуќан не оставам било каде, од почит спрема вработените и храната. Колку е безобразно тоа нема до кај. Земаш нешто од фрижидер и го бапнуваш кај супите на пример? Нема поента. После треба да се фрли. А ние секој сакаме се свежо и убаво. Епа ние сме промената, не да се одмесуваме дека некој е должен да собира после нас. Возење и телефон не одат заедно и искрено 120 евра е мала, јас би поени од возачка да се одземе оти ја претераа. Никогаш не сум возела со телефон, телефон се поврзува со колата и секој повик се прима дирекно на звучник. Немам што да пребарувам и гледам пораки додека возам. Како совозач местам навигација и проверувам сообраќај. На времето кога полагав, беше жолто спреми се и вози на зелено. Сега жолто, зелено светнува и уште 5 секунди трае додека тргне првиот на семафор, оти се чепка во телефон. Ко без ориентирани се вози, лево-десно сите само како без компас, ни да го преминеш ни да возиш по него. Без везе. Ако е 30 ограничена брзина, не значи бавно се вози да си гледам у телефон, туку значи минат почесто луѓе, не треба да биде гласно, повеќе зебра итн итн итн. Значи повеќе внимание е потребно. Така . На швигамутерот и е роденден. Ќерка ми бара да сум направила розева торта и да и дувала свеќички. Розева свеќичка и розева торта. За свекрва . Среќа па што не морам тука и свекрви во моментов да имам. И тоа. Сега торта да.сум праела. Уште едно кафе да бапнам, да се расонам. Па ручек и розова торта. Розова. И после во пубертет ќе ми рече шо си ме раѓала, ко не ме гледаш ко што сакаш .
Розова ами како, после ќе пишеш оти црна торта сакала и ќе се чудиш. Уживај дури е розево. Надвор -12. Значи минус дванаесет!!! Којзнае колку минус беше сабајле. А отидоа на лизгалиште од училиште. Кај смееш нешто да кажеш, не дека ќе послуша. Си купив книга- научете правилно да дишете. Ете, тоа ќе читам. Омммм
Ден незнам кој сме. После ми текна дека петок , уште викенд следи . Надвор снег , затрупано се. Овие од Mini Job замараат да земам боледување за утре , зашто сум била планирана да работам. Па планови кроев како да дадам отказ . После се јавив кај матичен да земам уште еден ден боледување. Кога нешто им значи. Ептен претеруваат , се мислам којзнае која јака фирма се . А не се. Па чистев снег да излезам со кола . Да расчистиме и патот да влезе друга кола . Катастрофа. За почитување правила сум секако . Кога возам не чепкам телефон , самиот се гаси и не прима повици додека возам . После ми покажува дека некој ме барал . За брзање немање време , самите се криви , кога не планираат доволно простор , дека може да има гужва на каса. Па после се оставаат работи кај се стигне . Зашто се нема време да се дочека на каса . Мразам такви луѓе од дно на душа . Кои не почитуваат никакви правила . Ни работа на други луѓе. Дека некој треба по вас да собира. Кој работи со луѓе знае за што зборувам, дека се нема веќе почит према вработени . Овде не е минус , 3 степени е ама е ужасно. И не ми се излегува веќе надвор . Сакам да дојде побрзо пролетта. Да се разелени се . Да помине ова депре време .
И јас мислам дека 120€ казна за возење со телефон во рака е малку. Кога се работи за безбедност, мислам дека треба уште поекстремни мерки. И се знае, сега коливе имаат и навигација и поврзани се со телефони, која е потребата да се чепка во телефон, не знам. Полудувам кога маж ми така ќе фати телефон додека вози, демек баш тогаш требало да види нешто За деца и нивната безбедност во кола треба да има буквално нула толеранција, јас би одела до екстрем, не казни, туку одземање возачка, најсериозно. Ми кажуваше една познаничка за некоја нејзина комшивка Македонка, ги пуштила децата така позади да се мафтаат низ кола, ни во седиште, ни врзани и некоја Германка ја следела до дома. Кога се симнала од кола и рекла дека ги гледала децата цело време неврзани позади и дека ќе ја пријави во Југендамт. Што направиле после тоа, немам поим. Од казни имам 2 за паркинг И тоа поглупи не можат да бидат, на бесплатен паркинг час, не сум ставила Паркшајн и ми лупнаа 20€. Втората се заглавив на лекар и ми поминало времето и пак уште 20€ Епа чорба Македонче Јас со почитување правила сум била отсекогаш таква, правила мора да се почитуваат, сеедно дали сум тука или додека живеев во Мк. Во Мк ми се има случено еднаш неколку луѓе да ме прашаат зошто чекам зелено на пешачки, нели гледам дека нема коли, да сум си поминела Детево е како мене исто, еднаш поминав на семафор на жолто, а тоа се запалило црвено баш на поминување, не ни видов, дел од секунда. Детево видело и ме кажа на сите и цел ден ми држеше лекции како не сум смеела така И во право си е, што е така, така е. На каса во маркетиве, барем кај нас се чека доста. Касиерките се ептен муабетчики, не за друго Ама не оправдувам оставање производи каде годе, може да се замолат тие што чекаат дали може да ти отстапат ред или веќе па скоро насекаде постојат брзите каси, сам кај што си куцаш, не знам како се викаат точно. Ама недостаток е дека само со картичка се плаќа. Дете денес конечно во градинка, имаат Шпилцојгтаг и од возбуда се разбуди во 4:30 сабајле И нормално и мојот ден започна тогаш Кај нас сонце денес, прогнозата вика 6 степени, ама филс лајк -2 Прошетавме со малово саат ипол на чист воздух, оно уште спие, јас сега да испијам уште едно кафе, иако мислам уште 10 нема да ме освестат
Здраво, Не знам дали прашањево ми е во соодветна тема,можеби има друга.. Дали можеби имате искуство или знаете што се дешава ако во Германија сум дојдена со виза за Западен Балкан, за неквалификувани работници, а притоа после Х период, останам бремена? Дали ја губам визата и треба да се вратам за Македонија затоа што нели визата е поврзана со работата или ако со тоа што сум на породилно ми ја продолжат визата, колку време и како би било тоа.. Сеуште не сум замината за Германија, но разгледувам опции и би сакала да знам ако се одлучам, дали ќе може да си имам деца понатака после 1, 2 години, без проблеми со документи или враќања назад.. Ве молам ако некоја има искуство со ова да ми пиши, стварно не знам кај да се обратам..
Ќе мора визата да ја префрлиш на фамилијарна ако останеш трудна во првите 5 години. Откако ќе добиеш неограничен престој е друга приказна, тогаш различна помош можеш да бараш .
И еден пункт добил. @Marge Ова што кажуваш го имаше во фб групата и дека после тоа навистина ги следеле југендамт и прашуваа анонимно каде да ја пријават жената што ги пријавила. Секако може не е истиот случај туку има повеќе ама убаво се сеќавам на случајот од фб кога бараше помош македонката. Ние општо како народ не сфаќаме зошто и како треба да се вози, доказ се само пет минути на партизанска да стои човек и да гледа. Претпретходното лето кај католичка на пешачки, немаше кола во близина и почнав да одам и одеднаш се појавува кола како 120 на саат да вози и многу се исплашив и се вратив назад, како секунди да ме делеа и многу ми е страв на пешачки да поминувам во Ск. И таму наместо да запрат они некако даваат гас за да поминат побрзо пред пешакот. А тука застануваат и на два метри до пешачки да е пешакот. Кај нас е 8 степени ама баш викам да видам и јас како се чувствува и покажува 0 степени. Од 0 до 8 е огромна разлика. Многу се радувам кога пишувате вака убаво. Доказ зошто сте тука. Јас не сум совршена па многу работи учам од децава што ги учат во градинка и школо како на пример додека мијам заби да ја сопрам водата. Денес учеле за струја па ми објасни зошто еден штекер не ни функционира.
Фала ти за одговорот. И јас и сопругот планираме да бидиме на ваква работна виза.Како да префрлам на фамилијарна? Преку него мислиш, како спојување на семејство? И дали дури ја одобрат таа виза би требало да се враќам назад Македонија или автоматски се менува..
Тука ќе смените , нема да се враќаш назад.Преку него само треба да има доволно примања и е едноставно формулар, 3 платни листи негови , договор од стан и ситници некои. Само ако работи со минимслна саатница, добро би било и еден мини џоб да си почне во тој период.
Првата виза само ја земаш во Германска амбасада во Македонија, додека потоа секоја следна обнова е во Ausländeramt во Германија. Ако доаѓа веќе твојот сопруг ќе можеш да земеш фамилијарна виза на негово име, тоа може после да поднесете во Германија. Среќно
Јас дојдов со ваква виза, за неквалификуван кадар и останав бремена после 2 години во Германија. Визата нормално си ја продолжував бидејќи примав елтернгелд. Е сеа тоа беа помалку пари па секогаш мораше да приложувам и платни листи од партнер/ сопруг. Визата си остана на мое име и не ми ја префрлија на фамилијарна.